Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Читам лав гушкал жена.Жената го спасила лавот од циркус пред 13 години.Па како да не ја гушнка кога е спасен од тој пекол.Зошто се уништуваат животните за пари?Па зарем не ги жал?Полсе ја напаѓале публиката.Па како нема да ја напајѓаат кога и тие знаат за доста.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Ништо претходно не ме опишало како текстот подоле... :|

    Сè што премолчевме ми натежнува на трепките.
    Неколку слоја маскара и моите солзи се соединуваат во црни поточиња.
    Ми го грдат лицето.
    Несмасно ги бришам со раката.
    Душата ми се раскинува.
    Одвнатре сум парталава.
    Тонам во длабока, црна бездна. Крварам.
    Твоите продорни очи ме следат каде и да отидам.
    Те барам во метежот. Те барам во секој непознат. Те барам на старите места.
    Таму, зад аголот. Скриен во сенката на балконот.
    Твојот мирис помешан со чад од цигари. Мојот омилен парфем. Ме занесува, губам рамнотежа.
    Сакам да останам и да го вдишувам засолнета во твојата прегратка, на твoето рамо. Да ме боцка твојата брада од неколку дена.
    Да те слушам како филозофираш околу толку неважни нешта.
    Кога заедно го пиевме утринското кафе. Како тоа да е најважното нешто на светот.
    Кога молчевме, а тишината беше толку пријатна.
    Кога плачев и цимолев за сè и сешто, а ти ме гледаше и се смешкаше под мустаќ.
    Како одамна да си сфатил нешто што јас не можам да го видам.

    Душо моја. Никогаш не ти кажав колку те сакам кога се чешкаш по брадата.
    Кога замислено гледаш во далечината и вовлекуваш нов дим. Кога немарно ја грицкаш долната усна. Колку сакам да ја бакнам твојата трета веѓа.
    Колку те мразам кога ги грицкаш ноктите.
    Колку те мразам и те сакам подеднакво кога дофрлаш саркастична забелешка.
    Ме оставаш без здив. Секој твој допир е електрошок за моето тело.
    Ме креваш високо кон небото и безмилосно ме треснуваш во правта.
    Изгледам толку малечко, толку збунето, кршливо.

    Ние двајца многу можевме. Но, немавме среќа. Погрешно време. Погрешни луѓе.
    Мислев дека сум доволно силна да те преболам. Силна и за двајцата.
    Но, што да преболам? Никогаш не бевме ние. Бевме само јас. И ти.

    Љубова е бунтовничка сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, нè уништува.
    Кога се обидуваме да ја скриеме, не заробува.
    Кога се обидуваме да ја разбериме, не остава загубени и збунети.
    Јас сум заробена. Заробена во сопствената љубов. Те загубив пред да те имам.

    Љубов моја, сè што премолчевме, премолчи го и сега.
    Не троши ги напразно зборовите.
    Веројатно ќе ги кажеш на некоја друга, некогаш.
    Веројатно и двацата ќе бидеме среќни некогаш.

    Мил мој, не заборавај ме.
    Не заборавај го тоа што не ти го кажав.
    Не заборавај го мојот поглед.
    Еден ден кога случајно ќе ме сретнеш, насмевни се.
    Поради сè што премолчевме.
     
    На Monna.Monna, AnaKarenina, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Навистина незнам што ми е, само на храна мислам. Цел ден дома во овие дожделиви денови и нема што да се прави од досада ми се прејадува. :x И не сум само јас виновна, мајка ми прави колачи во 10 часот и мене ми се преслатки и само си јадам. :wasntme: Изгледа сериозно ја сватив оваа мислата јадете колку сакате и така ќе нема лето. :D Неможе вака навистина ќе качам некое килце уште тоа ми фали. Од утре друг режим помалку храна повеќе вежбање. :muscle: Ќе бидам упорна. :$
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Гледајќи се во огледалото во тоалетот се обидов
    да најдам малку сјај во очите,но најдов неправилности.
    Секој ги има, нормално е ,секој момент остава некаков впечаток.
    Времето носи промени свесна сум.
    А ги сакам ама на подобро.

    Ги слушнав капките како удираат по прозорот.има нешто во времево,ми ги мати мислите.
    На дождот не му е местото тука.
    Но го чувствувам свој. :rain:
     
    На Jenniffer, Elennaa, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  5. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    И уште нешто сакам да кажам за новите на форумот не дека јас сум од којзнае кога но, престанете да пишувате глупости на форумот само да го зголемите бројот на мислења.
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    [​IMG]

    Ги мразам со дното на душата :D
    Јас не знам дали крвта мене ми е толку слатка, ама имам рекордни убоди од овие мали монструми :@
    Да имам моќ, би им го сотрела племето без трошка жал, жими се Хитлер би била за нив,ма све у гасна комора
    ТОПКИ ми направија, отоци :D

    Кој ги створи, од каде изникнаа :^) .

    Сите денес со дождот, кој црн дожд, јас преспав се, тек во 17 часот станав ...
    Шејм он ми, не знам што ми беше денес, ама денов ми беше некако шит, инаку јас не запаѓам во депресии, нити се туфкам, ама денес комотно бев Дајте ми го чоколадото да му се гњурнам.
    А за дождот, да може го пропуштив, ама затоа, штета неверојатна ми направи и работа еден куп ми отвори, сите чинии преку шкаф утоп, сум рибала и сум миела.
    Да, а каде го оставив чоколадото.....?
    Денес не ми беше мерак нити да се смеам и на најјаките Твитови, иако го мразам Твитер
     
    На Monna.Monna, bittersweet, ana-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  7. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902

    Aхх да се само на malaka ....веќе некое време гледам мислења онака без врска напишани и на никој око не му трепнува .....отиде форумов се е веќе направено газ-глава :clap:

    Како и да е ви кажав дека многу убаво си поминав на полуматурата ама не ви кажав дека кога стигнавме таму секој клас имаше напишано по нешто за своите класни раководители и таму на тоа бината читаа, и сега само нашиот клас немаше ништо напишано , ле-ле луѓе коа се крена една паника и тоа сите против мене зошто та зошто не сум напишала , баш јас бе од 24 души мене ми се навртија сите |( Ми се идеше да ги испоубијам сите ама ајде јас крива сите против мене се нарвираат само ние немаме напишано , што е ова вакво бла бла и тие додека се караа јас си се качив на бината и го зедов микрофонот :| Уште се чудам од кај ми дојде храброста......Изнакажав се и сешто се што ми дојде на ум во тој момент , нозете и рацате ми трепереа , јас треперев , ми беше тешко , ........многу ми беше тешко да се разделам од личноси со кои сум поминала и добри и лоши моменти , личности со кои сум ги поминала најдобрите и најлудите години во мојот живот кои за жал никогаш повеќе нема да можам да ги вратам , но ќе останат во моите сеќавања , можеби ќе избледнат но ќе стојат , верувајте , бидејќи сите тие имаат заземено посебно место во моето срце.....А за класниот наш....можеби нашите мислења кон него не ги искажавме на лист хартија но тие секогаш ќе бидат врежани во нашите срца , бидејќи тој е човекот кој ни ги даде најдобрите совети , човекот кој со сите сили се обидуваше да не посочи по вистинскиот пат , а ние ќе треба да се потрудиме да го напривиме овој човек горд на нас......бидејќи овие 4 години тој ни беше како втор татко ;( ;( ;(

    текстот во боја беа дел од моите зборови кои ги кажав во тој момент , сите ги расплакав бе , дури и јас самата се расплакав.....

    Добра ноќ на сите :* :hug: :*
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Куќата се гради цел живот!
     
    На martinuska, Ketrin.Moon, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Собрани куфери, ама оставен простор да се вратам пак таму, понуди, немање, имање, грабање, прекинувања, почетоци, со обврски, безобрски, изложби, понуди прекуокеански. Животецов предизвик, сакам да грабам и страв ми е, ама решив бар неколку месеци да се сплотам дома. Заедно сме, едно сме. Их колку сме моќни заедно. Ја сакам, се' друго е небитно..

    Се изолирав од формов, ама еве вчера навратив и денес, и гледам се' е исто.

    Туку дишам со полни гради, иако сум на 0, и почнувам пак нов почеток, ама не се давам, ако немав предизвици во животов, не знам дал ќе станев таков борец..

    И така, се чувствувам, многу промени, ама многу, возбудливи, и колку само промена на фризура може да смени многу работи.. их
     
    На Bozica1980, Ariel, JuLleE и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите :D
    Имајте убав ден :)
     
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ми мириса на среќа. Дождот се кладам дека ќе ми ја донесе. Денеска е the day. Мојот ден.
    Дечко ми е еден и единствен кој е до даска сличен на мене.

    Соновите кои ги имав ете се остварија. Пазете се од блиски п. Се препазивме :) и пак се деси. И тоа од онаму од кај не очекувавме. Не удри на еден чуден начин. И не престанува да не изненадува. Животецот си тече. Кога ќе се видам на слика од пред три години се штрекнувам колку бев убава. :D И си се сакам старата. Ама ете казната за тоа што претерував може ми дојде во таков облик. А што научив?! Да бидам посилна? Неее! Да се борам за себе? Не! Да не се замарам за глупостите кои ми ги прават овие луѓето? Да се борам за другиот? Да!

    Можете вие да научите еве никогаш да не си дозволите да си ја сјебете косата!
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сдк вчера тргнав по фустан а се вратив дома со книга (ГоТ) :devil: :devil: :devil: she is mine finally. 700денари малку скапо ми беше ама кога сум опседната со нешто неможам да одолеам, плус 700 страни е и повеќе, 1 денар страна еј џабе :D


    Повторно добив една понуда за работа која што веќе ми ја потврдија но некако е премногу добра за да биде вистинита. :^) ако се оствари i will be rich !!!!! :devil:


    го сонував тоше синоќа сме се гушкале силно му кажав дека го сакам многу :$ ах луда главо
     
    На bittersweet, ludoto19, ana-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  13. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Море,поарно ќе се топам како сладолед отколку да го поднесувам дождов и да скапувам дома.Па неможе човек да излезе ,да прошета. |(
    Јас пак планирав да си купувам шешир,марами и триста други чуда за на плажа...Почекај уште еден месец! :swear: |(
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ако си нулта, слатка им е крвта. Aко не си, веројатно им е слатка аgainst all odds. :D
    Инаку, мразат лук, а кога го јадеш и од кожата излегува тој мирис.
    Jaс го обожавам, па кога не излегувам надвор, тоа ми е омиленото решение.
    Сличен ефект има ако јадеш варена пченка со што тие многу посилно го чувствуваат тој мирис што излегува од кожата од нас.
    Брее, тоо теси, само за јадење совети даваш. :D
     
  15. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Не знам дали да плачам,дали да врискам..
    Пресрекна бев што денес морав повторно до школо да одам,пресрекна затоа што треба рано да легнам и рано да станам и што ке се прошетам некаде...
    После тоа си реков ај на рекорд низ плоштад,ке купам пица и на рекорд ке фатам автобус.
    И ете ти несреќа.Го видов него.Тој што велеше дека ме сака,а потоа ме уценуваше за пари.
    Јас целата треперам да не ме види,после 5 мин,се врти и мене ме гледа,јас гледам кај да избегам и влегов во една продавница за конци,купачи нешто такво и таа што работеше таму стоеше пред вратата:
    Таа: Што е,што ти е (примети дека бегам од нешто или некој)?
    Јас: Ништо,ништо само да прашам колу пари се овие купачи?!
    Таа: Бегаш од ***?
    Јас: :o Го познавате?
    Таа: Како да не го знам 24/7 е на рекорд,ги фака девојките,ги бакнува,ги искористува па потоа не ги познава.
    Јас: ( :@ ;( :( :o ) Ви благодарам што ми кажавте..
    Таа: Од каде го познаваш?
    Јас: Се запознавме во.....
    Таа: Не те лаже,тој никаде не работи,никаде не е менаџер тоа му е само изговор,тој е од лошите,тие шиптарите...Јас на сите девојчиња им викам немојте,бегајте од него,а тие наивни..Ама не плаши се јас сум тука...Кое одд/год си?
    Јас: 8-мо одд..Ви благодарам што ми кажавте,морам да одам ми дојде автобус и си отидов...
    Мораше ова да се случи?
     
  16. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Времево е без промена.Човек да помисли дека е ноември а,не јуни.Го мразам времево ептен!Е ќе огрее сонце бе,ќе огрее:(за инат на времево)
    :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:

    Старо е ова но,ете потсетив.Имавме зимување од училиштето и сега децата што ќе одат се подготвуваа и радуваа.(не спаѓав во тие)И јас другарка ми си седиме кај нејзе и разговаравме.Другачки,ко другачки :D
    Седиме ние и доаѓа дедо и.Еве дијалогот што се одвиваше помеѓу нас:

    -(името на другарката) се спреми ли?
    -Да,дедо се спремив.
    -А,ти Голден не одиш?
    -Нема да одам имаме други планови со моите.
    -А,што вие немате пари за да одиш на зимување?


    Со зината уста останав.Како може бе вака човек ради реда што го поздравуваш да биде толку директен?Кој му дава за право вака да збори?Макар и да сум и да не сум во лоша финансиска состојба моето семејство да било кој е тој да се меша во тоа?Зар си дава за право да коментира за такви работи?

    Простаклук и невоспитание.Ми се повраќа од вакви особи кои незнаат каде им е местото :puke:
     
    На ana-girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    На секој чекор ме озборувате. Кажувате се и сешто зад грб ме правите тоа што не сум. Едноставно само и тоа го знаете. Мислите дека правите будала од мене но вие паднавте толку ниско, се пониживте премногу, а не очекувавте. Мене не ме засега тоа што вие го кажувате, не ме засега вашето мислење. Јас го имам тоа што го сакам, очигледно дека тоа вас ви смета, па се обидувате да ме повредите. Мислевте дека ќе ме кршите, но се излажавте, не е толку лесно. Се уште не ја знаете мојата слаба точка хахахаха нема ни да ја дознаете. Залудно се трудите да ме уништите....Ја само ви се смеам на вашите без успешни паѓања и не успеси. Се уште го немате средено својот живот, а се мешате во мојот. Не грижете се за мене јас сум задоволна од тоа што сум и што го имам а не барам ништо повеќе од тоа. Единствено нешто што ќе го кажам за вас е дека ве ЖАЛАМ!
     
    На Gordana10, Someonespecial, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Многу сум разочарана,на крај поминав со 3 четворки.Не ми е криво толку,ама дека пола од мое одделение поминаа со сите 5ки само со еден телефонски повик тоа многу ми е криво.Многу мразам врски и сега јас што се мачев толку да поправам и научам некој што цела година со мало прсте не мрдна дури и една ми се смееше,викаше што учиш толку,будала си не се замарај помина со сите 5ки.Ама ако ќе го преголтам и ова ,знаењето не може да ми го земе никој ќе се види кој колку знае во средно. :)
     
    На ana-girl, Golden и Dog-lover им се допаѓа ова.
  19. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Се разбудив со желба за шетање.Ниту дождот нема да ме спречи ќе си шеткам некаде.Само да доручкувам и надвор!

    Имајте убав ден феминки! :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ех душичке, немој да се разочаруваш за вакви работи уште сега. Слични и полоши ситуации ќе се изнагледаш и во средно, а за факултет да не збориме.... Нема да те тешам и да ти кажувам невистини од типот дека на нив еден ден ќе им дојде крајот, затоа што тие истите утре ќе ни бидат претпоставени во нашава пореметена држава, ама секој со среќата своја. ;)

    СДК прв пат во животов вака да се предавам, овој пат и со бело знаме. Никогаш не сум била со вакви сомнежи и дилеми. Повторно крстопат, а јас не бирам ниту еден паравец.
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.