Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Разговор околу подароци ,се пресметуваме колку пари овој месец отидоа на нив.На некого матура на некого роденден ,а богами и една веридба.И маж ми како што си е "бистар",ме прашува што сакам за роденден,иако до него има 2 месеца.Демек да се спремел на време.Како бе не научи ,мутав еден,што сакам ....низ годиниве ???
    И одеднаш...
    -Ќе ти купам таблети за слабеење!
    -Што,штоо,штоооооооооо........[​IMG]
    Е знае како да ми го качи притисокот [​IMG]
    Вечерва има да спие на тераса така да знае,он на мене...
     
    На Elennaa, Buttterfly, molikaMk и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Утре уште една свадба...
    Полека, полека другарите на мојот А. се испооженија. :D
    Убави се ваквите поводи за собир. Сите на едно место, парови...сите иста желба имаме дури ги гледаме младенците. Јас не зборувам, не коментирам ама така многу го чекам тој ден. Тој па ми вика на претходната свадба, кога влегуваа младенците: "Еј, срце замисли јас и ти вака ко ќе сме! ^_^ Ох, си викам во себе, сакам сакаам, ама него ме му кажувам, само реков:"Ама во друг хотел!" Онака, колку да кажам нешто! :D Здравјееее, ќе си биде - ако е пишано, се' ќе си биде! :inlove: Почнувајќи од тоа како го запознав, јас единствено верувам во судбина. :l:
    ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
     
    На Adi888, Beaty, Sexybaby86 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Многумина кои ги познавам ги ценат луѓето по убавина.Да,убавина убаво прочитавте.Ќе ме праша зошто не одиш во Сити Мол таму е прејако ќе се запознаеш со сите фејсбук фаци? :^) А,чекај што ќе ти се тебе сите тие фаци во животот?Кога ќе западнеш во неволја зар ти е фејсбук фаци ќе ти помогнат?Какво е тоа вештачко и грдо другарство?Не сум ниту пак запрепастена ниту изненадена.Од тотално глупи особи кои ме опкружуваат ми се повраќа.Леле собрав 43289478234 лајкови на профилната. :clap: Браво!Сакаш куклена престава или да ти читам сликовница? :x
    :fubar: Оправете се умоболни едни.Лајковите и така наречените "фејсбук фаци" за што ќе ти помогнат за животот.Всушност,знам!За едно големо ништо.
     
    На Divinebutterfly и Ana122 им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... има ли посилно и помоќно од жена која сама со добри два шамара од зборови успева да им го покаже вистинското место на мажи без култура и однесување ... а при тоа седи во машко друштво, побројно и тоа ... 8)
    Иии, зошто мажите имале стравопочит кон таквите независно силни жени?? :emo: Не ви требаат мажите секогаш за да ве чуваат, тоа го можете и сами ... само имајте самодоверба и внатрешна сила.

    И бидете свои!
     
    На Trnche, Rubiii, ViktorijaMari и 15 други им се допаѓа ова.
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Се изморив..а и утре има блиска свадба...па ќе си легнам да се одморам ќе треба во 9:00 да станам.
     
  6. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    СДК...
    среќна сум, без некоја посебна причина. Сфатив дека навистина малите нешта го исполнуваат животот, дека треба да уживаме во секој момент кој ни се пружа, да љубиме искрено,секој на свој начин да го изживее животот но на крајот да биде задоволен со она што го направил, да биде среќен, да се гордее со своите постапки.Да знае дека ќе има по што да биде запаметен... А среќата, таа би била поголема кога би ја споделиле едни со други, зарем не?
     
    На Sweety-90 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Полесно ми е да вежбам отколку да учам. Утре на испитот наместо трансформации и фразални глаголи да пишувам, ќе им кажам нешто повеќе за диети, калории, вежби... :toivo: :headbang:
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Абе, срам не срам, мене нешто ме мрзи :$ Или пак не :^) може да е последица на ултимејт финален стадиум на подувувачки пм синдром. Безобразен синдром. Пијам чај од магдонос, масирам глужд кој иначе може да е провокативен (ако си замотан од горе до долу). Ама не, мислам дека и онака си изгледа убав глужд секси. Па на некое сандалче со ремчиња или солидна салонка, придружен со стегнат мускул и убави стапала... Знам, знам. [​IMG]
    Читам, феминисткиве од една страна протестираат со голи гради. Од друга страна им сметаат разголени девојки на насловни страни. :^) Ја нисам одавде.
    А сте го виделе нашиот иден трговски центар? Лепота. Комисијата не па не, нема барок за гтц. Така? Ајт нова комисија. Ова демократија е или што? :?:
    Туку, да си направам јас утре од мафинките со моркови, м? И така изгледа куп гости ќе имам, а мене ми се...спие |-)
     
    На Elennaa, Lov3, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Во турските филмови секогаш кога ќе пукни пиштол и замрзнува сцената :D Ликовите се гледаат очи в очи ко бесни тигри :D И...завршува епизодата хахахаха :D Наредниот ден се знае каде пукнал пиштолот :D
    А во шпанските се знаеше,пука и готово,паѓа со крв (кечап) на уста ликот и се спасуваат сите :D ахаххахах невозможни се :D
     
    На Mrs.Cuper и N.Kety им се допаѓа ова.
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Ај јас сепак тука да си се пожалам...
    Учам и работам, и горда сум на себе што сум независна и што сама се издржувам и дрн дрн јариња ДА ама се тоа првиот месец... Значи се фатив во ситуација како беспомошно буљам во плафон без енергија да мрднам, а не па да учам, уствари не можам ни да спијам... Студирам на екстремно тежок факултет, под огромен притисок ради мал милион услови што треба да ги исполнувам на крајот на секој семестар.
    Како ми идат испитите се повеќе и повеќе скренувам. Работам скратено работно време, кое и покрај тоа што е скратено ми одзема добар дел од неделата, и кога доаѓам дома сум преморена и сите мускули ме болат. Факултетот ми одзема исто така добар дел од неделата, де предавања, вежби, презентации, задолжителни проекти за една фирма каде имаме консултации скоро секоја недела.
    Мене ми е потполно јасно дека сум требала на време да мислам, штом моите немаат можност да ми платат да продолжам со студирањето да не се форсирам за џабе, и јасно ми е дека сега нема враќање, ама имав амбиции и сакав сама да успеам. Стварно немаат финансиска моќ да ми помогнат и се радував што барем од таа страна им олеснив, да не се нервираат што неможат да ми помогнат, а и плус уште еден студент имаат дома.
    Ама ситуацијата е се полоша. Мислам дека паѓам во депресија. Не спијам квалитетно, сонувам долги, измачувачки сонови..Се враќам од работа/ факултет во незгодно време, приквечер, кога неможам да учам од што сум изморена, ни па да отспијам па да учам.. Се фаќам секој ден како плачам без причина..Се надевам дека сум во ПМС..А работа не сакам да откажам затоа што ми носи дупло пари од тоа што ми требаат за живеачка. Ми треба помош, додека не сум скренала :|
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Don't panic, organize. :hai:
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Кругот на живото се врти. Полека но сигурно.
    Денеска си извисил некого? Утре ти ќе бидеш извисен ;)
    И повторно се врти...секогаш истото. Еднаш ти ќе повредиш некого,наредниот пат тебе ќе те повредат.
    Или тебе те сака некој...но ти не го сакаш тој што те сака туку некој друг. А тој другиот не те сака тебе - сака некоја трета.
    Е тоа е иронијата на животот. Цел живот така ни поминува...
    Надеж...и трпение. Тоа е лекот...
    Ако може така да се нарече.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Кој ѓавол ме натера да отидам на пазар во петок. Ова сега се случило и никогаш повеќе, па уште и ќерками ја земав со мене . Викам ајде на раат да одам да си испазарам се што ми треба.
    Туку имаше што да видам , еден куп пензионери, смрдеа , гужва. МАЈКО МИЛА!
    Колку некултурен народ сме тоа е чудо едно, викаат урлаат како мајмуни во зоолошка, никој нит те гледа дали си со дете , труден , повреден итн. Па еден уште ми вика па што си го понела детето со тебе, викам па ти ли ќе ми го чуваш дома . Бог да чува. Каде ли јас живееам и што све држи државава !
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК толку сум изгубена во времево,што неможам ништо да успеам на завршам како треба.
    До толку незнам да го испланирам времето,и две обврски на ден да имам само,пак нема да успеам да ги завршам,зошто почнувам 1000 работи одеднаш и нити една нема да ја завршам.
    Од денес почнувам да живеам малку посредено,да си го испланирам времето.Вака не ме бива.
    Па уште кученце ќе посвојам за ден два..
    Ако не си го средам и ограничам времето за безделничење,ништо нема да успеам,понатаму..
    Ветувам ќе бидам поодговорна..
    Морам,за себе,за сите покрај мене.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Луѓе држете ми среќа утре полагам географија. Научив колку што можев па ќе видеме. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Седнувам и пишувам и искрено ич не сум задоволна со напишаното. Не знам што ми е. Пешачев саат време и имав такви мисли, се колнам дека Фројд не ми беше рамен. И застанувам пред тастатурата и БАМ!, немам ништо.
    Суша. Дупка. Празнина.
    Ништо.
    Порано ми беше толку лесно да ги пренесам мислите на хартија, било каде да ги запишам. Читам некои мои стари дела и сосем нескромно ќе кажам дека навистина се добри.
    А сега, имам куп инспирација и седнувам нешто да шкртнам, ма не бре брате. Не знам каде е проблемот.
    Ќе истрескам две-три клише реченици, пробувам да исцедам нешто од мене.
    Ништо.
    Како стаорец во мојот ум, ме излудува.

    Некаде, некогаш прочитав дека во животот на секој писател се случува ваков период.
    А јас не сум ни писател.
    Уште потрагично, не знам ни што сум.

    По ѓаволите.
    Сте слушнале за hambre del alma? Глад на душата.
    Сосема нестручно сум дијагностицирана со неа.
    A проклетство, повистина не може да биде.
     
    На julie77, kravce и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Поубав ден неможев да посакам :D насмевки,честитки,дружење и најважното фустанче и штикли :D спремна сум за утре Самарџич славењеее :dance: нека се множат ваквите денови
    и по некоја случајност или незнам што ми се скина бројаницата повеќе од една година мислам дека ја носам,тоа значи исполнета желба????
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    На CuteEva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    Еве скоро 4 години откако прерано ми замина...
    Не поминува ни ноќ а да не се присетам на сите наши лудории,тогаш благо се насмвнувам покрај сета болка што ми остана откако те нема.
    Се сеќаваш како игравме мајка и татко? Колку само ми беше љубоморен кога тетками мене ќе ми купеше некое фустанче, а ти беше машко и неможеше да носиш фустани? Кога спиев кај вас и на сабалје ќе беше лут дека тетками мене ме гушнала(а таа тебе те сакаше најмногу на свет)? И пак после пладне заедно ќе заспиевме на каучот?! Правевме пуканки и јадевме мајонез :lol:
    Кога ќе се сетам на тебе се сеќавам на нашето детство, без тебе немаше да го имам тоа.
    Ми недостигаш, толку многу, што при секој убав момент што го доживувам, за момент застанувам и се прекорувам- не смеам толку да се радувам за било што, бидејки тоа би било себично од моја страна, ти си 2 метри под земја, а јас имам повод да се насмеам. Солзи ми течат како луди додека пишувам....
    И никогаш нема да те зборавам тебе, никогаш..
    толку многу се лутеше кога пред гости ќе кажев дека сум 4 месеци поголема од тебе...а јас толку сакав да те нервирам, затоа што беше повисок од мене!
    Толку многу и ноќва ме боли срцево, замина прерано...толку бевме полни со живот,мали, бевме здрави, нкогаш ништо не ни фалеше и неможев да замислам дека ќе те изгубам во толку банална несреќа.

    овој пост го посветувам на мојот прв братучед, кој ме напушти прерано!
    тој е мојот ангел чувар!
     
    На Elennaa, bittersweet, anggell и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ја гледам сестра ми после две долги врски од која од едната излезе со згазени емоции и згазена гордост..како се радува на едноставни зборови и внимание од еден дечко, и малите нешта го прават животот.
    И малку е доволно за да измами насмевка на нечие лице. :)
     
    На Someonespecial, Trnche, AnaKarenina и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.