Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Читам сите сте ги наредиле оценките 5ки :clap: а јас ? |( сите 5ки и 3 четворки :| си се надевам дека ќе ми попраат некако на совет,ама пак не сум јас крива се си научив денеска требаше да одговарам по тие 3 предмети и баш тие часови ги губев :@ и така,цел ден во трчање ми беше,бевме по поклон за класниот па не најдовме па на друго место се изнашетав :| дојдов дома пробав да заспијам ама ништо гости ми дојдоа и ај сеа спиј :| многу мразам кога ќе дојдат ненајавени, што ако бев сама дома,со мене сами ќе си седеа :fubar: и така денес последен ден во школо,утре само ќе појдеме колку да се видиме и така, на класниот му купивме многу убав поклон,прибор за рибарење,дека рибар ни е 8) се надевам ќе му се допадне, а и многу убаво ни го завиткаа,кај мене дома е неможам да му се нагледам :D :wasntme:
     
    На Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Воопшто немој да се грижиш , имаш голема шанса , некој 70% , да ти се падне добар професор да те чува (како на мене) и препишите све и положите

    Се разбира тука се и другите 30% да ти се падне некоја аждаја и да не препишеш ништо , паднеш , те избркаат од дома.


    Али можеш ти , јас иако не те познавам верувам дека ќе успееш , ти си силна девојка и можеш секој предизвик да го поминеш , во спротивно ќе ми ставаш повеќе кечап и мајонез на помфритот :!:
     
    На Someonespecial, Bright, Ann.94 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Има многу причини зошто сакам стари книги. Вистински, тешки, прашливи, книги кои меѓу кориците го сочувале мирисот на времето.

    Една од најважните ми е тоа што никогаш не знаеш што можеш да најдеш меѓу страниците - љубовни писма, пораки, пресувано цвеќе, сочуван спомен.

    И денес пак се изненадив.

    Ја барам Странецот меѓу другите книги кои ги пронајдовме пред некое време во подрумот...ја наоѓам.
    И во неа, меѓу страниците, солидна анализа на ликовите и апсурдот, нечиј средношколски есеј.
    Подобар подарок не сум добила за матурава :D

    Којзнае чиј е тој ракопис, но мене во моментов и тоа како ме израдува.

    Како да знаел некој дека немам време втор пат да ја читам и анализирам. По којзнае кој пат се покажа - книгата ќе те најде тебе кога ќе треба.

    Колку само сакам случајности :D
     
    На Ana.Jones, Foreveryoungiwannabe, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    Веќе чувстувам дека станувам се позрела, поодговорна како за себе, така и за тие што ми значат!
    Решив да бидам онаква каква што заслужуваат оние кои ме сакаат, да не ги лутам за безначајни работи и да бидам своја. Животот гази напред и е неизвесно до последен момент. Сакам да уживам, сакам да уживам и со оваа болка, празнина како ли да ја наречам што ме гони скоро 4 години. Тешка болка која ми буди животни спомени, безгрижност и мали животни лекции! Навистина сакам да се соочам со тоа...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Која професија во Македонија е реално платена ?...онолку колку вреди и онолку колку што си е одговорна самата работа по себе- реално ...Ни една
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ангелче наше, не требаше вака.. За пет дена ти беше роденден, ќе те изненадевме, ќе се смеевме сите заедно. А веќе никогаш нема да ја видиме твојата насмевка. И недостасуваш, уште сега. Не пече и боли сите подеднакво. И нас што те познававме, но и оние што не те познаваа. А твоите родители? Што да кажат тие кутрите? Изгубија совшренство, ученик на генерација, иден стипендист, поетеса, математичарка, врвна одбојкарка, најдобра пријателка, ќерка која секој би сакал да ја има.. Боже зошто? Зошто само добрите? Зошто ни ја зеде, па како понатаму без неа? Како на тренинг, како низ градот, како? Како ќе живееме? Таа имаше само 14 години, само толку. Не доживеа ни 15тката да ја дувне со чоколадна торта и голема прослава. Ангелче наше, како без тебе? И сеуште не верувам. Мислам се е сон, ќе мине. Лажна тревога, сеуште се бориш. А не можеше.. Загина поради болните фрустрациите на авганистанец со bmw. Вреди ли таа машина повеќе од тебе? Врати ни се, Дори... Врати се и насмевни ни се како и порано. Херој си наш, шампион. Те чека клубот, те чекаат професорите, средношколските клупи, твоите дома, те чека и несудената љубов. Не не мачи вака. Спушти се долу, да смечираме заедно, да ти ја местам топката, да лудуваме. Дори, не не оставај вака тажни. Те сакаме.
    -Точно е, додека не изгубиш нешто, не си комплетно свесен за неговата вредност.
    Врати ни се мила или барем земи не со тебе.. ;(
     
    На Izaabella, Bozica1980, crazylady и 39 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке ми текне колку далеку треба утре да отидам-само за да доставам една апликација-која се состои од 3 листа хартија :x а пред тоа треба да се принта :puke: на генијалциве им текнало на протест да сме оделе-нормални ли се :fubar: пред да тргнам од домче, малку винце-во случај на некој да му удрам еден нокаут ке се правдам дека сум била потпивната :rofl: се надевам дека ке ми поверуваат :!: :D кога ке почнам да се смеам ко забегана сакаат-нејкат ке поверуваат :D :wasntme:
     
  8. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.975
    Обожавам духовна аристократија...
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    И јас ќе полагам матура во Сабота..
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Некогаш те гаѓа кога некои луѓе мислат дека пиеш нафта кога ти раскажуваат приказни кои имаат или немаат врска со тебе, па манипулираат, па лажат... Ама почесто е шах мат позиција и те радува.
    Често пронаоѓам добрина во луѓе кои се трчи лажи, склони кон оговарања( до душа ги хејтам и се чувам од нив,ама ги гледаш со некоја наивна слика,смешна, детска...такви си се, колку што ќе изоговараат, толку ќе си ја кажат и вистината за себе...), него ли у такви кои цело време се трудат да го прикажат спротивното,а понираат со злоба,лага и манипулација.
    Како се спремам утре да подберам една личност... не можам да се објаснам... Манипулативна кучка.
    Лаже,лаже,лаже... и лаже,лаже,лаже... и од еднаш тебе те става во своите лаги... И си викаш,ааа секо, прекардаши, дојди да ти објаснам јас тебе каде си,па така фино има да ја одлепршам.
    Факт е, колку што ме лажат, толку лесно читам,ама па и често дозволувам да се убедени дека успеале... ако не чувствувам потреба да им го збрчам, ќе го ќутам уз мезење сеир...ама кога ме доведува во ситуација да се испере со мене, пи*ка ти матер,не ми глуми болен мајмун за бога милога!!!
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Девојки мили убави, вработени немажени, мажени со платичка на крај на месец, штедите ли? Тргате ли бар илјадарка за убави денови пред вас? Не? Епа почнете :!:
    Колку од нас сме правеле пресметки на испушените цигари на нашите родители за на крај да дојдеме до фрустрирачки податок дека тие пари и те како добро би ни дошле, веројатно би решиле некој голем проблем, а тие така себично ги испафкале...
    Како приказната кога разговарале пушач и непушач и едниот му пресметува на другиот дека за 30 год. фрлил пари за цигари колку што кошта еден нов убав автомобил. И пушачот го прашува -А ти пушиш? -Не. -Па кај ти е автомобилот? Е каде е де...
    Каде ги даваме ние парите за цигари, на скапи пудри, парталчиња, па макар и на книги. Ако си со скромни примања оди во библиотека, купи поевтина козметика, не се замарај многу со мода и сл. лажачки...биди и ти скромна. Оти еден ден...ај да не ве плашам пред спиење.
    Добра ноќ, убави сништа :D
     
    На kravce, Foreveryoungiwannabe, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не знам колку пати до сега реков "се откажувам" ама не се откажав. Продолжив.
    Не знам колку пати до сега увидов дека со сила убавина не бива. Трпев.
    Не знам колку уште порази морам да издржам. Болат.
    Сега знам дека веќе е доволно, одбивам повеќе. Ми треба одмор, одмор од животот за да преживеам!
    Можеби ќе успеам да си ја вратам волјата.
    Можеби нешто ќе променам.
    Можеби едноставно мирно ќе дишам.
    ...само нека е на добро.
     
    На Westlife, Moira, Rubiii и 2 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Еднаш ќе се реши сестра ми да зачисти низ дома по своја волја, и од сите можни работи, ѝ дошло до мојот бамбус на кој му ја сменила водата! Уште па и ми се фали: Денес бев многу вредна, на бамбусот твој му ја сменив водата. (и ми стои насмеана, небаре чека чоколтце да ѝ дадам)

    :o
    - А бре на бамбус не му се менува вода, само му се додава! Вазната му е како саксија!
    Башка што во водата имав ставано хранливи материи за поубаво да расте...
    Едно растение имам на задолжение, и тоа ако ми умре - срам да ми е.

    Туку, дома војна водиме околу преуредувањето на дневната.
    Женска доминација имаме, ама и татко ми не попушта... Не сака да чуе за друга боја на ѕидовите освен бела, а за тапети да не зборуваме. И само инает ми тера за фотелјата - јас ќе ја наместам право, тој ќе ја намести накриво, за да можел полесно да проаѓа кон трпезаријата. Па почнува да вика по сите: Ова не е салон за намештај!!

    Патем, сакам летово да го поминам во возикање на вакво комбенце на кое ќе му нацртам цветчиња!
    [​IMG]
     
    На ilipili, kravce, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  14. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...
    Зборовите печат, зборовите го кинат срцето кога се искажани од блиска личност. Тие цел живот остануваат врежани во нашето срце. И кога ТАА, единствената што ја знае целата вистина, ја прикрие, без збор те погледне со жал и замине, тогаш погледот повеќе боли од зборовите. Тоа беше крај на нашето пријателство што го градевме со години. Сите тајни во мене ќе бидат скриени, но немам повторно сили да ти помагам. Не знаеш да цениш. Извини :!:
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    После долго време конечно можам мирно да дишам без товарот на грб, врека од неколку луге што веке долго време сакам да ги оттргнам од мојот живот ама се некако одолговлекував.
    И нема вртење одоколу, нема лице правење, наједноставно и најлесно е извини не ми одговараш веќе и точка. Подобро да се разделиме овде пријателски отколку да се скараме.

    Уххх која чистка во животот сум ја направила. Од фб избришав двајца, од скајп една другарка, на тројца отворено им кажав у лице дека некако дружбата не е тоа што беше. Нема што да губиме енергија веке еден за друг. Сега во животот има место и време за новите пријателства :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Прашањето за милион денари ...иии...точен одговор :)
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ..Дека преубаво си поминав на полуматура !!
    Неможеше подобро да биде,неможеше !!! :D
     
    На Dobie и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мислев, многу работи зависат од тие околу мене, ама гадно сум грешела. Се зависи од мене, буквално се! Да зависеше нешто од некој друг, немаше овој живот да ми е доделен мене, бидејќи нели сите како единки живееме, а тоа има некоја цел, за се што правиме да ни се враќа,секој успех секој неуспех, се што имаме и немаме, се е наше бидејќи овој живот е наш! Твој! Не го живееш ни за други ни поради други.

    И велам, сите се коректни, кај и да се свртиш сите тврдат дека туѓи срања не ги интересираат, дека си имаат свој живот, а кога ќе видиш тие се оние кои први трачарат и јадат г*мна за секоја нова дешавка, осудуваат и измислуваат згора на тоа плус.

    Ме нервираат луѓе што упорно тврдат дека се коректни,добри, искрени. Тоа се покажува, не се брбори, бидејќи со првиот збор Јас сум веќе ништо не си од тоа што планираш да го кажеш. И нема ни да бидеш!
     
    На ilipili, Someonespecial, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Нема побаво чуство од чуството дека некому си му важен...Некогаш не можам да поверувам дека од другарството создадовме семјство...Можам гордо да кажам дека имам другарки кои се повеќе од сестри,можам и слободно да кажам дека сум една од ретките среќнички...Знаете другарството не е да имаш некој со кој ќе излезеш ќе пиеш кафе па и добро ке се испијаниш :) Последниве неколку месеци доживеав толку многу работи со нив ми дадоа помош поддршка па дури и матријална...и јас нив...Не знете какво е чувството кога знаеш дека секогаш имаш некој кој може да ти помогне да те подтурни во овој свет каде се убиваат брат со брат...Солзи ми течат кога ке помислам колку сум среќна што ги имам...
    СДК : Му благодарам на господ што ме опкружил со вакви луѓе...
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    На thelittle17, FridaKahlo, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.