Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Ако некогаш се одлучам да напишам книга, ќе биде насловена ,,Заробени во одајата на Партизанска 22", посветена на мајка ми.
    Заслужува многу повеќе! Таа е тој борец, тој идол! :bow:
     
    На ozbilnazena, zarah и kravce им се допаѓа ова.
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    17.917
    Пол:
    Женски
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.364
    Конечно стаса летото и тука.

    Си имам од оние помалите точаци на на расклопување па пред некој ден беше и првата вожња.
    Со малиот никако термините да ги погодевме. Различни смени, преуморни или лошо време...ама конечно ја отворивме сезоната.

    Он има нов точак па уште поголема радост.
    Со сиот мерак си го осигурал, купил екстра ламби и други дрнгалашки, два клуча...кога се паркиравме кои само претпазливи и сигурносни мерки беа спроведени.
    Ти се чини ферари оставаме на паркинг а не точак :D .
    Се договоривме стариот точак за гости со подолг престој.

    Околу еден саат вожња низ шумичка до едно езерце, а таму милина.
    Си изнајмивме кајче и запловивме кон средината на езерото. Кога бевме во скромна оддалеченост од брегот оставивме веслата и погледнавме кон небото а потоа и еден кон друг.
    Чмаевме и уживавме во тишината.
    Далеку од се, далеку од сите, далеку од светот.

    Јас не дека веслав :tmi:
    Он нели џенталмен, плус и ја уште малку душа требаше да зберам од вожњата па разни мисли ми шетаа низ глава.
    Романтични, перверзни, акробатски :D
    Ама ај срце јуначко претни на негова страна па да се превртиш :rofl:

    И така си се пулевме и уживавме во сонцето, чистиот воздух и целиот тој амбиент.
    Потоа и си апнавме како луѓе и пут под ноге накај дома.

    Му ја мислам да ја поновиме истава програма и денес.
    Јас од 04.30 на работа имав време и да поработам и да отспијам, ама малиов од 08 па сеуште спие.
    Денес им се токмам кануата, да испробам од се сакам. За другиот пат ќе ги оставам педалинките а може и на тие чудата со патка ќе им се качам.

    Работата исполнета со динамика. Стимулира и усполнува истовремено.
    Факултетот со мала спрепка на последниот есеј пред започнување на дипломската која ќе ме кошта екстра нерви и време...но ништо страшно.
    Штедиме за нова кола.
    И тука косачки со човечево дома. На малиов често му викам дека многу се занесува :D

    :!: И најважното
    За еден месец иде мама кај мене на гости за прв пат.

    Среќа :inlove:
     
    На ilipili, ozbilnazena, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.468
    Пол:
    Женски
    До среќата не се стигнува преку материјални добра и ствари, ама некогаш знаат да те расположат, насмеат и усреќат!

    Вчера попладне по тооолку инсистирање на мајками да одам по торта до блиската слаткарница, прифатив, се средив, и како и секогаш махинално си ги зедов клучевите од дома, и клучот од автомобилот.
    Се симнувам во гаража и гледам неможам да го најдам мојот автомобил. Ја свртев цела гаража, звонам на моите, и ми викаат ќе се симнеме, а и при тоа не погледнувам дека клучот не е тој. :fubar:
    Ми велат стисни на алармот од клучот, и кога гледам бела лепотица Ауди А1 трепка и свири, а јас упорно ја игнорирам, барајќи друг модел...

    Претпоставувате чива е таа бела мала лепотица нели :D
    Не ми се веруваше дека такво изненадување ми организирале и овозможиле моите...
    Се заљубив во автомобилот, иако е само предмет...
    Неможеа да ме извадат вчера од внатре, веднаш се поврзавме, страшна хемија се разви :D

    Ви посакувам на сите по едно вакво изненадување :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      5,8 KB
      Прегледи:
      441
    На Doozy, Elennaa, zarah и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Убав ден денессс :D
    Го занемаривме утринското кафе, фрц апаратот и в парк и на стадион.
    Happy Tree Friends, ептен убав поминнн, се изначкрапавмее :D
    Слики од фотосесијата, во модни критики :) Очекувајте :)

    Имајте убавв ден :*
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Изодев 3км и папсав :tmi: сега ми треба добар одмор и добро совежување 8)
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    ИииииииИиии откако научив колку витамини содржи рибата, и каква мода имало во минатото, и ми помина редот на државната матура по македонски јазик, време е да седнам и да си ги изгледам сите пропуштени епизоди од Менталист.

    Life is mine, bitches. :emo: :geek:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Еее си имам и јас тикер :D
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Го избришав фб и повече нема да го активирам никогаш!!! Го избришав мојот најдобар другар и зошто да се уклучувам.Ништо не се скаравме ете по воља на татко ми ;( ;( ;(
    Ми иде да се убијаааааааам :@ ;( ;( ;(
     
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Колку убаво ми почна денот, и се уште ми е убав :)

    Многу сакам кога спијам со него. Ретко ја имаме таа можност, од причина што мене ми е незгодно да преспивам кај него, зошто сепак не живее сам, иако е сам на посебен спрат. Вчера спиевме заедно и сум се наспала како никогаш :) Така мирно спијам кога е до мене, не можам да опишам. Мирна сум, ништо не ми фали. Како бебе нанкам :D

    Сабајлево се разбудив и бидејќи тој уште спиеше, станав. Знаев дека тој денес има обврски, па решив уште сабајле да излезам и денес цел ден да шетам, да одам во шопинг. Сама. Си сварив кафе, се средив, се нашминкав, го испив кафето и тој стана. Се помилувавме, погушкавме и отидовме. Ме однесе мене кај што сакав и продолжи на работа. Не ми се правеше мерак да спијам кај него знаејќи дека денес е на работа (инцидентно, инаку во сабота не работи), ама па ми фалеше :$ Сакав да бидам до него, да спијам со него. Нејсе, не ми беше тоа муабетот :D

    Па кога сум тргнала, сите продавници во градов ги свртев. Тргнав по фустан (за на свадба следниот викенд), и бев решена да не си одам додека не најдам нешто што ми се допаѓа. Најдов преубав фустан, го купив, си купив и мал милион други работи и што ми требаат, и што не ми требаат (стандард :tmi: ). Убаво ми беше, најубаво ми е кога сама одам во шопинг, само што кога сум сама не знам да се контролирам со трошење. Ама овојпат се исконтролирав. Го видов најпрекрасниот, најубавиот долг лелеав фустан што моиве очи некогаш го виделе, ама беше прескап. Не планирав толку пари да дадам, иако имав. Купив друг, исто така фустан кој многу ми се допадна, ама овој долгиот ми прирасна за срце. Фантазија. Скапа фантазија :doh:

    Доаѓам дома и и' кажувам на мајка ми за несудениот фустан цела возбудена, но и тажна што не е мој, а таа ме погледна со очилата спуштени на носот и испука како од пушка: Па ајде, што чекаш? Мажи се и одма ти го купувам за веридба. Право да ви кажам, за таков фустан и би се омажила :rofl:

    Нејсе. Убав ми е денов. Си го направив меракот со нови парталчиња, шминки, козметика и тоа ме исполнува, како и секоја жена. И парфем си купив, да си се почестам за покачувањето :D

    Вечер најверојатно средба со другарка ми и женски муабети. Life is good :)
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  11. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Епа ете ја и долгоочекуваната сабота во која нема во мозок да ми се врти зборот школо иако премногу ми фали.
    Синоќа ми беше една посебна вечер. Конечно си поминав онака типично за тинејџерка ,вечер со многу скокање, пеење, по малку се напивме ама да се разбериме без да се испијанчиме и да не влечкаат по улици. Бев радосна , среќна, задоволна и се чувстував прекрасно.Не секогаш за да си убав треба да имаш огромен шкаф гардероба, кога можиш старите алишта на друг начин да ги искомбинираш и пак да изгледаш уникатно и посебно.
    Имаше многу погледи од спротивен пол. :$ И многу зачудени фаци кога ке ме видеа целосно. Оваа е истата? :o :lol:
    Касно се вратив дома но полна позитивна енергија, и радост во себе и среќна си легнав и конеечно се наспав како никогаш до сега.Ама секако дека не го пропуштив саботното сонце и кафе шемата на Широк Сокак во сабота. ;)

    Инаку почнав да вежбам вчера и се така ме боли , слабо се мрдам иако не се превежбав.Точакот ми е исправен од понеделник почнува зацртаната цел за летото! Ке возам точак, ке вежбам и август ке го имам телото од соништата. Да многу филмој гледам. :lol:

    Имајте убава вечер. :*
     

    Прикачени фајлови:

    На ludoto19, Elennaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Си имам јас гелни ноктиња :wasntme: , главна сум сега 8) . Само се чудам како ќе си ја направам сама косата со овие ноктиве , криза ме фаќа , зашто прв пат ми е :doh: .....Батали , се надевам дека ќе се снајдам некако :doh:
     
  13. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    СДК дека летово е крајно време да се запишам на некој курс (англиски,за готвење,танцување :D :D итака нешто од кај знам) И да си запознаам нови деца да стекнам нови другарства да не бидам цело лето дома жалејќи се досадно ми е ,досадно ми е оти вака веќе не иди ;) :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Да можам, секој ден во годината, сите 3 оброци - да јадам цреши! Луѓе, ги обожавам! Мислам дека нема човек на планетава кој повеќе ги сака црешите од мене, озбилно. Ненаситна сум, периодов особено, без престан ги јадам.
    Се навикнав на нив уште како мала, на лозјето имаме 15 дрвца, и кога одев со татко ми таму, тој само ќе ме качеше на некое дрво, и мене ќе ме снема. Буквално, цел ден седев на дрвото и јадев. :)
    Ги сакам секакви - од оние првите, ранозрелките, големи, мали, црвени, борди, секакви.
    Кој има цреша во дворот нека праќа наваму ;) :rofl:

    Туку, за вечерва си договоривме убава средбичка со школските од средно. Така викаме, а всушност едни те исти се собираме цело време, 7-8 души. Ама убаво ми кога ги гледам. Ни се средуваат животите на сите полека, Господ ни ги отвара патиштата. Само да продолжи така и понатаму :)
     
    На Doozy, Elennaa, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    17.917
    Пол:
    Женски
    како може луѓето да се толку бесчуствителни??? да се исмеваат на вакви работи :o На слеп човек! човек кој нешто створил во животот и покрај тоа што му е одземено највредното нешто - видот, човек кој и покрај тоа што не гледа успеал да биде нешто! а таквите како тие што немаат што да прават и седат пред компјутер од досада и се потсмеваат на се и сешто. Всушност тие се за потсмев :!:
    Само едно ќе кажам за ваквите - Ѓубриња! :@
     

    Прикачени фајлови:

    На Golden, Elennaa, Girl-50 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    [​IMG]
    Најзабавното нешто...
     
    На Elennaa, Antoninaaa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мислам дека јуни ме гушнал и не ме пушта. А јас му тонам некако во прегратка.

    Од факултет се откачувам во понеделник. Оставам еден (или два испита) за август и воопшто не ми е грижа. Не е дека не можам да го научам, едноставно не сакам. Преку глава ми е дојдено од таа злоба на која се способни луѓето за поен или два повеќе на колоквиум, за оговарања и муабети до небото и назад и малодушни зајадувања. Чао Автокоманда, чао двојка се гледаме за некој месец.

    Муабет со луѓе кои ги немам видено премногу одамна, друженка со милите ми ученичиња и онакви невини смешки. Некако ја изгубив вербата и надежта во човекот, ама чувствувам дека е тука, пркнува и полека се буди од зимски сон.

    Лето, а не лето. Кајсии и јагоди, праски и патлиџани. Да можев би се преселила на пазар. Не знам дали сум ви кажала, ама Буњаковец за мене е еден од омилените делови од Скопје. Од пазарџиите, до редовните муштерии, од изобилството на бои и мириси, и фалења и комшиски муабети. Неизбежно неделно задоволство, како колумната на Данило во Вест.

    Си ветувам малку поголема физичка активност, ме чека еден точак за перење и сонувам да си купам уште едeн на старо. Ме чека скромната месечна плата и кречење. А јас си чекам една летна романса.
     
    На Doozy, Elennaa, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  18. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    СДК дипломираааав.
    Денес на официјалната церемонија ги фрливме капите. Се чувствувам среќно, необично...
    Помина уште еден голем ден :)
     
    На Doozy, The-Queen, ludoto19 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Kолку човек знае да си го расипе животот , толку може да стори и тој да му е убав дури и ако е пензионер.Денес научив дека и староста е убава доба.Облечени како тинејџери, туширани , намирисани, вљубени...Милина за очи.Почуствувале потреба од музика и наминаа да и наснимаме песни за во колата..Им се восхитувам.Ведри, расположени , безгрижни.Децата и се во странство.Слободни како птици.Велат дека ова е најубав период од нивните животи.Поарно друштво здравије.Ме расположија наискрено, ми ја вратија вербата дека животот може да биде убав.Колку само се исполнети .Потпевнуваа дури се снимаа песните
    Порано живееја во најзагадениот град, (погодувате кој ).По совет на лекар му се вратија на селото.Почнаа да чуваат кокошки, да одгледуваат зеленчук, да собираат билки за чај.Планинскиот воздух,чистата планинска вода, мирот , тишината, здравата храна,физичката активност, допринесоа да остават многу лекови и да си го подобрат здравијето.

    Со сигурност не му се вракаат на градот.
    Рекоа ,камо таа среќа цел живот да го проживеевме на село.
     
    На bittersweet, Serafima, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Денес ми е роденден..... :D
     
    На Serafima, Ana.Jones, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.