Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ептен ми е убаво сега. Сите работи некако ми се подредени. Сите коцки си седнаа на совршено место. Нека потрае, убаво ми е. Само незнам до кога.
     
    На Gordana10, H.VAGA и bubili61 им се допаѓа ова.
  2. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    339
    [​IMG]
     
    На kravce, Unica, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Со која мисла се разбуди Мишел во петок насабајле?
    „Зошто мора да станам, на пример?“ |(
    А што прави Мишел откако ќе стане во петок насабајле?
    „Наврнува по рекреативен основ.“ |(

    Ги пружив алиштата, и само што завршив, влегувам внатре, и почнува дожд, се враќам, ги собирам, и ме врне како глушец-стаор, и по пет минути пука сонце, нема абер од дожд. Марфи љубов моја, те молам, остави ме. За прв пат ќе видиш напуштена жена-среќна. :D

    To do list for today (*-направено :D )
    -Усисување *
    -пружање алишта *
    -наводнување на цвеќето *
    -васпитни на кучето *
    -местење кревети на глобално ниво низ цела куќа *
    -бришење прашина *
    -местење папучи низ цела куќа *
    -да се излежувам како сом некои 2 саата
    -да се видам со либето
    -да правиме вечра
    -да се палавиме :tmi:


    Мора да поработам на последните 4. :D
    A страшна работа колку мразам работа низ дома. |( Страшно. И едно време се дурдосав, да си најдам маж што ќе ми помага, нешто како дедовците од претходниот пост, арно ама открив мала тајна за тие мажи што помагаат.

    А кога ќе остарат, изгледа веќе у пракса им влегува помагањето. Мора да е тоа! :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Sweety-90, Elennaa, teddybear и 14 други им се допаѓа ова.
  4. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Досадно ми е....Уште два часа до крајот на работнава недела...и.и.и.. два дена уживанција....ама работно на село :P
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Некогаш нашите проценки за другите се погрешни. Во средно само еднаш отидов на кафе со шмизлите од класот. Едната од нив ми спомна нешто како, Гледаш Каренин, ние немаме лошо мислење за тебе, ама не ни е јасно зашто никогаш не доаѓаш на кафе пред и после часовите. Многу си ладна и мистериозна. :D Јас искрено не одев со нив на кафе дека само оговараа кој како се нашминкал и облекол. Јас не сакав да зборувам за другите луѓе во тој поглед, јас сакав да зборувам ете за уметноста во било која смисла. И затоа не ми беа интересни!
    Во тој момент сфатив зашто тие ме гледаа попреку и завидливо. Едноставно бидејќи јас не бев љубезна со нив, не им кажував како им е убава новата фризура и облека, не им ги кажував моите мисли и чувства. Едноставно не знаеа ништо за мене. А нели луѓето секогаш сакаат да знаат што мислиш и чувствуваш за после да ти ги знаат и слабостите. Па во даден момент да ги употребат против тебе. Мислам тоа им е нив интересно. Тоа да се издигнат над тебе! Сакаат ти да ги осетиш блиски за да те повредат, било како. Жени!



    ... Крај краева и да не ги процениш погрешно личностите аама воопшто не треба да те загрижува зашто тие се такви. Мислам ако ти кажуваш колку тие реално се "клети" зашто сеуште се дружиш со нив?! Зашто не ги дистанцираш кога не ти се по вкус?! Ете гледаш, всушност најголемиот лицемер во целата приказна си ти. Велиш дека се лоши а сеуште не ги отргнуваш од себе. Да не случајно сеуште си фина со нив бидејќи осеќаш можност за некоја корист која би ја добила од сето тоа. Без разлика како ќе дојде таа корист, без разлика од нејзиниот облик. Значи проценките не секогаш се така лесни. Ако сакаме да ставаме превез врз нашите очи и да гледаме во некој непријател барем да си бидеме искрени кон себеси, ако ништо друго.

    Ако некој не ви се допаѓа и сметате дека е целиот ЛАЖЕН направете си услуга и дистанцирајте го. Ако сепак се работи за блиска роднина која неможете целосно да ја откачите потрудете се секогаш кога ќе се видете да бидете пристојни и свои. Секако таа роднина ќе сака да ви наштети, ако така си замислила во нејзиниот плиток мозок, самошто самата таа не е свесна дека вие знаете правилно да се одбраните од нејзините ниски удари. Може тоа ќе биде со преќутување или ваше дрско и паметно обраќање, но таа на крајот ќе си сфати.

    Моето куче кога и да ја слушне Чке београдске полудува! Скока, трча, ржи... :rofl:
     
    На bittersweet, Doozy, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Какво CV сум си направила, да ти е мерак да ме вработиш :lol:
     
    На Elennaa, kravce, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Има денови како овој на пример, кога се што сакам е да останам дома, да го трошам залудно времето, да се излежавам како мечка во дувло и да се мачкосувам на секои 2 минути со разно разни креми со оргазмичен мирис. Ново откритие ми е кремата на Гош од боровинки, ми доаѓа да ја лижнам од што има зашеметувачко тежок и сладок мирис. Мајка ми отвара прозори низ дома, кога ќе види дека се мачкам со неа, и мирисало на труло овошје и француско мувлосано сирење. :D

    За време на ваквите денови, било која книга да ја почнам со читање - ја затворам после прочитани рекордни 3 страни (тука го важам и уводот за авторот кој зафаќа 2 страни), ако пуштам филм - го прекинувам уште на почетокот пред Џек да ја однесе Саманта кај неговите да се запознаат,
    при што Топ - Шоп рекламите за новото флексибилно црево што се зголемува и рекламата за мрежата против инсекти ми стануваат врвот во денот. Тука нормално не ја изоставувам легендарната тава за готвење на Делимано, со попуст таман да те залажат да се јавиш.

    Апсолутно ништо не ми е средено, како во главата така и надвор од неа, пример собава.
    Приметив дека толку многу сум опседната со случките што ќе се случуваат во иднина - било блиска или далечна, што не можам комплетно да се посветам на она моменталното. И од толку тупење мозок, денеска не ни пробувам да размислувам за било што.

    Време - невреме, ама не само надвор.
     
    На Elennaa, Sexybaby86, Buttterfly и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    исто! :puke:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Е животу досадо една ! |(
    Каква е оваа држава бе работа за млади лица да немало,да ти се плукнам во државата..Веќе секој ден ми е исти,станувам,јадам,пред тв,јадам,пред тв,повторно јадам па пак пред тв.Катастрофи ! До кога вака ? Се утепав од работа барање,рака ме здоболе од CV пишување за на крај ево повторно да си седам пред компјутер да се чудам колку е заеб*на нашава држава.И нормално дека сите млади ќе се одселуваат во странство ...Е да заминам и ја некаде и да не се вратам веќе тука.
    Нерви не ми останаа..Во цела оваа катастрофа најубаво што ми се деси во последно време е Дони ,кученце кое го добив од дечко ми,малечко бело,многу е слатко..цела негативна енергија ја зема од мене,ме исполнува едноставно..Го обожавам .
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    И мене така ептен ми беше мерак кога ќе си му направев убав апдејт на CVто. Но откако еден работодавач ми призна дека многу ретко гледал на mail, малку се разочарав. Снаа ми што ми рече на тоа? „Во повеќето случаи е така.“

    Сакам доколку е можно на безболен начин трајно :!: да и` поклонам 5-10 кила. Кој е бројот за донација? Фала.

    http://www.komunikacija.mk/video-devojk ... -200-kila/
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Гледам MTV top 20 и се чудам на спотовите - денес сè е во рамките на уметноста! Натрупај шминка, балони, кози, ласери, балерини, еднорози, старлети и ете ти модерен, кул спот! Ми се згади.
     
    На kravce, Foreveryoungiwannabe, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК чао Македонија :hai:
     
    На Elennaa, happygirl, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Си седам и си мислам-што следно ќе смисли Мали Ѓокица. Го замислувам од понеделник, така раздраган прво од малите екрани, а после на рака како добивам наредба која завршува со зборовите-ако не постапите така и така, следи парична казна од ххх денари или дури казна затвор од ххх месеци :?: .
    Тоа е, мора да живееме сите според тоа - како Мали Ѓокица го замислува светот инаку, црно ни се пишува.

    Ај погаѓајте што ќе е следно. Јас мислам дека ќе забрани со закон употреба на антиперспиранси, и тоа по брза постапка. Па што... Докажано се штетни, содржат алуминиум, го зголемуваат ризикот на рак на дојка, а го оштетуваат и озонот.
    Сапун и вода и толку. Овие таканаречени органски, проверено не вршат работа, само џабе фрлени пари.
    Ќе се усмрдуваме...ама закон си е закон...оти после ај парична казна, па и затвор...
     
    На Elennaa, kravce, Waka-waka и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Имам многу за учење а книга не ми се чепнува и цел ден само дремам и дремам и многу ми е досадно а треба да се спремам до понеделник :(
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Блазе ти! Бон воајаж енд донт форгет ту рајт. :*
     
    На Offspring, kikav и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Таман се откачив од професорицата , и на ред беше од асистентката , ама не ,каква професорка таква асистентка , агресивна хормонска женка и тоа преку целата година седи на факултет цел ден и мрчи и грчи и фрчи на сите студенти и студентки , 8 пути ме враќаше , не било добро ова , не било добро она , фалело ова , фалело она , бев многу блиску да го земам средовековниот меч што го има во канцеларијата и "Middle Age style execution" ......

    На крај и од нејзе се отарасив и сега на ред е да си одам од Скопје , кај викендичката на планина малце на чист воздух и мир .

    Ви посакувам на сите убав викенд , со многу учење , пиење , секс и нездрава и убава храна како и повеќе среќа во испитите .


    Запамтите , ако неможете сега да научите , секогаш ќе можете утре , или пак Август , или пак Јануари. :!:




    Cya untill Wednesday
     
    На Someonespecial, teddybear, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога дружбата и супер расположение е поважно од здравјето-така е
    од настината сега сум болна, кашлам-само дај боже да не кренам температура :worried:
    е ова се вели да си патиш од своја глава-ама еднаш се живее :!: чајчиња и сирупи во комбинација со прополис е лекот, знам
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    :)

    И она кога млад професор мисле дека го достигнал врвот и се преценува без силна позадина проследена само со прдеж, пред тебе пука, паѓа и се гуши... :)
    Неговата омилена студентка препишувала, како тоа така и како нашла баш кај него, ха!
    И нормално, без да ја претресе, и пониже како на сите други што ни направи што не препишувавме, неа само тивко и шепнал дојди после во канцеларија....
    Не е таа крива, баш фино си средила кај него и следната година, гајле и е, го омекнала, ама овој, болниот и исфрустрираниот и крајно смрдлив твор од маж, покажа невидена слабост, и мојата почит што некогаш беше минимална - ја уништи.
    Да го ставиме на страна тоа што од старт не деле како студенти, што сите не третира различно без причина, па и иде со цел ебан, празен, мувлосан ум да ми ја дигне ташната и да ми ја отворе паковката за наочарите, а на оваја која ја фанал како препишува - само и шепнал дојди после...
    Јасно ми е, неправда има секаде, секогаш ќе има, секогаш ќе има поделби неправедни и не на место, всушност така функционира системот денеска, наместо строгост, квалитет и норми, кај нас владее се - само тоа не.
    И така јас го предавам испитот и го гледам човекот како запаѓа во депресии, во гласот му се осеќаше неговото дно, а во мене вулкан од задоволство и благодарност до кармата, која некогаш знае добро да врате.
    Ете ти драг професоре, повели - му рече кармата, дели ги пак децата!

    Џабе се нервираш мајка вика, ама не можам а да не се запрашам, има ли бе некаде систем кој функционира како што треба, не треба перфект, само да биде правилно до некој добар процент и фер.
    Фер судења нема, а не па нешто друго во животот... :|

    И болно е тоа што ние луѓето глумиме секојдневно кој кого глуп ќе го направи.
     
    На Sexybaby86, teddybear, Lepaaa и 13 други им се допаѓа ова.
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе дефинитивно не го заслужуваат моето внимание!
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Кога владиката Петар ќе каже абортусот е убиство, јас ќе му ја покажам сликава :D

    [​IMG]

    Едноставно, некои особи се само преживеан абортус :rofl:

    Ги гледам, ги гледам и се чудам, убаво си беше таа поговорката, свашта пи*ка раѓа....


    [​IMG]

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Foreveryoungiwannabe, Sexybaby86, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.