Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Моментот кога ќе си ги прочиташ старите мислења на Фемина :D

    [​IMG]
     
    На Micheleljubov, Ana.Jones, VIN.diesel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    АЈДЕ СЕСТРО ИДИ СИ ВЕЌЕ, АМАН!! 7 години не сум те видела, алооо!!
    Не можам да издржам веќе.. Полудев! Бројам денови како во војска!
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Сум забележала. Многу често е така. Скоро секогаш. Дали е затоа што се свесни за угледот кој го уживаат и значењето кое им го придаваат во вакво општество какво што е нашето па самодовербата малку повеќе им скока и мислат дека секоја е заменлива...? Единствено логично објаснување ми е тоа.
     
    На imelda и lunicka им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Мозоков константно ми брмчи во последниве два-три месеца, на моменти ми иде да си мавнам два-три шамара за да ми се исклучи целосно. Значи толку многу работи треба да се направат, и треба да средам, што на крај ќе земам и ќе лежам на земја, испружена со сите четири и нема ништо да направам.
    |(

    Оди на час по германски, успат ти е и банката. Отвори сметка во банка, еј, веќе кога си во банка, стави заштедени пари на сметка. Ама најди ја книшката од банка, таму некаде, во хаосот. Ааа, кога веќе бараш, најде зимски џемпери, зошто да не земеш, на пример, да ги редиш и прередуваш зимските и летните алишта? Ама има ли поента да ги редиш неиспрани, земи испери ги... А зошто па да ги редиш воопшто, секако треба да ги пакуваш за веќе, едноцифрен број на денови? Којзнае таму каде ќе ги переш, уствари, битно ли е, секако поголем дел од времето ќе бидеш во униформа. Ааааааа, ами униформата, ќе има бројчиња за тебе? Што тресеш глупости, нормално дека ќе има, не си најголемиот човек на светот, и да си, ќе ти најдат... Кога сме веќе кај наоѓање, да си најдеш некои чевли ти треба, убави, фини, есенски, ќе мораш да верглаш и да пешачиш со нив. Еј, барем ќе ослабеш, ама ќе мораш да јадеш, повеќе отколку што јадеш тука. Гнетеш со сила некогаш, нели? Знам, се гледам што правам, ако некој не ми свети над глава, нема ни да ми текне да јадам. Аааааа што ќе јадеш таму првиот ден кога ќе слеташ? Ами како ќе стигнеш до местенцево, а ако те вратат од аеродром? Ќе пропаднат купишта пари, налет нервозите... Инсистираат да ми купат торта за роденден, јубилејен бил, а мене ми се плаче, знам дека немаат. АМАН аман аман од тие пари, аман од таа проклета куќа, ќе се омажам додека ја завршат. И им реков дека не сакам, не сакам торта, не сакам роденден, ништо не сакам. Ако веќе купуваат, една од локално слаткариче, евтинка, ќе заврши работа. А лажам, сакам роденден, смеење, се расположувам, ќе ми влијае добро, сакам гости, не многу де :( , ама поблиските, онака да си седнеме мерачки, со џез во позадина, да мацкаме пилешки прсти во тартар сос и да пиеме мераклиски, да се смееме, да се испратиме како што треба... Да се сликаме, изгушкаме, да си поминеме убаво како што знаеме да си минеме. Реков дека не сакам, а сакам, сакам сите наеднаш да ги соберам и да ги видам. Ако ќе биде предвреме, ако, не мора ни поклони да ми носат... Ама ете, налет. Здравје догодина. ААААА здравјето, не отиде да си земеш лекови за ваму, оди заврши и со таа работа. Чекај, имаше уште нешто? Да, тргна на час по германски. А да, и положи го испитот, нека не ти се трупаат, заврши, а-грр. :devil:

    И ете, денов ми е таков, нервозен, плачлив, никаков, тмурен. Искрено, одвај чекам да одам ваму, и да се концентрирам само на работа и дома - ако ништо друго, барем мозокот ќе си го одморам од сите вие замаранции и проблеми. На некој му изгледа како ништо, мене во моменталнава психичка состојба, ми чурат ушите. Проблеми дома, проблеми со Германијава, проблеми со пари, проблеми со паники, проблеми со испити, земи сега напанак на сите овие проблеми, искарај се со некој и направи си уште поголеми проблеми. Малку ти се овие дека.

    Одвај чекам, да одам, да работам - за да се одморам.
    :emo:
     
    На WarriorAngel, teddybear, JuLleE и 21 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Не верував дека и тоа ќе го кажам,ама сакам да кажам...
    Конечно завршија и екстерните тестови на децава....
    Што е направено ,направено е...
    Нема веќе,гаси го компјутерот,фаќај книга,како е можно од седум часа да немаш за учење,мамо маааа...уште 5 минути... ]:)
    Распуст и за нив и за мене... :clap:
    Барем до септември :angel:
     
    На JuLleE, Micheleljubov, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Убав ден денессс :)
    Празник, именден на брачеда ми воедно роденден неа и на брат и, нека му се среќни родендените, најсреќни да бидат, и се шо сакат да им се исполни.
    Два телефонски повици, кои стварно многу значеа денес...
    На мајка ми понуда за работа, ахх кефој сумм :D На бато, разговор за стипендија :D
    Пресреќна..
    Тој ја кладе оваја на фб :)
    https://www.youtube.com/watch?v=AJnHCs7nFHQ
    Не знам за кој е, можи за мене е :wasntme: :D
    Коцките полека полека се местат :)

    Убава вечер :*
     
    На Someonespecial, Elennaa, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ви кажав дека конечно работите тргнаа по нагорна линија.Како прво и најважно за мене факултетот...ми остана уште само еден колоквиум до дипломирање :)
    На љубовен план додворувачи еден куп,но после толку патење не ми се влегува во врска без подобро да ја запознаам личноста со која планирам да го поминам своето драгоцено време.
    Изминатиов период расположението ми беше на ниво,а истовремено се случија работи кои за другите беа невозможни.Имено,се запознав со женската на бившиот,која всушност била со него цело време додека бев и јас со него...и чудно е,но станавме многу блиски и конечно ги решивме недоразбирањата и искрено речено ми падна камен од срце.
    Веќе започнав,малку по малку да си го средувам животов.Ги избришав сите непотребни личности и оние кои ме повредиле и ми го уништиле животов.Продолжувам понатаму со исто темпо :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Инаку заборавив да кажам, денеска за првпат по толку години видов насмеано лице на улица без некоја посебна причина. И не само тоа, од таа насмевка зрачеше топлина, зрачеше душа на сонувач.

    Не го менувај правецот, пријателе. Ми ја стопли душата денес.
     
    На WarriorAngel, vinozito1 и Doozy им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Се нервирам :@. Цел ден ми е таков. Незнам дали еп оради времето.. сонце - дожд, сонце-дожд АМАН. Два пати ме истушира. Се ближи матура, полагање. Купив книга за матуранти 300 страни кај ќе научам се за неколку дена. Од тетратка е помалку. Овие презентации.. ми кажа 'шефицата' нмора да се 180 на месец. Ок еве едно олеснување. Ми спомна и за одморот што ми го вети. Да прашаме во агенција. ОК значи не ме лаже. Само незнам на тој одмор дали се ќе биде по план како што треба. Се ми е некако сомнително незнам што да правам. Ете кога добив шанса се понаша чудно спрема мене... X Личност не би пишувала за него овде. Ма што сака нека прави јас на прво место ми е матура и да си поминам убаво на одмор... па за друго гајле ми е. Среќа што сега сум сама па нема со кого да се карам. Па ушт тоа ми фали да се скарам со некој. :@ Се надевам се ќе испадне добро. Ќе ми се исполни желбата.
     
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Па што не кажете вие дека дијазепамче било лекот ?
    Еее уво не ме боли денес ! :D Или па дека ми дојде, па престанав да плачам за сенешто ..
    Сега си доаѓам од факултет .. Каде го има тоа, па од искачања порано се враќам |(

    Денешната лекција оптимизација и математичко програмирање, а богами и јас почнав да ги оптимизирам работиве. Сега пишувам домашно додека чекам да се свари гравот за да имам за наредните три дена, изнакупував готова храна за цела недела кога се враќав накај дома, сабајле читав во амбасада додека да дојдам на ред, вчера со книгата во перална додека чекав да се исперат алиштата па дури почнав и во вц да си ја носам ! Барем да запамтам некоја дефиниција онака, додека сум на шоља :D

    За појадок јадам работи кои исклучиво не побрауваат миење садови потоа, како овошни јогорти со мусли, мафини и слично .. Наредните два викенда откажав на работа и има само да се посветам на испитите што ме чекаат и ич не ме интересира !
     
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.050
    Баш пред некој ден на форумов јадев трици дека не сум плачка бла бла....
    Но како ме затера овие денови... :D
    Да плачеш од среќа нема поубаво чувство,го посакувам на сите.
    Љубов моја,срце на мама, ми ја исполни душава.
    Мамичка е најгордата мајка на светот.
     
    На Someonespecial, Elennaa, joelle и 2 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.117
    Допаѓања:
    67.114
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна кога ќе прочитам дека некој си ја нашол работата што ја сака и дека ја работи со задоволство. Тоа е огромен дел од животот и ако ти е исполнет значи дека половина ти е средено. Колку е важно само да немаш секој ден стресови, а не да одиш накај работа а нозете назад да ти се враќаат... Секој момент поминат таму да ти е горчлив... Во нашава напатена земјичка повеќе се од вториот случај. За жал и јас сум моментално во тие. Ама се надевам дека ќе биде подобро, работам на случајот. :)
     
    На Hipster, Micheleljubov, Someonespecial и 19 други им се допаѓа ова.
  13. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК преку глава ми е од песимисти, полни со злоба и цинизам кои живеат во сопствениот мизерен свет во кој се затвориле, зашто се исплашиле дека немаат што друго да понудат. И кај тие се такви, па се обидуваат на секој чекор да те сопнат, да те исмејуваат кога им кажеш дека ќе пробаш и можеби ќе успееш. Такви кои те туркаат цело време само затоа што тие се долу и им треба друштво. :@ :@ :envy:

    Смачено ми е од луѓе кои постојано ти велат НЕ МОЖЕШ!

    А уште повеќе боли кога тоа ти се најблиските. ;(

    А ако не си јак сам, не ја тепаме мечката останавме во калта. :!:
     
    На Cappuccino и PussyHunter им се допаѓа ова.
  14. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    СДК Мојата другарка-сестра моето второ јас има бебе-син...јас не знам што да направам со себеси...ма има да полудим из милине :inlove:
     
    На WarriorAngel, Someonespecial, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Чувството кога си излезен на кафе со друштво, ја гасат музиката и чекаат да станите за да затворат.
    Го знаете?
    Јас да. Хахахахах која брука ејј...
    Како и да е - убава вечер помината со убаво друштво. :)
     
  16. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Денес си добив многу убав подарок од дечко ми... Преубаво ланчеееее. Така без повод, од љубов..
    Ми го разубави денот. Морам да признаам кога го видов тоа кутивчето мало стокмено нозе ми се пресекоа ;)
     
    На Gordana10 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  17. LuxyFeminist

    LuxyFeminist Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Шшш,јас сам дојдела да се исповедим!
    Еве вака пополека,касно навечер никој да не ме слушне поготово не диеталките :lol:

    СУМ СЕ НАЈАЛА КО АМЕРИКАНАЦ У ПРВУ СЕНДВИЧАРУ НА ПУТ !

    Тоа не беше јадење,тоа беше е вака буквално ко што опишав.Строго јадење со раци,последната кришка од денешниот а богами и од вчерашниот леб, намачкана нашлакана со се што ми дојде при рака.
    Мајонез на леб,мајонез и кечап на леб,мајонез кечап плус некоа кубасица спремана сигурно за утрешното гравче-тавче.Сите варијанти ги испробав.
    И сето тоа тивко и скришно.Да не ме чуат пошто на диета сум јас они кога зборат да јадам.

    Гнетам и размислувам на диетата па одма тука во прилог ми иде Џулиен Мајкалс со вежбите и си викам ее да знаеше она шо ти се вика да јадеш собираници во 1 саат по полноќ ко вампир и сама си се смеев.Ако е. :D

    И така,најадена и задоволна сега можам да си легнам.
    Ехее каде е летото а и Џулиен ќе почека.Ахх глупав ПМС.Утре две јаболки,протеини за ручек..абе си знам јас ;)
    Ај заминав јас :hai:
     
    На Someonespecial, Elennaa и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    До сите фанови на Game of Thrones серијата:

    Ич не ве сакам

    Моравте се да напишете на фејсбук по статуси.Истото важи и за сите на 9gag. Уште сум со првата книга, you bastards have ruined everything :envy:
     
    На Trnche и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    СДК дека лета времево,пред 10 години како да беше вчера,а сега за инает наредниве 19 дена секој ден ќе ми биде година :@ и кога ќе поминат тие 19 ден-години ете ме мене во мојата Македонија 8) и знам тие 2 и пол месеци во МКД ќе поминат како 2 и пол дена :( само ако здравје Боже се да е во ред и како што треба,друго ништо не мора
     
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.967
    Допаѓања:
    15.988
    Пол:
    Женски
    СДК...АВОН-ИДИОТИ....Добро зар нема некое известување да ми кажат дека маската од минатиот каталог нема да стаса и во оваа порачка...и сега немам порачака од 2 200 за да си ги земам јадранките за 25 ден....( да знаев ќе си допишев прозиводи)вкупната ми е 2 008...ИДИОТИ !!! :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.