Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Цел ден не можам да се одморам од вчера вечер.
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама ако во недела навечер не вечерам јуфки, јас не сум јас :rofl: Значи нема утка, секоја недела, негде накај 7 приквечер, ставам тенџерето на оган, вријам вода и си варам јуфки. Леле бре колку ги сакам, можам секој ден по три пати да јадам и нема да ми се смачи :x

    А од понеделник до сабота вечерам тарана :lol: Шала на страна, јуфки и тарана ми се омилените јадења евр. Отсекогаш ми биле, баба ми дури беше помлада сама правеше. Па тоа домашна тарана или јуфки со сиренце, да седнеш да се заборавиш јадејќи.

    И така, сега чекам приквечерина, па да ставам тенџерето :D Уште сега ги мислам, си се спремам психички за оргазмичното задоволство што ми го причинуваат јуфките :inlove: Дома моиве купуваат по цели вреќи и јас сама си ги јадам, а тие ми се чудат како не ми се смачува. Знам да ги приготвувам во сите можни варијанти: печени, варени, со сиренце, со павлака, со шунка, кашкавал и печурки + кисели краставички... Лиги ми потекоа.

    Туку, нели ви кажав дека кога-тогаш ќе дојде момент кога ќе добијам покачување? Епа дојде ^_^ 8)
    50 евра се во прашање, ама кој ти ги дава де? Ќе ми се олесни плаќањето рата за колата, фала Богу. Вака стискај, крпи, не оди никако. А женско сум, сакам да си се дотерувам, да си купувам парталчиња, шминки, козметика, чевли... А кој не сака? И право да ви кажам, иако секој месец до денар ја трошам цела плата, се гордеам што успешно маневрирам со истата, а притоа не сум заглавена со минуси, кредитни картички и слично. Немам ниту дозволен минус, немам кредитна, па по автоматизам - немам долгови :clap:

    Убаво ми е бе, кој што сака нека каже :rock: Останувам нема на тоа што не ме засега, си ги гледам своите проблеми и оние на блиските и не се заморувам со сенешто. Фала Богу јас и моите најмили сме здрави и живи, а за се' друго има решение 8)
     
    На Micheleljubov, Foreveryoungiwannabe, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    3.989
    Пол:
    Женски
    Значи пред да добијам и одма кога ќе добијам сум многу ментална личност.
    Абе ужас период ми е ова стварно не знам што се дешава со мене многу сум биполорана особа -.-
    Треба да се оправам кај и да е .. Не личи ова на мене дефинитвно .
    Кај ваков никаков период депресивен нервозен уште па дечко ми ќе ми се качи на глава ќе ти текне да ми се јавиш или нон стоп јас да ти вртам ? Добро знаеш дека ми е период знаеш дека се нервирав се живцирам паѓаам во депресија од ништо и можеш да ме сфатиш а не да ми викаш можеш прва да се јавиш -.-
    Па кога ме гледаш каква сум можеш и ти да се јавиш а на крај краева што е па битно кој на кого му се јавува прв ? Па немам 15 години да се лутам за таа работа зошто јас прва зошто ти прв .
    Во врска сме не е битно кој ќе се јави -.-
    И после ова ај да не се нервираш не бе не ....
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cекоја женска индивидуа, според мене треба, а и може да биде тигрица :D .
    и кога ќе кажам тигрица,не мислам на женска особа со хеланка тигар :!: .Jас сакам убави и негувани жени, дискретна шминка, па и јас како женско да се свртам и да кажам, види го девојчево,ама е убаво :)
    и не, не мислам на тон сјај дури си со дечко ти во кревет :^) ,па не верувам дека има некоја таква ....
    или до продавница со свечен фустан, ама сепак, жена си,држи си, дотерај се и среди се.
    Никој не бара да бидеш мис свет, ама барем за себе бе? Нели е така? ;)
    И јас има периоди кога не сакам да се средам, ама воглавно се средувам, еве и Дузи знае какви се лизгачки точки сум изедувала на мразот пред Веро со мојата штикла :lol: ,а таа за малку партнер ќе ми беше, ама шуќур Дузи рефлекс, инаку ќе се струполевме колку што сме долги и широки :D
    Сакам негувани и средени жени,исто колку што не сакам издепилирани мажи, со плочки.
    Што знам не ме привлекувале такви од никогаш, јас сакам домаќин,со влакненца и стомаче :D
    Убава коса, средена гардероба,нокти и не мора налакирани, барем јас тоа не заприметувам,малку насмевка, и тоа е, ќе кажам некој комплимент. Па нема поубаво чувство кога жена ќе ти каже, еј баш си убава, ти се полни душата :P Јас сум несебична на комплименти, ако некоја мома ми се свиѓа
    знам и 100 комплимента да и дадам, а на мажи поретко, ама сепак давам :)
     
    На Micheleljubov, Foreveryoungiwannabe, bittersweet и 31 други им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    :nod:
     

    Прикачени фајлови:

    • google11.jpg
      google11.jpg
      Големина на фајлот:
      21,5 KB
      Прегледи:
      415
  6. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Еве помина пола од 2013, ниеден од приоритетите што си ги поставив не го реализирав :angel: ама и не е толку важно сега имам други..
    иииии :!: Денес на national geographic слушав документарка и алелуја... Јајцето било пред кокошката :D (чистто да си го имате ова како информација и аргумент)
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Денес му е роденден на тато и вчера со мама му направивме торта,купивме свеќички и сега се договараме да се правиме демек сме му го заборавиле роденденот :D
    И се враќам јас вечерта земање тортата,ги наредивме свеќичките и влагаме во соба,тој сирот таман заспал и почнуваме да пееме хахах :) Ептен сме го израдувале и баш ми е мило :)

    СДК .. Тато мој најмил среќна 50ка,да си ми здрав и жив уште мноооогу години. Фала што секогаш знаеш да ме ислушаш и кога се нервирам и кога ти цимолам хах, што ми ги даваш најдобрите совети и секогаш си тука кога најмногу ми требаш. Фала ти што постоиш.Те сакам најмногу :l:
     
    На bittersweet, Moira, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    За жал имам таква несреќна склоност секогаш да ја меморирам најгрдата песна што сум ја слушнала во текот на денот.По неа и пред неа и илјада убави да слушнам,џабе,грдотијата секогаш победува.Се трудам да ја истиснам од памет,си повикувам во мислите некоја убава,али ништо...грдата кога тогаш ќе се врати.Затоа не сакам да се возам со такси,но ќе влезам во некоја продавница и ете ти...белја.

    Друга грда работа што често ми се случува.Времево се тегни ко мрзлива мачка на припек,а јас постојано гледам во часовникот.Дури на моменти ми се чини да не застанал(најозбилно :D ).Дури ги билдам нервиве,најсериозно размислувам да го прекинам мачниов процес на чекање,ама срце не дава и се трудам и трудам,и чекам и чекам...И тогаш во последните пет минути ми светнува дека заборавив некоја важна работа и брзам како споулавена.Стварно заслужувам квалитетно шамарење,ама ај...
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Од сите светски јазици само Македонскиот јазик има минато свршено време во иднина : Ти ја е*ав мамата кога ќе те фатам ! ххахахаххаахх..
     
    На Greeen, ceca-1, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Знаете, сите оние караници со него... Кога сте свесни дека сте во право и не сакате да попуштите. Или и да не сте во право... Сите оние драми за ситници, онаа мала љубомора...
    Сите тие мали кавги кои изгледаат безопасно...
    Полека се собираат и тежат, а ќе дојде денот кога конецот ќе попушти. Тогаш ќе разберете што сте направиле, тогаш ќе почне каењето. Ако сте среќник - ќе добиете втора шанса, но ако не сте - го губите засекогаш.
    Трагично е колку ние луѓето не знаеме за доста, колку не знаеме да ја искористиме магичноста на зборовите "Извини", "Прости ми"... Затоа што нели, гордоста ќе ни биде повредена.
    Можеби и боли кога ќе си ја "погазиме" гордоста, но кога би знаеле колку боли кога ќе го оттурнете него од себеси...
    Држете го до себе цврсто и не дозволувајте ништо да го оддалечи. Не дозволувајте еден ден да се разбудите покрај личност што не ја сакате, со огромна носталгија по минатото со него.
     
    На iloveyou29, Moira и Libera им се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.806
    Пол:
    Женски
    Топло ми е на душава кога татко ми ме почестува со тоа што знае да ме истретира како дете, да ме почешка и да ми ги испука прстите на нозете (омилена наша активност како помала), а мајка ми од страна да го нарекува стари и да му кажува дека оќелавел уште малкуцка.
    А со Него коцките почнуваат да се подредуваат. Планираме и сонуваме, заедно еден до друг, само сега и веруваме дека некогаш ќе оствариме нешто. Сигурни сме всушност.
    Периодов сме во екот на една нова, длабока заљубеност. Изградивме силна врска, поминавме многу. Не се срамам да кажам колку јас него го сакам.
    Чудно ми е што сум така често насмеана. Без причина, очите ми сјаат.
    Беше лошо. Помина.
    Добро е. И тоа ќе помине.
     
    На Micheleljubov, julie77, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Има многу глупи луѓе на светов!
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Зимајте по едно парче додека има! :)
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kravce, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Изреволтирана сум, многу! Бегајте што е можно подалеку од работа со блиски, бизнис како и да го наречам. Фамилијарен. БЕГАЈТЕ! Нема ништо полошо... Ќе те искористуваат колку што можат повеќе. Бидејќи сте им „блиски“.
     
    На Rubiii, ludoto19 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Се исполни тоа што го кажа LakeGirl :) Сега Анџелина иако со импланти пак блеска.Па не е будала после да ги остави рамни...А процедурава е ептен добра.Кога би ја пробал некој...Кога би стигнала до пластичните хирурзи би го препорачала,а ако најдам негде блиску да се прави,би го кажала и препорачала исто,секако има многу девојки со рак на дојки,зошто да не изгледаат нормално после операција?
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Македонците се ептен скржави! Леле! Леле! Леле! Во мојата опширна фамилија секогаш кога и да одиме на гости кај некој или нам ни доаѓаат, сите се гостопримливи, понудуваат ручек, мезе - се што имаат дома се даваат. Ама ова роднините од страна на мојата Брада се некои многу скржавчиња бе! Викаат дојдете ни на гости ќе ве частиме пица итн. и ние одиме и туп кога стига сметката ќутат. Дечко ми виде невиде пак си плати он, и за нас и за нив. Божем ни направиле торта, од неа само едно лингурско парче ни дадоа и тоа. А за нас беше правена, да си ја земеме дома :D. Па уште му ги испуштија сите кутии со цигари на дечко ми :rofl:. Мене смеа ме фаќаше цел викенд токму за ова.

    Инаку свадбите во Струмица се толку кичести. А од девојките се разочарав. Јас отсекогаш сум мислела дека струмичанки се убави и модерни девојки. Ама на свадбата видов толку шаренила и светки по нивните фустани. За никаде! Е една девојка имаше фустан со толку длабоко деколте. Цели цицки и се гледаа - добро што си ги сокрила барем брадавиците.
    А пак музиката, :x.
     
  17. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека последниве два-три месеци на фејзбук (или фејсбук? хмммммм...како би била правилна транскрипција?) онаму од десната страна кај што пишува на кого му е роденден мене цело време ми излегува дека некој гат ингеиџд или гат мерид. Во прв момент си помислувам: ВДФ им е на луѓево. Има некои на кои им е време, да, одамна се заедно и е најлогично да се венчаат. Ама има некои (пријателки, другарки, познанички) што кога си ги запознал ти оставиле впечаток дека не се баш меринг тајп, или па во најмала рака дека тие ќе уживаат во животот додека им се може и дека ќе се мажат меѓу последните од генерацијата. Мислам дека знаете на што мислам. И тоа ми се случува секој втор ден. Впрочем, немам ништо против бракот и мажењето, ама кога ќе видам такво нешто, под дифолт ме потсетува на сликава:



    Сеедно. Јас ќе си почекам. На стандардните прашања од типот: „Што чекате вие?; Ајде време ви е; Сега си дипломира, следно е свадба“ од страна на сите мои роднини, познаници и пријатели (во голем број семејни луѓе, пријатели на моите или на родителите на дечко ми) одговарам со „има време, рано е, или како е времето во __________“, за да избегнам конфликт. Муабетот ми е, дека не секому животна цел му е да се венча одма по дипломирање и дека не секогаш логичен чекор по соодветно солидно вработување е мажачка. Донт гет ми ронг, д поинт е дека ме фрустрира што сите се мешаат кај што не им е работа. Мислам, тоа е нешто што јас го сметам за навлегување во интима. Кога сакам, тогаш ќе се мажам. Инаку, немам ништо против венчавање и почнување на заеднички живот. Тоа е право на личен избор и го почитувам. Иако, сметам дека пред 25 е прерано.


    Си размислувам така, да, јас имам 25. Мајка ми е мажена на 21 год. Сестра му на дечко ми на 18 :clap: :^) . Ама не планирам во наредни 2, 3, 4 години.


    Имам уште многу неостварени соништа и неизодени патишта. Cause I'm a dreamer. And I dream big. And a wedding is not on my list of top 10
     

    Прикачени фајлови:

    На julie77, Trnche, curlygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Кога ќе видам 13 годишни девојчиња во темата Политика ми иде да го запалам форумов.
    И онака сум пироманче
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    За 18+ :D
    Не бе нема да зборам за експлитни работи. Туку, ми текна да ви кажам, нели во секој брак, како минат годините, сите знаеме оти текстбук е дека треба да се додава нешто ново, да се разбие монотонија малку, да не си станеме досадни. И не, не се сведува на секс работа за новини. Оти и да сакаме да е така, старееме, помалку флексибилни, помалку енергија, времето на кама сутра од корица до корица мина. :$

    Туку да, да споделам новото. Го научив маж ми по мене да вика на македонски женоооооо. Слабините ќе ми пукнат кога го чујам, тоа ж некако меѓу ж ама повеќе на з, жзеноооо! Кога вика така по мене му враќам со желкиииии. Арно ама, кога ме праша а желки што значи, му реков е идам веднаш, како трчам да видам зошто ме викаш. Во ред тоа, ама се одра човекот по мене денеска од спратот горе за назад доби желки а мене нигде ме нема. Додека сам не спадна да види оти ме нема да се качам. Заборавив да му напоменам сарказам дека е тоа аха трчам да видам зошто ме викаш. Лост ин транзлејшн.
     
    На Micheleljubov, teddybear, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Понекогаш во сета оваа трчаница, за момент застанувам и само сакам да спијам. Ама стварно. Да спијам. Се` што правев години наназад беше борба да се изградам како личност, а се` што добив беше трчаница. На моменти кога ќе застанам со една шолја кафе во раце и криво ми е што сум заборавила од тоа брзање низ животов како е да уживаш во едно обично кафе. На моменти се прашувам како изгледа животот кога наутро ќе се разбудиш тогаш кога ќе се почуватвуваш наспана, а не тогаш кога алармот ќе заѕвони, и ќе имаш време да се влечеш од кревет до кујна, да си направиш едно кафе и да се скупчиш во фотелјата така во пижами и да уживаш будејќи се. Се прашувам како е да се разбудиш наутро и да помислиш „А што да правам денес?“ без план, без обврски.
    Како е? м?

    Јуни е нов месец. Нов почеток. Можеби време е за промени.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.