Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зошто вие Македонците на прашање секогаш одговарате со прашање?
    - Кој ти го кажал тоа бе?!

    Ми го улепша денот сабајле коа го чув на радио :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Ketrin.Moon, Gordana10 и tea4e им се допаѓа ова.
  2. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Дечко ми е најголемиот идиот на цел свет шо може да постои. Не ми се веруе колку е неблагодарен, глупав и бесчувствителен (или барем така се прави). Целиот бес од проблемите негови наоколу мене ми го џитка |( Жими се ќе го фанам и ќе го задавам со врвцава од патикиве :@ :@ :@ :@ :@
    мрша скапана
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    во животов имаме многу тестови и оние на лист хартија и оние шTо треба да ги доживееме...
    многу работи ни се случваат,чудни,нечудни,добри,лошI,тешки и лесни,болни и среќни :^)
    Tаков е животов од се си има :)
     
  4. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    точно е, ептен во право си :)
     
  5. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    ГО МРАЗАМ ВРЕМЕТО! :rain: :roll: :roll: :roll: :roll: :roll: :roll:
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    филмче хиар ај кам :)
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Се сеќавам настанот беше 2002 - 2003 година.
    Беше пролетно време, недела, а можеби и некој голем празник. Бев сама дома, моите беа на гости, на слава. Бев почетник во верата, слаб, нестабилен и преполн со сомнежи. Застанав пред иконите и кратко се помолив:
    - Господи, прости ми, ама денес ќе работам!
    - И плус што има лошо во тоа само да кројам, нема да шијам?!
    Се прекрстив, воздивнав и во мисливе почнаа да ми се ројат безброј мисли. Се самооправдував во себе:
    - Нели Господи не е важно човек дали работи или не во недела, важно е нели да биде чист, да не мисли лошо, зашто ти го гледаш срцето во секој...
    И само што ми поминаа низ глава овие зборови, темнина.
    Надвор беше сончево, па дури и премногу жешко. Без никакви најави за врнежи и слични работи. И замислете, на небото кога погледнав, знаете колкав облак имаше?!
    Едно мало смешно облаче, ама полно со гнев во себе.
    И тоа само како да стоеше над нашата куќа, започна да врне град, не мал, туку со големина колку еден орев.
    И додека трчав низ градината и се обидував да спасам нешто од се она што моите имаа посадено, крвави солзи проронав во себе.
    - Ех, глупава, глупава! Точно Бог гледа на срцата, а ти најде Него да му кажуваш, што треба да се прави, а што не! Кога да се работи или не работи и плус се самооправдуваш!!! Така ти треба.

    Спасив нешто, можеби половина од оној расад што беше посаден и што веќе беше при крај, за да може да се сади, ама не целиот. Најубавиот изгоре, се оштети.

    Сакав да кажам...
    Денешниов ден ме потсети точно на тој настан. Не да ме сфатите погрешно, дека сакам нешто друго да кажам, како некој да обвинувам, не, но само да посоветувам ако можам. Јас не сум никоја и ништо, па да кажувам и судам за нечиј живот. Доволни се моиве гревови што се тешки како планини.

    Искрен совет...
    Понекогаш навистина треба да се размислиме за сите наши постапки. Ништо не е случајно, туку се’ си има своја тајна промисла. Навистина ни е потребно, па дури и повеќе од потребно себепознанието и покајанието. И доволно е прашањето да проструи во нас:
    - Зошто не заврна град и не оштети нешто кај соседите неколку куќи понатаму, а само кај нас?!

    И да...
    Од тој миг, кога ставив точка на секоја работа во недела и празник, ниту еднаш не се случило да заврне град и да оштети нешто во нашата градина и нива. Сепак се’ е до нас и Бог навистина гледа во срцата :) .
    Тоа веќе го научив и тоа на поприлично добар начин.
     
    На April87, tweety26, kate21 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Видео со бебенцето и кутрето, 2 години подоцна ^_^
    http://www.youtube.com/watch?v=A7CRx6YOk_o
     
    На sweet-star, tea4e, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ахх денов...покатастрофа не можеше да биде.
    Сабајле - убаво временце, топло...
    Одам на школо опуштена, со самодоверба. Се додека не ни го дадоја тестот за матура.
    WTF :worried: Само таа реакција ја имам ...Претешко беше :@
    Откако завршив излегувам да си одам. Што да видам?? Кај да тргнам кога не носам чадор. На пола пат ќе ме фати дожд...По 5мин - буквално се истури.
    Заглавивме вучилиште уште пола саат сигурно. Подпреврна. Излегуваме да си одиме - дворот од училиштето БАЗЕНТ. Улиците бетар -.- Тротоар? Што е тоа? хахахха
    Улиците беа буквално како река. Едвај некако дојде такси. Се возиме низ град - како низ река да се возиме. Каде сега?
    Ајде на кафе...Стасавме скоро кај мене дома - ајде да се вратиме назад уште едно другарче да земиме.
    Цела авантура беше возењето со такси :lol: :lol:
    На крај стасавме безбедно. Кафе, муабети, смеење...
    Прекрасен помин со прекрасни луѓенца ;)
    А сега мислам дека е време да запри дождот...не се седи дома - досадно е па :/
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е доста ми е веќе. Ме научија уште од пред некоја година по дома дека најбрзо куцам, а и англиски највеќе знам од нив, и почнаа на глава да ми се качуваат. Не само овие дома, туку и од пошироката фамилија, да им преведувам и куцам се и сешто што ќе им притреба и тоа не мали трудови.
    Веќе ми е преку глава.
    Од ова што ми го дадоа последно пола завршив, ама другава пола не ја преведувам.
    Дојди си од пракса во 4ипол-5, одмори се саат време па преведувај. Па ако имаш време да искочиш или да одмориш, ако не одма во кревет, следното сабајле треба пак во 7 да се станува. Се запоставив од цел тон обврски.
    Не го терам веќе вака времето, доста го терав 10 дена сега и уште којзнае колку претходно го имам ова праено.
    Човек да не се ослободи од свои обврски, одма идат туѓите. Е стварно ми дојде преку глава веќе, дури и заплакав од мака. Па поарно да се згрбавев од учење, него од куцање и преведување, барем за своја корист.
    А најарно, да си ги знае секој своите граници и да биде задоволен и од досегашново, и друг пат да не ме сметаат за роб. Ја моето засега го завршив. Здравје, во друга прилика некогаш пак.

    Јас веќе нема да бидам дактилографот и преведувачот на фамилијата, ова ги претера сите граници. Не знам дали ме разбирате, ама јас од што само собирав, сакам да вреснам на цел глас и да плачам од склет и мака.
    Ветувам од утре, 12 јуни, роденденот на сестра ми, ова нема да продолжи вака.
     
    На ana-girl и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    17.916
    Пол:
    Женски
    купаќи летово нема да ми требаат.
     
    На Someonespecial, tea4e, Jenniffer и 2 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Де бре! Што сте се омацуриле?! Ќе има лето ... само немојте после да кукате како се топите ко сладолед и тешко ви е од жештините. :!:
     
    На tessie, Monna.Monna, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.336
    Допаѓања:
    17.916
    Пол:
    Женски
    тоа само нека се стопли :lol:
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    А јас што да кажам, не купачи, туку кога ќе престанам да уклучувам греење? Уште си носам ѕивери :D , ама озбилно си носам ѕивери.
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    :|

    Има стварно луѓе со ментални пореметувања. Ама ептен.
    Луѓе што немаат граници, што не знаат до каде одат, што можат да направат проблеми.
    Тие луѓе треба да се лечат, или да се убијат.
    Нека умрат што поскоро за доброто на сите, нихилисти бедни што не можат да прифатат никаква критика и сите им се криви дека животот им се заебал.

    :x
     
    На WarriorAngel и Barbie20 им се допаѓа ова.
  16. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Одамна не сум сврзала ништо, аме еве ме тука мислејќи на се’ што простуи низ животецов во последно време. Тежината на обврските кои навјасуваат, од секогаш сум ја гледала дирекно во очи, како афродизијак. Станувам нескротлива ѕверка со тони енергија и само јуриш напред, дури сите се чудат по Богу жено како успеваш? Конечно мигови да покажам она што можам и како можам Сама, без патронизирање од надвор(или од внатре). И беше блиску до перфекција. Не се фалам, туку заслужив мало себетапкање по рамо. Заслужив добар ручек, со ладно пиво, заслужив секакви сладости и смеа со мм, насмевки од малиот. Ако сам човек не знае да се потапша по рамо од време на време, се изгубил себе си. Сам да си сопствен најстрог критичар, ни малку пристрасен знае да те одведи на подобри места, од колку да се живее во патетична заблуда и искривени, извитоперени слики, плод на болната имагинација на немање што да се прави со себе си.
    Од вакви зданија, бегајте како од чума, заедно со оние кукачите, вечно незадоволните, фалбаџиите, ’несебичните’ помагачи на сите кои народски кажано трубат и за најмала ситница да оцрнат нечиј успех кој бил ’нивна’ заслуга, бидејќи со тоа што помогнале со еден тел бр или инфо под дифолт е нивен медалот. Мрш од вакви, црно пишуваат, а се бараат само розови боички
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Уф, јас го обожавам времево. :rofl: И покрај тоа што прееска толку многу ме наврна дождот... што и да се помочав, немаше никој да примети. А не бев со црни панталони, светли беа! :D А ја сирота... коркачка. Како што дуваше и грмеше, мислам дека ќе полетав. :D И покрај тоа што не сум воопшто лесна. :D Од што ми беше страв, не одев под дрво, за да не ме удри гром. :!: Го држев чадорот најдоле со два прста, за гром да не го удри железото. [​IMG]

    6 години како што имам супермаркет пред зграда. И никако да научам што-каде стои. :D Вчера 15 минути барав туната каде стои. :D Некој да ме гледаше, колку пати ги поминав сите полици, ќе послумљаше нешто. :D Ко изгубен Германец сум. Фала Богу, што одамна не сум влегла во погрешен автобус. :whew: А дома нешто се шушка за преселба. Леле, мале. :D Мене ќе ми требаат 10 години, да научам каде има супермаркет, автобуска, книжара... оф, ако ова се' ме чека... тешко мене. [​IMG]
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Никогаш не дознав дали јавните запросувања се со романтична порака или за да види бившата што пропуштила... :D :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ги обрав вишните ви дворот.
    Не беа убаво дозреани, ама се исплашив од времево.Баш ме плаши искрено да ви кажам.Некако се испомешаа годишните времиња.Нема сомнеж дека е така.Ама така ни и и треба кога си играме играчки со ерсперменти, со нуклеарни чуда, со законите на природата, а најмногу со законите на Бога . :!:

    Сега може конечно да дојде лето и да се освежуваме со компот од вишни . :d:
     
  20. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Временце, јас те сакам! :rain:
     
    На julie77, Lepaaa, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.