Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LuxyFeminist

    LuxyFeminist Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Сакам да кажам убаво е да си дома.

    Сестра ми си дојди, сега ќе биде дома цело лето.
    Си пуштивме караоке на телевизорот,микрофонот тука па и сами дома и започна концертот.
    Една по една, дојдовме намерно или не, по моја или по нејзина вина за да ме провери,одамна ме немаше видено.
    Владо Јаневски,Балашевиќ и останати вечни романтичари...навистина?!
    Навистина.
    Со подотворена уста,со поглед задлабочен во текстот на песните и со памет кај него.А таа ме гледаше упорно сакаше да провери дали сеуште сум во ,,таа,, фаза.
    На момент се свестив,го оттргнав погледот и ја заварив како ме гледа и чека објаснување.
    Се насмеав ко ништо да не е и прашав некое трето прашање.А двете знаевме што се случува.
    - Те молам,сега сум тука знаеш дека можеш се да ми кажеш.Не сакам да ти ги вадам зборовите од уста,ајде отвори се ќе ти биде полесно.Размислуваше за него,секоја секунда од песната?
    Каква фаза,какво олеснување сестро златна.На типичен и веќе добро познат начин се откачив од темата.Не е време и не сакам да зборувам за тоа, ете не сакам.Не сум сакала а нема ни да сакам.
    Седнав настрана и почнав сама со себе да го водам разговорот што требаше со сестра ми.
    Се терам самата да се соочам со сите тие песни , се предизвикувам да мислам на тебе.Мислам дека така ќе ми биде подобро.А не знам дали е.Или сум навикната веќе?
    Како и да е, ме чека тежок период поврзан со тебе и конечно време да разрешам што се случува со мене.Годината помина а тешко ми оди кога морам да размислувам сама, без тебе.Што ли ќе биде...

    Ме пратеше сестра ми.Таа знаеше најдобро што се случува.Дојде и ме гушна.

    *****
    Попладнево ми помина одлично.Денеска појдов во градината кај што црешите на дрвото веќе повикуваа да се оберат.Нешто покасно оваа година.
    Си велев, дали да земам скала да ги оберам или да не се чепкам по тие работи нуму да се повредам да се отепам, и онака одамна флексибилноста ми е на ниско ниво.Ее кога беше тоа како машкудан се качував по секакви работи.Времето минува, имам јас многу по ,,сериозни,, работи во животот.Поготово викендот , па дома не се прибирам.Ама се спротиставив на себе си и веднаш лека-полека се искачив ехее дури на покривот од куќата од каде се береа најубавите и најцрвените.Мајка ми ме гледа и се крсти.Чудно и беше а богами и мене.Јас во недела дома и да се занимавам со вакви работи.
    Како резултат на ова беа 4кг цреши од кои направивме слатко со мајка ми.Се чувствував прекрасно.
    Убаво е кога ќе се присетеш дека сеуште можеш да ги правеш оние работи што си ги правела одамна со своите.
    Како што реков, убаво е да си дома. :)
     
    На teddybear, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Ana.Jones и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Го знаете оној момент, кога после добар и миризлив (и стандарден) туш ќе си легнеш и чувствуваш некој мир, блага среќа..
    Моментот во кој ги ставаш на пауза сите грижи од денот и си правиш екскурзии низ времето, си дозволуваш да ги направиш најсмелите желби, да ги ослободиш најголемите амбиции.
    Тоа за мене е најубавиот момент од целото деноноќие.
    Мислам дека е единствениот момент од целиот ден во кој можам да си дозволам да потонам во шарени светови.
    А што има подобро од тоа да се исклучиш од реалноста за миг? :)
     
    На senza.parole, kravce и sanjaeva им се допаѓа ова.
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Како отмено ми газат по нервите, чиниш по црвен тепих се движат.
    Со штикли, да боли.
    А јас, јас се водам со мислите од мајка Тереза.

    "Дај му го на светот најдоброто од себе, а тој ќе ти ги скрши забите, сепак дај му го на светот најдоброто од себе."

    Не вреди мајче, не вреди. :worried:ilent:
     
    На teddybear, kravce, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Си дремам на форум место да учам за матура..
    И после ќе биде Ко је крив, дал Бог ил' судбинаааа :fubar:
     
    На Someonespecial, senza.parole, SparkyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Се ставив во мисла со браков.Веќе не се почитуваат основните вредности, а и оние класичните се извитоперени до немајкаде.Мислам ,ама само претпоставувам дека со мојов сме меѓу ретките парови кои се почитуваат доволно меѓусебе, заедно се појавуваат на јавни збиднувања,а сепак имаат одвоен социјален живот,другари другарки уште постојат, а и приватни муабети со истите.
    И чудно им е на сите што јас му помагам да го поправи тракторот а тој мене ми ги мие чиниите после ручек.Неприфатливо им е.И се чудат оти уште немаме деца, дури 3 дена сме во брак.Оти немаме пари, за ви пукнат немаме , а со пуканки деца не се ранат.И не досадувајте веќе |( Поплодна сум од сите ваши бавчи со јаболка.Не берете гајле.
    Животот во мало место за тазе омажена жена е тежок.Постојано има ќелави батиња кои тестираат верност .А мажот ми толку обожава самоделски да отстранува заби што би требало да е заболекар а не професор.
    Имајте добра тивка ноќ.Мене доста ми се муабети за вечерва.
     
    На Sweetheart87, Adi888, Micheleljubov и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Си читав месечен хороскоп. Од 3 јуни поради мојата грижа за надворешниот изглед ќе сум добивала многу комплименти :makeup:
    Многу додворувачи... на мојот БРК! Да, сум опнала брк џоа Гоцета. :rock: А веѓите... од нив очите не можат да ми се видат. Хаос сум! А и многу сум поправена, кравче сум се направила. Од сите страни фрчам, а нозете ко пача ми се. Жени, девојки, припаднички на понежниот пол. Се едно те исто. Сум се поправила, лоша ми е косата... Кога сме кај косата, мојата као трофазна да ја мавнала :mm:
    Ама и јас не сум крива. Многу имам за учење. Утре втор предмет екстерно полагам и после... леле после! Ма се ќе ми биде полно и рамно! СЕ!
    Вака си планирам. ЌЕ си дојдам, ќе преспијам, ќе фатам брк, веѓи ќе искубам, маска за лице ќе направам, косата ќе ја средам. И летото може да започне! И ќе се депилирам секако. И таму сум хаос. Е дури после ќе има журка 24/7. :dance: :party:
    Туку се мислам сега, ако утре стварно некој ме загледа, да не ми го загледа бркот... :?:
    Ај сабајле порано ќе станам за да се средам, 15 мин. работа. Морам, вака не иде работава, згоден дечко да испуштам ради еден брк. Јок!
    Ајде држете ми среќа за утре. Што за екстерно, што за некој згоден типац. 8)
    Добра ноќ |-)
     
    На Dog-lover, Someonespecial, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    само вртам по форумиве, а утре треба да станам во 6:30 :tmi:
    ај, ќе станам некако.. :?:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... нова свадба = нова драма.
    Откако Хуго доби бронхитис сред лето, сфатив дека сум заглавена со моите на свадбата.
    Слонче прво ја скина штиклата. И` се откачи ремче од напред, пукна од смеење. :D
    Го прати мажот да украде машна од букетите во фоалјето, ќе го подврзела некако ремчево од напред.
    Мажот: Ама јас сум цајкан, не сум криминалец! А сакаш црна машна, како штиклите?
    - Ма каде има црна машна на букет невестински, црн цигану??!!
    Нејсе, и` донесе, си ја врза некако напред, опа-иха, отиде да рипа на оро.

    Јас овенав.
    Слушам песни, Свадба е голееееееема, денес се женам, Јана е убаваааааа.... :^) што мајка има Јана да ми ја пеат, ја Јана ли сум, ниту пак Јана е бивша на дечко ми, мислам нема логика.
    Решено, ќе ја пеат песната со моето име... М_ _ _ _ А е убавааааа...

    Капкејксот - грди ! Сама ќе си ги направам.
    Се булам наоколу и си запишувам ментални прибелешки - Ахам, ова кај мене ќе го нема, вака ќе биде, а ова вака, а она онака... Го известувам Хуго по смс. Се согласува.
    Загрижен е само за моето пресоблекување за време на вечерата, зашто ќе немам време да јадам, а гладна сум била НЕПОДНОСЛИВА.
    Ќе мора да кркнам лесковачка од Вили пред целиот тој шабанерски циркуз.

    Бреј жени, како ме викаат на свадби, така повеќе ми се оди на мојата сопствена.
    :!:

    На излегување на Слонче и` се откачи штиклата. :D
    Мажот: А кој ја најде - принцот е?
    :rofl:

    Нема грешка.
    Во колата на враќање си направи сценарио и се самонарече Видео Прозорец.
    Јас си направив филм за мојата dream wedding.

    Ма навистина преку глава од туѓи веќе.
    Сакам СВОЈА!!!
    ]:)

    :angel:
     
    На Sexybaby86, teddybear, Mishela и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК Некои луѓе едноставно мораш да ги поставиш на нивно место бидејки очигледно ја изгубиле ориентацијата каде се наоѓаат !
     
    На SparkyAngel и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Секој е влезен во свој филм, не вреди никого да го оправаш и да го насочуваш во смер во кој сметаш дека е правилно за него/неа, пушти го/ја, нека крши глава како знае и умее. :D What goes around, comes around. Животот е бумеранг, секоја акција порано или подоцна си враќа свои консеквенци по нас.

    Инаку тоа што сакам да го кажам... еве понеделник сме, ден кога картицата ми се полни со кеш и со задоволство одам на банкомат и до денар ги вадам парите. :lol: Не сум таков кој може да ги чува парите на картичка, не сум единствен нели, мора да има и други феминки? :wasntme: Преферирам да ги гледам до мене или во некој сеф 5 метри под земјата, каде што нема да ги трошам, на картичка никако. :D Не можам едноставно, премногу е лесно да ги потрошам некаде онлајн, дали е тоа на коцка и сајтови за кладење и сл. или да купам некој производ итн. it's damn too easy, само внесувам број на картичката и 3-те цифри позади и отидоа парите. :D
     
  11. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    339
    сдк, ми фали некој да ме насмее..
     
    На kikav и COollLady им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Драги мајки (оние кои имаат ќерки како подолу наведените),

    Бидете строги со вашите ќерки, но не ги држете на ланец. Доволно е првиот ден откако ќе почнат да живеат сами (со другарки) да почнат да се понашаат како бесно куче само што пуштено од ланец.
    Имам комшивки студентки. Откако знам дека се дојдени дали 2-3 пати отишле на факултет, али затоа секоја вечер други машки идат и имаш церекање, воздишки и други ствари (аудитивно пренесени интимни моменти) до сто саатот. Ако ништо друго, барем осигурајте се дека знаат да се заштитат, да не биде после „оф мори мајко“.

    Ако девојчето така се чувствува, нека се забавува со дечковци на 16,17 години. Не е страшно, стварно. Нека не биде работата „едвај чекам да престане да ме контролира за сите чуда на светов да ги направам у два дена.“

    Не дека е моја работа но никогаш не би можела да поверувам дека постојат жени толку загрозени и зависни од машко внимание и допир.
     
    На Someonespecial, Monna.Monna, Lov3 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Многу пати досега сум била сведок на некои муабети во врска со фаќањето партнер -така да се изразам-на моќни богати мажи/жени.И многупати досега сум слушнала муабети од типот-И/му падна секирата во мед.Има да живее со сите 4/5 нагоре.Навистина????

    Јас не можам да сфатам каде е поимот,заедничко творење???
    Поаѓајки од себе никогаш не барав некој особено успешен,ситуиран ,убав...а сум имала од сите примероци,ова последното дури и далеку подобри од мене.И знаете што?Тие баш најмногу ме повредиле...

    Едноставно сакав личност која ќе ме сфати,која ќе се смее на истите работи...и заедно да стекнуваме...
    Не ми требаше некој успешен,туку заедно да бидеме успешни.
    Џабе ми е ако тој е успешен,јас успешна а секој оди во свој правец а на заедничкиот пат се сопнуваме.
    Џабе.
     
    На Micheleljubov, tessie, WarriorAngel и 17 други им се допаѓа ова.
  14. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Дома имавме помала забава читај вечера со семејството и некои поблиски роднини по повод мојата полуматурска. Сфатив дека мајка ми и татко ми прават се за мое добро. Знаев, ама сега повторно се убедив во тоа. Имам прекрасни родители, сестричка, баба, дедо и среќна сум заради тоа. Тие се моето богатство. :)
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека сум многу горда на себе си денес без некоја посебна причина.... колку повеќе ги запознавам луѓето околу мене толку повеќе се сакам себеси.

    чуствувам дека мојата 3 годишна врска со мојот работодавец ќе заврши наскоро. дали во наредните неколку месеци незнам... знаете како со дечкото кога односите ви се ладат, кога станувате индиферентни на се, кога се е побитно од него. и се надевам ќе заврши наскоро сакам да започне една нова етапа во мојот живот ....
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Добро утро и убав ден. Денес е Свети Константин и Елена.
    Среќен празник и именден за сите што го слават! :)
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ке се надоврзам на tessie i lunicka.Со оглед дека сум мајка на две девојчиња, отсекогаш сум се трудела да ги научам дека за девојчињата животот е потежок.Машко ко машко а било а не било,но за девојчињата остануваат последици.Така да еден погрешен чекор и отиде и младост и убавина и образование и се.Не сум старомодна далеку од тоа, ама денешната мода секој ден да си со различни машки е рамно на неморал.Си разислив, разговаравме со мм решивме да дозволивме прием на дечко дома.Тогаш ми падна товар од срцето.За мене се намалија грижите.Секогаш знам каде се,со кого...Блиска сум со нив и отворено сме разговарале на значајни теми.Само разговор и блискост помагаат .Да допреш, да ги натераш да се отворат, да ги знаеш нивните чуства и желби ....
    Она што е најважно за мене како родител е дека не сум влијаела да трчаат по пари .Бев сведок на еден таков брак и искрено со тоа ги заменуваме Албанците кои си ги продаваат керките.
     
    На WarriorAngel, Monna.Monna, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Добро утро феминки :D ....И среќен именден, Елени и Константиновци! :*
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не само до старомодност, туку реалноста е таа да жената во вакви ситуации секогаш завршува со целиот товар, било да е тоа несакана бременост, или пак полошо, некоја болест која за нас жените е потешко и помачно да се излечи од самиот реален факт што половиот орган ни` е внатрешно поставен, не надворешно, како кај мажите. Така сме скроени да го сркаме и кркаме подебелиот крај. :D

    Сум пишувала, нити сакам да глумам светица, нити да морализирам тука, туку едноставно ја имав среќата да мојот сегашен сопруг ми бил првата сериозна врска (со интимен контакт) и тоа признавам дека ми заштедило на многу секирации. Дали да мислам на испитот или дали ќе ми дојде циклус месецот...

    Моите родители ме контролирале и го контролирале моето однесување на друг, посуптилен начин кој нема да предизвика поттиснатост и фрустрации кои се поопасни за мене кога одеднаш ќе избијат на површина.

    Виножито ти правилно правиш, дозволуваш да си биде се` во свое време и затоа девојчињата ти се прибрани, неисфрустрирани и нормално функционираат и уживаат углед кој е очекуван во склад со тоа каква жена ги воспитала. Зборам за девојчиња што кукаат од тоа како татко им не им давал да се бацат со дечко до таа и таа година, а девојчето кога си има потреба од таква блискост, нема тука што да се прави. И држат, поттиснуваат додека да завршат средно (ако се од помало место каде се` се дознава посебно) и а им се пружи прилика да имаат малку слобода, триста глупости прават.

    Како што вика еден пријател. „Поарно пред мене синот да испуши 5 цигари на раат, отколку скришно надвор 20 за истото време.“
     
    На imelda и vinozito1 им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Свадби.
    Се’ повеќе свадби, крштевки, мекици, па пак свадби, веридби, запросувања и судбоносно кажани Да.
    Ревер. Девер. Ордевер.
    Свадба.
    Колачиња со бисерчиња, велови, светки и шампањ.

    Да ја гушнам вака Трендафилка посабајлечки, ме потсети на сите мигови од свадбата на која бевме со мачорот. Солзи на очи кога матичарката им ги поставуваше сите оние смешни прашања од типот - Дали сте роднини? Дали некој од вас присилно стапува во брак? И слични смешки. Ама ете така, под превезот на меко светло и држење за раце, конечното - Да, ти прави убаво и на тебе. На сите, впрочем.
    Ах. Од мекости.
    Мартини со маслинка, прво џез, па рокенрол, прекрасна трпеза, модерно наспроти традиционално, младоженецот најкул во патичиња, невестата во прекрасен фустан кој сигурно утре ќе може да си го носи и на други пригоди. Срцата растреперени, танго на Fly me to the Moon, и нашите споени дланки во еден ритам. Убаво ти доаѓа, да си дел од такви целосни, фамилијарни, љубовни случувања.
    Времево си врви, чакри се отвараат.
    Рано ми е да се врзам пееше Мартин Вучиќ, нели. Не сакам златни катанци, која метафора! :lol: :lol:
    Но, зарем не е сето тоа убава работа?
    До пред 5 години сето тоа беше магловито и со одрекување. Јас, мажена? Нема шанси! Со мачките и поезијата ќе си живеам.
    Јеа рајт :)

    Некогаш, времето само си ги реди коцките. Секое чувство си е во одредена возраст и мисла. Плановите можат да лебдат, но вистините секогаш стојат цврсто на земја.
    Мојата вистина е дека сакам да бидам стабилна Жена и Мајка утре.
    Да, сакам.
    Сакам да биде Љубов. Да направам нешто добро. Да одам во четврток на Офф фест, да запалам свеќа за моите баба и дедо што се на небо, да го гушнам небото и да се заблагодарам за се’ што можам да направам и да замислам.
    Не сакам да бидам војник во туѓи борби.

    Сакам да бидам гласник на животот.
     
    На Peppermint, Someonespecial, Foreveryoungiwannabe и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.