Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Како да ви кажам, пепел се сторив со матурава. :D
    Што повторив-повторив, што испуштив-испуштив.. *грицканоктигрицканоктигрицканокти*

    Ај, да одам да се избањам, да се издепилирам, да си заличам себеси на човек, мислам дека добро ќе ми дојде. Денес ден не видов, бар се надевам ќе се исплати.

    http://www.youtube.com/watch?v=OxrQsb4Yc24

    Проклета нека е, што нема некој да не земе таму со мужето! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На kravce, Hipster, Dgirlll и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.051
    Најубав е почетокот.
    Првите месеци,првиот состанок,стравот...
    Првите бакнежи,првите пораки...
    Лудото чукање на срцето кога се среќава.Очите што имаат посебен сјај,желбата за љубов. :$
    Ма најубавото доаѓа подоцна...
    Кога почнуваат кавгите,со завршување да се кажат и работи што воопшто не се ни мислат само од пуста гордост.
    Најубавото доага кога ке ги дознаеш најлошите работи кај една персона,но и покрај 1000 мани,ја прифаќаш тоа што,само затоа што ја сакаш. :!:
    Најубавото доаѓа кога и покрај се останува покрај тебе.
    И прави се само да се чуствуваш единствена.
    Поминаа 7 години аморе ,а јас сеуште се чуствувам како првиот ден,само тоа е 7 пати дуплирано :D
    Нешто ме фати носталгија,многу се разнежнив ова не сум ја :D |(
     
    На kate21, Ketrin.Moon, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сега ги сфаќам вработените зошто толку му се радуваат на петокот.
     
    На Ketrin.Moon, Ana.Jones, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секој човек е должен во својот живот да изгради една куќа и ископа еден бунар , често знаеше да каже мојот свекор и бил во право.Додека цела населба два дена мака мачи за вода, јас сум раат ако не друго имам барем вода.Не и бранам нека полнат.Вода не се брани.Како велат оние дечиња во рекламата ВОДАТА Е ЖИВОТ :!: .
     
    На Ketrin.Moon, Serafima, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    И за мене почна летото. Последните колоквиуми беа и повеќе од одлични, со оглед на тоа што 2 месеци не се свртев на предавања. Задоволна сум :) Предвреме полагав 1 испит, останатите 3 здравје во септември, кога ќе се вратам од Германија.

    Сега полека се спремам, секој ден нешто додавам на списокот. И косата ја скратив денес, дури 4цм што за мене е многу, иако долга ми е скоро до половината.

    И така, подготвена сум за нови предизвици, нови лица во мојот живот, нови авантури. Лето 2013, израдувај ме!
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Луѓето кои мислев дека се добри испаднаа тотални идиоти, е така ми е кога пребрзо сакам да ги проценам луѓето и грешам. И се си велам лекција за друг пат и повторно истата грешка, се надевам во иднина нема да биде така.
    Ма ајде бре доста се замарам било па поминало, конечно дојде распустот тоа е најбитно. :D
     
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Неможам да се изначудам. Луѓе, навидум паметни, успешни, амбициозни .. Пријатни за друштво, додека не дојде оној момент кога почнуваат да оговараат со 100ка на саат .. Глупави, второодделенски шеги, потсмевање, па кој како бил облечен, па што кажал, па со каков смешен дијалект зборувал и слични работи, и џабе им е, се иде у вода !

    И како да не мислам дека истото го зборат за мене штом ќе си отидам, или не сум излезена со нив ?
     
    На kravce, bittersweet, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Да ви се пофалам...
    Изберена сум во тројцата најдобри ученици на генерацијата, ми се јави класната. Сега ќе имало гласање за најдобар ученик на генерацијата. Па, држете среќа! :dance: ^_^
    И, да! Ве частам
    [​IMG]
     
    На Girl-50, Stoimenovska, Dog-lover и 16 други им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    ВЕ САКАМ СИТЕ КОИ СТЕ ЧЛЕНОВИ НА НАЈДОБРИОТ ФОРУМ-ФЕМИНА :* :inlove: :l:
     
    На Dobie и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Пред некоја недела се изненадив од тоа колку Скопјани возат велосипед.
    Мислев и до негде уште мислам дека е тоа научна фантастика, дека без автомобил од дома не се излегува, ко да се нема друго превозно средство, госпожи на секој чекор што мрзат секаков контакт со луѓе.
    Кога се фрлија еден чопор од велосипеди, едно ептен убаво чувство ми се стори, што да ви кажам. И од мала група на луѓе свеста почнува да доаѓа.
    Кога би се пуштиле сите наутро на работа и по обврски само со автобус и велосипед, можам да замислам какво ќе биде Скопјево. ПУСТИЊА! На Партизанска харлем шејк ќе изиграш. :D

    *

    Со едно бабе денес пензионерки ден истеравме на автобуска. Каков муабет разврзавме од само едно мое обично прашање: Помина ли XX? Толку ми фали некогаш муабет со постари луѓенца, ја гледав колку и беше мило што си најде друшка за муабет, а јас никогаш не можам да одбијам. :lol:
    Од недостиг на бабе и дедо, уште повеќе им ја сфаќам улогата во едно семејство.

    Да завршам со испити, ќе појдам кај моите мили да им однесам свежо цвеќе и да ги осетам до мене, зошто чудно или не, јас навистина на моменти ги чувствувам ко да се тука негде.
    Мили мои. :*
     
    На ana-girl, AnaKarenina, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    „Комарецот живее еден ден, розата три дена.Мачката живее 13 години, а љубовта три.Најпрво една година страст, потоа година нежност и на крај година здодевност.“
    Вака напиша Фредерик Бегбедер во „Љубовта трае три години“. И сега што? Би требало да одбројуваме кога ќе заврши љубовта, да го чекаме крајот? Еден, два, три… ииии се доближуваме до несреќата |( ....
    Можеби има некоја вистина, всушност цврсто верувам дека љубовта е поделена на фази.Можеби има еден период кога исчезнува таа првична заљубеност и пеперутките во стомакот се ништат при самиот удар со стварноста.Ако го тргнеме настрана ова одбројување, можеби нема строго правило до кога трае, но можеби навистина има рок на траење. Можеби навистина по одреден период, за парот да остане заедно, треба да има нешто друго што ќе ги држи еден до друг, како деца, материјална корист, ситуираност, сигурност, немањето големи шанси и можности да се започне одпочеток… Којзнае?
    Затоа внимавајте, и вашето кафе има рок на траење :!: , секако откако ќе го подготвите,кафето го губи вкусот и свежината после дваесет минути, затоа не оставајте го да ве чека, консумирајте го додека е жешко :lol: :rofl: .
     
    На tweety26, moonlight-girl.55, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Не дека мене ми е дојдено до 50 или 100 денари, само ова ми се случува 42124 пат од иста особа и јас никако да си ја научам лекцијата. Ќе побараат да им купиш нешто, ќе им го однесеш и парите нема да ги видиш. Дури не спомнува. И ај да е еднаш, двапати ама милионити пат е ова.Тоа е.. Кога сум глупава :@
     
    На sweet-star и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум среќна! :)
    Нема некоја посебна причина за тоа,но јас сум личност која се задоволува со ситници и дури и најмали нешта ја прават среќна.А се прашувам како би било доколку имам некоја навистина голема причина за среќа.
    Најверојатно исто,или пак приближно исто.
    Друга работа...никогаш,ама баш никогаш не верував дека мојата прва љубов би можела да ми е и последна.Значи,потенцирам БИ МОЖЕЛА.Бидејќи нели,сеуште е рано да зборувам за тоа со оглед на тоа дека сеуште ништо не се случило,но чувствувам дека ќе се случи.Го знаете она чувство кога одредена личност ви е мила,и ја сакате и почитувате покрај се што се случило помеѓу вас двајца? Јас всушност цел свој живот знам и верувам дека повторно ќе има нешто помеѓу нас.Од секогаш постоела таа хемија помеѓу нас,почит и доверба што е најважно во една врска.Добро е што во исто време на него можам да сметам како на брат и да му кажам се,а и тој секогаш се однесувал заштитнички спрема мене.
    Е таква е таа љубов што одсекогаш ја посакувам! :)
     
  14. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Има некој за ЛП. Некој ако е слободен и има време, ама викенд е и тешко верувам...
    И некој што знае совети да дели, по можност, а и немора. Само да си поразговараме.
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.935
    Допаѓања:
    177.610
    Пол:
    Женски
    Ах..љубов!! џе си?! :^)
    маааааааааааа.... каква љубов бре!!
    ..решив да бидам сингл уште летово... нигде не ми се брза 8) :D и ондак то... :)

    Е*бате и анксиозност...и панични напади...и такви ми ти булшитс... вдишувам од неговото утринско шашаво будење... и спремна сум да го преживеам денот..



    Новото членче во семејствово сејс хај :) .. ова е бандитката Миша :wasntme:
    Утре праи 2 месеци, а 2 недели веќе како јас ја имам :l: миии хеепиии :sun:
     

    Прикачени фајлови:

    • Image3126.jpg
      Image3126.jpg
      Големина на фајлот:
      146,8 KB
      Прегледи:
      465
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.779
    Пол:
    Женски
    Во последно време кога купувам долна облека забегувам со шарите, па тука имаме гаќички со крава, глувци, сите можни животни.
    Така денес оние со глувци на сред плоштад решија да се покажат. Па бетер од Монро, фустанот ми летна нагоре, а јас не знаев дал прво ќесите да ги држам, дал фустанов да го спуштам. Дечко ми ме зеза среќа немало некој мачор да те збрка :devil:
    Не, не беше тоа толку лошо колку вечерва кога застанав на автобуска не погледнав дека гаќичките ама баш ми се гледаат. Не забележавме ни јас, а ни тој дека фустанот се закачил на каиш, па шеткав полуголо задниче :wasntme: Добро бе, не ми е јасно што е толку тешко некој да те застане да ти каже? Па секогаш им кажувам на луѓето кога имаат кармин на заби, кога имаат флека итн итн...

    Пред некое врме му зборев за една чанта, му ја цртав колку бев воодушевена од неа. Денес се гледаме, чантата ми ја зел, јухууу... Па ме прашува -Ти се допаѓа? Па ти ја цртав, ти текнува? Како да не ми се допаѓа? -Си ја цртала? Ако тоа што го црташе личи на ова, ок ама не ќе да е истата. Ма што е битно, преубава е. Мотивација за средување на испити.

    Испити? О да, треба да учам!
     
    На tweety26, AnaKarenina, Foreveryoungiwannabe и 14 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Karma is a bitch!
    Не осудувам многу работи,таман работа ,секој нека работи што си сака.
    Ама некои работи не би се осудила да ги направам.Има повеќе причини а една е од нив е дека госпоѓа Карма често ни се меша во штипките,а понекогаш се здружи и со господин Марфи,па знаат да ни ѕвекнат таков шамар кога најмалку се надеваме,па дури и ако нешто лошо сме направиле или дури помислиле ни се враќа во ист или сличен облик.
    Јас ја научив лекцијата.
    Дното веќе е моја животна средина.Се научив да пливам и да дишам тука.
     
    На tweety26, Elennaa, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    И така, во оваа доцна доба кога јас решив да се симнам во читална кога нема никој,петок навечер, двајца разочарани од љубовта, од факултет и од животот решиле од сите места на светот, да водат длабоки дискусии и да кукаат баш тука во читалнава... |( Ми иде дааааа :@ Аман !
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немам веке сила да станам од столчево :worried: жими еден живот
    незнам каде не отидов и каде не завршив што планирав-ова се по список 8) ама нај нај катастрофа беше кога ми се јавија од партија-во толку и толку да бидеш таму и таму-кажав дека ке доцнам, па не сум на батерии бе луге :fubar: добро е, храбро издржав :rock:
    малку сум му лута на мобилниот затоа што не примаше картичка освен што тој ја сака-па ај вракај се дома, земи го другиот, па пак назад |( а како што се напив малку винце, ваква бев :$ и тоа што чесно си го заработив-на замена си го добив паричките-колку толку се ама ке завршат работа :) тоа дополнително и цел ден бев насмеана, весела-а ми се залепија буквално 3ца дечки и на едниот изгледа му се допаднав кога ми рече-што убаво се смееш :D а не можев да се снајдам на едно место-во живот не сум била таму и се погоди човек да сака да си купи бурек-лут, а јас чекав да прашам каде треба да одам-кога му се насмеав-така ми дојде :D не беше намернои кога ми рече-не се смеј биди сериозна-сакав да му речам извини љубави ама денес тешко :P се видов со девојките и жените од медитација, бевме со некои од нив и на сладолед а го видов и наставникот што ми предаваше Италијански-преубав како и секогаш ама нешто беше тажен-ко нешто да го мачи.
     
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Интелектуална Сопственост. Баш интересно, сопствено его, сопствена јас, своја соптсвена јас. Убава мисла и ми баш годи филозофирање.

    Помина и полуматура, па да се прослави фактот што последен пат ги гледам тие површни сељаци. Да пројде и летово, па Корчагин. Хехеј нов почеток. Сега идат тие проспиени денови, цели ноќи на компјутер и кратки излагања. Главно досада ммм

    А видете што убаво сликиче најдов =)
     

    Прикачени фајлови:

    На Ana.Jones, Elennaa, Ketrin.Moon и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.