Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Си добив на подарок спајалици во сите бои и мутавка порака на нив, се чудам нешто, и либето ми вика - Па нели вие поетите морате да имате спајалици, да не ви летаат лисјето пишани работи? :lol:
    Старомодно, во романтична смисла да! Да знае само колку ворд документи ми се меткаат по десктоп...
    Се згна и машина за пишување од бувљакот кај Ченто да ми барал :)

    Среќна, со нудлс во уста и распределени обврски за денов.
    Почнувам со фитнес во комбинација со пилатес, заедно со сестра ми, зошто мојот Земјодембелиски карактер лесно може да направи дезертерство и да се фрли на првиот сендвич :doh: :wasntme:
    Важно е да се признае, нели ;)
    Почнав соработка со #Шириме љубов, треба да им смислувам слогани, првиот веќе го дизајнираа, и треба да се споделува. Времево е за чадор и небо склопено во него, да си го местиш по потреба.
    Мајка ми вчера ме испогушка и се изнаплака. Пет дена не сум дома, и веќе веднаш почнуваат плачките. Сарма специјално за мене ( а ја сарма не љубам ич) и изговор дека тато не смеел мрсно, па ја направила со ориз и маслинки. За живо чудо, вкусно беше.
    Додека патував со бус, пак ме нападнаа секакви мисли. Животот е улав. Лудница со посебна локација. Нашите соби си ѕиркаат една кон друга. Во некои има тапети, во некои има само бели ѕидови. Во мојата се слуша музика.
    Се прашував, колку сме заробени од сопствените побуди, размислувања, тежини. Некој нема леб да јаде, некој се жали дека не знае каде да избере локација за на одмор. Неправди, нели. Но, ете, да речеме дека мојата оптимистичка визура некако се сплоти со таа преполна 22ка и на пат до дома, си ветив дека овој ПМС нема да ме дрма.
    Еве го првиот дизајн од кампањата, споделувајте го и вие, ако сакате.
     

    Прикачени фајлови:

    На Lux, WarriorAngel, JuLleE и 14 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Строуберис, черис енннд...ајскрим ^_^ Кој досега не си носел обетки од цреши, сега му е мајката. Кога седнувате да јадете цреши имате два избора, или ќе ги отварате една по една, па успат ќе го изгубите апетитот или мижи, голтни, плукни па да не ви е гајле. Мене...не ми е гајле :D И за доручек си земав :geek:
    Сакам да ви кажам дека политичко-партиски определените луѓе (оние што посесивно ја бранат партијата) се секаде, ама баш секаде парти брејкерс. На слава, роденден, забава, свадба...свеедно. Да ти застане на грло некое кременадличе додека тој/некој како на мегафон ти ги изнесува сите убавини сторени од возвишениот г-дин претседник на партијата :| И не само тоа, замислете да сте во врска со некој таков. Може и додека те секса да ти зборува дека му е убаво зашто партијата направила да му е убаво, па да се осеќаш дека си во кревет со цела Влада и сите министерства :^) Ме инспирираа реални стории за растурени врски поради политичката опседнатост на едниот партнер. Тоа е искрено, болест, да не ми извините.
    Туку, имам пишано колку ми е најпаметно кучето? Не дека е мое :wasntme: ама дефинитивно е најдоброто куче ин д ворлд. Доказ за тоа, и нељубители на животни ја сакаат! :angel:
    И успеав, првиот пат потешко, овој пат веќе со лесно. Успеав! Само нека продолжи вака ^_^
     
    На AnaKarenina, Micheleljubov, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Абе се е убаво.
    Ете јадев како крава овие 4 дена ама сеуште мешето не ми се дава. Ме слуша многу!

    Ги сонував марамите на ДД. :inlove: Ги посакувам сите до една. Ама нема паре :rofl: .

    http://www.youtube.com/watch?v=KtihrxUhPNs

    Сега ќе си каснам 2 атлатис школки.
    Се двоумам дали да почнам да го цедам максимално дечко ми. До сега не го правев тоа ама мислам дека "време" е. Сега следат неколку точкички кои ме копкаат да станам спонзоруша

    а) абе срцето ме боли кога гледам како небитни луѓе му ги трошат парите на мојот, а јас се стегам да не си купам ништо - ете немам ни барем едни Ипанема флип флоп :D, за Еуцерин крема не ни помислувам да си купам, па пудра Лореал ;( не немам и тоа. Абе јас немам ни едни убави пиџами. Спијам во едни старински, скинати, ама пак блескам од сексуљавост (аха рајт). Немам ни обична тегет фармерка :tmi:.

    б) маже како маже си е јака личност. Ете од сите страни слушам дека постоеле паралелни врски. Мажево на моја другарка додека се ебавкал и бил во озбилна врска со неа си имал екскурзии и настрана. И тоа не биле така тајни само за 4 очи. Тие биле за сечии очи во РМ. А другаркава иако знаела постојано го викала на состаноци. Жал ми е за фините девојки. Нависина! Тие душа си даваат за некој клошар (без разлика дали тој има срце или не), ако им прави вакви изненадувања значи детето не го бива! Глупа женска надеж! - и сега тука е можноста вакво сценарио на секоја/секој од нас да и/му се деси. Па затоа нели е подобро да ја искористиме целосно љубовта од партнерот додека ни е на дофат?!
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Оф затоа треба да се држам на дистанца од љубовнава врска моја. Можам пак да почнам да хистеришам, па да видам овој пат дали ќе ме остави. А да не си ја барам мувата застаната и на мојот Мед.

    А и многу важно, спонзорушите имаат такви свадбени венчаници... хотелот кај што си ја прават свадбата е некој таков каков Мулино... па имаат професионални камерманисти кои ги снимаат и тоа качени на кран... па некои визуелни светла онакви какви што има ставни на плоштад Македонија за време на Хаппи Њу. Ау ау сакам и мене такви работи да почнат да ме исполнуваат.
     
    На Micheleljubov, Elennaa, cveke123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Ма остај тоа фејсбукот, јас тука прочитав што и како. :sweat:
    Ич не сте фер, тоа ќе ви каже дотка ви М. :!:
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    СКД во последно време кога ќе се погледнам во огледало не мислам веќе дека сум дебело девојче само затоа што имам стомак.... Го имам и што можам господ таква ме направил голема.... Сите ми велат ти не си дебела имаш висина но пред година две мислењето дека сум дебела за малку ќе ме упропастеше. Умот ми дојди пред неколку месеци кога не јадев, и кога ми се слоши. Од тога си го сакам телото се сакам себе си ако сум голема и тие што ме сакаат ќе ме сакаат било каква и да сум, но јас да се изгладнувам за да им удоволам на другите.... тоа нема да го дозволам!
     
    На Ana122 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Денов катастрофа од сабајле.Брат ми вчера ја вадеше батеријата од мобилниот и саатот ми го изместил,јас сабајле си станувам во 7:00 како што ми е на телефон и си се спремам.Одам во кујна да пијам вода и хорор,во мијалникот една голема,гадна буба шваба :puke: Јас се плашам од мали пајачиња а која ја видов ми се стемни,па ајде едно 20 минути борба со неа и неможев да ја протерам,пуштав вода ова она демек така се убивало и ништо она победи во битката ја остаив. :D Одам и се јавувам на другарка ми да не отишла и она ми вика не бе јас спијам,јас и викам ајде брзо спремај се пред врата сум и она вика што ти е бе 6 ипол е и јас таква си застанав и се чувствував како будала ај да не се враќам отидов додека се спреми.И цел ден кога ќе ми текне на буба швабата ми се гади не сум јадела и нема да јадам,неможам језа ме фаќа и ми олесна кога тато ми кажа дека ја убил :whew: :D
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Што по ѓаволите се случува во мојот живот :^)
    постојано губам нешто... го изгубив него, пријателите, се изгубив самата себе, работам затоа што морам не затоа што ја сакам работава |( мислам ја сакав, али секој ден се повеќе ми се одмилува..

    Ко некој робот се чувствувам постојано те едно исто од дома на работа, од работа дома и тоа е тоа.. не се сеќавам кога последен пат сум излегла навечер да прошетам, да седнам на кафе...

    Се чувствувам како титаник постепено тонам од ден на ден :|

    Ми фали љубов... Сакам да имам некој покрај себе, некој на кого ќе му бидам важна, некој кому можам да верувам...
     
    На Elennaa, Micheleljubov, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК...Нема поефикасен козметички производ од љубовта...
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    SDK vi isprakjam pozdravi golemi kolku moreto...
    Prekrasno e tuka :inlove:
     
    На Someonespecial, teddybear, JuLleE и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    ***

    Животното ти е едно создание кое те чувствува. Ако си му потенцијална опасност, веднаш се одбранува. Или бега или се спротиставува, иако човекот можеби нема да направи ништо.
    Ете тоа создание те чита како буквар. И наместо ние да ги читаме животните, тие нас не читаат. А ние кутрите кои навистина сме и за жалење, зашто имаме разум да размислуваме до оној степен што ниедно друго создание го нема, ете ние стануваме поназадни од нив во чувствата.
    Кога мачето ќе не изгребе, а кучето ќе ни залае, тоа е прв показател дека нешто не е во ред со нас?!
    Гарантирам!!!

    ***

    Да ви кажам што е актуелно последно време?
    Само убави вести, најубави :inlove: .
    Ќе ви кажам.
    Трпение! :angel:
     
    На ilipili, princessLeia, Lux и 31 други им се допаѓа ова.
  11. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Лута сум. Не, бесна сум.
    И мразам луѓе. Барем добри 80% од нив. Себични, егоисти. И не, никако неможам да сфатам дека секој гледа за себеси и не ги интересираат чувствата на другите.
    А мене не ми е сеедно. Изгубив многу блиска личност и сеуште неможам да поверувам. Друга личност си оди и ме остава сама, без да размисли. Пред останатите покажувам сила, давам сила. Ни самата не знам од каде ја добивам за да ја давам, тие не се ни прашуваат.
    Уморна сум...
     
    На moonlight-girl.55, Elennaa, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Не одам на работа, не одам ни на предавања и вежби. Решив да останам да си учам цел ден дома. И онака немам многу корист од предавањата, и два саати што треба да ги поминам во пат, и два за паузи можам да ги искористам за учење. А и плус тоа требаше да станам во 8, и после цел ден да заспивам над книга. Вака одморена, свежа, со кафенцето ќе си учам и се надевам дека ќе имам време до испит да се спремам како што треба.

    Вратата од терасата отворена, и неколку дена се чудам што е тоа што ми е толку убаво и мирно кога е отворена .. И сфатив дека ми фалело шумолењето на дрвјата .. Три години во Скопје живеев веднаш до раскрсници и неподносливо беше бучењето на автомобилите.. А и дома немавме дрвја околу куќата..
    Многу, многу убава музика за уши.

    Иииии додека го пишував постот, добив телефонски повик за нешто многу големо. Јупиииии !!!
     
    На bittersweet, eli25, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    животот ми оди во надолна линија....
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ја гледам Доктор ОЗ која се емитуваше на Хрватска Телевизија.
    Запрепасена сум.
    Америка гладува.
    Поточно деца.Видов потресни приказни за неколку семејства.Жално но вистинито.Во училиште имаат доручек(оние што дома немаат храна порано одат на училиште, а некои се срамат и се кријат гладувајки ) а за викенди дома ако е крај на месецот едвај доручкуваат.Посебно ме потресе една мајка која едвај собра сили да застане во ред за бесплатна храна.Рече дека никогаш во животот не и било потешко.Во очите на таткото постојано имаше солзи, рече дека понекогаш не руча за децата да имаат што да јадат.Последиците од гладот се тешки за децата, за нивниот психофизички развој ама нема поголема болка од таа кога родителот гледа како детето му гладува.Дури и Доктор Оз призна дека не ги очекувал тие бројки.Најважно е дека се хумани и си помагаат.
    Она што денес го видов создаде една друга Америка , од онаа што јас ја замислував.
     
    На Hipster, WarriorAngel, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    24.048
    Пол:
    Женски
    Значи само јас, само јас ја имам таа "среќа" да имам научено добри 90% од материјалот, и прашањето да биде од тие 10% шо само онака ги имам ѕирнато. |(

    Никогаш, ама баш никогаш за овие две години студирање сум ја немала таа среќа на испит да ми се падне нешто што ми е единствено научено.
    Положувам само ако научам се од А до Ш.

    Стварно им се чудам на некои колеги/колешки што и си признаваат дека положуваат на "тепка".

    Шта реЌи... ?! :^)
     
    На Waka-waka, moonlight-girl.55, Tenna и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Ете седам со една патика обуена тука, до мене трошки од баничка и јогурт, па кисело млеко, салами, леб... итн.

    Денес белиме, и отсабајле се на штрек, кој навака, кој натака. Само што стигнав дома прееска кај 12 уште од надвор добив соопштение дека е дозволено да се влегува со патики. И брзо си го фанав патот нагоре по скалите.

    Знаете, поради оној одвратен, киселкав мирис кој не можам да го поднесам. :puke: Си знам бидејќи претходниот пат имав многу лошо искуство со него. Едвај ги преживув тие секунди додека минував низ таа просторија.

    Се качив горе и одма седнав на фемина, да видам што направиле девојките со екстерново, кое за мене е веќе, фала богу, минато. И кога наеднаш, така ме зачеша ногата, кај стапалото, одоздола, оф мори мамо. Зедов ја собув таа патика и ја оставив. А! Еве ја, под мене, под столот. Уште стои тука. И ќе стои, веројатно, се до утре кога како ненормална ќе си ги барам патиките низ куќата. А да ја собујам другата? Не, фала! Тоа би било преголемо мачење за мене... Мрзава е посилна од мене.

    Ама имам друг проблем... Мнооооооооогу голем проблем.. ;( Поради белењето вратата е оставена да се исуши, и сега сите мачки ми влегуваат внатре.
    [​IMG]
    И ко река се. Не можам да ги сопрам. Едното влезе 3 пати, другото 2 пати, значи 5 пати влегле и јад 5 пати нагоре надоле = 10 пати по скалите. :| Ц ц ц ...

    И така... Сега живеев за секој викенд , а сега го чекам 10 Јуни поточно 7ми, зашто 10 речиси не се брои. Времето - пак тмурно. As always.. :drunk:

    Сега одам да ги правам вежбите за шпага, а воедно и за зацвснување на нозете. Не, не знам да правам шпага. Ама блиску сум, со секојдневно вежбање - ќе научам.. :!:

    Поздрав, ве сакам. :*
     
    На Elennaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Им се удира од глава. Полека но сигурно. Малку ли дубарии направија и се`уште прават? Се хранат со крв. Треба некаде да избие војна за да се она што го замислуваме. За да си го дозволат она во што живеат. Коментираат и ставаат нивен бибер у туѓи манџи, а самите не си се гледаат. Најголеми промотери на себедеструктивност и неморал преку филмови, музика, се`... најгласни се они. Лошо е што страдаат невини луѓе кои немаат никаква директна врска со тоа. Ич не им ја сакам политиката, ама ич. A таа политика ги направи она што ги замислуваме. Истата и ќе ги уништи. Од ништо човек не може да пострада, како што може од сопственото оружје.
     
    На Boleyn.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Почеток и крај спакувани во рок од 20 дена, реално. Инаку, имам чувство ко отсекогаш сме се познавале.

    Или пак, можеби нема да е збогум . . .

    Нека не е!

    :) ^_^
     
    На Hipster и Trnche им се допаѓа ова.
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Се осеќам ко на распуст.Нема обврски,нема учење,нема правење проекти,нема лупање глава за тестови физика,немааа :rofl:
    Кога го читав постот на луничка,ко мајка ми да ја читав.Донекаде,и за неа е распуст. Нема нервирање за оценки,нема нервирање за фактот што седиме на лаптоп наместо да учиме...
    Кога сме веќе кај распуст,резервиравме за на одмор :D Преубаво хотелче,блиску до плажа,со базен и градина,милина.А плажите,плажите се соон :)
    Наредната недела заминувам кај баба ми на езеро,пет дена со братучедите.И тоа е испланирано.
    Знаете,многу сакам распуст.Не само затоа што нема школо.Имаш време за се,и да излезеш надвор,и да се видиш со другари и да одиш на кеј,и да одиш во парк,и да гледаш телевизија и да безделничиш цел ден.
    А,за малку ќе заборавев.Во саботата,бев на натпревар.Бев толку нервозна,се плашев,ама се заврши добро.Освоено трето место и пласирани на градско ниво.Оваа сабота,следува потешкото.Незнам дали ќе успееме до сабота да се подготвиме,ама ќе постигнеме некако.Се надевам.
    И така ви викам ја,се осеќам ко на распуст :D
     
    На Elennaa, Serafima и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Кога ќе ти почне денот со нервоза се понатаму,секое дејствие се оди наопаку.
    Им се јавувам фино лепо,културно на кабловциве да им кажам дека нешто не е во ред со ресиверот и на крај ќе излезе дека ти не си во ред.
    Ве молиме проверете кабелот дали е добро ставен?Па како побогу кабелов сам ли се измрда,или може некој дух го подизвадил па сега не е добро ставен :x Ајде добро се правам демек не разбирам и ја следам процедурава и се качувам на стол и притискам ли притискам со кабелов,аба мислиш низ ресиверот ќе излезеше ама не,они не се сигурни дека добро притискаш,па ајде ве молиме сега извадете го кабелот и пак ставете го и јас веќе готово пукнав :@ :@ Па добро јас пријавувам дефект и ве испочитував и си играм играчки со кабелов ама зар мислите дека треба да глумам лудило!
    Редовно најредовно и пред рокот плаќаме сметки а вас не ви се издава налог да пратите стручно лице и да види што е проблемов!Па и уште ми вика смирете се госпоѓо,може ете да купите скарт и да пробате со нов и јас веќе менувам бои можда и позеленев незнам :lol:
    Ако јас знаев како сама да си го поправам зар вас ќе ви се јавев а вие само седете и занимавајте се со кабли и притискања ајас ќе се јавам на друго соодветно место кое ќе испрати човек од техничка служба и оп ама како госпоѓо епа така и викам,во ре во ред ќе ви се јавиме за дополнително да се договориме.
    Значи кога ќе им покажеш малку заби одема циле мили инаку сам свој мајстор треба да изигруваш.
    Се јавија пак и пак сега друга тетка,госпого сте се јавиле да пријавите,викам,а од таму теткава:
    - А го проверивте ли кабелот?
    - Сега секој што ќе се јави истата ли финта ќе ми ја продава па аман со тој КАБЕЛ
    Во ред во ред ќе ви се јавиме повторно. И по некое време ете ги пак за да закажат за во колку часот да дојделе а ако било нешто околу каблите на наш трошок ќе било нивното доаѓање.
    Епа што да кажам баш да видам како ли ќе го притискате кабелот кога ќе дојдете,која ли магија на притискање ќе биде тоа?????
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.