Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И после парите не ја купувале среќата?!? :^)
    И тоа како да. 8)
    Како ми тргна овој јуни јас со шопинзиве не престанав.Секој ден се враќам со полни кеси.А на тоа се радувам како мало дете.
    Па мислам...заслужив после се нели. :wasntme:
    Колку е добра оваа шопинг терапија.Забораваш на проблемите веднаш штом здогледаш нешто добро и кога пробуваш дали ти стои.
    А кога такви денови ќе се комбинираат со кафе со пријателките,мајка ми и сестрите,па уште и средба со љубениот...непроценливо е. :)
    Мали работи ме прават среќна,најмногу ме радува тоа. :)
     
    На Adi888, marama, ana-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Денешниве ПЕПЕЛАШКИ ја губат сукњата во 12 саат , а не штиклатa. :DDD
     
    На Adi888, kala21 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Како што минува времето сваќам дека кога некој те сака и под дрво и под камен да се скриеш ќе те пронајде и секогаш ќе биде тука и ќе се грижи за тебе без разлика дали тоа му е возвратено.
    Дури и ќе те чека,иако си со друг.
    Но тешко е кога ти неможеш да му ја возвратиш љубовта бидејќи срцето ти е заробено од друг.И тоа од некој кој најмалку го заслужил тоа.Некој за кој си правела се,а тој ни со прст не се помрднал.
    А овој другиов те сака.Иако ништо не си направила за него,не си се грижела,си се криела од него и си се однесувала ладно.
    И тешко е.Затоа што ти неможеш да сакаш некој кој те сака.
    Иако морам да признаам дека малку по малку веќе ми навлегува во срцево.Но не.Не смеам да се заљубам во него.Не смеам од одредени причини.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Надвор свежичко, тивко дува ветренце, од олуците капи вода што врнеше преска, воздуот свеж после дождот со некој убав мирис на цвеќиња. Јас на тераса со тенка фротирка покриена и со книга во рака. Се беше убаво додека не ме набркаа внатре, оти струјата од терасата им сметала, неможеле да спијат, а во соба немам сијалица. Ебаго. Цела година не фатив книга, и ниедна лектира не прочитав, ама денес се зачленив во библиотека и ќе читам веќе.

    Кравче и јас баш си викам готово, отидоа и пиперките и патлиџаните, а колку им се радував кога ги видов дека почнале да црвенеат. :(
     
    На ana-girl, tweety26, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Си поминав прекрасно на полуматурата и покрај тоа што и не сум баш по народното ми ги погодија песните после вечерата.....Убаво беше , сите весели , исто како нa свадба но со генерацијата без момче и невеста е баш исто така , ама сепак супер беше , си се изнаиграв,пеев многу и сега ми е фатен гласот :$ .....За оние со штикли високи како ми беше милооо ауфффф душата ми се полнеше кога ги гледав како се мачат :devil: па и балетанки ставиле во пликот бре демек да си заменат таму |( Јас златно си отидов на балетанчиња ни болка осетив на нозете ни ништо.....После па нели дозволено до 12 на полноќ и после сите на игралиштето си кажвавме впечатоци ово оно , све и така сега имаше и некои така малце повеќе што претерале ама добро како што вели мајка ми будалите немаат рогови , мора по нешто да се познаваат :lol: ......Утре чекајте слика во модни критики обавезнооо :!: Ве љубам сите и ви посакувам добра ноќ :hug: :hug: :*
     
    На ana-girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    го чекав долго овој момент...минатото лето постојано ова време седев на тераса со книга во раце и денес е исто..секогаш има книга која ме остава будна по цели ноќи и ме тера после цел ден да размислувам за неа..ама ако мене ми е убаво...секое утро е посебно на свој начин..и мирисот на утро многу го сакам,некако спокојно се чувствувам..убаво ми е вака..и утре ке си го дочекам утрото будна..ма секој ден овие три месеци..за ништо на светот не го пропуштам ова....
     
  7. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите!!! :D :*
    Сега станав од спиење и трк на Фемина :D
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    Ех кравче, ти да знаеш како боли ко ќе ти го столчи целото лозје..
     
    На marama и kravce им се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не сум којзнае колку по политика но ја сакам природата.Ако собраните средства се искористат во полза на природата, го подржувам овој закон .
    Во националните паркови би требало да се плаќа. Сетите се колку шуми изгореа.Треба да се има евиденција кој се се пушта таму.
    Во речиси сите земји постои голема грижа , а кај нас ..... :fubar:
    Испосекоа , изгореа.. :(
    Загрозени се некои видови диви животни , птици , инсекти.
    Разни лековити билки, печурки, диви плодови,сето тоа е непроценливо богатство, и треба да се чува.
    Мислам дека 20 денари не е којзнае колку , во споредба со она што добиваме.
     
    На Espadrila, Serafima и tessie им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Синоќа решивме да излеземе со две пријателки ...и се добро нели само што ме фати благ ужас од една констатација.
    Во градов нема место каде што можат да излезат жени на мои години,да се напијат чаша вино,можеби и да заиграат а да не бидам опколени со деца и нивни пријатели,со такви кои нема да ве ословуваат со вие...
    Тоа што имам 41 не значи дека немам желби како на 20...и зошто не се гледаат чудно мажите од 50 години кои седат со девојчиња ,а тебе те гледаат како гола да си влегла...или не дај боже да заиграш...
    Јас навистина не знам што има тука смешно.Ако сум на овие години не сум умрела :^)
     
    На GarpovaV, marama, Waka-waka и 29 други им се допаѓа ова.
  11. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Обожавам распуст,обожавам лето ма се сакам.Уште од денес ќе почнам со читање на лектирите некако посебно задовослтво ми прават.Шетање низ малото со другарките,одењето на одмор..Ме исполнува.. :$
    Се чуствувам своја,се чуствувам слободна..
    [​IMG]
    Ви посакувам на сите убаво да си го поминете распустот а,на сите кои одат на одмор им пожелувам среќен пат :* (и да се избањаат еднаш за мене :$)
     
    На ana-girl, Lepaaa, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека во животот до сега поминав низ многу тешкотии-народски кажано низ сито и решето и сеуште сум храбра и издржувам а не како другар ми-маж 27 годишен вчера кога му спомнав дека треба да се прочисти организмот пред колонаскопија 2-3 дена и се исцрпува тој почна да аука :fubar: што машко ке беше :x од заболекар се плаши :D толкаво мажиште :fubar: и со другарка ми кога разговаравме на истата тема-леле немој гадно ми е, е што е гадното ти даваат анезтезија, гледаат и прават што треба ти не чуствуваш ништо, и кога се будиш ти доагаат нагони на повракање сепак минува-од анестезијата е а што да речат луге што им го прават тоа без анестезија на клиника :fubar:-да ти се згади животот буквално :puke: ама кога се мора се мора
    животот не се состои само од кафиња, трач муабети, шопинзи,излегување по кафичи/дискотеки и кафеани
    маката кога ке те натера ке мораш се да издржиш :worried: :x
     
  13. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Има, како нема. А кога ми се игра баш ми е гајле дали се околу мене чичковци со млади цури или се деца у Капан ан.

    Од Саботата во сеќавање ми останаа 3 цури што стоеа на коњопој у ракија бар (у чаршија). Отприлика на твои години. Ко урочени. Ќутат и снимаат. Ни муабет меѓу себе на си прават.
    Не треба така.
    Кога ти се игра - играј, Ако ти се допаѓа музиката, иди таму и ич да не ти чуе.
    Верувај, никој нема да ти персира кога ќе види дека подобро се забавуваш од него ;)
     
    На imelda, Ilinaaa, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Море алал да ти е кравче, а и на сите вас кои имате елан за домашни работи на времево. Јас негде од вчера попладнето (приквечерината) еве до сега ме држи, како пу пу дрогирана.

    Се собрале цела планина садови, јас романтично ги гледам, си ќутам, не си мрдам, на секое намеравање за поход кај мијалникот, столчето ми вика „седи си, седи си.“ И на мм сабајле едвај кафето му го сварив пред работа. Уште ме прашува дали сум спремила нешто за доручек или да си купи на работа. Еден крвнички поглед кога сум му упатила, се напраи дека не кажал ништо. :D :tmi: Не бев ја ваква.

    И` се јавив на мајка ми да и` се пожалам за моево понашање. Ме утеши, рече од времето било. Такво било, утепувало, башка и метеопат сум „иначе ти си многу вредна.“ Фала и`. Требаше од некој да го чујам тоа денес да не паднам у тотален очај. :D

    Шала на страна, ќе средам тоа сеа, у следниов пола саат. Мора. :!: Дури и ќе усисам после. Си ја ставив правосмукалката пред мене да ме потсетува. :D Не и` се давам на мрзата, иш, иш.
     
    На kravce, imelda, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.229
    СКД си го видов бе симпатијата :$
     
    На Dog-lover и tessie им се допаѓа ова.
  16. SparkleGirl7

    SparkleGirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    СДК дека мразам кога хороскопот ми погодува се ама буквално се.
    Се чувствувам како некој да ми ги чита мислите, да ми навлегува во психата.
    Морничаво ми е многу, не сакам веќе да го читам. :sweat:
     
  17. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Само што се вратив од трчање, и се чувствувам како да не сум седнала на стол 100 години. :|
     
    На anabel-a, Trendafilka и Dog-lover им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    SDK jagodi so slag, cvet na podarok, guskanje pokraj moreto na zajdisonce , sepotenje ubavi zborovi, a jas so cvet vo kosata, za uste povekje da go podsetuvam na "andjeo"... A mislev deka takvi maski povekje ne postojat.
    Neznaev deka zivotot moze da bide tolku ubav :wasntme:
    Se stopiv, skroz :inlove:
     
    На sweet-cherry, ana-girl, Umbrella22 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Сакам да кажам дека започна и мојот режим на слабеење. :D Едвај издржувам, премногу сакам да јадам, но сакам и да сум слаба. :!: Не, не и не сум толку за жалење! Јадам се', само што лебот го заменив со двопек.
    Вчера бев да трчам. Едвај издржав, цркнав. Никаква кондиција да сум немала.
    Како смеев ова да си го дозволам да стасам до ова дереџе.... :swear: Да не беше дечко ми со мене кој спортува и добро знаеше да ме мотивира ќе се откажев уште првите 5 минути. :(

    Упорност Феодора, само тоа. Како инаку би го постигнала посакуваниот ефект? :?:
     
  20. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    За време на учебната година си станував покасно,а сега за распустов порано од било кога. :D Се научив деновиве да станувам 8.30, а кога требаше да се учи ,да се стане порано јок! :lol: Чудна работа. Море,самата јас си сум чудна.


    Почнав да зборувам за „чуда“ па ај да довршам кога сум веќе тука. Си викам самата дека сум чудна,ама не можам да бидам почудна од моиве комшии.Неможам,не,не. :shake:
    Никако не можам да ги сфатам бе.Никако! Не си го гледаат својот,почнале да гледаат по туѓи животи.Море... :clap:

    И вие имате комшии знам,ама како моиве се кладам дека немате.
    Еднава,со која сме куќа до куќа, го знае секој наш разговор,знае што правиме,кај одиме. :x Прашајте ја кај бев и со кој бев излезена вчера ќе ви каже како од пушка.
    Кутрава моја баба, мора секој ден да и кажува кај оди,со кој оди...Неможе да и побегне од прашањата кај одиш сега? со кој си ? кај беше ? што купи?
    А знаете што е нај траги(коми)чно ? Тоа што женава си се качува на буре. Да. Убо прочитавте.Ќе си се качи на бурето во кујната,со главата на прозорчето и цел час ќе си муабети со баба ми. :D

    Секогаш сум имала почит кон постари и сега имам,ама кога ми го кажа ова баба ми,пред неколку месеци (па и повеќе), неможев да се воздржам а да не се згазам од смеење.
    Милава моја комшика ,како и секогаш -качена на бурето саат ипол си правела муабети со баба ми.Наеднаш женава ја снемало ,не зборувала ,баба ми зачудена кај исчезна женава...А таа да ми ти паднала во бурето со туршија. :rofl:
    Следниот ден,мораше да и се пофали на баба за циркузот. Кога ми кажуваше никако не можев да се совземам.Се смеев како ненормална. :rofl: А женава сеуште си продолжува со истото. Ден не и' поминува ако не се качи на буренцето.

    Мислам дека не треба да ги опишувам другите комшивки ,бидејќи ако почнам и за нив да пишувам ќе треба да останам цел ден да удирам на тастатурава.
    Ќе ме помислите мене за ненормална,ама богами уште малце и ќе бидам со оглед на тоа со какви комшии сум опкружена.

    Доста беа реферати за денес.
    Ај, ојдов јас на проба за концертот. Имајте пријатен ден! :sun:
     
    На ana-girl, tweety26, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.