Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Девојки, јас се заљубив... :inlove:
    Се заљубив како мало девојченце...

    Запознав човек, за кој имам чуство дека го познавам со векови, а првпат ми кажа-Здраво- пред една недела..

    По се низ што поминав, сакам само да кажам- дека ако нешто нештима- одете си..Затоа што тој не е тој, а тоа не е тоа...

    Оној вистинскиот ќе дојде тогаш кога треба- и се ќе биде на место... ;)

    Големо фала до феминките, кои ме држеа над вода кога ми требаше и поради кои успеав да испливам до човекот за кој цел живот сонував :angel:
     
    На Ariana.djm, senza.parole, hermosa и 51 други им се допаѓа ова.
  2. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Кога би те сретнала негде би те скршила од мавање!
     
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утрооо :D
    Jaс од сабајле вредно дете.Прво ја средив дневната,па собата моја,па кујната,па се избањав и си направив smoothie,и конечно седнав на компјутер да се одморам малце.
    Другарка ќе дојде после,па ќе гледаме серија,ќе грицкаме пуканки и ќе пиеме кафенце.
    Распустот почна.Со тешко срце ќе го наречам летен. :rofl:
    Си пуштив музика за малку релаксација,и планирам да уживам.
    http://www.youtube.com/watch?v=fTYviGaCn84
    :hug:
     
    На Glossy-girl, zhap4e, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.680
    Пол:
    Женски
    Мене не ме онерасположува времево, ниту пак го мразам. :D
    Ама нешто ме збунува бе луѓе, губам ориентација за време. :lol:
    Уште не сум свесна дека е јуни, дека сум на распуст. :D Денеска фино лепо си се будам на сабајле (додуша не баш во 7, малце покасно) и ми се чинеше дека треба на школо да одам. :rofl: Дури и се чудам понекогаш кога ќе видам дека ми ги нема учебниците. :^) Па што да правам кога гледам надвор облаци, дожд, како да е есен. :lol:

    Мислам, убаво е и вакво време, да си седнеш на прозор и да си гледаш како врне :rain: , па после свеж воздух надвор, романтики ова-она :D ... Ама за тоа е време во октомври бре брате, не во јуни! :!:
    И сега од досада само си грицкам нешто, си јадам... :wasntme: Нели викате, не морало изгледа ова лето да се слабее... уствари јас и да јадам не се поправам... Невр мајнд. [​IMG]

    Туку, сега за неколку дена ни доаѓаат роднини од Берово. Едвај чекам да се видиме. [​IMG] А и со нив ми е загарантирано смеење до солзи... кога ќе почнат на дијалект да ми прават смешки... [​IMG] После да не се чудите ако почнам да ви думам на малешевски. [​IMG]

    И така... распуст ипак си е распуст, па убаво ми е. [​IMG] Си седам со сладолед, грицки и кафе околу мене и си читкам СДК, а и си пуштив типично летна песна, барем малце на лето да ми заличи. [​IMG]
    Еве ви ја песничката, да ви направи и вас летна атмосфера. [​IMG]
    Ај ариведерчи. [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=vWRo9fOmXFY
     
    На Divinebutterfly, Antoninaaa, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  6. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум нова на сајтов и дека моментално мислам да направам нова тема.И искрено ми здосади од вакво време. :@
     
  7. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Аман бе, јас секој ден нервозна! Сега ќе излезам со другарките, се надевам ќе помине нервозава.. Имајте убав ден:
    http://www.youtube.com/watch?v=co6WMzDOh1o :)
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    колку е светот мал
    одиш да дознаеш една најобична информација и ја сретнуваш заменичката на претседателот од првиот круг на изборите како раководител во библиотеката во која се наогаш ти и си :o :tmi: знам дека е правничка ама незнаев дека работи на тоа место-изненаџена сам :D и тоа многу :!:
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Штотуку добив вест која не само што ми го разубаве денот ами годината. За 8, 9 месеци ќе станам најсреќната тетката на свет. Може ли поубаво да ти појде денот од веста дека ќе станеш тетка?! :rofl: Може сум дете единче ама со другаркава се имаме како сестри, и и се радувам исто како на родена сестра да ми е. Штета што си ми во друг град, сега ќе се радувавме ќе скокавме, урлавме и прославувавме :party: :party: :party: заедно и нормално немаше да ми киднеш од мојата мечешка сиииииилна гушка :hug: . Не можам да опишам колку сум среќна. Друже секо грасиас и со лесно да ти е. :rofl: :dance: :dance: :dance: :rofl:

    https://www.youtube.com/watch?v=j5vIj0V9AQY
    https://www.youtube.com/watch?v=6l6nTqB-_dg
     
    На Monna.Monna, Doozy, Serafima и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Моментот кога си го пиете првото утринско кафе до прозорец, а внука ви зјапа во телевизорот седната во кутија од микробранова. Прајслес :D
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Divinebutterfly, Doozy и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... да не си го цениш својот успех за мене е подеднакво лошо како да присвоиш нечиј туѓ.
    Како може да се срамиш од успехот и да не сакаш да го добиеш тоа признание? Што, нешто многу доблесен си ако се скриеш во најмрачно ќоше?
    Мене тоа ми укажува дека очигледно - не го заслужуваш (сметаш дека си го добил тоа внимание на подарок или како милостиња) па бегаш.
    И затоа многу се разочарувам од луѓе што кога ќе ги викнат да им оддадат заслужено внимание, вртат со главите.
    Твое е - оди и земи си го. Заслужено е. Ти си се борел за успехот, зошто да ти го зема некој друг пред нос, а е помалку заслужен?

    После емоционалниот бродолом вчера сфатив дека сум уште посилна одошто мислам дека сум.
    И тоа ме радува.
    И во овој свет, и во овој живот, нема да преживеат физички силните, туку ментално и умствено најцврстите.

    Кога ќе помислите дека животот совршено ви ги подредил коцките, тогаш почнуваат да се случуваат срања запакувани во розова машна, but that's what's keeping life interesting.
    :)

    Во петто одделение имав другарче на кое црпката му фаќаше многу и инстантно брзо и постојано се натпреварувавме кој ќе научи повеќе, подобро и ќе има поубави оценки.
    Може да се каже дека имавме love-hate врска :D , зашто на моменти го мразев, но потајно го сакав зашто беше одличен во се` што ќе наумеше.
    После неколку години ми кажа дека - сакал да биде како мене кога станува збор за учење.
    А јас отсекогаш сакав да бидам - како него.

    Во животот е многу важно да имате некој кој ќе ве предизвикува - другар, родител, роднина, комшија, љубовник, пријател, дечко за да ја постигнете најдобрата можна верзија од себеси.
     
    На JuLleE, Mishela, Waka-waka и 30 други им се допаѓа ова.
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Интересно ми е тоа што кога оставам мислење, скоро секогаш сум или прва или последна на страната :?:
     
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Не е светот мал,Македонија е мала. :rofl:
     
  14. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    сакам да кажам дека не можам да кажам кој го сакам или пак него не можам да му кажам ми е срамммммммммммммммммммм :D :D :D :D :D :D :D :D :$
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Женски
    Црвен нос,грло,температура ... :worried: изгледа повторно денот така ќе ми помине, во кревет :tmi:
    Времето час врне,час пече ... не се знае дали е лето или есен |(
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    “You don’t forget the face of the person who was your last hope.”
    ― Suzanne Collins, The Hunger Games!♥
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    mislenje1673315.html#p1673315
    Ги прочитав сите мислња од темава и едноставно со еден збор се упропастив.Немам коментар.Едно мало девојче и возрасна жена со ист памет или можеби сличен :x .Не сакам никого да навредам,ниту да се карам само сакав да кажам дека постојат уште нешта во животот кои што можат да ме зачудат..
     
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Уште го немам наместено креветот..
    Си ја гледам и слушам мојата дебела, топла, заспана мачка како крчи.
    Го окупирала мојот кревет, а мене ми е жал да ја разбудам за да го наместам.
    Често се прашувам дали е нормално олку многу да ја сакам?
    Кога емоциите го достигнуваат врвот, за да го смирам моето забрзано срце мора да ја стиснам што посилно и поблиску до него. Кога ќе се смирам ја пуштам.
    Ова семејство и овој дом се нејзиниот свет, таа не знае за светот надвор од овој дом.
    Ние пак без нејзе не би биле никогаш комплетни! Ете толку ни значи.. таа мачка, таа душа, тој живот.
     
    На Christina.A, Doozy, zhap4e и 10 други им се допаѓа ова.
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Колку е најпрекрасно чувството, кога некој што цело време што ти се занаесувал и те правел будала-го зезнуваш кога најмалку очекува. Karma is bitch! ahh priceless!
    Чао,веќе јас не те сакам! ;)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Да ве почастам за роденденов :*
     

    Прикачени фајлови:

    • cocktail.jpg
      cocktail.jpg
      Големина на фајлот:
      35,8 KB
      Прегледи:
      343
    На AwesomeGirl, Barbie20, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.