Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.765
    Најлошо е кога другарка ќе те наседни... Кога ќе те накриви и ќе те направи л*јно во очите на нејзините родители само за да си ги оплакни гнасотиите... Немам коментар а и ни идеја како да се справам со ова... Кога тогаш вистината ќе излези, и кој после ќе е крив?
     
    На Miss.Ricci и baguf4e им се допаѓа ова.
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Не е тоа најлошо. Тоа е добро, затоашто доби шанса да видиш што другарка си имала до тебе.
    И јас поминав низ истото, само што ова беше говедо, мушки род. Барем дознав што човек сум сметала за близок толку време.
    Има уште полоши работи од ова, верувај ми дека со тек на време ќе сватиш дека ништо лошо не те снашло.
     
    На angel92 и Nightwalker им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ова ми се има случено со неколку другарки. За да се оправдаат себеси ме накривувале мене, еве и ден денес нивните родители ме гледаат накриво, како лош пример за нивната "совршена" ќеркичка. Но по еден разговор со мајка ми, сватив, што има да се невирам. Они се будали што наоколу како пауни се шират мислејќи дека нивната ќерка е цвеќе, додека сите луѓе од страна знаат за какво суштество станва збор. Ма чао! :D
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Денов ми е посебен.
    Посебен ми е мирисот во домот, мирис на омекнувач помешан со колачиња кои што се печат во рерната, магично е!
    Магично ми е и расположението на сите дома, убави зборови кружат цело утро и веќе попладне, енергијата носи насмевки.
    Денеска повторно го сфаќам значењето на зборот „дом“. Топло ми е пријатно. Многу..

    И ми се чини секоја обврска ја завршувам со задоволство. А, останаа уште многу однапред испланирани работи кои чекаат реализација.
    Животе, мил си ми.. во последно време. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=Zz-DJr1Q ... ture=share

    :hai:
     
    На L-enna и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Знам дека ми е втор пост денеска во темава, но и последен за денес.
    Сакам да кажам дека видеово ме наежи и посакувам секојдневната реалност да е ваква.

    Направете добро дело за да ви се врати со добро.
    Животот е поубав со подарена насмевка и подадена рака. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=nwAYpLVyeFU.
     
    На esperanca, bittersweet, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.012
    Допаѓања:
    81.348
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека бројот на мислењата ми е палиндром!

    Program palindrom;
    var iskaz: boolean;
    .
    .
    .
    Writeln('palindrom e zimi ocive');
    Readln;
    END.

    Е готово, ме уби Паскалов! :D
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК од вчера некои деца се јавуват на мобилниот и само ало,ало и кикотење |(
    Па што е толку интересно незнам?Па паметни они од непознат број се јавуват :@
    Само да се јават уште еднаш....Ќе видат они :devil: :devil: :devil:
     
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум најсебично, најдрско суштество. Упорно го повредувам, со глупави зборови, а тој на се‘ преќутува и се прави како ништо да не било! ...Добро бе, до кога? :devil:
    Сум го нашла, па ме трпи!
    Неможам да му речам: “Добро, срце, во право си!“ пошто тоа ќе ми биде милионити пат како го викам тоа!
    Секогаш е во право, а јас твдоглава, сум се заштитила на секаков можен начин од сите, па дури и од него!
    Ама и оправдано до негде...ме повредиле, а и тој ме повредил...многу!
    Ај чао! :hai:
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Ми се патува. Некаде, секаде.
    Допир со непознато, поглед со чудење, воодушевување.
    Ах..
     
    На Chocoholic, Cacy, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Док некоме не је*еш матер, не свача те озбилно. |(
    И сакам да кажам.. ДОСТА ВЕЌЕ БЕА ПОЛНЕЖИТЕ ПОЛНИ СО НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА!
    И не се дерам, само пробувам да објаснам со појака емоција. :wasntme:
    Озбилно, ај малце музика, подготовка за нова година. :angel:
    http://www.youtube.com/watch?v=tOmo5Xas0c0
     
  11. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    САМО :!:
    Сакам да кажам
    Марија меси кифлиња
    САМО ШТО ГИ ИЗВАЈ ОД РЕРНА... :lol: (лалалалалла)
    Напнав со песнавааа :tmi: 8)
    ај идам ја да учам цел бикенд неам фатено книгаа ;(
    А иам тест утре :!:
    Имајте убав ден ;) :*
     
  12. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    СДК дека е прекрасно чувството кога правиш вистинска пауза од учење :)
    И ќе ми биде кратка да ми е уште послатка :)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.368
    Сдк дека уште не можам да се помирам со фактот дека вчера на канал 5 ударна вест беше турската серија за султанот,као била екстра,а на сител за штипскиот групњак,па дури и имаа и репортер во Штип...
    У-ШТЕ!
    Македонско новинарство! МЊА!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сум станала многу ладнокрвна и безчувствителна,без осет за љубов и тија таквите лигавења што одат у пакет со љубов.
    Абе седам со братучедка ми и таа збори на телефон со дечко и и само се лигават..
    Разговорот течеше вака:
    -Злато што правиш?
    -Кога стана?
    -Ми фалиш многу.
    -Срценце мое многу те сакам.

    И после ми раскажуваше како си поминале вчера..што и кажал,како ја бакнал и како ја гушнал..
    :o
    Јас неможам да памтам што ми кажал,како ме бакнал и зошто и како ...
    Ако ме мене праша,. јас незнам ни во кој ден и во колку час сме се виделе, а не да сеќавам што ми рекол и како ме бакнал...
    help me God :x
    Jас слушам и се чудам.Колку само патетично ми звучеше.Лигаво.Досадно.
    |-)

    Абе до мене ли е луѓе?
    Се чудам како можат да се лигават толку,.нормални ли се или јас сум ненормална? :^)
    Нема врска јас сигурно сум во некој период кога ми е само до забава и заебанција.
    Моментално од дното на душата мразам такви патетики и лигавења...
    :puke:
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Марама, нека ти е вечна славата! :*
    Не за друго, вечер сум кај љубовта на слава, може после тоа да се продужи кај тебе,а? :P
    Пошто нели она познатото „на слава не се кани“.
    Кога сме кај оваа фраза, па види многу е невкусно дека ако не се кани, должен си да ги пуштиш сите да влезат, да пијат, да јадат. Ооооох колку луѓе знам, што идат по слави само да локаат и да ждерат, па после не можат да станат да си отидат. Ама ај, еднаш во годината е домашна слава, нели, па ќе се трпи све! Малце ми е па мене глупо тоа, случајно дечко ми го прашале као демек нели ти е слава сега во недела, и следи: „Ааааа ќе се дојде, ох ох ох, што ќе биде!“ Е што ќе биде бре, што? Ми идат на живци луѓево искрено... ]:)



    Но нема да го полнам мислењево со негативна енергија, још некој саат, па ќе се припремам, и иако ми е малце незгодно вака како прва слава кај дечко ми, ќе се обидам да немам толкав срам. Абе јас многу дружељубива девојка, скарана со срамот, ама ко ќе отидам кај него нешт бе ме тера бе да се срамам, дали од поштовање и сл. Тууу, останало нешто срамежливо и во мене! :D


    Убав ден, и секако ако сте вечер или утре на слава, не пропуштајте да појдете таму со празен стомак, а да се вратите со пивски, и со поооооголема доза на алкохол во крвта.
    И тука следува нели као после мааало пијанство, она: „EJ СРЦКА MWA, ЈЕЕЕЕЈ МОЈАТА ПЕСНА!!!!“ :rofl: Ама жими се, многу песни се мои, и себично не му ги давам на златото, и ме заебава бе, па се нервирам, НЕ :!: моја песна е тоа и тачка.

    Ај чуууууууууус! :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк убијте ме ама јас не сакам снег |-) Арно е и ваака, не треба..
     
    На baguf4e, la-chicka, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК ...си ја средив собата,не дека не ми беше средена ама сега е гланц 8)
    И СДК од досада се ставив на фб во врска,и сега честитки честитки колку сакаш :lol:
    Кај и да е за една недела ќе си се стаам сингл :rofl:
    Дете шо сакаш само глупости ќе прави :D
     
  18. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ми фали Дедо Мраз ! :tmi: :(
    Оној од градинката, кога носеше пакетчиња некаде околу 25ти, доваѓаше уморен па најпрво влегуваше во канцеларијата на наставничките, а тие послушно го оставаа насамо да се одмори. :wasntme:
    Ќе почнеше да ѕвони со ѕвончето и да се наближува накај занималната толку страшно што сите шприиинт брзо внатре на столчињата. Секој знаеше песничка, гатанка, стихотворба а јас ја терав една роднина да ми ги чита сите податоци за него во новогодишните списанија па така сега имав прилика да му лупам прашања лично нему.Како е во Лапонија, оздравел ли од лани најмалечкиот ирвас :^) и слични збунки, ама верувајте тој толку реално зборуваше што за миг не се посомневав дека тоа е измислица :(

    Моите мораа да се согласат дека овој му е помошник на главниот Дедо Мраз затоа што одбивав да прифатам дека не е вистински. Тоа за мене беше цела фабрика со еден главен Дедо Мраз, а сите други помошници кои работат во фото студио и се преправаат како луѓе за на н.г да ни донесат подароци. :)

    Сега ми текнува сите мисли, сите чувства, исчекувањето, стравот да седнам во неговиот скут а сепак храброста да покажам дека можам, дека не се плашам, дека не сум мало бебенце... аххх сакам пакетче за нова. не пари ! :!: :D

    [​IMG]
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Искрено СДК ми е замрен некако, ми фалат одредени личности со нивни постови, ми фали некоја енергија, креативност. Нешто да го радздрма вистински.
     
    На FBI и pink4ever им се допаѓа ова.
  20. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    91
    Зошто нема еден викенд кога немам за учење?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.