Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Среќна сууум,премногу :inlove: или конечно ќе ми тргне или барем докрај да го уништам :devil:
    :rofl: како и да е убаво се чуствувам :inlove:
     
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Сакам да кажам, ги исчитав сите теми од свадба, брак, бременост...

    Ги знам сите мислења, која музика е најдобра, кој ресторан што торта нуди и како ги украсува столовите, како се движат цените за венчаници, ве пратам сите трудници, знам кои испитувања се прават во која недела, породилни приказни, каков е животот после брак, ви ги знам маките со свекрвите и золвите, на некои и (можните) изневерувања од сопругот, во која градинка децата ги носите...

    Чувај ме Боже, побудалев од досада деновиве.. :D

    [​IMG]
     
    На Lemonade, antonina, anabel-a и 37 други им се допаѓа ова.
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Самотија?
    О да да во изобилство ...
    Бре!
    ...да се немало граница сериозно,како така една девојка на мои 20 години така да се чувствува? :|
    Покрај сиот елан,емоции,насмевски,радости...ама ете пак сама.
    Осамена се чувствувам секогаш...околу луѓе а јас во некој исцртан круг сама!
    Свесно ..а пробувам некогаш да не се чувствувам така излегувам ,шетам...ама тоа е само моментално.
    Се минува.

    А знам што ми треба за да го бојам светот во розово и бледа нека е ама сакам да е розева,и во тој свет мали насмевки,ми фали некој,не било кој,некој да ми чита од темниве очи.


    За крај...Машко кое не знае да одржи збор,котира пониско на моите листи...џабе сиот труд кога не исполнуваш нешто што си кажал.
     
    На Adi888, julie77, Someonespecial и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Сакам да не гледам букви и книги повеќе... Мислам дека кога ќе ми завршат испитите нема ни филм со превод да си пуштам оти не сакам да гледам БУКВИ.
    Сакам да излезам од овие 4 ѕида, а по можност тоа да не биде кога одам на факултет да полагам |(
    Сакам да се дружам и да се излезам у провод како и сите млади луѓе...
    Скапав веќе... Скапаааав
    А допрва ми иде тешкото ;(
     
    На Barbie20 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК Во период сум кога имам премногу здраствени проблеми се изнамчив со некои компликации а тој не е до мене и прееска ми пишува порака душо извини што не сум до тебе кога многу ти требам , Јас го осекам дека секој момент е до мене во ни еден момент не осетив дека не е тука дека не е до мене го осекам како навечер да ме гушка полесно да заспијам како наутро да ме гали за да се разбудам и како цел ден да ме допира за болката полесно да ми мине.Го сакам најмногу на светот тој ми е се што имам !
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ооо колку те разбирам. Јас така кога ќе завршев со испити обично ќе си се почастев со нешто од Авон преку колешка. Абе со денови и` го држев каталогчето, веруваш ме мрзеше и тоа да гледам...
     
    На Marie.m му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Кога брат ми има писмена македонски - и јас имам по дифолт, исто и со есеј, или со проектна, или со преведување текстови од француски, или француска граматика или па англиски есеи.... :tmi:
    Фактички, граматички и буквално најисправно би било кога он има - нема, пошто јас за него имам, зашто детето да се маче да уче, кога можам јас да му напишам и објаснам се, и притоа тој успат си праве ливчиња или у мобилен става се, и јасно, оти да се мачиме нели нешто да запамтиме, кога учиме и слушаме за 2ка, ако Господ даде или ако има среќа малку дури и до 3ка ќе стигниме |(
    Се прашувам некогаш дали ми е брат по крв жими се!
    Толку паметно а мрзливо суштество шо ми се иде да го растрескам од земја и од ѕид, со мерак бре!

    Пред месец дена бев во тесно, семинарски секој ден правев и се спремав за нивно презентирање на пауер поинт. И конечно некаде 3тата семинарска ја правев, само што завршив, цели два дена два часа само спиев, ја направив, и таман се облеков во пижами, се стоплив убаво под ќебенце, ме гушна дечко ми, си се свртив настрана да спиеме, и ете ти го, во 3 часот наутро, брат ми а.к.а мрзливиот бел кит, или the great white shark како шо го викам јас, (пошо има уплав од сончање, да не изгоре, и секое лето е најбелото дете на свет како пазарска урда, а таа траума ја закачи од мене кога изгорев како чвркната џимиринка или по скопски кажано - чмарка, па се крие од сонцето како да тоа буквално апе |( ) и така тој ѕвони во 3 и ми вика како тој утре имал писмена по македонски јазик, и да му напишам две теми, и тоа слободни значи, и нормално јас убаво и на фин начин му дадив црвен картон, и ете ти после 2 минути ѕвоне мајка, зошто така, знаеш има единица, професорката го мразе, ајде напиши, за 10 минути ти можеш да ги напишеш, ооооф....тешкото.
    Најпротив сум за вакви работи, кога некој може и има капацитет да седне и да составе 5 салам реченици, а не го праве тоа пошто знае дека има некоја друга будала , а таа будала колку и да сака не може да рече не, пошто читај после тоа не - пропало је...

    И ајде станав, поспана, преморена, намуртена, пцујам и куцам, напишав некои си 600 збора и му пратив.
    Утредента ме буде дотичниот со зборовите - како сум можела така да пишам (за едниот есеј) он така не мислел, не го личело, ногу фалење било тоа :| |( Ех си викам братче да си тука - по тоа дебелата пишија од газ шо ја носиш кога ќе те запукам како мало дете...
    И на крај неможел да препише, напишал што запамтил, и извадил скромно 3че.
    А замислете што ќе беше, да ми се јавеше бар на време и да му искуцав, да го прочитање 3 пати и да го научеше, ама не, оти нас после излевање кога ќе си дојдиме ни текнува, нормално, го разгалиле моите како папагал што пее по дома, па ете им, нека ги биде.

    И денеска - ете го дотичниот пак, после полагањата, си дојдив дома да одморам малку, и ми иде сега, ај помогни ми за делата по македонски јазик - утре полагам матура, покуцај ми у мобилниот :?:
    -Да ти покуцам?
    - Да бе да, 10 страни накратко само, утре да препишам.
    - А научи ли нешто?
    - Не ма, неш ќе ми кажат, неш ќе препишам, и ќе ти пратам порака тебе за есејот, одма да ми го куцаш, да си стаиш кредит утре и да чекаш порака.
    |( |( |( |( и уште 20 вакви фаци!
    И после матурата или па екстерното било некојси доказ на сумасумаре за професорите и децата за нивното знаење, кого лажете бре, не министре, кој кого праве глуп си играме, може па ова се прави се со цел да се придобијат позитивни аплаузи од странство, ама тука внатре - труља вишна ни е системот, расипан!
    А верувај министре - децата се уште порасипани - а воедно и попаметни. Се ќе направат да препишат, а не да научат.
    Колку е лесно со смарт телефоните а?!
    А ние порано едвај по некое скромно ливче ќе го стискаме ракописот, колку за дефиниција-две!

    А утре во исто време и на фризер сум си закажала, конечно време да мрднам од мртва точка во врска со мојата убавина, коренот ми е голем колку стапалото, па редно време е да сменеме боја мислам!
    И да, ќе ме мијат и фарбат додека куцам есеј на мобилен за милото ми братче...

    И нормално, дома им одржав лекција на моите - дека ако оде на факултет ова дете, вакви испади не толерирам.
    Има да го испоте газот, да науче да прифаќа обврски, оти ако не е спремен за тоа, поарно нека оде да работе отколку да не троше и он у Скопје па да е пропала инвестиција.
     
    На ilipili, Adi888, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Она кога доаѓаш дома после средбата со саканиот и мирисаш на него... мирисаш на љубов! :l:
    - Нема нешто поубаво, како уште да е до мене! :angel: :inlove:
     
    На ilipili, Girl-50, sesilija и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Колку и да се трудиш да бидеш добра,да им помагаш кога се у тесно,кога нешто не им штима.Кога се жртвуваш самата себеси за да им угодиш,пошто нели ти се другарки и ги сакаш највише на свет.ЏАБЕ!Зошто секој само за свој гз си гледа?Не е фер ич.А приметливо е да знаете,се што прават,секој нивни потег,поглед.Све знам.Само незнам зашто,незнам што е причината.А знам..изгледа дека сум премногу добра,ги преценувам луѓето,го гледам само доброто во нив,и сум голем оптимист.Нели викаат ако мислиш добро,добри работи ќе ти се случат..врска нема поговоркава да ви кажам,ама ич.Убаво ми е вака кога ќе се исповедаш на луѓе што не те знаат...подобро те сваќаат и сочуствуваат со тебе.Пошто тие што те знаат на пола не им е гајле,а на останатите им е мило тоа што ти се случува.
     
    На sweet-cherry, Divinebutterfly и leighton23 им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... не можам да опишам која параноја ме мава кога дечко ми го нема на мобилен повеќе од 5 часа.
    Да се разбереме, јас не сакам да ми дава извештаи ниту најмалку, ништо не забранувам, ама кога не ми се јавува на телефон... :@ Мислам дека подобро ќе ми дојде на душичката и ми рече - еве се плескам сега со една, не ме замарај!
    И поштено - нема да замарам, бар знам - се секса човекот.
    А вака ми се вртат 300 хорор приказни - го киднапирале, ќе ми бараат откуп, го мавнал некој со хебла по глава по тесните, празни, глуви, криви, страшни, морбидни, грди улици во геријатриското Карпош - проклето нека е, колку е темно, освен една Партизанска осветлена, другото е да напуниш гаќи додека си одиш пеш сам.
    И така ми се вртат илјада грди сценарија, за да ми рече - па го заборавив мобилниот во другата соба, или се загледав тв, абе некоја глупост!!! :@ :@
    Абе кој заборава мобилен во соба алооооо, на мочање си го носам со мене, врвка ми иде да му купам за мобилен, абе колку треба да си ретардиран, некој те мисли, ти се заебаваш, уште сум бесна и гневна и сега мене ќе ме нема 24 часа, за чисто да види - колку е забавно кога некому му ѕвониш, а он не погледнува со часови во мобилниот!
    :@

    И тоа, не сме се расправале никогаш, ретко и се караме и трагично е да се скараш за мобилен, ама лута сум ! ЛУТА !!! :@
     
    На 1209, renata77, Bozica1980 и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Денес милион пати отворив и затворив мејл. Ко луда. |( И си викам прекини,не треба,џабе е,не се замарај со тоа и...на крај пак проверувам. И јас ко Трендафилка. Поарно да кажеше барем нешто,него ли вака...УПМ! :@ Ни на телефон,ни на мејл,ни ништо...Ми идеше тогаш дома да му одам,ама не вреди,неќам да се брукам,а и што сум па јас само јас да се грижам? Нека прави што сака веќе...Само,требаше да кажи. А покасно кога ќе сака да кажи,јас нема да сакам да слушам веќе. Секогаш бев тука за се. и кога се лутев,пак се грижев. Кога ќе престанам,е тогаш ќе е лошо. Ајде да не филозофирам,одам да си го одморам мозокот. ЛЕка ноќ женски :*
     
    На Adi888, Lepaaa, manja666 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Е значи не го можам ова,од 4 часот сабајле ми се распеале и синќи златно Гавранче снимат,па музики,па пукање,а јас умрев за спање,и сеуште си пеат бе абер си немаат мамето нивно....
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Веќе 6 месеци како немам вкусено утринско кафе, дури и помислата на неговата миризба ми го врти наопаку желудникот, а претходно бев во состојба и талогот да го јадам. Се разбудив рано, мажето до мене, малечката дотрча од нејзината соба, бебето в стомак...аха, мрдна, клоцна, се јави дека е тука, сите сме на број, направив брзински попис и растегнав широка насмевка на задоволство. Саботно утро, како од оние реклами за некоја беби-крема или прашок за перење :) И почнува парадата во пижами и плановите за денеска.
    Ми се оди на море, понекогаш дали од преголема желба, имам впечаток дека ја чувствувам неговата миризба на мојата тераса :) Оној специфичен мирис на сол, школки и песок, обвиткан со сончевина, ароми од млека и масла за сончање...
    Ќе се вратам да се нурам уште еднаш во постелата и мрзеливо ќе се истегнувам и ќе фантазирам барем уште некое време. Ви посакувам убав викенд на сите.
     
    На Ariel, Lilit, bittersweet и 43 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Наутро да се разбудам, да ги отворам старите дрвени врати што малку крцкаа и да влезе мирисот и боите и сета убавина... Ми фали апартманчето од Лефкада :worried:

    Од шетањето по земји, до Хрватска стигнав. Работава ќе излезе...Дојран. :|
    И во последно време, кога ќе дојдам овде сум...бленк. Утрово застанав полугола пред огледалото и се набљудував. Па не сум лоша бе :D Ме интересира, дали тоа што кога ќе се исправам како даска и може ребрата да ми се избројат е загрижувачка состојба :^) Па не сум до толку слаба :worried: може надминав и 48кг веќе :!: Ворк ин прогрес. Вчера брат ми ми вика -зошто лежиме вака безвезе, не ти е досадно...ај да јадеме нешто :D А јас цела недела сама цреши јадам...ми вика дека црешите му биле интересни кога бил мал, сега хамбургерите му се шема :D Блјак.
    Со кучката... следнава недела здравје, на контрола. Ме загрижи сабајлево како да имаше пак некој оток. Периодов сум ол абаут догс. Вие уште не си посвоивте кученце? Што вика Цезар на нешнл џеографик, секое куче заслужува дом, но не секој дом заслужува куче. Тру стори :d:
    Добро утро, кафето испиено :coffee:
     

    Прикачени фајлови:

    • lef.JPG
      lef.JPG
      Големина на фајлот:
      47,2 KB
      Прегледи:
      531
    На ilipili, bittersweet, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    :|
    Вашето crybaby денес оди на козметичар за интимна депилација. Ќе си умрам. Ако слушнете некои неартикулурани звуци екстремно гласни, јас сум. :sweat:

    Плус сум болна во месец Јуни што ме мрдна од умот, ќе обесам некого. :D

    Имајте убав ден. :beer:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, ana-girl, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Чудно им е на тие околу мене. Кога одев во школо, секој ден спиев поручек, и тоа по 4-5 саати, ко ништо. А вчера званично почна распустот... и ми помина меракот за спиење. :D Не можам да спијам, бре луѓе, не ми се спие. :D Ни сабајле, ни поручек, ни вечер. :D

    Иначе, вчера конечно си ги расчистив фиоките, ги собрав на купче учебниците... Си ги препишав сите кажани киксови, што сум ги пишувала по тетратки и учебници. И сега ми е мирна душичката. :D Ова се единствените 3 месеци, во коишто ми се средени фиоките. :D Не ги отворам воопшто. Само за итни случаеви, по потреба. [​IMG] Обожавам, кога си ги расчистувам фиоките, и ќе најдам нешто интересно, што сум го барала пред некое време. :rofl: И така, ќе си останам седната на сред соба, со купишта тракатанци околу мене... а јас буљам во некоја ситница, којашто сум ја пронашла. :D И сестра ми ќе влезе во соба:
    - Што е ма ова? Цело време само нешто расфрлаш. Сè си извадила. Ај прибери. :D

    И мрзам, кога нешто ќе ме прашаат: - Ти треба нешто од продавница? И после тоа се враќаат: - Еееее, па заборавив... ]:) Ама нормално, не смееш ништо да им кажеш, затоа што ќе ти речат дека си мрза, имаш нозе, и можеш сама да си купиш. :envy:
     
    На anabel-a, kravce, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  17. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Ми раскина и ај да сечам вени,како да не |( .Ми пиша на фб оди со тој,повеќе не ми се излегува и само му пратив смајли :) и ми вика не ти е гајле и јас му викам па зошто да ми е,побогу имам само 15 год.,не си единствен со кој сакам можам да излезам,а и сигурно нема да плачам за машко на 15 год.
    Ниту се потресувам,ниту ке се потресувам.
    Вечер ке излеземе со другарка ми и фино лепо ке си се дотерам.Фустанче,горе е бело,со кремасти (кафени) линии,а долу е само кремасто (кафено),бела ташничка и кремасти штиклички 5 цм,па кој што сака нека збори,мене воопшто не ми е гајле,си живеам свој живот,и знам што треба да правам на 15 год.,а што не.А луѓето? Тие секогаш зборат се и сешто за секој,ако ги слушам нив нема далеку да стигнам,затоа нека зборат.
    Едвај чекам вечер да дојде,само уште да се одлучам во кој кафич ке одиме.
    Имајте убав ден. :)
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Нема да умреш ако паднеш во водата, ке умреш само ако не пливаш!
     
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    СДК за летниот распуст наставничката ни даде 6 лектири 8) јас од библиотека си земав 4, е сега неможам да се одлучам која прва да ја читам :D ајде со еци пеци пец ќе се одлучам :rofl: за летниов распуст има сите да ги прочитам :muscle: :smirk:
    Одам сега јас :*
    Островот на скиреното богатство ќе ја читам прва 8)

    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, senza.parole, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И јас како Елена.
    Кога сме во школо сум хронично ненаспана,а синоќа легнав во 1ипол и станав сабајле во 9,наспана-преспана.
    Ногава ме боли малку,тешко одам и само се молам до петок да ми биде подобро,оти ако не отидам на Скопје Гори нема никад да си простам...
    Од сабајле ја средивме кујната со татко ми,дур мајка ми е на работа,и сега си направив едно fruit smoothie и си пуштив музиче...
    Имајте убав ден :)
     
    На ana-girl и Ana122 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.