Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Бурни денови во слоу моушн. Бешов на свадба (т.е. на кна вечер и потоа дома да ја испратиме невестата). Имаше интересни обичаи, на моменти и ми беше тажно :^) така звучеа песните, ама воглавно доста интересно. Знам дека повеќето од нив, а и кај нас е истото, не ги сакаат обичаите ама навистина допринесуваат за убава свадба. Жените носеа преубави рачно изработени носии, димии, фустани...и еден тон злато :geek: Убави жени. Јас сум уште под импресии. Невестата изгледаше видно среќна првиот ден по свадбата :geek: (иф ју ноу ват ај мин :wasntme: ).
    Да кажам, раскажам за сите муабети и луѓе, не ми тече мислата. Ме буди, интелектуално, ме тера да размислувам. Ми се разговара со него. А и духовит е. Различно е. Со старите пријателства понекогаш и во тишина разговараме. Го слушам и ме слуша. И уживам во разговорите. Не се заљубувам, всушност...не се ни дотерувам кога доаѓа :^) Бушава или во широки тренерки, сеедно. Само ми е пријатно. Чузинг а смартер опонент со луди завери во главата.
    А сега, го соблекувам ова тврдо (затоа што студен изглед дава) сако, ја искинувам маичката, под неа блеска знакот С за супервоман и излеткувам низ прозорот...затоа што овде нема кафе ]:)
     
    На Micheleljubov, Peppermint, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк... ја дошла во сдк... исповедаоница :)

    Мојот идол не беше ни на една телевизија. Мојот идол беше во мојот прв дом.
    Замина на патот од кој нема враќање.
    Денес ја нема на овој свет. Ама ја има во моето срце.
    Од таму никој не се осуди да ми ја земе.
    Ја дочека својата внука. Од замаглените очи, падна последната солза.
    Последниот здив го даде на Бога. И среќна заспа во моите раце.
    За неа. За жената со големо Ж.
     
    На Lux, Micheleljubov, Peppermint и 28 други им се допаѓа ова.
  3. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    The show must go on..
     
  4. mirc

    mirc Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    1
    и покрај двацата мои браќа сите обврски морам да ги завршам јас.........ама толку ми убаво кога тато ќе ми каже ти си ќерко татин син..... 8)
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Е јбг сум "изветреала"..цело време се осеќам себеси како 30 годишна а јас всушност да сум 31 годишна, заборавив дека пред пола месец ја започнав 31-вата...не ми се старее изгледа ама како ме држи паметов изглеа стареам, годините си го прават своето :rofl:

    Имам нова фризура...не бе баш и не е нова, обликот е ист малку потсреден, поткастрен, тоа оштетеното го тргнав и сега жбунот го нема. :emo:

    Сакам зеленило, пријатна клима, простор помеѓу градбите, зградите, посебни велосипедски патеки, тротоари и култура кај народот за да ги почитува тие места.
    Тоа во Скопје не го наоѓам а нема да го најдам ниту за илјада години.
     
    На bittersweet и kravce им се допаѓа ова.
  6. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Добро понеделничко утро на сите :)

    Ако неделата по понеделникот се познава, конечно следува една подобра недела,ама подобро да не зборувам многу,да не урочам.
    За повекето летото е време за одмор,а јас молам Бога да ми помине работно, Мислам дека во потрага по работа ги изгубив нервите. Туку,после колку испратени CV-а конечно сфакате дека нема шанси да најдете работа без врски? Јас сум околу педесеттото и некако уште не ми иде памет... Не се жалам,јас и онака не останувам уште долго овде,но убаво беше да се поработи малку,што за да имам некој денар во џеб,што за искуство...што е тука е,ке мора да се преживее некако.
    Но драги мои,богата сум. Го имам него кој злато вреди и љубов од која ниту еднаш во цело ова време не излегов разочарана, напротив, секој ден се попријатно изненадена,посакана,позаљубена... Знаете, сакам да ви порачам нешто -можете да се помирите со тоа вечно да му бидете втора. можете и да останете во врска во која секогаш ке "истражувате" дали ве сака и дали ве изневерува,но вистината е дека таму некаде постои некој кој би ви ја покажал целата убавина на љубовта,совршената. Што треба да направите? Бидете човек кој вреди да се сака,бидете се што сакате од другиот. Каде да ја најдете? Таа е обично блиску до вас,само треба убаво да погледнете и да и дадете шанса.
    Ве гушкам.
     
    На kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Sакам да кажам дека денес за прв пат го почуствував она чуство кога ти е забрането нешто да јадеш :!:
    си седнувам јас да доручкам и си земам да јадам и кога наеднаш се се слушна веќе кажаните зборови :!: мора веднаш да почниш с. Tерапијата и следниве работи да се прекинат-------------------------- (се она сто си јадев нормално) и зборот Aко сакаш да живееш нормално :( и така залакот што сум го ставила во уста го фрлив а останатите работи си ги вратив назад во ладилникот!...

    Tака сега со господ напред се надевам терапијата од 2месеца ке ја правам правило а потоа ке ми бидат кажани зборовитеKе бидеш среќна мајка на здраво бебе!.
    ги молам господа за таа среќа да ја доживееам и јас :(
     
  8. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.549
    Пол:
    Женски
    Епа конечно од денес ми почнува летото иако надвор не е баш некоја летна атмосфера. Испитите завршија и се надевам на добри резултати. Колку брзо лета времево, ко вчера да беше јануари. Сега почнува шетањеи уживанција. Епа добре дојде летенце :) ;)
     
  9. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Sometimes its just best to accept what's done is done, let it go and move on, tomorrow is a new day, what you thought was the end might just be your new beginning.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Чудни се патиштата господови...
     
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Моментот кога лежам дома покриена со милион кебиња и јоргани, ролетните спуштени, не сакам дневно светло да видам, не сакам да зборам со никој, не сакам да живеам. Тоа е моментот наречен ПМС.
    За среќа имам продолжен викенд па си го искористив утрото да се исплачам квалитетно.
    Зошто - без причина.
    Ова е единствениот период од месецот кога плачам на глупави песни и филмови, уживам во гледањето на безвезни серии и мислам дека целата вселена скроила заговор против мене, сите, ама сите до еден ме нервираат!
    Си купив еден тон чоколадо, не ми се плаче веќе, сакам само да лежам, да молчам и да гледам серии.
    Жени... :devil:
     
    На anabel-a, Micheleljubov, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Да чујам, на кого му е именден денес? [​IMG]
    На Еленката, пеленката, тиквата зеленката. И на другите Еленки и Константиновци. Сестра ми и дечко ѝ, ми го погодиле подарокот. Кутија амоксиклав, 3 најлепше жеље чоколади и спеј за против расцветување на косата. Толку ми цвета косава, ко божем секој ден да ѝ ја пејам Цветај расцветај од Ѓоко. И сега, како што е редот, треба да ставам слика од торта? Еве ви го гугл, пишете си нешто сладолед, торта, воа-ноа. Џабе само себеси и вам ќе ви правам лиги. Додуша поише за мене ми е жал... додека најдам некоја слика, треба милион да поминам. А вчера да знаете сестра ми каква торта ми направила... Јас само гледав од страна, и ја глумев Андријана Алачки. М, м, м...

    A јас сум малер за храна, дефинитивно. :D Или наоѓам полжав во марула, или црв во ајвар, или јадам газирани скиснати кисели краставички... остана редот уште на скиснат јогурт. Немаше да биде толку нормално, ако не испив огромна чаша, без притоа да приметам дека е расипан. Јас си мислев дека од што ме гребе грло, ми горчи храната, а тоа да ти било расипано... Иначе, сега кога ме гребе грло, дома нема на моиве кој да им пее. Најнов хит ми е Гледај ме, гледај, од рекламата за уан. Пред неколку дена, на автобуска бевме собрани неколку души. И тука јас си почнав да си гракам... - Добро бе, можеш малку да паузираш? - Арно ме потсети имаше една песна... стисни пауза па после плеј. - Ако, ама ти повеќе практикувај си пауза. Ако, ако... еден ден ќе плаќаат за да ме слушаат, ќе видат они...

    Нејсе, татко ми ме вади од памет. :envy: Гледате Луд збунет нормален? Епа ако да, татко ми цело време дома го заменува Чомбе, со неговото: ОооооОооОо Рукфаш. Наеднаш кога ќе свика: - ОооОоООоОО Еленааааааааааа! Морници ме лазат, искрено. Наеднаш ќе му дојде, и ќе почне: - ОоОоОоОо. После ќе премине на - ЕеееЕеЕ... Колку старее, толку будалее. Смрт ми беше, кога бев во основно, и станував во исто време со него. Он ме будеше, ама и он прв се редеше во веце. Кога ќе почнеше да си реди лекции од сабајлечки пред огледало: - Aaaajде Бојанчо* избричи се. Ааајде Бојанчо, цел месец се немаш бричено! Лелеее, Бојанчо каква ти е косавааа, па вчера се миеше. Од каде овие антени? Мрсна, мрсна... Ајде оди избањај се, избричи се, заличи на човек... Ц, ц, ц... Мене при пукање ми е мочниот меур, а он ми се кани тука од сабајле да се бричи, преку некои негови монолози.

    Патем, денес денов ми почна катастрофа, слушнав една вест за која се плашев... А не сум ни наспана како што треба. Надвор сонце грее, јас болна. Носов ко запушена канализација ми е. За никаде сум.
     
    На WarriorAngel, Ethrnity, Someonespecial и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.661
    Некако ми се несфатливи оние над 20 години,а што се понашаат како копиљана, со роденден по дома, со соленки у чаша и ордевери,со кифлици,се тоа спремено од мајка им. И поканети тука 6-7 другарки и како во прво одделение трпезичка и тоа е...
    И тоа не е толку лошо,нали, ако си нормален човек кој не му треба роденден да се истакне себе си,ако не направи кловн од себе со својот аутфит. Останатите поканети не биле известени дека тоа ќе биде велелепен бал,па си дошле кежуал,со коса у репче,ама домаќинкава, вадење хаљина, кармини...
    Ок, драма квин и атеншн хор на патот. Не е убаво да бидеш човек со предрасуди,ама немој молим те, твој роденден е можеш да правиш што сакаш, ама мое е да заклучам дека си нарцисоидно глупердиче кое има непокорна желба да биде центар пажња и не само на својот роденден,ама тоа е. Нема ни да оди на афтер парти да биде за сходно да го оправдаме целиот тој труд...
    И ја поминуваш цела вечер у буцкање со другарка ти... и ги гледаш сите тие нејзини проѕирни другарки и си викаш, кај заглавив јас?! А оваа ти вика, ќути ма,овакви ко неа до 24 години имаат долги врски, она нема, а и е една силна причина зошто никад нема да има,а тоа значи многу повеќе избор за нас! :D

    Ок, да речеме си го сакаш роденденот и го славиш. Тоа е еден ден каде што ти си ѕвезда...и центарот на светот...во твојот свет и само твојот свет и за твоите родители и толку,другите можат да ти ја испочитуваат желбата со квалитетно ролање на очи за целата драма. Викаш 10 души, купуваш алкохол еден тон, купуваш чипс и правиш караоке у собни папучи и кап кејкс место торта од Кејк бос (имам чувство дека оние погорнине од толку што се умислени со себе си, длабоко во себе сакаат да лажат дека тортата им е од кај чика кејк бос). О чему је проблем?! Скроз ок! СКРОЗ!!! Идеално! Ако ти правиш славење за да се истакнеш себе си, физички,а гостите се што треба е да јадат и да те гледаат,со надеж дека ќе ти се воодушевуваат на твојата лепота (па освен тројанска лепота,јас друго ништо не гледам :wasntme: ), пиши лош провод и многу сеир. Многу повеќе ќе ти го сакаат роденденот и тебе, ако им направиш забава,а не седенка каде некои и не се познаваат, каде ти си пеглала коси,си ставила црвени кармини, си опнала хаљина, како вердиба чиниш,не роденден кој замисли се случува еднаш годишно. Дај им на луѓето забава бре!!! И харибо у вотка на пример...
    Нееее секој со своетооо, нееее...толку луѓе познавам и толку причи изнаслушав и по непишано правило сите искомплексирани глупачи го прават погорниот пример...

    И друго нешто кое почна да ми се граничи со сфатливост и лудило ми се девојачките вечери... Од моја гледна точка, јас би плачела на девојачка вечер. А од друга страна станаа редовна практика и изгубија од интересност. Гледаш група разулавени,еуфорични девојки со велови и маици брајдс бич и такви ми ти ствари и ... И?! Стриптизер...и? Није у реду ни да го пипнеш,ни да го штипнеш,па и да ти оди, мора да глумиш срамежлива зошто ќе те ловат на грешки, ако го пипнеш и штипнеш задолжително некоја ќе помисли, иии дрољетинааа,а ќе се мажи,а јадна јас поштена, маж не можам да си најдам! И порано можеби беше интересно да ги гледаш тук таму низ градов,ама сега такви еуфорични очекуваат сите да ги гледаат со особена интересност... Да потенцирам, збирно место АРАБЕСКА... Бич плиз, правиш девојачко вече,а мајка ти кокошка ќе му пече на зетот кога ќе дојде да те зима (па самиот факт дека оди со адет одење по невеста, не ти е логично како оди овој циркуз пред тоа) и се врти по некое оро на некоја ултра турбофолкерска песна...

    Што знам...сум била и на вакви и на такви догаѓаи... Кај вистински ситуираните,изживеани луѓе (не снобови) со вкус и стил на живеење,се поминувало без фама и ужасно многу децентност што правело да е прекрасно и за паметење... Чак што више и девојачките вечери не оделе под наслов девојачко вече, дајте велови,туку под поим искачанка...

    Мех,погорната цуца со роденденот,прописно ќе оди со такво девојачко и правење циркуз од животот,амфасирајќи ја својата (не)битност во постоењето потенцирајќи го невкусот на многу интересни моменти у животот кои ти прават тотален пресврт. Но добро... се надевам нема да ме покани...


    Сречен ден! :D
    Си имам листови на бирово, од 10 сантими висина, ако заескивирам,до крајот на денов ќе станат 30,така ми стои,а од прееска сме у лав-хејт однос. Времево ме иритира и имам проблем со спиењето. Утрово направив анкета на се будно кај сите дали е така. Сите ми викаат дека лошо спијат деновиве. Од увек викам јас дека јуни ко месец за ништо не го бива, освен ако не одиш у школо па да чекаш 10 јуни. Што ако е летен месец? Како што ноември од есенските не чини, како што јануари од зимските...

    И така...јас иритирана од родендени кои ти прават да ролаш со очите. :D И не разбирам зошто те канат некои луѓе кога во ред сте и по случајности кога пиете кафиња и не ги запознаваш на едно ново ниво,од типот роденден,а ти ко воспитано дете, да не речам фамилијарно глупи, по сечии прослави да се испоштува со се поклон најубаво избран...
     
    На antonina, mims-89, Lilliana и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... сосем случајно налетав (и заглавив) малку троа појќе на ВМРОвц(к)и фејсбуковски профили.
    :D
    Ахахахахахаха, народе, свести се. Жално и патетично е како знаеш дека те набљудуваат на нешто толку безвезно, ко глупа социјална мрежа, а ти таму си вмрежен во пајажина од патриотизам, лојалност, постери, тупаници, дела!

    Што е потрагично - се преправаш дека веруваш во тоа чисто од корист - или вистински веруваш во деветини? Во споменици, фонтани и рингишпили? Ама онака, ревносно ВЕРУВАШ-веруваш, највистински, предадена си ко чесна девица на прва брачна ноќ со сласт и страст (леле, немам доволно рими и метафори за овој глупердизам, слава им).

    Пу бе! Никој не сакам да ме убедува - ама кога ќе немаш за леб, тогаш збори. Оправдано е.

    Извини, немав за леб лани, година и 9 месеци континуирано. Ниту за едно кафе, ниту за одмор, за гаќи 3 за 100 што се вика од мајка ми барав.
    Па не отидов, не се понижувам до тоа дно, па макар умрела и цркосала, ќе чистам шофершајбни на семафори, поблагородно ми делува!
    Се бараше чистачка во еден ресторан за 12.000 плата, секое утро по 2-4 часа чистење, предалеку ми беше, а се јавив да се распрашам... погодете колку се јавиле за истото место? НУЛА!
    Човекот ме праша дали сум ромка, зашто само они се јавувале за такви работи.
    Зашто полесно е да се лепат плакати, да се оди „спонтано“ на протести, да се шета со испран мозок, да се кити ФБ профилот со умствено предизвикани ГЛУПОСТИ !!!

    Задржете здив, не сум СДСМ-овка, не сум ништо.
    Ама оваа верба во бог ме смее.
    [​IMG]

    Стварно? Мислам СТВАРНО?
    Душо од партијата... but Luke would never say that, he believes in the force!

    :D
    Збунета, знам.
    И ја!
     
    На Shelea, Peppermint, crazylady и 20 други им се допаѓа ова.
  15. nobody1

    nobody1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    74
    СДК дека мноогууу сум среќна бидејќи освоив прво место на натпревар по Англиски :talk: па затоа вечер ќе ги частам другарките ^_____^ 8) :lol: :rock:
     
    На Someonespecial, Ana.Jones, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Надоврзување од мојот претходен псот тука.. :D
    Ама океј е денеска. Вчера така се исфорсирав и сега ми враќа. :$ Денеска е многу топло. Па така рекоа вчера де, на прогнозата! Ама гледам пак ќе почнело да врне, грмотевици, ова она.. :@ Бљак, не сакам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Sanjichka007 и kikav им се допаѓа ова.
  17. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Е ова е за у тема "Не е за кажување..."

    Ама многу сум глуп :geek:

    Она ми кажува дека сменила постелина, се туширала и ме вика на кафе, а ја два сата муабет и праам бе. За бившата |( , за работа :@ , за глупости....

    Шо ми стана? Не сум таков. :x
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    :( Некако незгодно ми е да ставам :*: па ќе си пишам.

    Искрено жалам за загубата, индиректно (по мајка ми) знам дека колку и да си возрасен и свесен за минливоста на животот, таква загуба не боли помалку.
    Се надевам дека последниот здив го испуштила задоволно затоа што се остварила прво себеси како личност, воспитала жена како тебе и поставила авторитет и предизвикала такво мислење за неа од својата ќерка.

    Се надевам дека почива во мир и дека штом Господ ја земал спроти убав празник, е на поубаво место.

    Биди силна. :hug:

    tinan, не се секирај, секој има право на лош ден/период. Ако сака да те разбере, ќе те разбере и таа е човек.

    A да и една препорака за тие што бараат мислење и совет а пишуваат големи постови.
    Ве молам делете ги на параграфи и оставајте празно место меѓу пасуси, завршувајте реченици со точка и почнете нова со голема буква. Сум се нашла у ситуација да зумирам пасус по пасус за да сфатам шо е проблемот. Не дека ви мрчам или наоѓам маани, едноставно препорака за полесно и поубаво да си функционираме и дружиме.
     
    На WarriorAngel, ozbilnazena, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    SDK denot e katastrofa vrni grmi ladno a juni sme luge ko zimata da doaga :@ i taka Jas umorna i nespana si zaspav vo vozot i si zaminav dve stanici pojke a zamislite edna stanica treba da se patuva 15 min ufff :@ nervi Pa i Kurs me ceka koga ke si legnam denes ne znam :(
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Треперам, љубам, среќна сум!
    На седмо небо сум. :angel:
     
    На Micheleljubov, kravce, WarriorAngel и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.