Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Мразам, ама стварно, кога се' е таман, кога денот ми е супер, и од нигде никаде почнува тоа... злото. Прво ми мава на нерви, сеќавам дека окото ми се тресе, ми игра, што викаат старите. Сеќавам дека несвесно ја стегам вилицата, ме боли кога џвакам. Потоа, почнува да ми се повраќа и почнувам да кашлам, ми се собира топка во грлото. Пијам вода за да ја голтнам, ама не сака да оди надоле. Не можам да ставам залак во уста, од се' ми се гади. На крај почнуваат да ми се тресат раците, почнуваат да ми се сечат нозите, и почнувам да се тресам. И знаеш дека пак почнало...

    Од утре, ќе земам и ќе трчам навечер. Ќе трчам додека не испадне се' од мене. Со саати, додека болката не стане физичка, неподнослива, не премине во мускулите наместо во душата. Ќе трчам и ќе плачам ако треба, ќе трчам додека не се уморам толку многу, што ќе легнам и одма ќе заспијам.

    Дишење и многу вода.

    Барем не сонувам веќе кошмари... Сонувам како се симнувам од планини, гледам зелени ридови пред мене, одам по цркви и манастири, ми нуди еден човек помош цело време, ми подава рака да се симнам по едно стрмно патче, ама јас го одбивам. И полека, полека, си се симнувам. Сама. Како што сама и ќе си го решам проблемов. Стигнувам кај баба ми и дедо ми, се смеам, и тој е таму. Летаме заедно со авионот, над облаците, се смеам и го тешам дека летањето не е страшно, напротив, интересно е.

    Решивме дека ќе броиме петоци. Три месеци изгледаат страшно, 90 дена, уште пострашно. Ама петоците... 12. Што се 12 викенда? Ништо. Како шала ќе поминат. Уште 13 петока и ќе бидам пак назад на истово место каде што сум сега, барем на истиот кревет, ако ништо друго. Посреќна, понасмеана, ќе имам што да чекам и на што да се радувам... Ќе си дојдам дома по 13 петока. Сега се трудам само да се радувам на младоста моја, да си легнам насмеана и да станам таква, ете, тоа ми е желбата моментално.
     
    На Annath, imelda, Elennaa и 26 други им се допаѓа ова.
  2. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Знаете кој ми е најдобар љубовен состанок досега?


    Тој, јас.
    Мокасини и тексас јакна.

    Непланирано, на една локација откаде имаме добар видик. Градот ни лежи на дланка. Си тропкам со нозете по земјата, мижуркам од сонцето. Планирам какви безобразлуци му следуваат подоцна, а наивно го гледам и му трепкам :angel:

    Која радост се непрскани, диви цреши за мене никој не знае.

    Од нив и јас дива станувам, ми иде да го гушкам и грицкам по вратот, да го деконцентрирам додека зборува на телефон, да му бегам додека не ме фати и собори. Е потоа... :wasntme:
     
    На LaraSolare, Annath, martinuska и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    [​IMG]
    До кога со клошариштава? :worried: :worried: :worried:
     
    На Elennaa, Someonespecial, Inhume и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Утрински пост. Олку рано никогаш не сум пишала овде! Би кажала збор-два...

    Комплекси, комплекси, комплекси. Чувство на неприпаѓање, ниска вредност и набоцканост. Младината наша си пати од ова, а уште долго и ќе пати!
    Ако. Така и' треба.

    Ало бре, ПРИНЦЕЗИ СТЕ СИТЕ НАЈГОЛЕМИ!! Само не гушете не' повеќе, не чмајте ко каранфили во октомври! Плииииис!

    Ако не, испарете! Хух!

    ;)
     
    На kikav, anabel-a и Camellie им се допаѓа ова.
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    СКД.. очите ми паѓаат. Станав во 8h, а си легнав во 1 синоќа. Сега некако да се расонам и да се фанам за книга физика морам да учам екстерно имам утре.
    Држете ми среќа феминки ќе ми треба, физика е навистина тешко. И самата професорка ни кажа така.

    Вчера има екстерно географија и одлично поминав. 8) Супер лесни прашања за 20 мин ги имав решено сите само за 7 не бев сигурна. Потоа средив и за нив некако. Среќна сум :angel: што супер поминав на едното тестирање сега уште утре, по зезнато е ама ќе биде некако. ;)
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    25.305
    Пол:
    Женски
    Тој што рекол дека децата го скратуваат животот за половина, немал родители како моиве.
    Жими се, ако умрам млада, ќе биде само поради нив.
     
    На thelittle17 и Sara123 им се допаѓа ова.
  7. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Мразам луѓе што стекнуваат впечатоци за другите од рекла-казала муабети.
     
    На Gordana10, kikav и tea4e им се допаѓа ова.
  8. bojana26

    bojana26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Сдк колку дволични личности има на светеов неможам да поверувам.. Најдобри другарки,за кои мислев дека никогаш нема да ми прават работи позади грб направија и тоа не само сега туку и од одамна. :x До какви сознанија дојдов,неможам да поверувам.Пред тебе се мирни,демек те подржуваат,демек се среќни за тебе,а од друга страна не само што те оговараат туку и кројат планови како да те напраат понесреќна и да ти превземат многу работи (пријатели,дечковци,све.) :@
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се молат мозокот, свеста и потсвеста да се исклучат за време на нокта-имам потреба од СОН :fubar: а не во 2 и нешто да станувам ко вампирка некоја да нижам монистри за да можам да се смирам и да заспијам
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ја не пијам кафе во принцип, она као дел од ритуал да ми е. Само по кафичи и пред полагање (и некоаш коа иам многу за учење, а ми се спие и тоа е ретко, зошто не сум спанка). И не знам што е толку чудно?!

    Како сум можела да издржам без кафе |( кое глупо прашање. Како можете вие да не можете да издржите без кафе?!
     
  11. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    339
    Note to self..
    Денеска е грев да имаш душа стаклена.
    Кога ќе свртиш нов лист и ништо не се менува, редно е да ја фрлиш таа книга..
     
    На Trnche, De-lovely, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... кога луѓе се неарни и болни, а се инаетат и не сакаат да одат на доктор, ниту да послушаат, ниту да земат апче, инјекција, леле како ми оди да ги размавам.
    Леле колку се изиритирав, толку сум бесна и беспомошна, не сум спиена цел ноќ, се изнаплакав од што се насекирав, жичките ми се споија, сакав да отидам да го извадам на клоци од дома и да го однесам на лекар, зашто најмногу ме иритира магарешко инаетење, тоа машко јуначење - ма ќе ми помине, ма не пијам апчиња, хемикалии, ќе се лечи човекот со чај од магарешки трн, леле колку се нервирам !!!!
    :@
    Не пиеле апчиња... добро, кој ве учи такви глупости, кој?
    Многу сакам да знам, луѓево значи одат од крајност во крајност, од нереална хипохондрија, до целосно игнорирање на болки и инаетење, нема веќе нормални.
    И јас одамна се мрднав очигледно, си мелам џабе...
    :|
     
    На sparklie, Lilit, teddybear и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Знаете што е најтажно?

    Кога наутро ќе видиш дека фали розовата четкичка за заби во чашата. А, допрва ќе фали!

    :|
     
    На lunicka и Inhume им се допаѓа ова.
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Се чуствувам посебно топло денеска.
    Ружичката која ми ја подари Тој, иако овена уште си ја чувам, ке си ја ставам во дневникот. Ми значи.
    Ми донел и две кутивчиња Црешички. Знае сонцето што љубам јас. :) А пак од неговите имам две тегли слатко од диви смокви. Убајни.
    Едната ја збришав ама другата ке иде пополека да ми остане у дуго сечање . нема смисла да се нафрлам... :lol:
    И така си се чустувувам убаво ради него.
    Во сиот овој неред тој ми е тука. И не сакам да зборувам како го сакам , како ова како она, патетики се тоа за мене, јас сакам само да докажам, да му покажам и да му покажувам ....

    Ајде женички, уживкајте во денот. Одам јас накај обврските :*
     
    На Elennaa, Someonespecial, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кога ми се дере мајка ми се осеќам како да сум во топ-шоп реклама: НО ТОА НЕ Е СЕ!

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На martinuska, De-lovely, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Не отварајте социјални мрежи, клаваат прашања за екстерно
     
  17. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Зошто на некои луѓе им е толку лесно да сеат омраза? Кога бар 1% од времето би го посветиле на нешто позитивно, светот би бил многу подобар. :^)
     
  18. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Дојде и јуни.Завршувам 8-мо.Полека,полека се заврши ;( .Како вчера да беше крај на август.Како вчера беше сето тоа што го доживеав,мала кратка летна авантура :) :* :inlove: .Дојде и септември.Отидов во новото школо.Се чувствував прекрасно додека бев таму. :) Добро,не бевме најдобри другарки ,но таму ги поминав најубавите моменти.Имаше и добри и лоши моменти.Се каравме,но секогаш сме имале незаборавни среќни моменти.Од една страна се радувам,а пак од друга страна ми се плаче што се завршува.Никогаш никој нема да заборавам од таму,посебно не тој мој другар кој што ми се најде и во добро и во лошо,мојата најдобра класна,директорката која што многу ја сакам,која што секогаш ме помогнала само со нејзината насмевка и добрина,нејзината желба за убав живот,педагогот која што знаеше да ме искара кога треба,кога правев бељи,а да ме пофали кога ке направев нешто добро,наставничката по македонски,класната на татко ми кога учел,наставничката што многу ја мразев,а и таа мене и сите други...Сето ова се слатки спомени :) ..Ми потекоа солзи ;( ..Никогаш нема да го заборавам овој период од мојот живот.
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК па да има некој на ова време денеска за да ти каже едно фала за она што го правиш за него ????Или барем да има некое почитување за тебе ???Значи ова го потврдувам по кој знае кој пат ЗА ОНИЕ КОИ ШТО СУМ НАЈ ДОБРА СЕКОГАШ МИ ВРАЌААТ НА НАЈ ЛОШ НАЧИН ЕЈЈЈ да спасете некого од смртт не е битно на кој начин и веднаш после тоа да ти каже ти не постоиш за мене молам ?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    ЈУНИ ЛИ Е ОВА ЖИТИ СЕ!? :@
    Јас колку што знам треба сонцето силно да блеска, разџагорени луѓе надвор, на сите страни рози, дрвјата да шумолат нежно, плодовите веќе на пола да се израснати...
    А што е сега!!!!!!????
    Да, да... Тмурно, сиви облаци, роси, уште малце да заврне дожд, башка и снег. Дува ветер, студен, сите на долги ракави и палтиња. Киваат кашлаат луѓево.

    :@ :@ :@ :@ :@
    Од кај жити се ќе ти текне дека за 10- дена ќе дојде распустот. Работава е човек да помисли дека за 10 дена ќе заврши зимскиот распуст... |( АјДЕ!! Нека заврне снег, па тогаш дури ќе се обесам. Веќе ова на време не личи. Ахаааааа, даа.. Јуни е. 2ри Јуни. Исто ко 2ри Февруари. Не е некоја разлика голема. Ако не е и постудено сега. Цела година на сонце да се изначекаш, ете ти го јуни, си велиш конечно, оно уште си продолжува. Барам виновник, ама знам дека нема да го најдамммм.. Ете се нервирам и крајј. :envy:
     
    На Boleyn.7, Oleeenka, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.