Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека конечно универзитетската диплома е во мои раце :) . Плус, имам и додаток на дипломата: Пофалница за постигнат висок просек, односно над 9. Ме прочитаа во првите, со почести :) .

    Вчера ми беше последен ден на работа. Од понеделник почнувам во друга фирма. Се расплакав на заминување, мака ми беше што се разделувам од колешките. По година дена секојдневно дружење со нив и на работа и приватно, некако многу тешко ми падна разделбата. Ќе ми недостигаат.

    Од понеделник ново работно место, нови обврски, нови луѓе. Challenge accepted.

    Имајте убав викенд еврибади.

    Love you :*
     
    На Annath, great.girl123, Elennaa и 32 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Денеска сум многу среќна. :sun:
    Се смиривме со мајка ми. Пред неколку дена се спречкавме нешто и ми се лутеше еден ден, не зборевме. Сега важно средивме се, се разбравме. :)
    Ѝ купив и цвеќе и ѝ се извинив. :f:
    Да, навистина се радувам за ова. Многу ми значи односот и комуникацијата со мајка ми.
    И многу ми е жал кога и најмалку, можеби, несвесно и во афект ќе ѝ кажам нешто лошо. Иако многу ретко се случува да се скараме и тоа не е нешто сериозно, сепак ми е многу жал. Толку многу направила за мене, што никогаш не можам да ја изпофалам, и да и дадам толкава љубов за да ѝ се оддолжам... И многу ми е тешко кога ќе се случи вака да не зборуваме. Верувајте, тој ден дури не се радував кога ќе поминат часовите и кога треба да дојдам дома. Топлите разговори со неа и шегите што си ги правиме ми се дел од секојдневието.

    Знам, на повеќето денешни тинејџери ќе им звучам чудно.
    Но, од друга страна, и јас им се чудам на моите другари и другарки, кога слушам како зборуваат за нивните родители. Како да е во мода со возраста се повеќе да се оддалечуваш од родителите, да имаш студен однос со нив.
    Понекогаш, кога ќе им кажам дека секогаш сум искрена со мајка ми, навистина ми се чудат.
    Повеќето од врсниците околу мене родителите ги сметаат само како некои строги, надредени лица на коишто треба со страв да им поднесат рапорт за оценките, или пак некои на кои треба да им бараат пари за џепарлак и за излегување. А за сите разговори и тајни служат другарките.

    Јас ни малку не сум ја оладила комуникацијата со мајка ми и татко ми, и истата блискост со нив ја имам како кога бев дете. Бидејќи ние сме деца на родителите без разлика колку години имаме.
    И ден денес сум многу сум блиска, особено со мајка ми и горда сум на тоа. Другарите се едно, а родителите се друго. Со другарите може се да се случи, а само родителите секогаш ни мислат добро.

    Гордо кажувам на сите дека мојата мајка е и моја најголема поддршка, и моја најдобра другарка. :)
    Те сакам најмногу, мамичке! :l:

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, great.girl123, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сега ќе те гибав за вчера...Многу насмеана ми беше, стално да си бидиш!
    Туку, многу ме интересира во кој од гејевите се заљуби? :lol:
    СДК дека испит имам , абер немам да седнам да учам. Си се мавтам и јас ко Ади по стриптизи и слични глупости. Страшни курвински потези се изнагледав вчера, ама ништо не ме чуди повеќе, одамна сфатив дека светот замина по пајките. Некои женишта си го зеле умот под нозе и сега си играат фудбал.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ако,ако,поарно да е ваков,него ли со главоболка и депресија :D Убави работи се случуваат :)
     
    На great.girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Ни гладен чини ниту па прејаден чини, ах јадење...ќе пукнам :lol:
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Оооооф...после две недели турбулентен период, конечно спиев како мечка - 15 часа. Неколку пати знам станав пиев вода, после шумача растварав, бев да мочам повеќе пати, па пак вода, па дечко ми станав го испратив у 6 кога одеше на работа, и конечно после 15 часа станав.
    Оу поубаво чувство нема од тоа да си психички и физички одморен.

    Силно кафе со млеко, додека ги гледав мачките како јадат како луди, и тие од мене гладни останаа 15 часа, си го испив на раат кафето и се запрашав, што сега откако завршив со факултет за оваа година?!
    4 месеци сум слободна. Цело лето е пред мене.
    Одморите се испланирани, но што со сите овие долги и жешки денови.
    Некои ќе бидам во Скопје, некои во Неготино.
    За прв пат во овие 3 години, јас не си одам преку лето дома.
    Ме чека еден месец пракса во Народна банка.

    А сега на репертоарот :) :) :) :)
    - Suits, Modern family, Hart of Dixie, The Sopranos(конечно 6та сезона на раат ќе си ја изгледам), Grey's Anatomy, Game of thrones.
    А времето таман ми е погодено, од кога станав лежам и се тегнам како змија со серии, абе силата си ја враќам! :D

    После едно добро потење, орбитрек, вежби со тегови и долго туширање, па вечер ако допрам и до секс, може пак да заспијам уште рано како бебче. :D
    Малите деца со млеко заспиваат, јас со секс. :nod:
     
    На Annath, bittersweet, ozbilnazena и 14 други им се допаѓа ова.
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Кога комшиине ја отвориjа продавничката беше да речам со океј цени. Можеше да се прелажеш да отидеш да испазариш пошто одма до мене е и дури одиш до маркетон што е на 10тина минути ќе си речеш ај тука се цените. Ама сега... Цените до плафон и не гледа со торбите кога поминуваме од пазар и од големине маркери. Еве за пример зденки. Кај нив 80, а во кам 65 :| .
    Епа извини. За мои пари ќе си купувам од каде сакам :!: . Се тоа да изнакупиме од кај нив што го земаме од големине маркети ќе не кошта сигурно 500 денари повеќе. Епа не се малку.
    Стекна муштерии доста, а кога не знае да си ги задржи тоа е. :emo:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Чекањето се исплатеше - си ја добив дипломата!
    Заокружив една цел во животот. Продолжувам понатаму!
     
    На Paloma18, antonina, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ма преку глава ми е од сељачишта! Да се разбереме, не зборувам за селани. Селаните се супер луѓе, чесни, работливи и благодарни.
    Ме нервираат сељачишта. Јак фраер бил. Пффф.. причај ми причу.Ама јас сум крива. Знаете зошто сум крива? Многу очекувам од обични луѓе. Многу очекувам од празни души. И криво ми е. Секој пат разочарана останувам.
    Физичкиот изглед да го оставиме, меѓу последните е. Сакам да се појави дечко, било кој. Сакам со својата душа, добрина, интелигенција, знаење да ме остави без здив. А од шармот негов на г'з да паднам.
    Многу барам нели?
    Одамна немам сретнато таква личност. А проклето посакувам. Ми фали разговор. Преку глава ми е од тоа што сите само на изглед внимаваат, без да и посветат внимание на внатрешноста. Баш ми е криво.
    It's a hard time for dreamers... :Down:
     
    На A-j-a, Someonespecial, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас молам, на кого му е познат дебилов на лик и го знае лично и неговото име и презиме нека го пријави во полиција, оти ваквите ко него и компањоните негови такоџе мизерњаци од луѓе треба да се истребат за навек.

    [​IMG]


    Дај раширете и на фејсбук нека се открие кретенчинава од појава!

    Еве и зошто:

    http://www.youtube.com/watch?v=l3yGKFoPFCI
     
    На Sanniii, Ana.Jones, Someonespecial и 24 други им се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кога пијам и песнички од Златно славејче ме погодуваат :D
     
    На WarriorAngel, Ketrin.Moon, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Се молат дежурните душогрижници, да престанат да се мешаат кај што не им е местото. Сепак, убаво е да знаат дека Кармата е КУЧКА. :fubar: Преку глава ми сте дојдени, или вашите животи се празни или толку многу ми завидувате, што многу сакате да исправувате криви дрини.

    Феминки, уживајте во остатокот од денот и нека ви цветаат само :f: :f: :f:
     
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Едно добив,друго губам,аман Господе,кога ќе се наредат работите барем малку? :( Знам дека ќе успеам да правам се,не се откажувам никогаш,ќе најдам за се време,но зошто сега вака да биди? Зошто не им дадеш малце памет и на другите? Зошто има луѓе заради кои ние губиме нешто драго?
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Истанбул е во моментот се она кое што треба да се случи во Скопје.
    Имам таква некоја желба! Таква! Зошто сакам да сме такви, ама ние сме патолошки исплашена и деморализирана нација.

    Ама не... кај нас од балкон локалците сликаат кога у маало у сред ноќ им ги сечат дрвјата. И се што се може е твитер воздивнување, тролање, јадење трици. И сосема рандом ќе се деси нешто као сменија песна за на Еуросонг или нешто такво глупо... И МНОГУ НИ Е ЈАКА ЗАЕДНИЦАВА СВЕ ИСПОМЕЊАВМЕ. Добро.
    Ама што...ќе кажам дека сум против сечењето на дрвјата и ваљда сум добар човек, ќе се истрола Скопје 2014 као еј ќе правиме досетки и кој има кента јача. ГТЦ ќе го прават барок се смееме како зеленбачи и кога ќе почне да се дешава, тогаш тро повеќе се возбудуваат,ама веќе е предоцна.

    А и младите не се криви. Тоа ни е останато како траума од турското. Мајките тогаш сечеле прсти да не ги земат во јаничари, а денес мајките ни ја *сечат храброста* со не оди, ќе те повредат, ќути, не зборувај, ќути не кажувај, ГЛЕДАЈ СИ ЗА СЕБЕ.
     
    На Ariel, GeoDidi, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    Додека има овци ќе има и волна ! До кога бре ?! :fubar:
     
  16. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Има група за ова направено на фејсбук, и таму му беше шернат профилот на дебилов..мислам веќе има неколку статии на нет за тоа кој е...
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Овој хороскопов ич не ми е точен, ама кога ќе погоди, до зборче е погодено :rofl: :emo:

    Не знам што ми е во последно време, само ми текнува на некои моменти кога сум сакала да зине земјата и да ме голтне. Онака, се занимаваш нешто и БУМ слика пред очи кај што било ептен ОКВРД. :D Се надевам дека тие моменти се заборавени од страна на останатите присутни :D
    Ми текна сега така на една малце глупа ситуација. Тоа е оној момент кога се сретнуваш со некој познајник и во хор си велите: -Здраво. -Шо прајш? -Добра еве. Во исто време. Двете/Двајцата.

    И така, утре е недела, веројатно ќе пишам пост дека многу е досадно. Дека во другиве дена поинаква е досадата.
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Она коа поминуваш низ населба и си викаш: човече, главна сум 8)

    :rofl:
     
    На Boleyn.7 и VIN.diesel им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... жените кои при поздравување те удираат, те штипат, те тегнат за коса, онака - од милост. :^)
    Добро - што мило има во таков тип на поздравување?
    Се припотресува и те акнува по грб, те штипе и стиска до црвенило и болка, те плеска по рака и тоа јако, крвнички. Од милост.
    Леле колку ги мразам. Бегам од овие, слично како и од оние што те скенираат од глава до пети и те тресат по раменици, ти чистат влакна и трошки. :D
    Ама овие првиве насилнички, ауф бре. Ауч. Можам да замислам каков садо-мазо секс паѓа со дечковците.
    Тие кутрите со модрици си одат дома, со плачки и си пишуваат во потсетникот - КУПИ штитник за јајцињата.
    :!:
     
    На Sanniii, Elennaa, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Се наканувам неколку дена по ред да се ставам на диета.
    Батали.

    Диета се почнува понеделнички, не? :wasntme:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.