Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Во четвртокот станав госпоѓа :)
     
    На sweet-star, Mrs.Bass, tinkerbelll и 52 други им се допаѓа ова.
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Па до кога бре луѓе???
    Навистина?? Сеуште ќе вадите муабети што не се вистина?
    Навистина не гледам ама баш ништо интересно во тоа. Сепак кога малку ќе размислам колку ви се досадни и патетични вашите животи-има логика тоа што вадењето муабети за други ви е интересно. Жално...премногу жално за вас.
    Додека вие тоа го правите јас си го живеам животот ;) И уживам повеќе од кога и да било.
    Ми зборувате зад грб? Значи сепак сум пред вас :devil:

    Убав викенд :) Временцево малку не е како за Јуни, но ќе биде подобро.
    Имајте убав ден :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Јас сум потрчко, папучарка и глупа за него. Многу си се мразам себеси поради тоа!
     
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Да кажам дека нема ништо поубаво од семеен неделен ручек.Нема ништо поубаво од насмевката на бебињата во нашата фамилија.Уште поголема пофалба за пирошките на мама :clap:.Сонцево не израдува.Мераци ...
    А да не зборам за ладното пиво што допрва ме чека :!: 8) :lol: .
     
    На kravce, Doozy, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога нешто сакаш да пишеш, ќе почнеш и незнаеш како да го напишеш тоа. Ете тоа ми се случува... :tmi: Пиши-бриши :lol:
    Што се случи со мене овој период?
    Добри и лоши работи... Да, од ден на ден забележувам се повеќе и повеќе како се претворам во една никаква личност. Станувам едно себично суштество кое се повеќе е окупирано само со себе и со своите желби и потреби. Почнувам да газам преку сите и не, не чувствувам некое задоволство. Чувствувам само некоја скриена болка, некој немир, некоја слепа желба за одмазда која се плашам дека ќе ме заслепи целосно. Да, сакам да повредам толку колку што бев јас повредена. Само се плашам дека ќе повредам некој кој тоа најмалку го заслужува. :tmi:
    А можеби, за жал тоа е едниствениот начин да почнам да ги добивам работите што ги заслужувам.
    Неодамна загубив близок член од семејството. Близок а далечен, далечен а близок. И да, дури сега се свестувам и сфаќам дека веќе го нема. :(
    Испитите се ближат. Само да завршам навреме со нив па да се препуштам на уживање во летото. Којзнае, можеби баш ова лето ќе биде посебно... 8)
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И двајцата слободни со дечко ми решивме денес да одиме на Водно, да си ја отвориме сезоната, конечно алергијата ме остави на раат.
    Си станавме сабајле, кафенце надвор во двор, муабет нешто, се расонивме и си фативме бус, пошто нормално и пешки да одам до Водно за мене е дупло напор и екстра изморување, мразам такви тешки нагорнини најногу на свет пошто дома во Неготино куќата ми е на такво место, а не сакав да бидам брука при качувањето - да бидам најизморена од сите, па ајде со автобус заминавме.

    Арно ама, ми светна нешто. Лани без проблем, добро со мал проблем ептен при крај го искачував горно Водно значи до крстот, но си бев неколку килограми послаба, а сега пресна сум со режимот, а башка и орбитрекот една недела го немав вртено, знаев дека ќе биде потешко - ама не до толку ;(
    Јазикот надвор како кучето мое кога трче, со црвени селски обравчиња и пори отворени до родниот ми крај...
    Тек на почеток од нагорнините, луѓе млади одат без проблем, па дури и бабички и дедовци некои а јас си подголтнувам и го гледам дечко ми пред мене лета, си има кондиција он, а јас пуста труди се, врти сучи, јазикот надвор вода голтај, не бре, мора пауза.
    И му викам еј застани водата во ранец да ја ставам, ми теже. Искористувам пауза!
    И ај овој застана, нешо муабет, и јас одолговлечувам, и ми вика, еј, те гледам, некако не си у кондиција, дај да одам јас, се загреав, ти прај си мали паузи, па пак ќе се враќам ако те нема позади мене :D
    Не бе срцка, му викам, шибај, ќе си најдам друштво соодветно за мене јас, дружељубива сум си, ќе се вметнам со некои госпожи за нагоре или со некоја девојка тешка категорија како мене, и на овој му се ококорија очите, демек не се лутам, ме бакна и си тркна нагоре.
    Еееееееееех како си оде, како накачува, стојам и го гледам, праве да изгледа тоа толку лесно, а јас во себе се пцујам и си постоив така некоја минута и си почнав да си се искачувам сама.
    Оди, оди, не бре не бива повеќе од некоја минута, ај пак си застанав, па после си седнав дури :tmi: Срамота, гледам никој не иде, ааааа си викам, сега му е мајката, и седнав, абе милини, си се избришав со влажни марамици, на мобилен си чепкам, и слушам гласови, идат повеќе луѓе, ајде станувањееееееееее, диши диши на нос не бива бре, пак му ја отворив устата а а а а а зини Ано зини, и пак се изморив, си застанав пак откако им избегав на тие, и ете го дечко ми од погоре: А бе, да се враќам ли или да продолжам, а јас едвај дишам... А бе оди си ти, не се секирај му викам, не сме со исто темпо, таман ми е сама, у себе си викам бар на раат ќе си се потам и офкам :sweat: :D
    И опаааа, после долг одмор, си стојам си зборам нешто сама со себе, ете ти една бабичка со две девојчиња :D
    Муабет уште колку имало до горе, и викам па нема уште многу, ама јас се будам од зимски сон, додека да се вратам во форма - демек бабата ме прашува за објаснувања, ама ајде во муабет да се најдам, и така со бабата заедно нагоре.
    Паузи заедно си правиме, муабет некој, и го гледам дечко ми ете го горе иде окезен целиот.
    Ми вика абе по трет пат се враќам ај уште 5 минути има до горе, шо праиш, а ја па му викам абе со бабата нешто муабет, и овој без влакна на јазик - абе исти сте со кондицијата, тоа сите го видоа шо те поминаа, прашав дали те виделе двајца дечковци, ми рекоа не, па си викам да не си паднала некаде, затоа се вратив :D
    Па само што тргнавме не фати дожд, аааааааах што убаво, многу мразам да ме наврне, после се ме чеша, ама сега си носев да се пресоблечам, и од мерак пружам раци и се мокрам како фока...
    И горе раат луѓе, конечно природа без гушење и чешање уши и грло,
    Црешки и праски, нутри сендвичи, вода, одмор, зеленило, и ајде пак назад.
    За назад - го симнавме за многу брзо време со потрчкување, нормално за надоле е милион пати полесно.
    Дечко ми ме зафркава - за надоле колку си расположена, муабет, цел пат збориш како навиена па дури и пеиш, ле ле ле, кој ќе те виде, ќе рече, види ја девојката, со мерак иде наваму. :D

    Уште два пати ќе бидам ризично друштво за нагоре, ама после, нема да може да ме стигне.
    Сум се улежала како бела мечка, ама му дојде крај и на тоа.
    А сега, време за чаша - две вино, еве дечко ми вика, а јас се заборавив со вас тука, ај чао!
    Живели! :d:
     
    На Micheleljubov, bittersweet, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Ахх...и Јуни дојде.Толку го чекав и конечно пристигна.Ме разочара зашто мислев ќе има сонце и ќе можам да си облечам блуза по кратки и шорцеви а јас го пречекав по пижами и цел ден така седам :| Во школо си ги поправив оценките,неколку сега треба и другите па ќе видам со што ќе поминам.После полуматура одма одам кај баба ми и дедо ми малку да се одморам и од луѓево што ме опкружуваат.Нема да одам на одмор,3 години одам од школо аа оваа година нема да си дозволам да се излегавам на плажа а мојте дома да седат,знам дека многу сум била себична и сакам да го поправам тоа. :( И така,се си купив за полуматурава,оценките ги поправив,само да бидам официјано на распуст фаќам куферите и си одам :D
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Денес решив дека ќе почнам озбилно да си тргам пари на страна. Досеа имам штедено неколку пати така, ќе сум ги потрошела за нешто и супер ми било на крај. Ама овојпат, ќе штедам и штедам и штедам не знам до каде. Немам одредено до која цифра, само сакам да ми се таложат пари, ќе ги собирам па ставам на картичка и целовреме така, и нема да ги трошам.
    Сакам да си имам пари на страна. Заедно со малечкава (сестра ми) ќе го праиме тоа, и она ќе придонесува коа ќе и даваат од ваму од таму.
    Нема да се стегам, ама ќе глеам малце по малце да си тргнам по нешто што ми фаќа место во новчаник, или па татко ми коа ќе ми стаи некоја илјадарка на картичка нема да трошам се, онака со мерка.
    Од кај знам, може ќе ми затребаат некогаш, а и да не ми затребаат никогаш убаво е чувството да знаеш дека имаш твои пари на твоја картичка. Мене лично ме исполнува. :)
     
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Леле ни цути форумов,нека има повеќе вакви убави работи,баш ми е мило! :sun:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... па на сета мака, нов бисер од домашниот фронт.
    Татко ми (за Слончето): Бегај бе не ми ја збори, од пубертет директно влета у климактериум, раат не сум цел живот!

    :rofl:
    А Слончето се прави важно, има гел на ноктите, па си крева рачиња и си ги глетка... важно. :rofl:
     
    На bittersweet, teddybear, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Со мерак вчера го искачив Водно. Бев на настанот прв до врв и одлично си поминав. Луѓе имаше ептен многу, машки, женски, деца, стари, млади од се по нешто. Убаво беше и времето, расположението на високо ниво.
    Инаку не очекував дека за толку брзо време ќе се искачам до горе бидејќи годинава дали два пати бев на Водно. Меѓутоа со сите сили и напори успеав. :D
    Сега учам ги спремам последните испити за сесијава, па конечно ќе можам да одморам малку се следната испитна сесија.
    Како и да е имајте убаво неделно попладне :)
     
    На ludoto19, Someonespecial, vw-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    ...пак ќе кажам - да му е мерак на човек да ве чита! Просто да му е мерак, најискрено! :sun:
    Можеби некој ќе рече дека е глупост - пфф...форум, виртуелно пријателство, да се радуваш за луѓе кои не ги познаваш... :^)
    Јас, на пример, само 2-3 девојки ги имам на фејсбук и толку.
    Ама се чувствувам како сите да ве познавам. Не е важно дали знаеш нечие име и презиме и како изгледа... Кога ги читам вашите постови, вашите размислувања, ставови, згоди и незгоди, се чувствувам како во разговор со моите другарки, а пак од повозрасните собирам мудрост и искуство. Па зарем тоа не е поважно отколку дали се знаеш лично со некого?

    Нема зошто да се прашувам што толку ме врзува за форумот, нема дилема... Толку мили, интересни, интелигентни личности на едно место... повеќе од доволна причина, нели? :wasntme:
    А највеќе се радувам што сум дел од форумот во вакви периоди, кога секој ден читам прекрасни работи, кога споделувате радости и успеси. Тогаш уште повеќе ми е мерак да се вклучам и да читам.
    Најискрено ми е мерак да читам. Љубов, успеси, вработувања, положени испити... и се чувствувам како тоа да му се случува на некој мој близок. :party:

    Ми ги развеселувате деновите со неколкучасовно учење и стресови, а кога сум среќна и опуштена и кога читам вакви работи уште повеќе се полнам со позитивна енергија. :f:
    Ве гушкам најсилно. :hug: Нека ви е со среќа на сите што ни се пофаливте тука за било што, и продолжете само да ни се фалите и да ширите позитивна енергија. :*
     
    На bittersweet, kravce, ceca-1 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Пред скоро една година-августот ,запознав една личност која ми докажа дека постојат луѓе кои не ме гледаат само површно. Личност која разбуди во мене некои убави емоции, ме воздигна од монотониот мој живот. Личност која допре на поинаков начин до мене. Личност која се потруди за да ме освои. Сето тоа остави посебна трага во моето срце, иако не бев заљубена во него. Ме правеше среќна, за разлика од другите луѓе. Беше тоа за мене најдолга "врска". Нешто што мислам дека никогаш нема да го заборавам.
    На крај секако дека и тоа не заврши добро,како се што е поврзано со љубов во мојот живот. Ме откачи на некој невообичаен начин.
    И еве сега по една година ,гледам слика со негова девојка , потпишана од неа - добро е да знаеш дека постои човек на кој му значиш! ;(

    Понекогаш се прашувам зошто во овој ебен живот не можи да се пронајди личност која ќе ме цени,сака,и која ќе се труди да ме освои не само заради физичкиот изглед. Изгледа нешто јас погрешно правам,што луѓето не можат да ме засакат. Никогаш во животот не сум била сакана од некој. Дали има поголема казна од тоа? ;(
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК на човек не можат да му одземат нешто што нема.
    А страшно што некој импресионизмот го носи со себе насекаде, фасцинирајки се сам себе пред другите.А не дека е нешто што навистина го има, туку е само камуфлажа на неговата негативна страна.Иритира глумата, не онаа во театар, туку во реалноста.Барем да имаше трка за Оскар, ќе разберев, ама нема...И да беше само до мене, лесно ќе беше од одамна, ама не е.А ко за среќа, осетив дека нешто не се работите ко што треба, нешто не штима.Страшно е тоа како се приметува што човек мисли, преку говорот на телото, замислен поглед или поглед насочен накај птиците, гледајки ги каде летаат.Па не дај боже по улица ако оди човек, да гледа по нив, гарант ќе си настрада, сакал, не сакал.И секако, демонстрацијата на својата „ моќ и големина“ повторно искористена за погрешни цели, особено онаму каде што истата не поминува кај другите.А чувството кога ќе осетам дека некој ми глуми, ми иде да го задавам со сопствениве раце,а за полесно да помине, по неколку воспитни или едноставно не се замарам.А уште пострашно ако сетам, пред некој друг да ми каже.И уште сега знам дека кај и да е, пак ќе се најдам у таква иста ситуација, ќе се репризира пак :| Има време...до следната манифестација |(
     
    На Someonespecial, Antoninaaa, vw-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Убав ден денеска.А богами и вчера....
    Исполнета сум :sun:
     
    На Glossy-girl и vw-girl им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Уфффф, ќе пукнам. За промена не од мака, туку од јадење. :rofl:
    Перидов ми е учи дома, учи на работа, па поработи малку, па пак читни си нешто, глава не може да крене човек. Ама леле само да ја земам дипломата... Ехх колку маки видов за тоа едно парче хартија, колку главоболки, непроспиени ноќи, па двоумење, па откажување, па држ-не дај.. Ма ќе ги виканм најблиските и три дена во несвест има да бидеме, ма и Ивкова слава нема рамна да ми биде. Е така. Славењето треба да биде правопропорционално со маките претргани за да се стигне до тоа. А ова богами има да биде славење. :lol:

    Уште ова времево да се оправи, да не мора во јуни да палам печка ко дебилче некое супер ќе биде. Да ми се смее маж ми. Ама затоа се испоразболев, сабајле сонце грее, ај по кратки, па дожд падна, ветер кога фати, и ај после остани читав. Сигурно.

    Годинава мислевме дека нема да идеме пак на одмор, штедиме нели, ама нема да издржи срцево мое јуначко. На толку мака, работа, учење, он сиромашкиот по цели денови, мислам дека ќе тргнеме некој денар, барем неколку дена да си ги одмориме душичките. Младоста така ни поминува, со берење гајле само, дали ќе стигне месецов, дали ќе имаме за ова, дали ќе имаме за она... Е па не ја бива веќе, колку-толку, ама летово мора бел ден да видиме. Па за после ќе му ја мислиме кога ќе дојде.
     
    На Annath, ceca-1, Markusa2 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секогаш кога ја отварам темава си викам кажав што имаше, ама пак стиснувам на испрати одговор и зборовите сами ми доагаат.Помина и овој месец.Лека полека животот си тече.Ни носи многу предизвици.Сега сум средновечна жена и мислев дека знам се , а доправа учам.Некои на моја возраст ми се смеет за Фемина, за ком...за каталозите на Авон.Не знам што е смешно, да учиш, да помагаш некому, да најдеш излез за подобар живот за децата и за себе. Тоа не ќе да е смешно.Од каде правило дека ком е привилегија за младите и за оние со факултет.
    Се обидувам да се вклопам во денешницата, ама некако слабо успевам.
     
    На Moira, lunicka, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Се прашувам дали се се случува со причина, или е случајно, па ние самите си сме одговорни за своите постапки. Еве веќе два пати пробував да направам нешто, и двата пати бев спречена од чудни околности :^) море вака сега кога ќе ми текне и повеќе пати беа, ама сега ептен очигледно. И сега така требало или? :?: И зошто така би требало кога тоа е толку проста работа и не засега никого, туку би ми дала мене некој мир... шознам. Еххх овој мој мозок, мора да ме замара со нешто, не може мирен да си седи :lol:
    Ќе пишев уште дека е досадно, ама ми текна како ќе го исполнам времево :D
     
    На Someonespecial, Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Годините на жената се само бројка, ако самата таа ги занемари, се одржува и се чувствува младо, таква и ќе изгледа. Има многу девојки на 20 години што делуваат постаро од жени на 40. До самата женска индивидуа си е :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.