Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.969
    Нели е жалосно кога сите разговараат и уплаќат за годишен одмор
    мажот ти да има одмор во екот на сезоната- фиксно
    а ти да имаш најмногу работа (читај нема шанси да земеш одмор тогаш) во екот на сезоната - фиксно.
    мора да се најде чаре.... :devil: :devil:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Како што сум мрзлива деновиве, ми годи ваквото време.
    Бројам секунди, минути, саати, до последното предавање за оваа година...до петок! После тоа, куферчето под рака - овој пат тоа гигантското, зошто си одам дома, се' до септември. Си одам до него, конечно после 10 месеци, навидум мирно, поминати. Првата година разделени на толку километри - помина. Успешно! Од септември не чека уште една, уште подалеку. Нека помине и таа вака, баш вака!
    Дотогаш две свадби...loading... 8) Мајка ми' вика месечно да уплатеше кај фризеркава, секако секојден си кај неа. :D Првата свадба, многу добар другар од дечко ми, кога почнавме да се гледаме со мојот А. заедно живееја. Татко ми вика, кој е сега па тој другар - и во моментот го отвора весникот, спорт да прочитал и оп му викам: "Е тој!" :rofl: Ме испули чудно - мислеше го зафркавам. :rofl:
    Другата свадба брачед ми, најсаканиот, омилениот... Абер немам да се спремам, само мрзливо по 10 стомачни дневно правам, така се спремам - ама за одмор. 10 дена само за мене и за мојот А. Овојпат подалечна дестинација. 8) Си бендисав едни купаќи, душата ме боли - колку се убави. Ќе ги купам реков, макар и да немам пари за кафе. :lol: На пример, де! :D

    И така... Мака ми е... Мрзлива сум! Пола саат ко ништо го пишувам постов. Читам книги, но не тие што треба да ги читам! Ако не се свестам наскоро, ќе си мавам шамари, жими се'... Ама мака и за тоа ми е! :x
     
    На Glossy-girl, anuskaNESTLE, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.232
    15 минути се обидувам да му објаснам на татко ми зошто не е во ред да се јави во контактна емисија само за да го праша водителот од каде му е кошулата...
     
    На ilipili, bittersweet, Monna.Monna и 22 други им се допаѓа ова.
  4. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Цел ден сум поспана, лежам и гледам некои досадни филмови. :yawn:
    Читав книга. И таа е досадна. :| Вечер да испаднам ли? А каде да одам? И што да носам? :wasntme: ..ај ќе си седам дома. Ќе си направам пуканки и пак ќе си гледам некое филмче, како и секоја вечер.
    Инаку, вчера правев лазањи. :$ And gues what?! Не беа вкусни! Не беа вооошто вкусни, :!: иако пријателките ми го кажаа спротивното, само за да ме расположат малце. Кој знае што ми е, изгледа времево лошо влијае на мене. Сакам лето! Што поскоро... плажа,сонце,коктели ммм 8) , мирис на море и на креми за сончање. Звуци од искрени насмевки, некоја опуштена,релаксирачка атмосфера. Уффф, колку ми е потребно сето тоа. Ќе издржам, вреди да се издржи за тоа. А до тогаш... филмовите не ми бегаат. Мислам дека ќе станам рекордер во гледање на безвезални филмови. :sweat:
     
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    хаххаха лилитке поздрави го таткоти од мене, ме насмеа :D
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ви кажав еднаш дека се испробав и во градинарството...
    Е сега да се пофалам де :)
    Бидна првата салата од мојата ученичка градина со ракиичка која ме чукна по глава :)

    И пак зафрканции на моја сметка, краставиците ми биле по Европски побарувања - прави и долги :)
    Мм вели Ангела Меркел можеш слободно да ја повикаш да ги измери :lol:
    Ако ми се појави уште една линија кај очиве, од него ќе е :) Слаба сум на неговото засмејување....
     
    На ilipili, bittersweet, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Кога е вакво времево никаде не ми се оди. Најубаво ми е кога ќе си седнам во фотељата покрај прозорецот, со книга во рацете. До мене е кафето и шири прекрасен мирис. Срцето ми е исполнето. Не сакам кога сум некаде надвор и ќе ми заврне, но затоа обожавам кога врне дожд а јас гледам од прозорот. Си пуштам тивка музика и уживам, убаво ми е.
    Имајте убав ден :)
     
  8. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ту бре што среќа ќе имав :| откако почна распустов се се спремам среќна кај баба ми и дедо ми да одам и 2 дена пред тргање се разболев :| бев на лекар некој вирус ме фатило, цел ден не сум јадена и да сакам неможам :puke: и сега ништо ќе си лежам дома пред телевизор :| сега 25 јуни треба да го чекам ;( најважно да оздравам,селото нема да ми побегне :D
     
  9. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    [​IMG]

    Човек со големо срце, ех сите да беа како него...
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Денов го поминав прекрасно...во кревет...сама...болна |( kill me now :swear:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ми здосади веќе од се....
    Депримираност,нерешителност опколена со негативна енергија...Спорот кој го водев го добив кој и да е би бил срекен,но јас не сум.
    Секој би бил срекен,но јас неможам да сум срекна...како да сум потоната во некој безвременски простор ни на небо сум ни на земја....
    уморна сум од животот се чуствувам како старица од 100 години која си ги одбојува минутите за да си најде починка...никогаш не сум била личност која се откажува,но кога гледаш дека ништо не е во твоја моќ...само се издишуваш и незабележливо плачеш,како душата некој да ти ја сецка на делчиња без милост...
     
    На tweety26, Antoninaaa, vitomir и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Чуството кога седаш со дедо ти, и на вестите најавната шпица: Учениците кои биле фатени како препишуваат или тестаторите им кажуваат за време на екстерното тестирање ќе полагаат повторно во јуни!!! И оној поглед од него :geek: :shake:
     
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Секој крај е нов почеток,но и лузна повеке.

    Тешко е да се заборави тоа што некогаш те исполнувало и за миг ти изнудувало среќа на лицето.
    Некогаш си била посреќна.
    Некои личности и времиња никогаш не се забораваат,
    како што не се заборава минатото бидејки тоа е дел од нас и не може да се промени.

    Ама баш никогаш.
     
    На tweety26, Divinebutterfly, Umbrella22 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На gothchick, Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Ејјј колку ми е убаво попладнево ... За мерак ...

    Сабајлево им порачав боза на моите од Апче.Ех колку ми го направиле кејфот што за ручек гледам ми ја исполниле желбата.Ладно шише боза заедно со едно колаче ми го послужија за десерт. :inlove: .
    Чувствата ми беа нешто како љубов на прв поглед,пеперутки...ме разбирате нели?Убаво е да си најмал во семејството...

    Ех,ова мое чудесно семејство.
     
    На tweety26, Doozy, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Ја сакам оваа есен во Јуни. :!:
     
    На Domino и Sweety-90 им се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    На booble.girl, gothchick и julie77 им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ако порано на сајтовите на туристичките агенции имаше анкети Каде ќе одите на одмор летово?, годинава прв пат сретнав анкета Дали ќе одите на одмор летово?
    Фрчат last minute понуди од сите страни, aма заинтересираноста колку што гледам, ниска како и температуриве јунски. Па си се тешам и си викам: Не е до тоа дека народов нема пари, туку времево не е за на одмор. На плажа со чадор за дожд не се оди...

    Туку, некои работи не се менуваат никогаш.
    Прва работа што мајка ми ја прашувала баба ми кога ќе дојдела дома, било: Што јадеа децата?
    И баба ми ќе седнела, па ќе почнела да ѝ набројува што сé сме изеле во текот на денот.
    До ден денес, после она Добар ден девојчици што ни го кажува уште од врата, прво прашање ѝ е: Што јадевте денес?
    - Аман мамо, не сме веќе мали деца. Што сме јаделе - сме јаделе. Гладни не сме.

    Патем, ми оди накај Словенија.
    Да запалам кола и да се возам по нивните планински, асфалтирани патишта, па да одмарам очи гледајќи во зеленилото... Убавини!
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Mishela, ana-girl и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ноктите налакирани.
    Веѓите исчупани.
    Комплетна депилација завршена.
    Е сега уште се мислам што да носам утре.
    Наместо книга да фатам јас се мислам што да носам.Па ако паѓам барем со стил да паѓам :lol:
     
    На martinuska, SparkyAngel и WomanInRed им се допаѓа ова.
  20. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Кога ќе завршам со диетава ќе купам еден голем чипс домаќински со фета сирење и ќе го изедам цел! :D
     
    На Someonespecial, Ana122 и Dog-lover им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.