Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Чуствувам дека се изгубив.
    Не знаам која сум, што сакам, што правам во Скопје. Едноставно само спијам, јадам и пушам цигари. Секој мој обид да го заборавам е крунисан со некој негов потег и ете ме ме турка назад. Ме провоцира до бескрај.
    Сакам да ме остави на мир. Нервозна сум, му се развикав на другар пред малку, а не беше виновен.
    Се претворам во чудовиште. Ни најмалку не ме боли туѓата мака. Онака сеедно ми е и за нив и за мене.
    Лошо се чуствувам.
    А испит за спремање имам.
    Да имаше некоја клиника да ми го исперат мозокот, сите спомени да ги заборавам. Да си почнам од почеток.
    Изморена сум, не знаам што пишувам.
    Не ми се ни живее веќе, кревам раце од се
     
    На Hopeful, ceca-1, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  2. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Се чувствувам навистина среќно и исполнето. Одеднаш светот е розов. И не, никаква врска со тоа нема некое машко. Едноставно сум среќна затоа што постојам, затоа што живеам еден преубав живот исполнет со убави случувања. Живот којшто секој би посакал да го живее. Затоа што сум посебна, единствена, интересна, убава. И под убава не мислам само на надворешниот изглед, мислам на мојот карактер. Иако ќе дадам се' од себе за да станам подобра личност. Со секој изминат ден, станувам се подобра и подобра. :)
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Drzavata gi pomesti :( Ne zatrupa so obvrski uste od deca i normalno deka nemame vreme za nisto,so vikas,ne mozime da si gi iziveeme zivotite normalno.Ne deka ne se dozivuvaat tie momenti,no se se poretki,osobeno onie ubavite. Ama ete,ne zavisi samo od nas :( Mi se cini so sekoja godina poloso idi...
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Извинете за буквите сто фалат :angel:

    Има ли несто поубаво од тоа да мозес да разговарас со твоите како со пријатели? Од тоа кога мама знае сто ми е само да ме погледне. Тоа е најбитно, си ги познаваме дусите. Си ги лекуваме, си ги олеснуваме, еден со друг сите Четворица. :)
    Благодарна сум на Бога секој ден сто имам вакво семејство.

    Мислам и не мозам да си објаснам како мозе внуцињата(деца од мој прв братуЧед) да ми го разубавуваат и најгрдиот ден? Да го забават и најбрзото темпо, да ме стават во пауза на тотално узивање и смеење од срце, море од пети! :)
    Чисти дуси се децата. Мориња на сониста во разни бои и милиони мозности игри и песни се кријат зад тие Четири небесно сини оЧи. Најубавите песни, најигривите мелодии се кријат во нивната насмевка.
    Ми подаруваат толкава радост и светлина во дусава сто со денови откако ке ги видам не симнувам насмевка од лице.
    Им го посакувам сето добро на светов!

    Сто да казам.. продуктивен и преубав ден бесе денесниов.

    И знаете ли.. љубовта навистина има сила да промени светови. Ако сум дете сто мислам вака, нека сум. Ама верувам во ова и силно ке мизам и ке бегам далеку ако некој проба да ме убедува во спротивното.
    Чудно несто е таа. Кога најмалку ја оЧекувас се појавува од некој агол. Ама те гледа, те следи постојано бас од ѕад тој агол и кога ке види дека е време, ке излезе..поблескава и посилна од било кога.
    Таа е единственото несто сто ги стопува разликите мегу сите нас. Единственото несто сто сите го цувствуваме на ист наЧин, и за кое патиме на ист наЧин.

    Љубете се луге, не мора да имате деЧко/девојка, љубете ги другите луге, љубете го сонцето музиката.. било сто, ама љубете.
    На крајот на денот.. таа е единственото несто сто ни дава сила и мотив да преЧекаме усте еден ден со сите негови предизвици.

    А сега, лека нок и да, ке ви посакам многу љубов и разлопотени срца, на сите! :D
     
    На kate21, Micheleljubov и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Најгрдата улога која може да ти ја додели животот е човек-громобран.
    А уште погадно е кога ќе ти го спопика некое пасивно агресивно, одвратно човече што ни на крај памет не ти било дека може да биде толку покварено. Уствари ти било,ама си ја репресирал интуицијата.
    Немам ништо против бичи девојки, кој што имам против овие горниве. Бичи си е бичи, ќе се расправите, на чисто си. Ама со овие социопатски манипулаторки кои се провлекуваат секаде на хехе- хехе и после се осеќаш ко идиот кога не можеш ни да докажеш дека може да бидат толку покварени.
    Ето ти! А не дека не сум заприметила, рака на срце, стварно читам луѓе, ама она кај сите кога ќе пројде како фина особа,а тебе ти шкрипи нешто, па се самообвинуваш зошто ете ти така да помислиш и на крај ќе се испостави дека си у право, ти оди да трчаш у круг и сам себе да си маваш клоци!
    А еден куп такви! Со лопата да ги ринеш! Ќе ти шитне некоја приказна, ќе ти се направи на зборови безгрешна, тоа малото гласче у тебе ти вика, не веруј ма глупа една,ама ти му маваш чврги и му викаш,ај бе ќути, фина си е!
    Aбе...убаво викам...у жени не верувам и пак паѓам на истото... Само уста да не почнам да отварам.
    Уништете ги тие манипулативни човечиња без интегритет што плус и крадат туѓи идентитети.

    А друго нешто се запрашувам сериозно и се надевам некоја ќе ми одговори која е поентата. Мислам сите некако деви Марии, a се во последно време слушам овакви муабети - абе типот ме најде на Линкд ин,па искочивме на кафе,работи у Уан,па ме викна на интервју после и се вработив...ахам кафе. И чекај ти нормална си да искачаш у град на кафе со некој тип што си нашла на социјална мрежа од типот на Линкд ин? Абе типот го знам од по град,од искачање, нешо у Зегин е,искочивме неколку пати, после тоа ми рече му требала некоја за нешто и ме вработи.
    Као...сериозно мислите дека ви проаѓаат муабетиве?! И кажете ми до кога ќе се плескате наоколу за да се докопате до работа?!
     
    На mims-89, Sexybaby86, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Денов почна со доцнење. Телефоните заборавени, автоматски нема батерија, и хоооп, будење подоцна одошто планиравме.
    Е ако де.
    Живот.

    Кафето прекипа, чашите вино си стојат на маса од вчера и плејлистата на еден софистициран аргентински бенд, кога вчера си игравме танго. Едвај два чекори запамтив од што се запивме. Но, ми требаше малку игра со него. Понекогаш, мораш да изведуваш салтанати, што би рекла баба ми, за да гори искрата меѓу вас. А ако тоа подразбира убав танц еден до друг - нема проблем! :lol:
    На промоцијата беше одлично. Беседевме, пиевме вино и јас испеав една од поемите. Поубав аплауз, амин. Многу бев среќна што сите почувствуваа близина, топлина и енергија на Љубов. Ретки се тие мигови. Либето мое со сјај во очите. Нина му рекла да ме чува, како мутав ме држеше за половината цела вечер.
    Си точакувавме, си се дружевме со фини луѓе. Иван во бордо кошула, горд ем среќен. Значи, нема поубаво нешто кога ќе си го видиш најдобриот другар среќен во врската што така трпеливо ја гради. Ете такви нешта ми значат. Кога знам дека некој заслужил љубов каква што самиот пренесува.
    Посветата на книгата ја зачував во срцето.
    Мојата книга е во печат. Здравје, во септември кај Малиот Принц пред МКЦ ќе се разоружаме од читање.
    Август ќе биде полна пареа, емоции и планирања. Сакам песок во чевлите, драг мој, да ми ветиш!
    Париз, Барселона, Торино.
    Ќе букирам авиони уште од сега, срцево ќе ми препукне. Кармава сака да игра со мене, и дозволувам, за да направиме фина кореографија. А што друго.

    Живот де.
    Кога бил комплетен?
     
    На Lux, Domino, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    А ти остана до 3.28 часот наутро за да се изјасниш вака нашироко и нависоко? :o
    Секое мислење ти е нешто серуцкање кој каков е, но суштество Божјо, те молам за твое добро, погледни се прво себеси, тргни од себеси и започни да работиш на својот карактер додека сеуште има надеж за негова репарација.
    Му треба добар формат за да почнеш од почеток.
    Еве ти даваме шанса, среди се, направи си нов профил и не кажувај дека си била ова, па почни да пишуваш попаметно без да го мразиш цел свет, зашто верувај, тоа има фидбек, и светот ќе те мрази тебе.
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Познавам една мудра жена,учителка во пензија,баба на 3 внучиња,мајка и сопруга.Седи во моја близина ,веднаш тука позади ќошето :D .Жена која вдомува мачиња и кучиња,чува папагали,желки и други животинчиња (а при тоа не ги запоставува ни луѓето околу себе),на коментарот на една друга комшивка -дека мачките се злобни и одговори со една реченица која ми остана во сеќавање.
    -Подлоста е во очите на посматрачот,драга моја!
    Како времето одминува се повеќе сум уверена во исправноста на таа реченица.
    Животните не можат да бидат подли и злобни како поедини луѓе.
    Зло време е дојдено.
    Да не речам -подло.
    Во потпис-социјална и фамилијарна личност,сопственичка на 4 мачки,комшиско куче,кое е повеќе кај мене отколку дома а од вчера и на мало папагалче.
    :inlove:
     
    На Elennaa, Sexybaby86, teddybear и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Конечно дојде и мојот голем ден. :rofl: Ајм хепиииии. :D
    [​IMG]

    За сите по едно:
    [​IMG] :*
     
    На Elennaa, AwesomeGirl, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ете и тоа помина...
    се собравме 10 годишнина од матура 16 луге мегу кои само едно машко-повекето пијани уште во ресторанот беа намкорести ко по обичај а јас весела и разиграна уште од самиот почеток па кога се фативме за орце сите :D беше што беше едни на една страна влечат други на друга :D
    се развеселивме расположивме таман до полнок-после продолживме во еден од нокните клубови-до сега не сум била а јас ко по обичај :dance: остатокот од вечерта и супер ми беше :$ а кога се појавив во 3 часот наутро на врата мајка ми :devil: е па мамичке еднаш се слави 10 годишнина од матура :D

    инаку денес е денот кога пред точно 15 години малку фалеше да не бидам мегу вас драги феминки, ама ете Господ ми дал уште една шанса за живот и навистина сум му благодарна за тоа-како што си го викаме ние мојот втор роденден :)
     
    На lunicka, Micheleljubov, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Ме буди пред половина час тропање на влезнатата врата Кала,Кала и јас скокање од кревет у пижами отварам кога поштарката ми носи писмо од Клиника вика и јас :o дај,дај важно е го чекам ова ама потпиши ми се леле какво потпишување жено срцево ке ми излеташе :l: отварам и има што да видам Кала примена си на Клиника ААААААААААААААААА ТАХИКАРДИЈА УШТЕ ТОЛКУ А ЈАС САМА ДОМА ПАК ЧИТАМ УБАВО ТАА СУМ МЕ ИМА НА СПИСОКОТ ОДМА СЕ ЈАВУВАМ ПРВО НА МАМА И ПЛАЧАМ ЛУЃЕ УШТЕ МИ ТЕЧАТ СОЛЗИ ОД СРЕЌА :D ЗА НИШТО СЕ НЕМАМ ИЗРАДУВАНО ВАКА,ВЧЕРА ВИ КАЖАВ ДЕКА НЕ СЕ СМЕАМ МИ НЕДОСТИГА МОЈАТА НАСМЕВКА А СЕГА :D :D :D ВИ ПОСАКУВАМ СИТЕ БАШ СИТЕ ДА ЈА ДОЖИВЕЕТЕ ОВАА СРЕЌА :D СРЕЌНА СУМ,СРЕЌНА :D
     
    На Elennaa, vw-girl, anggell и 62 други им се допаѓа ова.
  12. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Кога времето е облачно,а кога и на работа имате до вас еден облак темен,тежок е навистина депресивнооо.
    Сонце каде си ?
    Сонцето мое што дома ме гушка и со своите 8 години ме прави срекна мама.Си помислувам на него и мавам игнор на облаков темен црн,тежок :emo:
     
    На kravce и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  13. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Добро јутро РАДНИ народе Црне Горе :D :D
    Убаво е да поспиес до покасно ама обврските пак си стојат и си ме чекаат

    незнам кој рекол ама убаво рекол и се сложувам дека
    КОЈ РАНО РАНИ 2 СРЕЌИ ГРАБИ( или цел ден му се спие)

    поздрав феминки имајте убав ден :coffee: :^: :f:
     
    На kala21 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ајде добро утро на сите :) Хм...веќе добар ден :) Само да ви кажам денес сум мааалце посреќна :) Го положив и државниот испит,па за една недела ќе можам и лиценца да земам :sun: :party: Тоа за мене си е баш успех,доста е веќе со испити :D Од сабајле се растрчувам костумисана,нашминкана,средена,прва си одговарав и убаво поминав,добра беше комисијата.
    Сега ќе можам да се вработам,почнувам во потрага :D Знам,тешко ќе е,но... ќе излезам на улица,ќе испијам кафе пак сабајлечки и ќе си најдам работа и готово :P :D
    Иначе да,Скопје и облачно,пак ми е убаво,штета после ќе си одам,а немав време да прошетам убаво,ама тоа е,друг пат :) Кафето си го испив,ама ќе одам уште на едно после и толку е времето...
    Не сум баш во ред,но Господ си ја знае работата,јас што можев направив.
    Имајте ми убав ден,а јас одам да го доискористам времето и да се спремам за мојата Битола.
     
    На Elennaa, Lux, teddybear и 30 други им се допаѓа ова.
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    СДК дека денеска во фирмава имаат 320 мајмуни :@
    Од раноо рано на секој вработен ни подделија по една Банана, само заборавија да ни дадат и по едно дрво за да може да се пентариме на истото и да сме баш мајмуни...
    Мислам Хеллооо на менагментот... бравос за идеата :devil:
     
    На Plavusa.17 и julie77 им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Имам впечаток дека јас сум единствена што уште преферира да гледа филмови и серии на телевизија кога ги даваат, наместо на интернет. :$
    Мислам, не дека не ме бива за пронаоѓање, можам да си најдам со превод, да не се фалам ама не ми е слабо знаењето за Интернет. :lol:
    Ама не бе, некако поубаво ми е, подобра атмосфера. :D Така сум си навикната од мала. :D
    Поубаво ми е да си седнам во дневна, на кауч, пред телевизор... :lol: На компјутер некако не ми е тоа тоа. :^)
    Имам некои олд скул моменти, да. :D
    Сега сите ќе ми се чудите, ама ако. :rofl:
     
    На Sexybaby86, kravce, ceca-1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Овој хороскопот на фемина денес се штракнал бре. Секогаш ми погодува а сега дома седење. Море каква домашна атмосфера јас збеснав едвај чекам да излезам некаде да шетам барем ако не друго.

    Е значи ич не можам да бидам без работа, ме фаќаат склети. Сега само побрзо да најдам нешто, продавачка, чистачка, метачка било што дури не се снајдам за понатаму.Не можам вака јас аууу нервозно.... :yawn: :(
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно одбиени, по трет пат. И веќе нема смисла да пробуваме повторно. Можеби наскоро ќе се укаже нова прилика, којзнае? Вчера кога слушнав бев многу разочарана, денес е поинаку. Фала му на Бога имаме доволно, нема зошто да се жалам.

    Синко се радува, ќе си има фино друштво летово за трчање низ двор... Зоолошка градина имаме деновиве. Секое животинче има име, независно од полот, малиот ги крсти сите до едно како му одговараше нему. Не мора ние да ги знаеме имињата, битно тој си знае кое е кое... а не се малку богами :D ама една работа не знае мали, кога ќе им досади да ги гњавиш, враќаат. Е тогаш има плачки и трчање кај мама или тато, сеедно кој е во близина, и „тато/мама да го кара...“. Не го караме, го галиме и учиме дека не е убаво да ги тепаш животните. Битно од утрово имаме три нови жители на нашиот двор - малите мачиња. Јес да не сакам мачки, ама такви мали... уфффф. За имињата не се замарам, малиот ќе си најде соодветни. Е сега тоа што се од типот на Мецка, Кика.... за тоа не би да дискутирам.
     
    На Sexybaby86, teddybear, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Еден ден ќе најдеш човек кој ќе биде среќен само да те гледа додека спиеш.

    Забележи го.
    Мораш. :)
     
    На Elennaa, Lux, Rubiii и 20 други им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Си го урочив вчера денот,жими све.Аман више.Ама не се нервирам веќе,преку глава ми е од се.
    Вечерта беше убава,да,признавам.Но останатото...
    И денес петоооок.
    За вечер незнам што е планот,или по шминка за полуматура,или шлаење низ град,или кај вујна и вујче на гости.Ќе видиме. :)
    И така ви викам.Сега ќе идам на англиски,па после ќе поуживам малце.Гушкам. :hug:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.