Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно не сакам,само друштво кое ќе ме прифати каква што сум.
    Фала,пријатно.
     
  2. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Ме тресе летна треска и ги бројам деновите до крајот :D Ги средувам полека последните оцени и супер ми се, да ви се пофалам... Абе кој си учи, нема што :D И еден по еден ги отарасувам сиииите овие искомплексирани професори собрани на едно место :D Добро де, не се до толку, ама лоши се :wasntme:

    Вчера полагав историја на ова екстерново, а пред тестот поминував низ плоштадот. И како поминувам гледам споменици на нашите ни драги јунаци и си повторувам во себе: Аха, овој го кренал тоа востаните во таа и таа година, оној ја проширил државата, тој не ослободил во таа година и така натаму. Ете, и спомениците имале некаква функција. :D

    И бидејќи бев многу вредна нели, многу учев :P си се почастив со еден пар црвени штикли :inlove: Или штиклени кондури - како што ги викав штиклите како мала :D
     
    На Tiki-lolipop, Boleyn.7, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Нечу плакати, срце ми је пуно радости!

    Нема да ги пуштам веќе солзите со кои ми се полни очите и кои ми го заматуваат видот. Нема да дозволам да плачам повеќе за глупости, ќе најдам причина за радост, секогаш ја има.
     
    На tami1, EmGreen, Anna-Banana и 8 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не ме ни дослуша битно си се издра и си се „испува“. [​IMG]
    После и` објаснувам и таа вика „ааа добро“.[​IMG]
    Се збуни малку госпожа. Јас треба да речам „добро“ а ти да се извиниш за избац-он.
    Бреее невоспитани а 30ката ја ситнат.[​IMG]
    ццц
     
  5. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    И уште никако да сфатам дека треба 3 пати да размислиш што треба и дали треба да кажеш нешто...
    Тупи си ја главата сега!
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не знам дали го иам напишано ова, ама знам дека долго се канам да го кажам.
    Додека матурантките се секираат (нормално, и ние исто во нашето време) до кај им е фустанот што го нарачале, колку цм да им биде висока штиклата, додека не можат да се одлучат за фризура и тип на шминка, или пак за дезенот на вештачките нокти, дали ќе бидат во тон со партнерот кој притоа се замара со својот изглед исто ко жена, некои матуранти парите собрани за сите овие глупости ги донираат за хуманитарни цели. Да драги мои, убаво прочитавте, донираат. Е тоа е вистинското значење на зборот mature - зрели. Браво дечки, воодушевивте. :bow: И ова ќе се памти повеќе и од најубавиот матурски фустан на сите времиња.
     
    На Elennaa, Marjan007, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.757
    Пол:
    Женски
    Познавал каков ми е денот според "смиреноста" на косава. Мислам дека денес баш ќе се "израдува". :wasntme:
     
    На ocila, kravce и lunicka им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Мислам дека останавме единствената нација во светот во која уште слободно се продава идејата дека Америка и Европа се демократски творевини каде што животот е лесен и убав... И дека се либерални и слободоумни... ние,тие кои мислиме дека сме паметни. На чело со сите борачи за човекови права. Веќе преку таквото! Еј у Шведска каков среден живот имаат...и гледаш немири заради дискриминаторски однос на доселените. Ај не заебавај! Добро утро! И ќе ти каже, еј ти не знаеш како живеат у Данска, натака да си отидам. Кој живее јако у Данска? Ти сигурно не. Ама знаеш им требал кадар... па да, ама ти ќе бидеш тој што ќе зима најниска плата во ланецот,а ќе бидеш цеден ко лимон пошто увек ќе бидеш обусловен од виза за престој. Ау чекај...и би живеел ти Македонецот, од земја со сончеви денови, одеднаш скроз прилагоден во земја каде денот трае 6 саати? Без да те фати депресија и константно да пиеш витамин Д?! Сериозно?!
    Да, сите тие веселки и забавни приказни како некој отишол некаде и успеал се една у илјада...и тогаш ја знаеш само шармантната страна на приказната,но не и тажната која подразбира часови и часови поминати на скајп со семејството тука и многу солзи...
    Америка не е Холивуд...а тоа сум го видела многу блиску и сум ги видела сите тажни страни на животот таму, додека се креира еден убав за очите на останатите... И Америка е дискриминаторска кучка со различни националности. Ако не е,зошто тогаш сите се американци,а не се ословуваат по своите националности?
    Освен ако не сте синови и ќерки на големите фаци од државава,па дури и тогаш...до тогаш ќе си бидете обични,напатени македончиња!
    Што да ви кажам друштво, покакани сме дека сме родени во Македонија. Можеме да одиме до крајот на светот животот за нас секаде ќе биде ист. Напорен и неизвесен!
    Ама затоа имаме фантастична смисла за хумор. Многу сме досетливи и забавни!

    Сега чешлам профили на Линкд ин и се забавувам... како работата у америка у пржилница за риби си ја пишуваат,па доаѓаат и дипломираат и како кулминира целиот процес до професија со менаџер како претставка...у рок од година дена по мувкање ваму-онаму во нелегитимни фирми од по 10 вработени максимум ( и да потенцирам МАКЕДОНСКИ САЈТОВИ КОИ СЕ КОПИ ПЕЈСТ ОД СТРАНСКИ ТЕКСТОВИ...МИСЛАМ ЛЕЛЕ-ЛЕЛЕ-ЛЕЛЕ...ШАМАРИТЕ). НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕТЕ! Па самодоверба ми напукавте немате поим каква,а јас две искуства не ги ни вбројувам во својата биографија бидејќи сметам дека се нерелевантни зошто тој сектор не го засегам,ќе ми нема конзистентност биографијата...!
    Пазете прогресија. Секретарка три месеци, секретарка 2 месеци, секретарка 4 месеци, во некој фирмулиња , тоа дури студирала на распуст, по фирмите на роднините,и оп... МЕНАЏЕР У СИВУС...Добро,ти веруваме.

    Ете го муабетот зошто глупите просперираат, а паметните не.
     
    На MissPagane, mims-89, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  9. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    [​IMG]

    Па видете што убаво сликиче. Е ова за оние денови, кога си најсреќен на цел свет, кога ќе го експириенс тој момент на целосна среќа и кога ќе се редат само најубави нешта во денот. И да неможеш да се совземеш. Сакам еден момент на целосна среќа, сакам само убави нешта да се редат. Мечтаам за тие дни!
    Штета денес не е таков специјален </3

    Највкусното патување е она на путерот кога ке го стајш на тазе испечен омлет и гледаш како се топи и патува до внатрешноста....

    Си го најдов ова... И нели? Само да го ставиш во еден топол сварен компир, преполовен. Мх мх.. Авантура на путерот. Исто и звукот на мешање на јагодите со шеќер, па после дегустација - неодолив вкус. Да напоменам, да си човек кој не јадел јаготки со години.
    Да мислиш на убаво во еден обичен ден е убаво.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Која нормална наставничка на два-три дена од распуст дава годишен тест хемија и физика?Која? :?:
    Утре е јуни.Ви се верува? Мене не.
    Уште 2 недели и јас одам пет дена,надвор од загушливово Скопје,на езеро со братучедите.Радостиии :rofl:
    Сме испланирале се,што како,ма што да ви зборам.Многу планови се направија,многу.
    Инаку,јас се спремам за утрешниот натпревар,имам трема невидена.Сакам да успеам,сакам.А викаат кога нешто многу силно посакуваш,се остварува.Who knows :?:
    Досега,убава беше оваа недела.Многу нови информации,многу нови случки,и драги и недраги,многу нови можности.Со татко ми сме се зафркавале вчера,мислам дека пукнав.Обожавам како лесно може да ме насмее со неговиот ненадминлив хумор.Делиме исти мисли,ме знае,знае како да ме расположи.
    Денов малку напорен,малку тмурен,со динамично темпо.А јас сепак,сум радосна.Не знам зошто,не знам како,ама убаво е.
    И тоа,ништо паметно не кажав,ама ете,напишав нешто.Адиос :hai:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Трпение, спасение!
     
    На Ketrin.Moon, Lepaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Она кога ќе се разочараш од нешто, ќе се свртиш на другата страна и ќе те плесне нешто друго бетер од првото! :|
    *********************
    Туку нешто друго..
    Ми рече..."Секогаш си насмеана, но дали навистина се смееш од срце, поради среќа?"
    Замолчев. Многу добро знаев што значи прашањето. Сепак за да не завладее тишина, прашав зошто ми го постави.
    "Знаеш, тоа понекогаш има друга крајност и позадина, па мислев...". :?:
    "Да" - го прекинав. "Во право си, некогаш има." - во себе си продолжив.. "Јас сум од тие што се кријат зад својата насмевка. Собирам сила да ја ставам на лицето во некои прилики. За среќа не е злонамерна кон другите.".

    Всушност нема некоја цел зошто го кажувам ова, само ме погоди. Нештово ме натера да размислам за себе, а не можам со никого искрено да го споделам надвор од виртуелниот свет...па малку да ја испразнам душичкава. :wasntme: Тоа е и една од причините зошто најчесто добивам инспирација за писмено празнење кога се чувствувам како сите бродови ми потонале.
     
    На duffi и la-chicka им се допаѓа ова.
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кафето е волшебен пијалок....Замислете само колку луѓе дошле на свет благодарение на реченицата.... "ајде на кафе " :D :D
     
    На Sanjichka007, ceca-1, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто го имам ова скокотливо чувство :wasntme:
     
  15. queen-12

    queen-12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    среќна сум :rofl:
     
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Мојава по англиски и овој по математика. АлоО ?!? :fubar: :swear:

    Чувствата измешани,мислите исто. :x А расположението ни така ни така...Ај од времево ќе да е. :D
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Ana122, AwesomeGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... постојат и такви денови кога сте благодарни што уште не делите покрив со саканата личност.
    Знаете, моментот кога се претворате во правосмукалка, го чистите фрижидерот, се враќа тоа опсесивно-компулсивно прејадување како лоша кашлица :( ... после ви е срам и жал, ама биднало, па се чешкате лагано по стомачето. Нешто слично ко Цацко со 300-те сарми.
    И жива среќа што не е во близина да ме види... зашто на барометарот на секси... сега сум во минус.
    Замрзна барометарот.
     
    На mims-89, teddybear, sunfemina и 5 други им се допаѓа ова.
  19. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Ако продолжам да јадам како досега,ќе треба да ја сменам цела гардероба :D
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Отсекогаш ме фасцинирал начинот на кој некој заборавен, да не речам избришан настан успева да оживее преку сонот. Сонував една личност и една ситуација кои целосно ми беа надвор од сликата за таа конкретна локација. Самата локација ми асоцираше на многу лош спомен и целосно го имаше овој другиов истиснато, како никогаш да не се случил, а толку прекрасен настан е во прашање, дури беше во слоу моушн на сонот, со сите детали јасно отсликани, си се врати кристално чисто и јасно си го најави своето присуство . А немам веќе контакт со личноста. Се запрашав кога се разбудив како ли е таа личност сега и за неколку часа на најнеочекуван начин добив одговор.

    Пред некој ден налетав на песна од новиот албум на еден од моите омилени бендови, па со овој конкретен бенд, поточно со нивната музика имам прилично асоцијации поврзани со значајни настани. Песната беше совршена, неколкупати веројатно се случува да налеташ на текст кој буквално ќе те потресе со толку силен интензитет... И така додека го силував рипит копчето, си плачев и плачев, онака тивко, дури и задоволно, конечно исплакав терет носен подолг период. А денес веќе е тргната од ЈуТјуб, ама во право време ми се појави.

    И толку доста ми е од асоцијации веќе, барем да бев на квиз, ќе профитирав, си го сакам назад сега спокојот. Лажам, сосила одржуван спокој е за флет лајн-ери, си ги сакам и емоционалните потреси, да ме потсетат уште повеќе да го ценам спокојот.

    Има некоја себична нота при споделување на чувства и всушност зошто некој и би се грижел за туѓите чувства, ама самата анонимност ја создава потребата некаде да исфрлиш дел од себе, кој го криеш обично од најблиската околина. Дури и од себе често го криеме одговорот на прашањето - Како си (сум)? И најкомично од се‘ е што често, откако понекогаш ќе се отвориме по сопствена проценка малку повеќе пред некого, потоа чувствуваме и извесна доза на срам. Луѓенца, колку сме комични понекогаш.
     
    На BoneMachine, Hipster, DonMarko и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.