Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ах, ај тоа, ама и останатите по малце :D секој на свој оригинален начин, затоа времево и тоа откачи, џабе не е јуни ладно, ќе биде да ја поминеме зимата со кратки :D Се отворила земјата, нели некаде имаше напишано по нетов, па ќе се отвори, кога ја уништија.Секоја чест за протестите во Турција, а кај нас, што има врска, дрва има во државава колку сака човек, дури и може биле вишок, па затоа ги потскратиле. Ајде тоа, па и луѓето меѓу себе очи ќе си извадат, расчистувајки сметки, а сметајки дека за истите се достојни, секако мора за се што се случува, на друг да пресудат.И згора на тоа, па едни меѓу други наводни пријатели или сл., секако пред очите на другите, а зад грб, сосем трето.А кога се помага на други, нели хуманост, се помага со корист, „ ќе ти помогнам, ама очекувам и да ми помогнеш“ . Секако не би било фино, ако нели не го потенцираат истото.Не е хуманост да се помогне некому, очекувајки возврат за истото.Треба да е од душа, а не со задни намери, некакви математики.И ред други работи...
    Затоа, ќе се промени земјава, наместо да е топло сега, ќе биде подоцна, некаде таму на крајот од годината.
    Само џабе е се, ако човек не се промени себе си, за потоа да се променат нештата.
     
    На ViktorijaMari и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Сум пуштила некоја зен музика, се трудам да пијам чај со ѓумбир,отворен прозор, капат стреиве,воздухов тро леплив.Кај и да е ќе се осетам ко лик на Мураками,само да не ме здене некоја шизофренија,пошто му е омилена.
    Ама у Кјото сум,у случај некој да ме бара.
    И ми текна на песнево...Ако отидам на Napalm love, готово, та-та мозоче!
    http://www.youtube.com/watch?v=XUjAtYQkFm8
    Сега се осеќам како од култната сцена од Американ Бјути, само што паѓа врз мене суши...ор самтинг. :D
    А тоа што пиев кока кола и јадев гиро пред малку...се вкупно ова се вика глобализација дами и господо! Сега уште да се создаде океан, место улицана надвор и гола да одлепршам во него...
    У све ова ми фали само да го замислам него како седи под сенка, пие пиво и пуши цигара и ми вика Лилит, не ти го сфаќам ова со природата... изводиш, дојди ваму,дојди ...и НИКАД да не дојдам да седнам под палмина сенка,туку да отпливам на спротивната страна! И после оди некоја песна од Радиохед,заглавува на дел ју ар крејзи,ју ар крејзи,он оди бос по плажа со гитара на рамо ко штурец и си оди дома,да,за да вечера мирно...и толку.

    Каша сум денес, каша. Од зен, до Air до Radiohead. Уште пица сендвич со ќебапи во него ми фали и готово, наредена сум. Тоа значи дека влагам во креативен период,кој ако не го канализирам ќе биде лоооо-шооооо... :D
    Уште ме вика другарка ми да го гледаме 500 дејс оф самр. Уф уште тоа ми фали, да се растопам од муки со мукичиња.
     
    На teddybear, Hipster, Trnche и 2 други им се допаѓа ова.
  3. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    СДК......Колку е убаво чувството кога е веќе крај на учебната година кога знаеш дека летото е веќе на прагот.....Но во сета добра работа има и лошо |( Утре биологија потврдување на 5ките ах бреее (добро не ми е чудно , плавуша ми е наставничката , затоа) Како и да ќе помине и утре , ќе си ја потврдам 5ката ќе види таа :devil: (не ми е гајле што не ме сака) .

    Многу ми е мило што има луѓе кои наместо ташни , тефтери и светкави пенкала за успех или освоено место на државни натпревари доделуваат книги, навистина го ценам тоа.Ќе си имам занимација преку лето , ќе си читкам :$ . Имајте сите убав ден :*
     
    На Umbrella22, BlackPiano и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Успеав да земам упати од специјалисти без сини картони.Или лекарите се под блага доза,или мојот шарм се подигнал до плафон [​IMG].Инаку ако немате сини картони не важи веќе она ,ќе платам па ќе донесам картони,или да оставам лична карта...
    Или пак сестрата ме излажа,дека не можело веќе така и можеби на неа не делува шармот мој.
    Како и да е.
    Денов цреша.Ги избрав најубавите на пазарот,иако за 80 денари килограм се препотив малку ама плунката во устата не ме остави да поминам ладно покрај нив.И што да кажам,оргазам не им е рамен.

    Мислам дека ич не сум си арна луѓе.Ова да ти било прагот на климактериумот.Чудна и необјаснива сум.Нервозна и на моменти испотена како да сум трчала,наутро ми требаат 30 минути да бидам во возно стање.Попрво ќе запали колата на комшијата отколку јас да се размрдам. Кога сум веќе кај него,ви спомнав ли дека упорно доаѓа да бара цигари на заем,а јас не пушам,алати со некои чудни имиња,а јас освем за штрафцигер и фазометар не знам за други.
    Утре ќе го потрошам денот во главниот ни град,што по лекари,што во бесцелно одење.
    Малку страв малку разонода.
    Ви спомнав дека ме мрзи да готвам?Не?Е па ме мрзи.Само како да му го објаснам ова на маж ми.Морам нешто да смислам [​IMG]
     
    На bittersweet, Moira, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... не е воопшто лесно да си припадник на женскиот пол. :|
     
    На Dobie, tessie, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    СДК во сабота ни е веридбата едвај чекам да дојдее
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Се молат сите кои што имаат вишок сон да го префрлат накај мене. Не барам многу, по еден час од секој, па и пола ќе ми заврши работа. Не сакам да сум наспиена, само да не ми паѓаат очите и да не ме боли главата. И некако да ги издржам уште овие 3 дена. Скромна сум, нели?

    П.С. Вака чекајќи го 8-ми се чувствувам ко матурантка. Епа генерацијо, научивте ли? Јас еве сега есејот ќе го мислам :lol:
    П.П.С Мона нека ви е со среќа, и јас едвај чекам да ви дојде веридбата :)
     
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.054
    Потполно се согласувам со тебе Горде,и потполно сум свесна дека јас тоа сама неможам да го сменам, но и кој и да е сам неможе.
    Затоа треба да проработи свеста кај секоја поединка.Желно е што сите тргнуват со мисла дека сами неможат да го променат овој свет.
    Секој прави како што му прават ,што е тотално погрешно според мене.
    Il mondo va in contrario,што би рекле италијанците.
    Но ај да не забегувам муабетот ми беше друг.
    Дека сепак ние обичните граѓани сме секогогаш тие што го јадат најдебелиот стап,а гореспоменатите или врскосаните без ни малку грижа на совест продолжуват и тоа малку што остана добро да го уништуват.
    Тие го ствараат револтот кај луѓето,сигурно да ни е се подмачкано или ајде барем приближно да е намачкано нема овој народ се се понаша така дибилски,ќе си свирка и ќе си работи .А вака со ова криза и намаштија на човек може секакви идеи и глупости да му пројдат низ глава,па почнуват да се појавуват завист омрази и.т н.
    Како велат старите кога има и волкот најаден и овците на број.
    Некој ќе рече не е до тоа човек како си е створен така ке си прави демек финансите не играт никаква улога.Да така е парите и според мене се небитни ,но мирниот живот и те како ми е битен а верувам и на повеќето.Кога фамилијата и децата не им се гладни,да се води еден нормален живот мислам дека до толку луѓето не би биле огорчени а вака еден на друг очите си ги вадат.
    Ама па и човечко око ненаситно ја знаеш ли ,е тоа е веќе друга приказна.
    Е таквите ненаситни читај пак врскосаните го водат светот во пропас,а ние обичните демек „тетовираните „ ќе се надеваме на подобро утре со надеж да им дојде умот на овие друѓиве да не не третират буквално како овци :) .
    И то горде ногу се замуабетив :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Да, те разбрав, затоа и зборам, но за да има промена, некој мора да почне од некаде.Сите знаат дека е така, па дури и тие кои ги спомна, а никој ништо не прави.Не може, знаат и ништо не менуваат, па си продолжуваат по старо.Никакво фајде нема да се замижува пред реалноста.
    Па поради тоа што секој така прави, како што нему му прават, затоа се сите проблеми.
    Сето она кое го кажав, е од она што слушам.Некои се жалат, некој не бил човек спрема нив, а истите тие не се човечни спрема други луѓе.И така, во круг.
    И како што можам да забележам, целта е кој, кого да уништи на најдобар начин, без разлика за што и да се работи.
    А свесност, човек кој е свесен, нема да си дозволи да уништува други.
     
    На vinozito1 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Времево ме прави да се чувствувам мрзеливо :yawn: . Ме мрзи да јадам, ме мрзи да гледам филм, ме мрзи да шетам, ме мрзи да ја зачистам собата :tmi: Времево ме турка во блага депресија. Добро де, знам дека влегувам во ран ПМС :lol:
    Сум ви кажала дека ме нервираат луѓе кои носот го пикаат секаде, а особено каде што не им е местото? Те прашуваат прашања што и ти сам на некои не им го знаеш одговорот. :^) Не дека се комплицирани прашањата, туку дека се небитни. Наместо тие да се чувствуваат глупаво кога те прашуваат, тебе ти е незгодно што ги слушаш. |(
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Кога седиш 8 саати над книга , а не си научил ни две дефиниции :!: Знаааачи подобро да излезев барем надвор некаде на сонце, убаво е временцево ... Ќе си лежев во тревата, малку да впиев малку витаминче Д, со пивце.. милина.. А јас, учам демек |( Не ме бива мене за учење на време беее, кога ќе дојде јајцето на гз тогаш се разучувам како ненормална .. Излегувам да свртам еден круг, да ми се разбистри главава малку ..
     
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    :!: :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.218
    Допаѓања:
    139.927
    Многу ми е убаво!
    Рокови од сите страни, мислам дека ќе се мрднам, ама како функционирам под притисок...
    Да можев да сум ваква цело време чуда ќе правев! Змеј! (читај: аждаја :D )
     
    На bittersweet, Annath, Trnche и 7 други им се допаѓа ова.
  14. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Што да кажам главна расправија на форуми која е авторката на колумната.
    Смешно но вистинито,да признаеме :$
    http://m.on.net.mk/kolumna/fmp/imame-28 ... i-3-meseci
    Мислам дека нема смисла да се крие и толку во мисла да ги става нема да можат да спијат ;)
     
    На MacenceEna, pamelche и COollLady им се допаѓа ова.
  15. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Девојче 13 евентуално (14) години...си пробува со мајка и,чевлички и јас го слушам муабетов додека чекам и сега таа вели ...ниски ми се...ау балетанки?што ,нема шанси јас да одам во балетанки? не не дај ми други !
    се вртам :?: :^) :o што ? на 13 години овие ти се ниски?ау ..пази молим те


    А прееска сестра ми 13 годишна ми се жали како на телевизија и го пуштиле покасно 15 минути том и џери :) тоа е разликата во домашното воспитување и контрола. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На vw-girl, Serafima, Foreveryoungiwannabe и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК она кога си болничка и лежиш и сите околе тебе а ти така жални фацички си правиш и си се жалиш самата на себе :(
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.148
    Пол:
    Женски
    Сдк си ја закажавме свадбата со ханито :inlove: :l:
     
    На The-Queen, Serafima, ana-girl и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Познато е дека љубовта ги менува луѓето, така и таа се смени. Се покаја за се што сторила во минатото, и сега живееше само за иднината во која ке се труди само за него. Таа направи се. И докажа колку се кае, колку всушност го сака, и свати колку тој вреди. Тој и прости, па нели секој човек заслужува втора шанса? Ја прегрна силно полна со надеж дека овој пат се ке биде поразлично. Не погреши. Ја донесе вистинската одлука. Таа навистина се смени. Сега во нејзините очи постоеше само онаа мало момче кое го остави зад себе, оние з кафеави очи што ги расплака, и тоа невино срце кое го распарчи. Беа среќни, создадени еден за друг. Стоеја гордо пред сите. Додека некои им се исмејуваа, тие цврсто се држеа за рака.
    А додека него го нарекуваа ,папучар’ тој само се насмевнуваше и велеше гордо дека ја сака. Се караа често, си префрлуваа за грешките од минатото. Но тие спомени кои ја мачеа, таа ги спакува во куфер и ги фрли во дното на срцето. Но колку и да се караа, љубовта никогаш не згаснуваше во нивните срца. Тие неможеа еден без друг. Таа неможеше без него, неможеше без шегите кои тој ги правеше секој ден за да ја гледа својата сакана насмеана. Тој неможеше без тие зелени очи и таа долга црна коса со мирис на лавана кој го опиваше.
    Како годините минуваа, љубовта се повеќе растеше меѓу нив. Им ги исполнуваше срцата со топлина под која и двајцата се засолнија и најдоа мир еден покрај друг.
    За ваква љубов човек вреди да пишува. За ваква љубов се раскажува. Љубов која вечно ке живее и која никогаш нема да исчезне.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Откуп на земјоделски култури во Македонија.
    Шта речи? |(

    Се прашувам, зошто, зошто од сите визби, од сите компании кои откупуваат вакви работи, не се најде еден единствен човек на чело кој е нормален, кој не е коцкар, кој не е лажов, кој има осет, кој знае дека многу семејства зависат од тоа?
    Министриве, газенцето подалеку од Скопје 2014, на ха хааа..!

    Не знам вие дали знаете, ама овде, во Тиквешијава, една винарска визба им должи 600.000 евра на граѓаните.
    Дури, значи дури ни одговорните, оние на врвот, со прстенцето мамино не мрднаа, половина од сумата да им се исплати.
    Знаете ли (во случајов) колку грозје е тоа?
    Знаете ли колку мака е, колку труд е, колку ТРОШОК е една кутија отров, колку пече кожата по сонцено во жештините, колку тежат очите во пет сабајле, по ладот кога се оди да се работи?
    Колку чини тоа, знаете ли? НЕМА ЦЕНА, БЕСЦЕНЕТО Е! Освен парите, и почит им должите на луѓето, неписмени едни.
    Само вие менувајте си закони за концесии, закони за ова, закони за ова, да ве закопаат во тие парите, ги изедовте ли, ги испивте ли, ги дадовте ли на курви, каде се парите бе, каде се?!

    Izvinete za latinicava.

    П.С. Не ми се влегува во црквине, не сум верник во политика.
    Христијанството на друго место...ќе го бараме...
     
    На Monna.Monna, ines.h, Trnche и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Не е мудрување, не е ни филозофирање, не е срцепарателен пост ниту фалбаџиски :D
    Малку да се насмееме со римава што настана за секунда, а ја опишува нашата форумска ситуација од почетокот па се до ден денешен. :) (да внесеме малку шаренило во темава)

    Нејзин заштитен знак - розева боја
    можеш да црпиш информација која
    ќе ти помогне да сфатиш дека
    не си сам и има некој што те "чека".
    Феминско катче со девојки јато
    но можеш да сретнеш и по некој бато.
    Дневник личен може да ти стане
    а нејзиното секојдневно конзумирање да не престане.
    Лош ден, лоша среќа
    совети и поддршка една вреќа!
    Успех и среќа споделени
    огромен број честитки доделени.
    Уште многу работи форумов наш го красат
    да не дозволиме тролови да ни го гнасат!
    И така настана оваа рима за час
    се надевам ви измамив насмевка на сите ВАС. ;)
     
    На Serafima, Someonespecial, Dobie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.