Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    СДК , дека си купивме нова кола ! Не е нова од салон , половна е ама јас се прерадував ептен сум среќна :)
     
    На sweet-cherry, marama, ana-girl и 17 други им се допаѓа ова.
  2. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    ТЕ САКАМ ТАТО :l:

    Знам дека имаш проблеми со нервите и со желудникот, секоја ситница те нервира и често те боли стомакот :worried: Најмногу те сакам, ама неможам тоа да ти го кажам, знам дека многу ќе се растажиш затоа што не можеш да бидеш како порано ;( Правиш се за мене, ми купуваш се што ќе посакам без да се расправаш за цената, ти го јадеш сувиот и бајат леб за јас да го јадам новиот мек леб ..И кога си премногу изнемоштен ме носиш каде ќе сакам, ми даваш се што ќе посакам..Ти си мојот херој, мојата прва љубов, ти ме учеше никогаш да не се откажувам од тоа што го сакам, да не се откажувам од Бог и цело време да се молам, дека Бог е секогаш со мене ;( И во право беше :worried: Само знај дека те сакам и дека не сакам ништо да ти се случи :( Од самата помисла дека ќе ти се случи нешто - почнувам да плачам :( ИЗДРЖИ ТАТО :worried: ТЕ САКАМ :l:
     
    На GarpovaV, Libera, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.973

    Леле не ме предомислувај...после 100 години се договоривме со другарки да излеземе во четврток...сигурно исто ќе е!!!!!!!!
    Ќе ти кажам баш. А ко што сум и од помало место....нема промашај дека ќе е така нажалост
     
  4. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Што добиваат љубоморните и завидливите луѓе? Ништо корисно.Љубомората е болест излечете се.
     
    На Gordana10 и tea4e им се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Се разбудив со убава вест, но кога се вратив во реалноста сфатив дека не може да си ја остварам. Да беше до мене веднаш ќе се согласев, но не е жалам. Зошто сум таков човек бе? Зошто секогаш гледам прво за другите па за мене? Ако остане ќе ги јадам трошките. Многу си се мразам поради тоа а срам ми е да кажам колку години не сум била на море. Ах животе што си толку лош со мене или јас не си го искористувам моето право да одлучувам за себе туку дозволувам некој друг за мене? Ај си се тешам не мора оваа година ќе прескокнеме има време само некои работи да се средат. Да си најдеме работа, да заврши со факултетот, за мене е лесно па другото лето ќе одиме. Јас никогаш во животот не сум имала препреки секогаш сум го правела тоа што го сакам, сум била на многу убави места, никогаш не сум имала проблем со парите моите ме чувале и ќе ме чуваат до смрт како капка во дланките, единствено чедо сум им. Жалам ... ;(
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    :D
    А замисли некој ти се доближува со годините приближно на син ти,и ти вели тетко имате ли упаљач.... (или нешто слично),и притоа се обидува да започне разговор...
    ма ...[​IMG]
     
    На imelda и Espadrila им се допаѓа ова.
  7. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Од денес почнувам да вежбам! :ninja:
     
    На nobody1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Убаво се чувствувам кога ќе зготвам нешто и ќе видам насмевка на лицето на мајка ми,па макар тоа биле пржени пиперки,тиквички,патлиџани...
    Кога сум вака повеќе месеци дома,чувствувам потреба а и обврска да правам нешто за оние што ги сакам,а не да ги преспивам деновите и да се понашам како паразит при полни 20год.

    Брат ми сабајле отиде,замина..
    До пред некој час беше тука и заедно го пиевме кафето на аеродром,потоа се качи и одлета.Ми недостасува иако сеуште не стигнал до конечната дестинација,ми недостасува а уште нема поминато ни 1 ден.Незнам како ќе помине времето,ама се додека него му е добро,добро ќе се чувствувам и јас.
    А колку на еден млад човек може да му биде добро толку далеку од дома и од луѓето што ги сака? Скоро ич.
    Пуста нека биде и Амерка,и оваа проклета сиромаштија овде.А јас демек тлеев надеж дека овде нешто ќе се подобри,море бетер ќе биде.Кој знае каде ќе завршиме за 10год...

    Го пијам второто кафе од сабајле,а кутијата со цигари е преполовена.Мајка ми ја гледам само се цигари пали од кога си дојдовме дома од аеродромот.Не е сеедно да си го пратиш детето толку далеку.
    Може ќе беше полесно доколку отидеше таму за да се прошета и 3-4 месеци да си ужива,арно ама...

    Ќе почнам да средувам по дома,вака не ме држи место..
     
    На marama, ana-girl и imelda им се допаѓа ова.
  9. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сдк дека времево е ужас....кога ли ќе се оправи кога ќе го почуствуваме летово....Времево ми ствара депресија,нервоза :@
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк се согласувам со постот на луничка,и јас имам такво чуство дека денес владеат клинците од 12 до 18 години,а ако имас 25год тогаш ти веќе си стар и нема каде да излезеш сите те гледаат чудно,како во типот што бара овој или оваа тука,божем не треба човек да се забавува и постари години,што на запад не е така.
     
    На imelda и lunicka им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Денеска нешто му контрам на времево :rock: .. Се си мислам дека годинава нема да почувствуваме лето, сонце, плажа.. :(
     
    На Glossy-girl, tea4e и kristii им се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Многу често кога седам сама и размислувам махинално за нешто, ми текнува на темата “Разговор со тишината“.
    Не знам кој е авторот на темата, ако е Реинбоу за него морам да ја пофалам, и покрај тоа што си војуваме на други фронтови :D .
    Многу убав наслов.

    Разговор со тишината.

    Баш така. Седите, а мислите ви одат некаде длабоко во вашата душа. Се навраќате на настани од минатото, на вашите одлуки, постапки, на личностите што биле тука за вас, или сте мислеле дека било така, па мислите за иднината, планирате...
    И сето тоа во тишина. А сепак разговарате. Со самиот себе.
    Некогаш тие разговори се најтешки, затоа што најтешко е да се признае пред самиот себе каква е всушност реалноста, полесно е да се бега од сопственото јас.

    Но во такви моменти на тишина, на разговор со тишината, често пати се слуша најголемото ехо, најголемиот крик, болка или среќа зависи, што ја држите некаде длабоко во бунарот на вашата душа.

    Сакам да кажам многу работи, да пишувам за многу теми кои ги знае само тишината, но некако мислите, ехото, се губи некаде по пат.
    Едно нешто сепак излегува на површината- дека ништо, ниту една работа не е како што навистина изгледа.
    Немојте да му завидувате на некого што мислите дека му е многу убаво и да посакувате да сте на негово место- оти голема е веројатноста внатрешно да се распаѓа; но немојте ни да сожалувате некого или однапред да го осудувате на пропаст- можеби одамна си ги средил работите, но не сака да ја споделува својата среќа, можеби се води по мислата дека колку помалку луѓе знаат дека си среќен, толку подолго си во таа состојба :) .

    Како и да е, времето променливо облачно, со повремени врнежи и услови за град и грмежи- совршен изговор и оправдување за меланхолија.
    Од времето е.
    Или сепак не?
     
    На mims-89, ana-girl, kala21 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Што може да биде послатко од видео со бебенце, или од видео со слатко животинче? ^_^
    Видео со бебенце и слатко животинче! :nod:
    Само дајте ми некое вакво слатко видео и јас одма цивкам 10 минути. :D
    Што убаво кога ќе видиш ваква убајна и кога ќе се разнежниш уште од рано... :f: После ни времево не може да ме онерасположи. :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=y-JWXF-Pud4
     
    На ana-girl, Girl-50, Edie.S и 9 други им се допаѓа ова.
  14. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    сдк дека конечно завршивме со школото гааааааајсс :D :D :D многу сум среќнааа :D
     
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    истооо и јааас многууу сум среќнааа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: ми попуштила професорката на факултет ќе требаше да идам на испит и сега ми пишала плус 1 поен и нема потреба да идам на испит, си го положив колоквиумот :)
     
    На BlondeGirl8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Вчера баксузен ден,ама сепак убаво време со добро друштво.Денес диплома за завршен 7ми степен по англиски и мноооооооооогу дожд.
    Ме тера на плачење дождов.Незнам зошто.Пробувам да го разбијам песимизмот со музика,aма тешко ми оди некако.
    Иш,иш...
    http://www.youtube.com/watch?v=5MZv6kQvm2Y :hug:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК страшно е што не се слушаат постарите луѓе, што тие имаат да кажат, уште пострашно што не се почитуваат.Не велам дека се секогаш во право, ама скоро секогаш :D се во право.Оти тие го поминале патот, по кој поминуваат помладите.Треба нивниот совет да е добредојден.
    А дали некои од тие нивни совети ќе се прифати или не, од помладите зависи.Но сепак не би требало во потполност да се игнорираат, бидејки можеби токму тие нивни совети, го содржат вистинскиот одговор.

    И не е страшна мислата, се додека човек не ја спроведе во дело, би требало да внимава која мисла ја спроведува во дело.Велам не е страшна, бидејки нормално е на човек секакви мисли да му се појават.

    И би требало човек да размисли какви луѓе има покрај себе, какви доаѓаат, остануваат и заминуваат.Сите џабе не се појавуваат во неговиот живот.
     
    На bittersweet, Marjan007, ozbilnazena и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Имам нова симпатија. Си се шмекаме :$
    Добро да бидам искрена, старо-нова е. Од лани се шмекаме.
    Ама како беше онаа народната, од гледање фајде нема :!:
     
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    За жал им нема лек. :x Греота,сами си наштетуваат.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека пу пу машала, многу убави дечиња си имате. Си викав „цуци-буци“ на екранот пола саат (да ме глеаше некој ќе си речеше „на оваа погрешно и` е наместена сијалицата“). :D Можам да замислам нивните мамички какви женски се. 8) :$

    Да ви бидат живи, здрави, насмеани и СРЕЌНИ покрај нивните сакани.
    Е вака се предомислуе жена за абортус, една кратка посета до „Мода за клинци и клинцези“ и готово, а не со закани, догми, закони, бирократии. :D

    Правам муабет за оние кои МОЖЕ да се предомислат, а не жени со цврсто изграден став по тоа прашање (да не ме сфати некој дека осудувам или дискриминирам).
     
    На Umbrella22, Serafima, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.