Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    ^^Мразам и јас кога некој ми грицка со Чипс пр мм :D :D Не смее да јаде пред мене


    А малово кога грицка смоки ...преслатка е . (не дека Често ги јаде :$ )
    Мм вика- е неможеш да се лутиш на неа !! Епа и неможам :tmi:
     
    На ceca-1, Doozy, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Е, и тетка положи :clap:
    Вториот вонреден малку послабо од првиот испит, ама положен е. Спремна за упис во јуни и од септември, леле, од септември на чколо :o ч не е печатна грешка, така баба го викаше.
    Си извадив членска картичка од градска библиотека. Бесплатно било! :o :o :o На што трошат студентиве пари? :^) Пааар тееееи :rofl: А кога ќе си извадам студентска картица од септември на пола цена автобуска карта. Оу јеа, таман да си ја искористам додека пензионерска немам за евтино возење :D
    Нешто во последно време се плашам дека како стареам така улавеам. Каква ќе сум на 40? Со тетоважа? На 50... банџи? :?: И ако преживеам банџито давајте идеи за на 60 :talk:
     
    На MSkorpionka, great.girl123, kravce и 26 други им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Авон? Орифлејм?
    Не постои парфем на светов што ќе ја скрие реата на твојата гнила душа..
    Смрдат твојата љубомора и себичност, твоето лицемерство, твојата завист...
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Ме маваат црни мисли во последно време. Се ми се врти низ глава дека ми е дојден крајот.
    Прво вчера ќе ме удреа коли додека поминував на семафори со точак. Ама јас сум си крива, како што бев залетана си поминав на црвено..Кога почнаа да свират колите, а тоа едно наугорно, вртам ли вртам како кретен.
    После, една блиска колешка и другарка, јас и она единствени женски во цел клас |( ... ми ја снема никаде цели 3 дена .. Ни на факултет, ни на интернет, ни на телефон можам да ја добијам, реков ќе одам да видам да не и се слошило. И кога ме удри нешто у глава,што ако мене ми се слоши и онака срцето ќе ми излета од толку мн кафиња и ме маваа тахикардии во последно време..што ако никој не ме најде во соба со денови .. :worried:hock: Збориме со дечко ми на скајп, му викам еве сега паѓам тука и се онесвестувам, што ќе правиш ни знаеш на кого да се јавиш ни па да им објасниш кај да дојдат :rofl:

    Како што вика сестра ми, красно девојче се мрдна од учење :lol: Тоа е ... :|
     
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Се чувствувам ужасно.
    Осамено.
    Празно.
    Скршено.
    Кои други зборови да ги барам??

    Сепак не се предавам. Си го сакам животот.
    Утре ќе биде подобро. ;)
    Секогаш постои надеж.
     
    На Ketrin.Moon, Divinebutterfly, CuteEva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Првпат со брат ми да учиме заедно,јас си учам биологија он си учи историја и македонски ( за матура) татоко ми ни купил пица,мајка ми ни направи какао,абе уживанција 8) :D
    :hai:
     
    На great.girl123, Micheleljubov, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    340
    т.е. Сакам да Прашам: Во која аптека се продава тоа времето што лечи се???
     
    На baby-star, Trnche, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Луѓе, зашто толку брзате да пораснете?
    Зашто сите одат понапред од времето, се трудат да го стигнат, престигнат.
    Брзаат да станат воздрасни, па и воздрасните трчаат низ животот како да утре е крајот.
    Не ми е јасно, и не можам да сватам, зашто сите се преокупирани се да завршат побрзо и побрзо, трчаат низ сите моменти, и убавите и лошите.
    Деца, фамилија,кариера, факултет, детство, младоста, старост.
    Некои работи ми изгледа исилено, исфолирано, извештачено.
    Баба ми бог да ја прости стално ми викаше, чедо се во свое време, се ќе си дојде на местото свое кога ќе е време.
    Знам дека времето е нешто што не се купува, дека секогаш ни треба повеќе време.
    Кога бев мала, кога ме викаа од надвор за да јадам, викав уште 5 минути, кога спиев викав уште 10 минути, последниот ден на одмор уште еден ден, последната година во средено уште една година.
    Имам чувство дека ја брзаме среќата, ја брзаме тагата, не и оставаме време ни секунда да тажиме кога треба, да се радуваме и уживаме кога е ни е убаво.
    Брзаме да го фатиме и зграбиме следнот воз како да е последен.
    А скоро никогаш не е.
    Итајќи низ животот, понкогаш забораваме вистински да го живееме.
    И не, не го зборувам ова за другите, заборавајќи се себе си.
    Знам дека времето е такво,начинот на живот и околината,ама понекогаш заборавме дека животот нема реприза.
     
    На Elennaa, kravce, imelda и 27 други им се допаѓа ова.
  9. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    ^^ Знаев !! Осеќав дека ќе ми се деси нешто .. :tmi: Сакав да си подгреам млеко у микробранова, ставив во истата чаша во која си подгревам секоја вечер, кога почна да пука, да испушта некои звуци, да светка, да смрди ... :( Не знам што му бидна, ваљда имало нешто.. Не е до чашата секоја вечер подгревам у неа. :fubar:

    Мразам, мразам кога ќе соберам еден куп алишта за перење, ќе пуштам триста машини и кога ќе видам дека сум заборавила некоја од омилените маички |(

    Овие у студентскиов се луди значи. Ајде прво едно сабајле каранфили пред врата ни оставале.
    Сеа пак, покана за бесплатен оброк од Мекдоналдс (у двор), после сесија утрински вежби со инструктор (?)
    Шољата у вц ја скршив качувајќи се на неа да се видам на огледало :tmi: утредента нова ми ставија без да платам ништо .. А кај нас, ем се собира на крајот на секоја година пари за оштета, никогаш едно ново столче не донеле..Па и тоа искршеното не сакат да го поправат.
    Свашта...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    Девојки незнаев каде да го поставам прашањето па затоа пишувам овде дали некоја девојка знае каде во штип се одржуваат часови по фолклор ја замолувам нека ми пише лп
     
  11. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Затоа што многу навредувате со тоа дека сме мали,тоа го правите вие големите и затоа е се полошо и полошо.
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Добра лекција....
    Кога птицата е жива ... Таа јаде мравки. Кога птицата е мртва... Мравките ја јадат птицата. Времето и условите се менуваат... Не потценувајте или повредувате никој во животот. Може сте силни денес... Но, запамтете, времето е посилно од вас !!! Едно дрво дава милион чкорчиња, но кога ќе дојде време... Само едно чкорче е потребно да запали милион дрва... Затоа бидете добри и правете добро...

    И ајде малку да се насмееме хахаха
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial, vinozito1, l-a-d-y-di и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    На Elennaa, drugarka, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Синоќа имавме дејт најт со појаката половина :lol:
    Ме фркна некоја мисла дека некако лесно си поминавме со нудистот, дека по некое непишано правило со наредното нема толку лесно да биде, син ми уште од сега го замислувам како ламја/ѕвер што нема да не остави да имаме ни 5 минути за нас.
    И така дојдов до брилијантната идеја за дејт најт барем еднаш во 2 недели додека да се породам, мм нормално прифати иако беше малку изненаден ама нели дека во поинаква состојба не се расправа многу, многу со мене, секој предлог/разговор завршува со yes babe, what ever you want babe :D

    Во желба да бидам најубава, секси, колку е можно во ваква состојба иако сите викаат дека трудници блескаат јас баш и не се сложувам, ми дојде уште една брилијантна идеја да ја сменам бојата на косата, се направив од плавуша во бринета, лешник/медова боја.
    Реакцијата на син ми кога ме виде:

    [​IMG]

    Едвај го смирив, се потресе детево, му ја нема мама, устава пења ми фати додека го убедив дека мама е само со друга боја на коса, не правам веќе вакви драстични промени :)

    Се средив, дотерав, шминка, фризура, the whole nine jards и на крај 12 см штикла, џабе дотерување ако не се ставиш на штикла, тие го даваат оној finishing touch за да бидеш сееееекссссиии :lol:
    Ги земав во рака затоа што не знам да возам штиклосана, полесно ми е боса, одењето 2 минути до ресторантот не ми преставуваше некој проблем иако сум некако 99% од времето на ниско ама после 2 часа во нив, оу мај год, кога станав кога се ќе се испрчев колку сум долга, баланс 0, стомакот си влече напред, маме им е*ам на Бекамица, Кардишијанки итн што прават да изгледа толку лесно да си бремена а на толкава штикла :x , добро е што има мм брзи рефлекси па ме фати пред да се испрчам.

    Мм дека каснеше малку и тој 15 минути ме бара не можеше да ме најде, си бараше човекот плавуша си најде бринета, не се жалеше :$

    Станав сабајле рано, рано да му спремам доручек, кафе, да го испратам на работа мажот, тоа дека успешен дејт најт :angel: и додека му спремав на него за јадење спремив и за мене.
    Во 6:30 сабајле јадев сладолед, гумени бомбони, банана, јагоди, маршмелоу, овошен јогурт и здробена чоколада, сето тоа заедно :D
    Мм проба му се згади животот од толку благо, син ми и тој стигна, побара и тој да проба и тој го исплука и вика мама јаде гадно, не сум јас крива......бебето сака :rofl:
    И сега бебево кое е на sugar overload цел ден брејкденс ќе ми игра во стомаков :rofl:
     
    На L-enna, NoellePage, Elennaa и 45 други им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    На дечко ми новите апостолки му се многу убави, бело-сиво-црни! :D

    И колку и да бегаш од својата убавина, секогаш остануваш во таа точка кадешто има неколку кои те љубат. Ама нели ти се одлучуваш само за единствениот. Колку детски и пијано.

    Ај имајте сите убава вечер, преполна со љубов! Не дозволувајте да бидете со некој кој ве сака помалку од тоа што вие го сакате.
     
    На ludoto19, lovely91, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Hipster,brzame bidejki vremeto si tece,leta,ne ne ceka,nemame takvo ekstra vreme,treba se da smestis vo toa dadeno vreme koe patem ne znaeme ni kolku ke trae.Bidejki granicite za ucenje,semejstvo,rabota se pomestija i stanuva potesko.I sto ke pravis?Ke brzas i ke se prilagoduvas.Za rab baraat magistriranje,neznam sto,a toa e godini plus,pa posle brzame za svadba,posle mn vreme na rabota...A ne e Tito,koga site bile vraboteni so plata,sega ne stigaat za nisto,a aj pravi semejstvo i zivej bez pari...Toa e :worried:
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ Дивајнче не дека не си во право, вистина е, но тие граници кој ги поместил?
    Ние луѓето.
    Каков е тој млад човек што уште од 20 години се чувстува престарен, никаков.
    Чувствувам некогаш дека многумина живеат живот механички, на брзина, на трчање.
    Она како да живееш туѓ живот а не својот, кога од брзање не си се ни свестил каде поминало и што поминало.
    Знам дека малку(поише) работава филозовски ја гледам, ама ако се замислиш ќе сватиш дека многу од работите не ги ни доживуваме како што треба, не зашт немаме време, туку зашто правиме да немаме време.
    А и секој си одговара за својот живот и своите постапки, некогаш околината ни е само еден изговор,а не причина, вистинска причина.
     
    На Sexybaby86, bittersweet, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Уште едно заминување, уште една разделба. Почнав да се навикнувам на разделби во последно време и тоа е добро, следуваат уште многу месецов. Чудно, јуни вообичаено е месец кога сите се враќаме дома и повторно се сретнуваме, но не и овој. Овој јуни е месец кога треба да се разделам од сите мои блиски луѓе (освен од една :D) и да заминам. Но тоа е во ред, ја сакав оваа работа, поминав низ милион интервјуа и процедури, пополнив куп документи, и ја добив! Но што ми беше зборот...

    Ах да, уште еден депарчр. Повторно го напуштам местенцето каде што учев, работев и живеев претходниве девет месеци. Се работи за станче од четириесетина метри квадратни, но проклето ќе ми недостасува! Се навикнав на зградата, лифтот, луѓето овде, населбата. Како и да е, не можев да останам овде затоа што газдите нема повеќе да го издаваат станот, но сигурна сум дека повторно ќе барам стан во оваа населба. Ја засакав, ги засакав продавничките и пекарите, паркчињата и клупите, фонтаната, па дури и децата што џагорат секој ден пред зграда.

    А ќе ми недостасува, што не ми недостасувало мене? :) Ќе ми недостасува мирот што го имав овде. Годинава живеев блиску до факултетот, ќе ми недостасуваат оние неколку минути одење низ паркот со слушалки во уши додека да стасам. Ќе ми недостасува типот од сендвичарата кој веќе знаеше што јадам. Ќе ми недостасува дедото што продава овошје и зеленчук на аголот. По ѓаволите, ќе ми недостасува и дисфункционалното семејство од петти и нивниот син – тинејџер кој се затворше во собата и го слушаше Аца Лукас (прилично гласно, морам да напоменам). Но сето ова го направи моето патување годинава интересно.

    Следна дестинација? Немам поим. Но со нетрпение ја очекувам!
     
    На L-enna, Mishela, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ова стариве жени не ги можам значи.
    Во автобус седам, доаѓа баба и дедо, и дедово ЖентЛмен, и го остава местото до мене за да седне таа, а тој натоварен стои. И бабава седна, (се потепа дур седне) и не се ни понуди за кесите, или за дедото. И јас станав му отстапив на дедето, жал ми падна.
    После на пешачки едно жениште го фатила мажот урла ли урла. И уште бесна си отиде, а овој кутар ја гледаше збунето, и потоа тргна по неа.
    :D Отровишта еј. Сотир-куќи. :D
    Баба ми е ќора, неподвижна, ама коа ќе му списка на дедо, ситното го игра . Дај бе нека кажат стариве баби кој програм го користат, на која фрекфренција ги фаќаат маживе вака да ги слушаат. :D
    Па и маживе, перат, пеглаат, чистат, готват.. Мора да најдам рецептот со кој управуваат со маживе. :emo:

    Јас уживам со добра музика вечерва
    http://www.youtube.com/watch?v=Xw2pMPaK1ug

    И баш се гледам себе и си велам, колку е убаво чувството кога некој посветува на тебе барем секунда. И кога ја држиш онаа рака што сакаш да ја држиш, и ја цениш секоја секунда од нејзиното присуство. Животот е проклето краток. Ценете ги луѓето што ги имате и ги сакате.

    П.с крајно време е мислам, дури не ме прогласиле за нов вид на крапинска жена. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      7,6 KB
      Прегледи:
      379
    На Elennaa, kravce, Someonespecial и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Шо ќеф имат малите деца ко ќе те плеснат за газ? :D
    Невоспитано ти прво ми паѓа на памет, ме плесна едно мало на сред Широк Сокак за задникот, знам дека ми е убав :wasntme: , ама не очекував дека токму таму ќе ме плесни, како ми дојде јас не знам, јас замуабетена со колешката едно друго, ко даде ме акна ми се чини дури и пукна :rofl:
    Од една страна смешно ми е, ама од другата нерви ме јадоја :devil: , не можев да одам да го бркам, дотерана бев а и не ми се трчаше, нека си брка ќеф :D
    Страшна работа се овие малишаниве :D
     
    На Inna5 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.