Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Учев, учев и учев и џабе и џабе. Или можда повеќе гледав во скриптата и ја разлистував. Па пак одпочеток. Па одмарав. Па пиев кафе. Па играв игрици на телефон, па пушев цигара, па се бањав, па пак ја разлистував скриптата... и... утре ќе паднам. Знам, знам, такво пречуство имам!! А, можда веќе и гајле не ми е, па ќе му ја мислам следната сесија, нели?!
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Прашање за екстерно: |(
    Зошто строго-фејсбукашите крадат од твитер?!
     
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Една од моите желби е да дишам слободно. Да станувам насабајле и да си одвојам барем 15 минути мирно и спокојно да се расонам. Ми фали мир во главата. Ми фалат оние радосни песни кои некогаш си ги потпевнував.
    Сето ова растење, а и осознавање на правилата за функционирање во светов, ме доведе во состојба да не ме интересира ништо за никого кој не ми е навистина драг. Понекогаш се прашувам зашто и јас не сум љубопитна за животите на Петко и Станка. Малку сум швркната ;). Има моменти кога некоја квачкичка ми кокодака за некои други квачки. Е јас најчесто во таквите ситуации не ни перцепирам што се случува наоколу. Едноставно си се затворам во мојот свет и само дигам очи како да ги слушам.
    Не ме интересираат бидејќи сите се скоро исти, плитки користољубивци кои сметаат дека само тие се паметни, ем убави, абе ем добри - ем се нај нај!
    Личност која не си ги признава слабостите самата пред себе, исто како што си ги признава доблестите, не е добро порасната душа. Прво порасни и научи да живееш дури и со твоите најдлабоки внатрешни пориви, без разлика колку се темни. Откако ќе сфатиш дека ги имаш и ти, во твојата затворена главичка, како што ги има и секој човек, е тогаш можеш да се тренираш како да си ги зауздиш и да не правиш лошо на другите луѓе. Затоа што голем човек е оној кој ја става среќата на најблиските пред се останато.

    Не го гледајте само лошото или доброто во еден човек. Затоа што човекот е спој од добри и лоши карактеристики, мисли, чувства, особености.
     
    На bittersweet, imelda, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК најактивна сум на форумов во доцниве часеви, затоа и во сите теми само мојот ник стои, не е од инает, не е за зголемување на бројот на мислењата, ете .. тогаш наоѓам време да го свртам форумов за 360 степени. Сите наопаку, јас терсене шта чеш. :rofl:

    Туку, нити оноа видеото од мотика "Прозевањето е заразно" не ми помогна за да ми се приспие, изрод сум, викам ја.. Него ај да не ја тупам веќе си кажав што имав :rofl: Добра ноќ на сите :*
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Колку и да си силен некои работи ке те скршат.
    Само едно не ми е јасно... зошто некои луѓе дури и во најважните моменти во животот место да уживаат тие се замараат со мене. Значи сакајки мене да ме повреди не забележува дека животот си го подредува лошо. Како да и е животна цел да ме повреди мене...

    Е па во ред кучко ете ми го расипа денов ама ти си го расипа цел живот. И додека животот е пред мене да бирам што сакам да правам ти твојот си го закопа заслепена од омразата кон мене.

    А штета, сите ти предвидуваа светла иднина...

    (не сум пијана, ни дрогирана ама постов може да го разбереме само јас и личноста за кој е наменет)
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    имам толку многу работи да кажам сабајлево

    1. вчера една девојка не знаеше што е тоа абдомен ( шок на годината) со оглед на тоа што трпев неверојатни болки за малку ќе и ја треснев главата од ѕид. среќа се воздржав.

    2. многу малку личности што лично ги познавам ме фасцинираат. постои една девојка со која учевме заедно ама само кратко. кога имаше 6 години и се восхитував. денес има 26 и сеуште и се восхитувам. такво оригинално суштество, неверојатно интелигентно, надарено за музика, сликање, фотографија, биологист, научник, професор. сталожена, скромна и реална. и нормално е што не живее овде. таква интелигенција не просперира овде. девојката со плави очи и плава коса е секогаш како зрак светлина. голем поздрав до неа, сигурна сум дека нема поима дека имам такво високо мислење за неа. секоја чест.

    3. по природа сум многу реална особа. отсекогаш верував дека кога нешто навистина многу сакаш тоа и се исполнува со многу труд нормално. и вистина е сум осетила на своја кожа. но прашањето што се поставува е дали кога нешто не сакаш вистински навистина се случува се за да не се оствари тоа ? чуствувам грижа на совест....
     
    На ana-girl и eli25 им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Тргнав да напишам мислење, се сопнав на кабелот, го откорнав адаптерот од штекер (фејспалм). Батали тоа, туку кај едната нога ме боли, сега и на другата модрица ќе ми излезе. Баш пред свадба. Универзуму, што ти е проблемот?
    Нашата убавица...ја третираме моментално за да и се смири воспалението. Другата недела ќе знаеме на што сме. Во меѓувреме смислувам начини како да ја убедам дека со другите кучиња треба да се дружи. Или пак во најлош случај да и најдеме некој алфа мажјак да ја силува. Третото чаре не ми се допаѓа :worried: Кога ќе однесете куче на ветеринар, после тоа или ќе биде ептен послушно (те молам не ме носи пак) или страшно ќе ви се налути, па ќе ви врти газ цело време. Оваа нашава од двете по нешто изиграва. Давам предлог закон, патем, и за домашните миленици да се извадат сини картони :!:
    На друго баш и не мислам, све ми е пролазно.
    Мишелке, ајмо пакуј куферите :) Што читав на еден српски форум за патувања, во Ирска, вели, луѓето нон стоп се позитивни, насмеани, гостопримливи. Само во Ирска, сред недела, попладне, во бар, жива свирка, пиво и сите пеат, кежуал облечени :!: Овде нит пеат, нит се смеат. Фиксираните шминки да не се размачкаат.
    [​IMG]
     
    На Elennaa, bittersweet, imelda и 13 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера додека ми траеше смената, каде што бев на замена ми дојде девојката што ме подучуваше математика во 6то одделение-уште комуницираме, се поздравуваме со неа и со нејзините
    се секавам кога пиев боза пред да отидам кај неа на час во една од најстарите маала во градов-незаборавни моменти ех :wasntme: ја видов додека гласаше заедно со синчето
    и сето тоа малку го преформулирав и го ставив на статус на ф.б.-можеби некој ке помисли девојкава одлепила па се смирила со некој од бившите-немам попаметна работа па ке се навракам на минатото |( кој што сака нека мисли, секој има право на свое мислење-21 век сме а позади добриот коњ прашина се крева :!: а што се родив толку чуствителна :wasntme: се во :l:ме гага :puke:

    денес се договоривме и се организиравме со девојкиве и жениве од клас повекето се мажени -славиме 10 години од матура :party:
    со повекето од нив 10 години се немаме видено :fubar: колку брзо минува времето :doh:
    имам еден куп обврски да завршам за вечер да изгледам убаво-убава сум си по природа, дури и едната од другарките скоро ми го кажа тоа што никогаш не ми го има тоа кажано -се надевам дека ке успеам да си договорам термин за фенирање и депилација ако не одиме на план Б :D
     
    На LilBaby и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    9.879
    Драг мозок,во ноќта се спие,не се размислува.
    Оставиме во мир,исклучи се и не замарај. :D
     
    На Elennaa, Umbrella22, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Не можеш да ме предизвикаш толку колку што можам да те игнорирам!
    Сфатив дека игнорирањето е најдобар начин за оние со кои не вреди да разговараш, тоа многу ги боли и е речиси со ист дури и подобар ефект од тоа да им кажеш нешто што ќе ги навреди. :!:
    Една година многу брзо ми помина. :nod: Како вчера да беше кога се спремав за матура(како вчера ко да се случија сите работи поврзани со неа), како вчера да беше кога се спремав за нов живот на 200км далеку од дома, а сега веќе од оваа страна многу е поинаку, многу работи се поинакви, па дури и јас сум изменета во некои работи, а тек допрва нештата ќе стануваат поинакви.
    Можело многу да биде поинаку, ако не на начинот на кој ги правиме работите, туку на начинот на кој ги дожиуваваме. :)
     
    На WarriorAngel, Glossy-girl и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    И како после да не си ја сакам државичката. Толку многу откачени луѓе на едно место, животите и проблемите ставени на пауза, цел ден музика, пиво и играње како на сите да им е последниот ден од животот.
    Толку опуштени, весели и open-minded луѓе на едно место немам видено.
    Искинати хулахопки, шорц и чизми или пак патики и фустани .. Ама на никој не му беше гајле кој како е облечен и дали тоа со тоа одговарало, кој со кого дошол и кој како танцувал. Нема лицемерење, оговарање и тонови шминки битна беше само забавата ..
    Ах, сакам повеќе вакви денови и малку од овој менталитет и во Македонија...
     
    На Someonespecial, tessie и Trnche им се допаѓа ова.
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.973
    Моден тренд за летна сезона 2013:
    Паметот во глава одговара за секоја прилика!
     
    На Hipster, imelda, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    De omnibus dubitandum.
    И тоа многу!
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ме фрустрираат ароганти асистентки на факултет.
    Супер девојко 8 и 15 е покажи насмевка тежок е испитот со недели го учиме не се придеравај! :fubar:
    Некому му треба барем малку љубезност, која ти не знаеш да ја пружиш!
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Според годините, изгледа бруцошче си... да не те плашам ама ќе се изнагледаш ароганција на факултет. Нешто што и мене ме иритираше првите години до бескрај до деконцентрација на испит, но го сфатив како составен дел од моето школување таму и по некое време не му се ни замарав.

    Stay strong :muscle: само тоа ти преостанува.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Да за жал...во принцип барам само една насмевка и едно добро утро и Ајде не се плаштете лесно е,но таму те пречекува некој што нема ни основна култура а камо ли неколку фини зборови да фрли.. :^) одма ми паѓа расположение и се тресам пред да ми се подели тестот.. :sweat:

    Тоа е тесси...љубезноста стана луксуз деновиве.
     
    На Someonespecial и tessie им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам зошто на некои луѓе им претставува задоволство да контрираат на сечиј став и да најдат маана баш на се и сешто. Мислам, разбирам дека во денешново време има многу негaтивности за критикување, и со тоа се согласувам. Ама за се да се гледа на негативната страна и да се контрира?
    Имаше во една книга лик којшто наоѓаше маана дури и на најголеми уметнички ремек дела и беше опишан како човек што ужива кога не предизвикува уживање. Не е баш далеку од дефиницијата за денешните мрчатори.
    Чуден начин на покажување интелигенција, можеби...? :^)
    Како и да е, ви се придружувам во клубот на антимрчатори. :D
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.
  18. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да ви кажам...Денес ми е роденден!

    Да да роденден на кој се радувам како мало дете, ваква да била тортата онаква, вакви салфетки, абе се под конец да е, а мајка ми ме гледа и ми се чуди дали сум нормална.

    Ама знаете ама ич не ми е гајле, јас сакам мене да ми е убаво и да ви кажам денес нема да дозволам ама ниту најмала ситница да ме изнервира едноставно ќе уживам...

    Искрено на моменти и сама на себе сум си чудна колку многу сакам родендени не само мојот, туку и на другите што го слават...Ама знаете за оваа ми имаат кажувано дека навистина си го сакам животот што ми е даден за живеење...

    Феминки почастете се
     

    Прикачени фајлови:

    • M&M cake.JPG
      M&M cake.JPG
      Големина на фајлот:
      232,9 KB
      Прегледи:
      257
    На Elennaa, bittersweet, AwesomeGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    срекен роденден, се најубаво, сите желби да ти се исполнат :* :hug: уживај во најубавиот ден во годината , што е воедно и твој ден
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јадам милка со јагоди и си викам: кој ефект го има чоколадово, почнуваш да го разбираш светот како розево поле за културно уживање на народите.

    [​IMG]

    Него, да го дојадам па ќе пишам пак.

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.