Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    измореена сум ми треба длабоок сон
     
  2. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Сакам да заборавам на тагата, сакам да одморам од се и да се вратам посилна. Сакам да почувствувам љубов но не само од моја страна, сакам да сум сакана. Сакам да сум среќна со најблиските, сите најблиски ама баш сите. Сакам да бидам успешна. Сакам сите мои желби да се исполнат!
     
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Срцето на барби е затворено поради реновирање! :)
     
    На Hipica, Ketrin.Moon и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека има исконска вистина во „здравиот има милион желби, а болниот само една“. Сум пишувала и претходно дека имам братучед кој имаше глупав канцер и на 20 години се справува со хоророт наречен хемотерапија. Епа толку. Извојувавме победа. Само што му стигнале резултатите, се' е во ред, се' е чисто, нема траги, нема .... нема.... Скокнав од радост. И уште се радувам. Мислам дека срцево ќе ми препукне од среќа. А во исто време и солзи се слеваат, се слеваат, течат. Предолго ги држев и задржував.
    Сонце мало, ми пиша дека не се плаши и дека не МУ се плаши. Очи полни живот и тело полно цитостатици. Секое одење, секоја посета беше болна. Држиш во себе, се стегаш за да не вриснеш од ужасот што го гледаш пред себе, ужасот од тој глупав рак. И мајка ми што едвај додржа да не падне и мајка му што едвај додржа да не се расплаче. Очите влажни, лицата празни, присилна насмевка и оловна тежина околу.

    Ама помина. Толку. Колку само значи животот. Колку само се радувам. И плачам. И се радувам. И се радувам....
     
    На sweet-cherry, marama, ana-girl и 31 други им се допаѓа ова.
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Немате добра ноќ вечерва. Исто така и голем дел од мојата почит изгубивте. Мамо и тато.
    Не сум јас должна да ве слушам како се карате. Барем не денес. Барем не сега, кога ми требате да сте сложни и да ме поддржувате.
    Барем знам што нема да си дозволам да преживее моето дете.
     
    На eliesaab, gingerchild и francais им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мајка ми ме сонувала трудна, па сабајле ме освети со водичка. Ако го игнорираме делот како се утепав сабајле како морон и сега имам така позамашни модрици на нозете, прекрасен ден. Ни времево кое е во климакс не ми влијаеше негативно.

    Речиси туто финто со студентскиот живот за овој семестар. Се нурнувам во летово со палачинки за вечера и смирен џез, со многу серии и филмови на список и една голема шолја кафе. Со турско наздравувам за будно да го живеам животот. И лажичка кокос, како потсетник за тропските простори. Планови за лето низ милата ми Македонија. Можно е море на неколку дена, а повеќе и не ми треба. Планина и езеро, нови неоткриени кошиња на малава Македонија. Да ми бидам јак конкурент на Владо Јовановски (кој инаку ептен ми е секси) ете тоа ми е желбата.

    Да наздравиме со кафе за денешниот ден. И за утрешниот и за секој нареден и изминат. Да си го протриеме мешето наместо ќупот со злато и ете да вдишеме.
     
    На ana-girl, lunicka, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Се мислам што продуктивно ќе правам летово. Не сакам цело лето да изигравам паразит. :?:
    Иначе, СДК дека се пријавив во Клуб за талентирани средношколци. Преку летово ќе одам на часови, проекти и натпревари, само да ме примат. Во среда е влезниот испит, па.. Држете ми среќа! ^_^

    И да, многу се радувам кога гледам убави постови тука. Иако ретко пишувам, душата ми се полни кога ќе прочитам дека некоја е запросена или забременила, ги положила испитите, се заљубила или.. само е среќна!
    Продолжете така луѓенца, среќата е поголема кога се споделува. :hug:
     
    На Someonespecial, Serafima, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    и јас се радувам заедно со тебе сите сакам да бидат среќни,весели,здрави што е најважно здравјето е најголемо богатство сега само на убави работи мислете :) :)
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Се барам себеси секаде а нема ниту грам од мене ...

    Само трагови од минатото...трагови кои се сместиле врз мене.
    Губам дел од карактерот.
    Се обидувам да се фатам за сламка.
    Чувствувам дека тонам а ни самата не можам да сфатам зошто....
    Понекогаш,ми се провлекува некоја насмевка на лицето..но за момент,се губи бледи.
    Ама нека. Веќе се навикнав. Круг од навики.Толку погрешно!
    Некои моменти ги чувам само за себе. Така живеам…

    Ќе заминам од мојот град,и од мојата држава...
    Ќе пробам седејќи на балконот некаде далеку да си го вратам срцето...Или барем дел.
     
    На Someonespecial, kala21, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Сдк прејадена сум зошто толку јадев не ми е јасно :envy: ко бомба сум во стомакотттттт несакам сега еден месец јадење да видам !
     
    На gothchick и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Ајдеее бидна и првото работно место :)


    Го рентам CV-то, цена поволна :D
     
    На sweet-cherry, Sexybaby86, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Откажани планови за настапи и чуда.
    Откажана свирка и гледање со него.
    Откажани прегледи кај крвопијците.
    Откажани надежи за подобро здравје.
    Од лошо накај полошо. Тоа е моето здравје. Лошо. Најлошо.
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Денеска си седнав во локален парк. Детелина насекаде. Почнав да шарам со прстите по неа и во рок од пет минути најдов две со четири листа. Дали тоа значи дека среќата не е толку ретка ама не ја наоѓаме додека не почнеме озбилно да ја бараме, без да чекаме среќата да не најде нас? :^)
     
    На sweet-cherry, marama, NoellePage и 22 други им се допаѓа ова.
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Чудно е како Американските мачки се одзовуваат на кити,кити а македонските на мац,мац.Сакате да ми кажете дека мачките всушност разбираат? :geek:
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    http://www.sitel.com.mk/oficijalen-kraj-na-uchebnata-godina :!:

    Што зарем за нивни технички проблеми, ние што не ни се отвараа некои прашања или некои на кои што им фалеле одговори или што и да бил проблемот или не им биле доземени лекциите треба на 17 и 19 јуни повторно да преполагаме екстерно?????????????????????????????????????? :@ :envy: :devil: :envy: :@ :devil: :puke: :punch: :Down:
     
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    http://brif.mk/makedonija/vladata-resi- ... 20-denari/
    Шо ми е бе вака? :^)
    Ги замолувам сите страсни поддржувачи на власта кои се на форумов, да образложат, или барем да се одбранат.
     
  17. tami1

    tami1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    48
    Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ги исмејуваат вашите планови и соништа. Тие луѓе нека бидат причина за вашиот успех, а не неуспех!!
     
    На cute12, Someonespecial, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И до тоа дојдов... Ми падна тешко, очи дури ми се насолзија :| градот ни ги искрши патлиџаните што се надвор садени. И тиквиците...и по некое пиперче и морковите и блитвата и бостанот... :( Сериозно тешко ми падна. А баш почнав секаде да се фалам дека веќе си кснуваме од патлиџаните. Проклето невреме. Сама си го барав...нека врне, да не морам да вадам јас... смотаница.
    И така сега инспирација ми е житотото, златно, шушка, сјае. На ветре испушта баш некој магичен звук, и во таа тишина само синото небо и златната боја и неговиот звук... совршено. А не видов, може и него градот го смачкал :|
    Измив садовите, направив пица за утре и сад могу да си га гушну кревет :^) :wasntme:



    пс. ваква домаќинка, а уште немажена? Срамота! :rofl:
     
    На ilipili, marama, ana-girl и 21 други им се допаѓа ова.
  19. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Не ми се живее, имам некое гадно чувство. Којзнае шо ми е. :)
     
  20. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Иии конечно и јас да си дојдам дома.После толку лаги денес офф тешко ми е :doh: и среќна сум.Бев да си купам купачи и балетанки,а се вратив дома со мал милион работи и многу потрошив :tmi: Арно вика мајка ми "абе банка да е ќе ја секниш" :lol:
    А да не заборавамм да ви кажам и ноктите си ги направив кога ке имам време ќе ги сликам и ке ви ги покажам :P
    Преуморна сум ќе си легнам..добра ви ноќ :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.