Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    De bre srcekrshachke, kakvi zadachi vi davaat? :wasntme:[/quo
    :wasntme:
     
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Понеделник.
    Општо не го сакам денов,ама денес не ми значи ништо,на распуст сум.
    Станав наспана-преспана.
    Синоќа полна куќа гости,и во цела таа гужва успеав да излезам саат ипол ]:)
    Си собрав 4000,па после идам во кино,и да ги потрошам :lol:
    Некое летно маиче,фармерчиња во боја,убава ташничка,малку козметика...
    Ма,вака само планови праам јас,осеќам дека ќе се вратам со 5 бендовски маици,неколку постери,20тина беџови и кожни алки,али ајде... :rofl: :rofl:
    Ама тоа ти е.Свет је леп када сањамо.
    Хајде заједно да сањамо :hug:
     
    На Elennaa, ana-girl, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Јас малку ја пореметив оваа временската сезона.
    Нели сега е лето, нели многу му се радував... е сега сакам зима! :rofl:

    Зимата слушав само некои летни песни, едвај чекав да дојде јуни... еве ти го! |(
    Сега си пуштив песниче од Train- Shake up Christmas, епа ногу ми е гајле. Некој ако ме слушне кои песни ги пуштам ќе ме пратат во Бардовци.. :tmi:
    [​IMG]

    Имајте убав ден, а јас ќе пробам да се вратам во нормала! :wasntme:
    Држете ми среќа, сега ќе одам да ги земам резултатите од екстерното... да видам што сум направила.
     
    На Elennaa, Someonespecial, tea4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Жеееенски денес одам во шопинг ко ќе дојдам ке ви се фалам (нелии битолчанка) :P

    Имаајте убаф ден, сите ве сакам и ве гушкамм :hug:
     
  5. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Вчера супер си поминав малку прошетка во друг град и така .... Мала промена синоќа со другарки малку низ град на жива музика и ладно сокче.....Сабајле се разбудив наспана и така денот започнува имајте сите убав ден ден со почетокот на распустот :D :D :* :*
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    На повеќето теми гледам има совети за да го задржиш мажот, дека не треба да го запоставуваш, дека треба да се трудиш да не му биде досадно/монотоно во врската, совети за купување провокативен долен веш и сл. работи.

    Е драги мои, јас ќе ве посоветувам од друг аспект. И жените може да се изгубат како што може да изгубат и мажите. И тие може да се оттурнат од себе и турнат кон некој друг со невнимателно однесување. И нивната љубов не е гарантирана во секаков вид на однесување.

    За секој груб збор и повишен тон упатен кон вашата жена, помислете на алтернативата дека пред вас имала маж кој ја опсипувал со нежни зборови и комплименти.

    За секое непочитување, осигурајте се дека пред вас немала некој кој ја третирал како принцеза.

    Затоа што доколку порано имала (а и да немала, сеедно), можно е (повторно) да посака такво однесување. И доколку најде таква личност, да не ви биде криво кога ќе останете со празни раце.

    И да, не велете им „Ех, ќе најдеш ти како мене...“ Не, во повеќето случаи не ги заплашувате, повеќето жени се доволно паметни за да сфатат дека зад таа фраза се крие „Не знам подобар начин да те задржам покрај себе.“

    И запомнете, вистинските мажи кои не ги губат жените се оние кои вечно ги заведуваат. Дури и тогаш кога се добиени.
     
    На Tenna, ozbilnazena, bittersweet и 40 други им се допаѓа ова.
  7. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Се додека лавицата го чува лавот , џабе им е на кобиливе што се мотаат околу него !!!
     
    На Gordana10 и karenin им се допаѓа ова.
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.047
    Жени желки да не јадат.
    Чудни створенија сме ние . :D
    Да се разбереме погрешно,не сум од оние кој постојано си го напаѓат родот.
    Само некои изроди ,кој колку и да се напнувам не можам да ги сфатам.
    Не ми замарајте, не сум легнала добри 30 саата по ред,почнав да губам фрекфенци со реалноста .:D
    П.С:Останете тоа што сте ,не дозволувајте никој и ништо да ве смени!
     
    На Someonespecial, Gordana10, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Небото над Берово во 1 по полноќ ги има сите можни соѕвездија што моето око и љубопитна глава сака да ги види! Чиста емоција, колку сме само мали, а светот е голем. Ѕвездозјапач. Ете тоа е мојата професија, иако не е признаена.

    Се фасцинирав одново колку само таму ми лежи сета слобода. Паѓаа ѕвезди, замислувавме желби. Мојата, на пат да ја биде.

    Си изнакупив слатко од дуњи, капина и дива јагода.
    Се сончав на лулашки и дремев ко гугутка во кревет. Со колегиве направивме веселба со фаќање ора и држење замислена невестинска погача, испуштавме крици од премаленост, набивме стомачни од смеење и некои фотки ќе служат за black mail во иднина, чисто ради разонода. Понекогаш се изненадувам колку креативни глави имаат некои од нив. Важно, изедовме се’ што можеше да се изеде, питата со спанаќ е убиствено добра, утринското крцкаво сланинче и тиквички со лук + макало, ме уби во поим, нерасонета можев да јадам како бизон! И најдобро од се’ - екскурзијантското седење и збирање по соби. Неколку жени, лакчиња за нокти, умор, перници и телевизор на бугарска програма, до 4 саат око не склопивме. Смеење од почеток до крај.
    Знаеш дека не е на арно, ама продолжуваш. :lol:

    И тоа заврши...
    Дома, си дојдов три кила потешка (читај - стискај нужда, зошто дома вц шољата е најдобриот ти другар :D ), почнав да ја читам Теоријата на тоталитаризмот на Хана Арент и го изгледавме Hangover тројката со либево. Умор до небото, но и мекост на срцето.
    Уште ме фаќа смеа од одредени сцени.
    Во петок ќе го гушкаме ГТЦ.
    Вечер одам да се видам со Јул моја, директ од Истанбул доаѓа. Да слушнам од прва рака што се случува и да си ја гушнам и неа. Активист за нова слобода. Со такви луѓе ми се пие пиво во Менада, старата Менада, што личеше на интимно куќарче за уметничка слобода.
    Сега, едвај дали и одам таму.
    Нештата, се менуваат, сакале ние или не.
    Работата е што ние не сакаме да се менуваме.

    Сакав да кажам, домашно слатко од диви јагоди е 100 пати подобро од Нутела бре! Ене го до пола го изедовме, утре ќе свртам палачинки за да му го фатиме крајот ко што доликува.
    Чекам базен сезона. На запад ништо ново. Некои уште треба да зреат, некои веќе паднаа долу и отмено скапуваат, како што животот тоа им приредил.
    Мене, јасно ми е дека тргнуваме повторно кон нови патишта, со старите чевли. Ќе мора да се внимава, да се заобиколуваат мочуришта и калоини, ако сакаме да блеснеме боси на другата страна на светот!
    Понекогаш, исцрпени се сите значење. Па ти се пирка, ко ветер, некаде високо на планина. Ти се бива човек, а не чудо опашано со закони.
    Да не ми е Љубовта не знам што би правела.
    Веројатно се’, а ништо.
     
    На Elennaa, Doozy, LilBaby и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    Добар ден на сите девојки, жени јас сакам да кажам дека сум НАЈСРЕЌНА на светов станав МАЈКА па ве чекам да ми дојдете со мекици :D :hai:
     
    На Anna-Banana, marama, Buttterfly и 37 други им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Деновиве сум засипната и гласот ми е како!

    Смигалс ми е омилен лик од поновата филмографска сцена. Значи колку дума има за да се каже за комплексноста која тој ја носи и најтрагично е што никогаш нема да може целосно да се разоткрие неговата душа. Симбиоза на уф и ах, доброто и злото, внатрешните пориви и општествено-социјално всадените стеги.
    Повеќето луѓе се како Смиглс и тоа да се биде како него не е ништо лошо. Лошото доаѓа кога целосно потпаѓаш под омразата и таа станува ТИ. Е тоаш нема враќање назад. Вие сте на добриот пат се додека светнува и најмала Искра на правдина, скромност и несебичност во вас. Ако не чувствувате повеќе Љ готови сте.

    Животот е борба со нашите сопствени демони. Не толку со оние кои другите луѓе ни ги праќаат. Нив верувајте можеме да ги победиме. Ама нашите демони е тие се опасни и може да не заебат, срамнат до земја и да ни се изнасмеат најгласно.

    ПС - надвор грми, Џ. Оливер готви, мене ми се јаде леќа или тиквички. Се договорив со Мама да ми направи нешто од тоа. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      64,2 KB
      Прегледи:
      330
    На ines.h, bittersweet, Waka-waka и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    ...и така почна да врне.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Денес сум баксуз.
    До сега не излегував без палто но утрово намерно не го зедов, топло беше.
    Чадор, ма јок, што е тоа :^)
    Сега заврна, е ако де, ќе се зезаме сега по дождот по кратки ракавчиња без чадор.
    Памет за друг пат, колку и да ти е голем носи си го со тебе (чадорот), или како што некој некогаш рекол-кој носи не проси.
    Епа јас уште малку и отидов на просење.
     
    На tea4e и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  14. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Самошто си станав. Временцево малку тмурно ама ќе се среди до после. Ах, то мирис после дожд :inlove: Ако ми пропаднат плановите за излегување, ќе си гледам некое филмче. Дожд, добар филм и пуканки. Уживанции :inlove:
    Феминки, имајте најубав ден!
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Нека е проклет денешниот ден ;(
    Ми умре кученцето Мурџо, кралот на нашето семејство. Неможам да поверувам дека е мртов, дома сите сме во шок а јас плачам како ненормална. Тој ни беше чувар на семејството, човек недаваше да стапне дома кај нас право му се фрлаше. Се секавам на денот кога го донесоа, беше зима при крајот на декември. Татко ми го донесе него и неговата сестричка Кана. Јас имав само 4год и одма им се фрчив, тие почнаа да ме гонат низ цел двор, имаше и снег и јас почнав да ги мавам. Имам слики од тогаш за среќа татко ми ме сликал и сликите ке ми останат за вечен спомен. Секој ден им се качував на грб и ги ѓњавев а тие мирнички се научија секој ден со мене. После се преселивме на цело во куката бидејки кога ги донесоа уште ја градевме, и тој спиеше секоја ноќ под мојот прозорец. Се секавам дека сестра му почина истата година кога ги донесоа во лето. Кога ми кажа татко ми дека Кана починала јас плачев неможев да се смирам, потоа татко ми ја запали и јас уште повеке плачев и го гушкав Мурџо, со страв и тој да не не напушти. По една недела од смртта на Кана ни ја донесоа и другата сестра на Мурџо и таа немаше полна недела ја задави смок и почина. Татко ми рече дека не носи веке кучиња само со Мурџо ке останеме и јас се молев секој ден да не му биде нешто. Секоја сабајле ме будеше со неговот лаење, кога ке одев во дворот си играв со него го милував и се така до пред една недела. Пред точно една недела се разболе и татко ми повика ветринар и до вчера примаше инекции имаше висока температура. Сабајле не лаеше, јас излегов отидов да полагам екстерно и кога се вратив ја гледам сестра ми плаче на цел глас, а ја знам плачка пошо за најмали работи плаче а не ми текна на тоа. Влегувам дома гледам мама и тато плачат и ја викам лелееј некој билок починал, а татко ми прв пат во живот да плаче мислам прес нас и ги прашувам што им е и рекоа дека Муеџо починал...Толку бевме сите преврзани за него...Сега стојам до прозорецот, него го нема претешко ми е. Целото детство го поминав со него а сега незнам како ке ми е без него. Се надевав дека ке умре кога ке наполнам 20 год бар ама денес му било пишано. Проклето ми недостасува, а вие што иамте домашно милениче или што сте го изгубиле како мене најубаво знаете како се чувствувам.Татко ми нарача ново шарпланинче ама џабе е нема да го замени никој ама баш никој на Мурџо мој. Никогаш нема да го заборавам, засекогаш ке остане во моето срце, тој ми е единствениот најубав спомен од целиот живот, и со него што ги имам сликите ке ги чувам како очите бидејки тоа ми е најголем спомен што постои. Од денес понатаму ке нема кој да гушкам кога ке ми е тешко, нема кој да ме буди и ке нема кој да ме нервира лајајки по мене, ке нема по кој да се дерам да престане да лае...Зошто Боже ми го зеде, зошто...Се надевам дека сега е на добро место, со сестрите, мајка му и татко му. Би сакала уште еднаш да можам да го видам ама.......нека почива во мир ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Golden, kravce, Elennaa и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Во животот не треба човек постојано да им ги укажува грешките на другите, треба самите да ги увидат.
    Се е џабе и минливо во животот, остануваат само оние нешта кои треба да ги има човек.Затоа и безпотребно е да се обидува да го смени правецот на оние нешта кои не се во негови раце.
    Прифаќањето и помирувањето со истите, му го даваат мирот на човекот.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Искачаш со наочари,се враќаш со чадор.Јуни у трансу лудује.

    Лудује! Ама ми се допаѓа освежувањето =) Нека врне цел ден!
    Денот ми е таков за да си седам дома да си правам планови да си читкам книги.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Се расплакав... ;(
    И јас ја имам почуствувано таа болка, цела недела плачев, месец... еве вејќе има поминато 5 месеци уште имам солзи во очите. Претерано ми недостига, сега за жал само во соновите го гледам! А го сакав... најмногу на свет!
    Искрено мислам дека болката да изгубиш куче е многу поголема одколку личност! :!: Барем мое мислење е тоа. (не мислам на некој од семејството)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    За после 15 минути да „џишне“ едно сонце како полудено...барем кај мене у маало.
    Ова глобалново затоплување и озонскава дупка изгледа и` дадоа братче на баба Марта, дедо Јунко.
    Амбулантни коли свират, ли свират ... ауу Господе чувај им го здравјето на сите додека трае ненормалноста на времево.
     
  20. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Се растажив, не поради себе туку поради некој кој ми беше многу близок, на кого му посакувам се најдобро во животот иако не сме блиски веќе, посакувам што поскоро да си најде среќата и да му биде исполнет животот со многу среќни денови и радосни мигови. Да можев да сторам нешто без да мислам ниту миг би му го променила животот, но што можам јас да сторам, освен да му посакам се најдобро и да се надевам на среќни вести што поскоро. Сакам да кажам животот е суров не повредува и нас и тие што ни значат.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.