[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Сите се радуваат дека и официјално им почнува летото и дека завршила школската година за нив. Епа баш ви завидувам да знаете :lol:
    Моето тек почнува...посакајте ми среќа за утре - многу ќе ми треба.
    Сепак мислам дека ќе биде се како што треба.
    Имајте убав ден, заминав јас да учам :(
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Почна распустот, мислам за мене одамна беше почнам ама сега е официјално! :party:
    Си ги симнав My fat diary, Skins и supernatural има сите сезони да ги изгледам... 8)
    Една кофа сладолед, ладна вода, кратки панталони и рамбовка и летото почнува!!!!!!!!!!
    Крај, вејќе ми е сеедно, од дома нема да излезам.
    Сакам да си останам бела. :mm:
     
    На Someonespecial и axl-babe им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Аман од овие пролетно-летниве шодасевише алергии шо не ме прескокнуваат ни една година. И клепките ме чешаат више. :@
    Среќа не одам на работа па ќе си изигравам мајмун по дома. :D
     
  4. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    ПМС - страшна работа е ... на секоја песна плачам , на секој збор од моите плачам ... за се и свашта плачам ... и не зборувам ништо по дома ... моите се утепаа шо ми било па шо ми било ... ПМС бре луге ..
    Офффффф ......... :envy:
     
  5. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    СДК

    и
    !!!
     

    Прикачени фајлови:

  6. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Три моменти
    1. не знам дали е паметно на секаков вид граѓанска акција,а контра некоја појава, закон, амандман и сл. да се биде приклучен и гласно да се говори и да се брани или напаѓа истото. При тоа правејки се експерт за сите области
    2. Од друга страна пак, не знам ни дали е паметно да се остане рамнодушен на се.Никаква граѓанска иницијатива за ништо.Дури и за теми што лично те засегаат.
    Дали тоа не прави летаргични, назаинтересирани, дури и неодговорни?
    3. Можеби пак немаме ништо паметно да кажеме па затоа не се впуштуваме во дискусии???
    Дали сме со предрасуди и стереотипи и однапред со став за нешто што не сме го рационализирале и искусиле?
    Дали сме тоталка кул и баш не заболе за се околу нас?
    Колку е паметно да си гласен и јасен за своите ставови и мислења, а колку е паметно да си молчиш и тук-таму со блиски да си разменуваш мислења...или со никој?
    Или пак...кога како!!!!!!!!!!?????????????!!!!??????
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Точно дека не е се во наши раце.Се лажат луѓето, ако мислат дека животот е во нивна потполна контрола.Некои нешта зависат од нас луѓето, но не се.Не ни е дадено правото да бидеме господари на сопствениот живот, можеби сме нешто само како асистенти во истиот.
    Не зборам само заради абортусот, туку за се.Тенка е линијата меѓу животот и смртта.И не треба многу за да го снема животот.А смртта, само укажува на тоа, што значи животот и дека не треба човек да го третира животот како играчка, во превод „ што сакам ќе правам, еден е животот“.

    Секогаш ќе постојат нешта, кои ќе му го променат мислењето на човекот во врска со овие работи, ако успее да види, подобро за него, ако не, ќе прогледа.

    А животот, дали сакал човек или не, ќе го научи, само за подобро да се снајде, кога ќе му е неопходна помош и ќе нема каде.Се поминува во животот, а не останува ни здравјето на човекот.
    И не можам да ги разберам луѓето кои прават зло, мислејки дека е нешто со кое можат да се пофалат.А ко ќе ги нема, ништо нема да остане зад нив.Можеби, само нивното дело ќе биде како репер за тоа дека човек не треба да биде како нив.
    Џабе не рекле, денес може човек да го има, а утре не.Никогаш не се знае.

    Него, кој ја измислил зумбата, срам да му е, жива зараза :D :wasntme:
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
  9. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Конечно заврши учебната година. Така да официјално започна и летото, тоа лето кое сите со нетрпение го чекавме. Нема повеќе обврски, учење... Сега ни преостанува само да уживаме во прекрасното ЛЕТО :sun:
    [​IMG]
     
    На Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Многу е убаво, јас дури се наведнав кон екранот за што подобро да гледам :)
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    И конечно го гледав Мемоарите на една гејша :rock: :D
     
    На duffi и Dog-lover им се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сакам да кажам...Мажотми малку е подобар се уште не е во форма но да се надеваме дека се ке биде во ред...и капак ни беше Ричи за малку ке ја изгубевме но благодарение на ветеринарната клиника во скопје прави професиналци се сторија сега е добричка таа мала моја душичка...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Се,ама се би дала да живеам во осумдесеттите.Во времето на добрата музика,доброто и пристојно однесување достојно за возраста,легнување во девет вечер,заспивање со ушко долгоушко.Во времето на гледање на Бушава азбука,во времето кога на матура се носеле пантолони,блуза и сандали,а на училиште се носела пристојна облека.На распуст да излезеш надвор со другарите од маало па дури вечер испотен и уморен да се вратиш од долгото играње жмурка,брканица,ластик итн. Тоа било детство.Така се расте.Не се расте со ајфон во рака.Колку аларманта е ситуацијава.Знаете колку е тажно да речам на одиш на роденден на осумгодишно дете,да влезеш во соба полна со негови врсници,а да видиш дваесетина деца заиграни и забуљани во телефоните,играјќи андроид игри.
    Порано се учело повеќе.Немале телефони и компјутери па на нив да дремат цел ден.Се знае,доаѓаш од школо,ручаш,се одмораш малку и до вечер- учиш.
    Можеби е чудно што јас го зборам ова,затоа што и јас растам во вакво време,а тоа воопшто не ми се допаѓа.Да,и јас користам компјутер и телефон,ама што да правам? Морам. Во спротивно,нема да се вклопиш во средината и сите ќе те гледаат попреку како нешто да ти фали.
    Тогаш колкава радост било да ти донесат нова плоча,ле-ле.А сега,третачиња плачат зашто немаат ајфон петка наместо обичен самсунг на тач.Јас првиот телефон го добив во четврто и тоа беше од оној со мали екранчиња,да ми послужи само да се јавам на татко ми ако нешто ептен е итно.
    Од една страна,добро е што технологијата толку се развива,ама од друга,токму тоа го обвинувам за уништување на правилното детство.
    Јас фатив малку од тоа време,ама сепак не е тоа тоа.Не е тоа тоа кога на 13 години се искача по кафичи и диско и незнам си што.
    Не е тоа тоа...
     
    На cveke123, kravce, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    29.441
    Пол:
    Женски
    Уште една учебна година заврши, догодина матурантка.Поим немам кој правец ќе го изберам понатаму во животот, ама не планирам уште од сега да размислувам за тоа, времето а и летото се пред мене.Успехот, се надевам одлична,ама па и заслужив, ова беше најстресната учебна година некогаш.Во недела одам на моренце, Грција ми е омилена дестинација за одмор.И така, денов ми е релакс-деј, моментално си ги лакирам ноктите на нозете да ми одговараат на моренцето, небесно плави.А денов планирам да го завршам со ладно нескафе и добра книга.

    И на ситe ви посакувам убаво лето!
    [​IMG]
     
    На bittersweet, ana-girl, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Им честитам на препишувачите што си положија со препис, а ние, непрепишувачите што паднавме само затоа што не сме купиле книга напишана од професорот ќе идеме на испит у август. За инат на професорот!
     
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Го обожавам ова чувство :inlove: ! Долго се очекуваше тоа ѕвонче, преку цела година ама на крај еве го.. :inlove:
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Elennaa, Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.047
    Мајка ми е една од омилените мајки во моето друштво
    еве зошто.
    Имав денес една другарка на спиење.
    Седнува женичкава со нас,и веднаш ги разработува сите теми од секс па до даље.
    Да тие мерак да ја слушаш.
    Денешниов муабет беше
    Па јас аничка стварно нe ве разбирам како можите да ставате на фејсбук слики по купачи.
    па мајка му стара и на умрен ќе му стани O.o
    Утре полагам матура,а концетрација за учење not found
     
    На ana-girl, Ilusionist и Elennaa им се допаѓа ова.
  18. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ОХ.

    Чекајте да здивнам. Само не знам дали здивнувањето е од овие последни две недели или од уопште целата недела.

    Е ова беше долга воздишка. А богами и годината беше долга. И тешка. И себична. И среќна. И никаква. И секаква.

    Се иселив денеска од Сениќ. По три години. Од кога собрав се од собата, изгледаше како затвореничка. Без душа, празна. Изгледаше како да и треба прегратка. Изгледаше како мене.
    Ја слушав цела вечер, не ме остави да спијам, ме потсетуваше на тоа што се ми се има случено во тие ѕидови. Тие ѕидови, на таа десетка соба, лани ме гледаа како тагувам, оваа ме гледаа два пати повеќе како се радувам и четири пати повеќе како тагувам. Тие ѕидови ми беа единствените другари едно време, за после тоа да дојде друго време, каде ќе ми бидат моите единствени сведоци на љубовта што се случуваше таму. Јас пораснав таму.

    И мораше кармата да си проработи денес и последната личност која ќе ја видам во Сениќ да е Охриѓанецот. Одвај ги задржав солзите. Но само пред него. Кога излегов надвор, во срцето на местото каде создав спомени за цел живот, не задржував ништо. И ќе плачам и уште ако можам. И многу ми е гајле. Секоја клупа, скоро секоја соба, секаде имам спомени.

    Скоро ништо и да не положив оваа година, но за ништо не ми е криво. Се вратив за последен пат и го направив за паметење.

    Ставив три краја. Два со мажи. Еден со жена. Успат уште неколку ситни, но прифатливи. И преживеав.


    Положив менаџмент. Оние кои се на економски ќе го разберат ова.

    Ставив три краја, но овој со Сениќ изгледа најтежок ќе биде. За преживување. Сепак, не е маж за да го заборавиш после две недели. Последниот пат кога се поврзав за нешто, а тоа нешто да трае повеќе од две години, тоа нешто заврши со прстен, но не на мојата рака.
    Овоа нема да заврши со прстен секако, но заврши. Некогаш мораше. У пичку матер и животов и јас и мојата честа женска карактеристика да се поврзува за нештата емоционално. Обетки, тетратка, пижама која уште мириса на него ...

    Еден дом. За Сениќот. За луѓето.
    Ништо нема да заборавам. Никого. Никогаш.
    You`ve made my years. Thank you. :bow:

    http://www.youtube.com/watch?feature=en ... -lxLQ&NR=1
     
    На Adi888, sesilija, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Кога ги читам вашиве постови да знаете многу ви љубоморам :)
    Мојот распуст почнува дури после пракса ,на 10 јули :(
    Како ли ќе истрпам стварно не знам, ама па кој ме терал да се запишам тука? Ха, никој.. па кога толку си сакала сега трпи си :D

    Инаку да ви се пофалам и оваа година 5.00. Многу сум среќна, мнооооооооогу. :party: :dance:
     
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    А не пишуваш мамето твое !? :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.