Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ајде, среќна слава на сите што слават.Радост, љубов и здравје во домот да имате. :)
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Значи плаќаш. Е сеа, дали ќе платиш 500 или 1500..секој со длабочината на џебот.
    Поентата на нивниот муабет е,дали вреди да се плати за новодишно шминкање. А дали Дадар,дали Кика или Трајко,Петко е исти курац.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Конечно станав теткааааааааааааа :dance: :party: :dance: :party: !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Не можам да поверувам, колку сум само среќнааааааааааааа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Ве честам и ви посакувам сите да си дочекате внучиња и дечиња и се што ќе посакате :* .
    [​IMG]
     
    На eli25, julie77, caroline.costa и 34 други им се допаѓа ова.
  4. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Сдк дека овој Кили е најголем кретен и наркоман и се нервирам што сите ја вреѓаат кутрата Ана.Сите знаат дека Кили се дрогира па сега она што постави едно такво прашање одма сите глупава,ступидна |( .А него не треба да му замерите што се понаша така пред камери?
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Чувството кога ќе го видиш саканиот |(
    Чувството кога ќе ти ја пуштат омилената песна во диско :dance:
    Чувството кога ќе прднеш :whew:
    Чувство вакво, чувство онакво. |(

    Тоа не е чувство!

    Чувството кога ќе се налапаш салата од варени компири и кромид, зачинето со црно пиперче и оцет.
    Е тоа е чувство :lol:
     
    На Cacy, baguf4e, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Знаеш што е МЕГА - Чувство !?

    Да отидеш у кафана за нова година каде има неограничено јадење и да танцуваш како мечка во циркус околу масата додека ги јадеш скапоценостите кој се наоѓаат на масата

    Руска салата + кифлици

    BECAUSE THE FOOD
    IS
    GOOD

    CHEERS

    [​IMG]
     
    На crazylady, baguf4e, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Малку е тупаво шо луѓе плакат за живот како оној во американските комедии али ако, секој во својот филм. Убеди се дека си Клеопатра, во очите на другите ќе бидеш Нефертити. Дај им на очајници затворени во некоја куќа да се налеваат алхохол и гледај го резултатот. Храброст блика, а душа писка. Контрадикторност!
    Штипски групњак повеќе од штипска пастрамајлија, шо вели овај.

    Една година поголема од мене, фризерка, глупава и многу среќна. Чека само маж тупав со пара да ја направи уште посреќна. И паметен со пара би ја зел за жена бре. Мажите сакат такви кротки, мутави и послушни. И уште ако е убава, супер.
    Лигави мажи едни, не за џабе сите ги мразам!

    П.С. немој да ме направете некоја феминистка и дека ги мразам мажите, ама гледајќи ги нештата...
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    2 заклучени дупли теми за Величествениот у рок од 2 дена.
    Something went wrong in this world...
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Значи сам ако не си се расположиш никој нема да те расположи.
    Ја накитив елката, сијаличките светкаат, почна да се чувствува веселата атмосфера.
    Сама сум дома, со чаша винце и музика....

    Гајле ми е што ќе биде утре, денес сум среќна :)
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
  11. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Не знам дали стварно на моиве им личам на човек што сам си принесува за јадење или нешто друго е работава..

    Ало, недело, иди си побрзо!
     
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не, тој не ти се јавил затоа што не сакал а не затоа што му било незгодно. Не, тој не те удри намерно кога поминуваше туку едноставно имаше гужва во клубот. Не, тој не е со девојка му од чиста досада туку затоа што нешто му значи. Не, ова не е машка гордост туку вистина, ако некој сака да е со тебе, верувај душо и тек како ќе биде...
     
    На MacaLove, Shelea, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Има некои нешта кои можеш да се бориш со нив, затоа што не ти се дапаѓаат. Да ги направиш такви, какви што сакаш да бидат. Се восхитувам на таквите луѓе, кои застануваат и пред врата, за која не е направен дури клуч.
    Но се восхитувам и на луѓето, кои што игнорираат проблемот. Не бегаат од него, туку го игнорираат. Јас се обидувам понекогаш вака да правам, наместо да барам решение како да отворам вратата, која нема клуч, просто да се свртам и да одберам врата, која има 2 клуча и еден шанс за избор на клучот. И тоа не е лесно, но барем е по реално, знам деќа ќе биде или-или, а не дали...
    Сега имам еден таков проблем, мал, семеен, кој ќе игнорирам и ќе се свртам кум вратата на која пишува смирување. На единиот клуч пишува „извини“ , на другиот „ќе чекам да ми се извиниш“, кој и клуч да одберам, знам, дека проблемот меѓу нас ќе биде разрешен, но ако се борам пред вратата без клуч за одговори, уште прашања, ќе биде едно полно одење во круг без крајна цел...и губење на време и нерви...
     
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ова новогодишнава еуфорија убива у поим. Милион прашања кај ќе се слави, со кого, зошто, како... И никогаш нема да сфатам зошто мора да се накитиш ко кума на свадба. Исто не можам да сфатам како некои ја нападнаа девојката што рече дека ќе се шминкала на шминкер, а се жалат во темана не знаеле кај да си купат фустан со чипка или каков и да е. Ко да нема да дојде новата година ако не се купи нешто ново.

    Секогаш сум купувала облека за Нова година само за да ги избегнам тие грди прашања „а ти што ќе си купиш“ и погледите кои следуваат после ако кажеш дека ништо. Не дај боже да кажеш дека ќе славиш дома.
    Потоа следуваат обвиненија како ти немаш воља за ништо, па хејтер па ово па оно, а не знаат дека таквите се првичната причина зошто не ми се слави нова година, посебно па не во кафич. Која е поентава да ја пројдам цела вечер на нозе, да слушам музика-никаква, да ми се лигави секоја втора пијана будала, да трезнам трета пијана будала, и за сето тоа да дадам неверојатни 3000 ден. ако не и повеќе. И која е поентата во сето тоа, да се накинџуриш ко новогодишна елка за да те види...никој.
    Епа, не фала, подобро ќе чекам дома со мама и тато, на „лузерскиот“ начин, отколку да се нервирам со будали. Секоја чест на тие што добро знаат кај да ги потрошат тие 3-4000 ден. наместо во една „луда вечер“.

    Јас годинава ќе си се дружам со друштвото, конечно во домашна атмосфера, со моите најмили тренерки, а можеби ќе си ја продолжам традицијата од лани да си бидам во пижами...упс треба нови да купам.

    Е колку посакувам главен проблем да ми беше дочекот на нова година. И помалку да мрчев за истата.
     
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк нејкам разговори на chat !

    нејкам чудни смајлиња ...



    САКАМ реално мубает со него, само некој тоа не го сфака :fubar: :fubar:

    Земам молив и ќе мора да му нацртам |(


    Оти бе луѓе оти не умеат да читаат меѓу редови, оти ?

    Станав опседната со песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=HAfFfqiY ... creen&NR=1
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК ич не ме дрма новогодишнава еуфорија :| ич,уопште, немам ни уште накитено :tmi: решив да китам пред некој ден, цркнаа сијаличките :D треба да се снабдам со нови, ете колку да се обележи периодов :wasntme:

    Ми се допаѓа рекламата на сајтот тука на феминка за Бимилк, баш ми е весела некако :)

    И едвај чекам да ја шишнам црнава долга коса :geek: време и е, од кога викам :D ама срце не дава... :wasntme: да не расте,да се мислам :D :wasntme:
     
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    18.465
    Пол:
    Женски
    СДК исцрпувачки ден во готвење и спреманње,ама мерак ми е да ви кажам,уште некои ситни работи и за утре спремно.Ја сакам оваа слава,собирање на луѓето што ги сакам,јадење пиење со мерак,поубаво здравје :)
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СДК млаце сум потфатенано ѕоа нема врска, јас акам да се подру
    жиме :rofl:
    Како на Марјан клиповитњ бе :D



    Ак шпоздрав утрњ ќе видам што сум пишувала :D
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ова испадна долг пост сосем неочекувано, нека не се пронајде никој чисто затоа што инспирацијата ми дојде од друго место па ете како по обичај тука се олеснив. А и да се пронајде некој евентуално, ваљда нема да ме сфати погрешно.

    Група составена од 20 и нешто луѓе, а секој од нив толку различен ... кај секој можеш нешто да видиш, да научиш ... или да увидиш што не чини ...

    Јас пример сум недефинирана. И како таква се сакам.
    Не осудувам некој што слуша метал затоа што поголемиот дел од луѓето мислат дека металците се дрогираат.
    Не осудувам некој што троши пари на нешто на што јас не би трошела. Негови си се.
    И многу слични на овие работи. Но ако нешто не осудувам, не значи дека го поддржувам.
    едноставно тоа врз мене и мојот живот нема влијание, па нема ни потреба од придавање на толку многу значење нели?

    И да се навратам ... недефинирана сум, а како тоа ми е поврзано со осудувањето, ваљда ќе доловам како што сум замислила.

    Јас не можам да кажам слушам поп музика ... или метал, или рок, или било каков стил на музика. Слушам се. Се што ќе ми фатат ушите, срцето... И не сфаќам што е тука чудното? Да, можам и песна од аца лукас да слушнам, и во истиот ден да ја слушам селин дион и еј си ди си ... Можам на радио да оставам и зона да ми свири, ако слушнам убава песна. А може и антена 5 да ми свири, повторно ако слушнам убава песна. Можам и турбофолк да слушам, па макар нека има и еден стих во песната што ке ми се допаѓа. Ќе си ја слушам, ако не ти се свиѓа не ја слушај. Ама не се ни осудувај да плукаш со зборови од типот кој слуша ова или она сељак, дрогираш, наркоман, забеган, психопат. Ти слушај што сакаш, ако немаш култура, однесување, почит ... за мене тогаш си нула. А уствари и од кога бре секоја српска песна е еднаква на турбо фолк? ...

    Немам ниту дефиниран стил ... винтаџ, дамски, хип хоп ... во моментот можеби некои жолти шалвари ке ми се допаѓаат и ќе си ги купам. Утре можеби ке видам некое шик хипи парче, ако ми се допаѓа мене, и само мене пак ќе си го купам. Некогаш ова некогаш она ... мое си е. Има и работи што никогаш не би ги носела, и ниту на други не ми се допаѓа да ги гледам, ама која сум јас бре да им кажам, или да ги наречам будали? Другарка ми ги обожава оние мушкине кондури, кога ги купи јас и реков со здравје носи си ги, ама мене ми се бљак, не би ги носела. Нема што да ја осудам, или да ја навредам, или не знам што.

    Ако ме прашате што сакам да ми купите не би знаела. Што сакате, од срце нека е, секако ќе ми значи ... а ако погодите нешто што ептен ми се допаѓа, или некогаш сум спомнала еј ептен го сакам ова или она, тогаш само уште повеќе ќе ми го наполните срцето.

    Лесно е секој да се прави паметен. Секаде го има тоа ... и на форумов, во една тема членката си брани еден став, веќе во друга заборавила како се изјаснила, и ги подзавртува работите.

    Сите зборуваат за моралност, пишуваат, навредуваат ... без да се запрашаат колку е тоа човечно?
    Да, јас искреност ценам и сакам, и искрена сум во доза на нормалата ... кога тоа би преминало во постојано навредување на некого, не ја бива, и вадењето на картата о толку ли си глуп и не сфаќаш сарказам. сарказам да, каде што е потребно и колку што е потребно.
    Велат дека не се заморуваат со оние или овие, а повторно за нив зборуваат. Зошто? Ако не ти е битен некој, ниту мораш да контактираш, ниту да бидеш саркастичен, ниту ништо ... секој од нас има некој што не го поднесува, луше во околината со кои не се мириса, тоа е нормално, ама зошто да се шири омраза, навреди, мислам ...

    Мрчење на секое ... ама буквално на секое. Тоа го има и на форумов, а богами и на факултет имам една таква инспиративна, најпаметна, да каже нешто, да промрчи на сенешто, и да не се појави две недели пак таа за се ќе биде во право, на секое а таа ја реди целата азбука ... и ќе падне во некој конфликт со некој кој ќе се обиде да и разјасни, па ќе дојдат иронијата и сарказмот и оние кои тоа не го сфаќаат па глупави се. Па ти си глупав уствари зошто не го употребуваш каде што треба и колку што треба ...

    некои се попаметни, некои поинтелегентни ... некој е понаивен, таков е. Треба на клада ли да го ставиме. Ќе праша некое смотано прашање и хахахахахахаха ајдее се фрламе на смеење, и после тоа се нарекуваме добри луѓе. Треба да се направи разлика, кога можеш за нешто да се насмееш, а кога е работата посериозна и треба малку да се соземеш а не да се праиш не знам што со сарказмот.

    На мене не ми одговара да бидам опкружена со глупави луѓе. О извини ти се роди паметна. Кој те тера бре, кој? оттргни се, не ги омаловажувај, луѓе се, можеби сто пати помеки и подобри во душата.

    Што ако некој има прочитано 483049 книги, кога е лејка и е злобен. Што ако е паметен и има богат речник кога замислувајќи се дека е Бог постојано некој гази под нозете, и секогаш некој под неговото интелектуално ниво. Никогаш не се обидува да згазне некој што е на негово ниво. Нема да може, таа битка ќе биде многу тешка.

    моралните вредности, вистинските вредности во животот, за секој секако се различни.
    За мене се едни, за овој или оној други ... секој со своето.

    Една баба носеше наочари, и се смееа како улави.
    Дали и ја знаат маката? Можеби е слепа, можеби има проблеми ...
    не, полесно е да се насмееме отколку да помогнеме.

    И не превртувајте со очите, мислејќи дека се правам паметна. Милион пати сумз грешила и уште толку пати ќе згрешам. Но се учам, и знам на кој начин сакам да се учам.

    Не вреди да си добар викаат ... епа затоа што 90 проценти така викаат, светот се движи во оваа насока.

    јас упорно тврдам дека вреди да си добар, зошто не би вредело? Не повредил некој премногу? не згазил ... а што, ние не сме повредиле? таков е животот со удари ... и тоа не значи дека треба да се претвориме во намќори, во злобни подвижни створења кои никој не ги сака покрај себе и на истото да сме горди.

    на сите ни сметаат бабите и дедовците во автобус. И мене ми сметаа, додека не видов баба ми и дедо ми колку уствари пари даваат на лекови, и додека баба ми не ми рече, додека давам пари за автобус по 150 денари и за мене и за дедо ти ќе ви ги дадам на тебе и брат ти.

    Покажуваме со прст, види ја оваа дебела, ауу онаа преслаба, леле оваа гледај ја почнала да пуши, ауу оној се смувал со онаа, а дали се гледаме себеси?

    Ја гледам другарка ми, тврди дека љуби, а го изневери дечкото, и седејќи заедно тврди дека кој љуби не изневерува ... прво се слушаш ли што зборуваш, а второ тоа ли е љубов?
    Јас тврдам дека љубам, со истото што сум и премногу свесна дека никако не би го изневерила па и кака и џош духамел на врата да ми заѕвонат во моментов.

    Луѓето се вакви, луѓето се такви ... луѓето се точно онакви каков што си ти со нив, и тоа е што е. Склопчени како полжав, од што станале камења се плаша кога некој ќе покаже љубезност кон нив ...

    И што има врска ако на некој му речете срце, мила, душо ... ако навистина ви е мил? можеби утре ќе искрсне нешто и ќе се скарате, па што ако? Во моментот на душата ви е мил. Утре за утре, нема потреба од каење, а овие епитети се далеку од лижење гз.

    И што има лошо во тоа што некој не сака да излегува по дискотеки и да се пијанчи? јас не те осудувам ако го правиш тоа, па немој ни ти да ме покажуваш со прст и да кажуваш дека сум престарена зошто порадо дома филм би си гледала. Па барем ќе научам нешто и нема да потрошам 600 денари. Јас сум таква ... така сум сакала ... не значи дека ако не излезам во диско не сум веќе другарка, сеуште сум тука за другарките постојано, сеуште би им помогнала во секое време ... а тоа што не излегувам не ме прави нешто подоле од другарка. А тие што за тоа осудуваат не ги прави ништо подоле од нечовек.

    Врски врски врски, епа врски де, тие го движат светот ... немам врски онаму каде што сакам, па сега што ... алал да му е на тој што има. Секако дека ништо од тоа што го учи не е битно ниту пак утре ќе му треба. Утре јас кога ќе бидам лекар или било што, дали попрво ќе примам некои збеснати тинејџери или прво ќе ја примам мајка ми? Ајде бидете искрени ... или да работам во банка дали попрво ќе ги пуштам сметките на мајка ми, или на некоја хистерија што урла ...
    Имав врска во средно, па не ја искористив, немав потреба, не дека ако заглавев моите немаше да превземат нешто, ама ете поинаку ме воспитале ... терам на друг начин.

    Интернетот вака, интернетот така, интернетот онака ... ма кој те тера бре да го користиш 24 саати, и 20 од нив да се жалиш кај отишол светот и што го врти ... те тера ли некој на твоето 5месечно бебе да му направиш фејсбук? Те тера ли некој да дремеш по цели денови? Не, ама наместо да земеш да работиш нешто попродуктивно одбираш да седиш на интернет. И кога јас бев 5то одделение имаше и интернет и хај5, па знам колку сум седела. Се е до нас самите, а кога не сме на интернет времето го поминуваме со показалецот напред кон другите што мислиме дека грешат, мислејќи дека зад нашите грешки нема последици. Епа има.

    и светот според мене воопшто не е лош. На секои 5 луѓе се наоѓаат совршени личности. Секогаш постоеле и лоши и добри и секогаш и ќе постојат.
    Па зарем децата од црвен крст во себе имаат нешто злобно што трчкаат по цели денови покрај мал милион обврски?
    Зарем секоја хуманитарна акција е производ на некој болен ум? Секако дека не. Секако дека постојат луѓе кои се грижат, кои знаат дека животот е тоа што е и дека колку толку можеме да се обидеме да помогнеме ...

    Секако дека непознат човек може да ви се насмее ... лошото е што некој тоа може многу погрешно да го сфати.

    Ние го правиме светот ... тој само ни помага да се изградиме во она што сме замислиле за нашиот живот. А животот таков е, кај некој полесен кај некој потежок. Некогаш се жалиме, нмекогаш се смееме ... на периоди сме пресреќни, на периоди сме ултраскршени. Се поминува ... и тоа како растеме го сфаќаме ... се поминува и се ќе биде добро.

    И јас можам да кукам секој ден по 24 саати и да мрчам за се, и да навредувам, и да газам луѓе. можам да кукам како мајка ми зема олку пари, татко ми ваа или онака, куќава вака или онака, скарани моите со овој или оној, па тетка ми стрините чичковците вака или така ... и кое фајде од тоа? Никое. Затоа и сум одбрала работите што директно не ми влијаат да ги редуцирам ... тоа се само дополнителни и непотребни нервози.
    Можеби немам кој знае колкав речник, и ги немам прочитано сите книги, но барем во себе гледам човечност.
    Искрена сум си ... ако згрешам нешто кажувам, се извинувам ... и тоа искрено го правам. И сакам кога ќе добијам извинување ... и простувам. Зошто да не? И мене ми простиле и знам дека човек може искрено да се покае... секако дека може и да излаже, но ако го прави тоа него нека му седи на душа, јас знам дека сум била човек. Јас знам дека целото време сум била фер, па не ме ни интересира колкав е ризикот да сум повредена.

    А сум била, од една единствена другарка која тотално ме уништи, а јас за неа во 3 саат се дигав од една страна на скопје одев до друга ... и што? се скаравме за смешни работи, поточно таа ми се скара, зошто неа и бев само јас, а јас имав плус другарки ама со неа бев најблиска ... и сега, таа ме повредила и јас да го затворам срцето кон другите ли? како да не.

    Ако го затворев срцето немаше ни да имам љубов ... и во љубовта сум патела, кој не? На крајот секако се ќе си дојде на своето место ...

    Во љубовта, семејството и пријателството, гордоста, инаетот, суровоста, омразата, треба да се непознати поими ... треба, ама не се. Јас го поседувам инаетот, и свесно се трудам да се борам со истиот. А лошо е кога некој е горд со неговиот лошотилак, злоба ... и се слично на тоа...

    И на форумов, со глупости се заморува добар дел на членките ... кој колку лајкнал, кој на кого, кој со кого, кој поздравил, како поздравил, овој се запознал ... епа добро ... секако дека тие ѕвездички се битни, тоа е ете како некој показател колку другите те почитуваат, па наместо некој да кука зошто овој има олку ѕвездички а тој едвај малку, нека се потруди малку, па да види што и како ќе биде ... понекогаш форумот е место за опуштање, т.е мене ми е секогаш, ама некогаш просто ич немам желба да го отворам ... па тука оставаме дел од себе, има мал милион членки, нормално е дека некои ќе ги сакаш, некои ќе ги скролаш, сега тоа е ... исто како во животот.

    Додека кукаме како никој не е хуман ... пронајди го хуманиот меѓу нехуманите и биди хуман. Стори добро дело и чувствувај се подобро ... и не мора после тоа сите да знаат, на сите да се фалиш за едно добро дело ... прави добрини затоа што тебе така ти е поубаво на душата.

    Викаат животот е како огледало, и не сфаќам како некои луѓе упорно фрлаат камења по него очекувајќи да им возврати со букет од омилените цвеќиња ... епа не може ...

    Патот до успехот е тежок ... но кога ќе се стегнеш, и ќе решиш тоа и тоа сакам и ќе успеам и превземеш нешто за истото наместо само да седиш и кукаш, тогаш сигурно ќе успееш ... самиот, без никаква вселена и психа и било што. Ти ... како човечко суштество.
    Човек не треба да се откаже, и да оди чекор напред три назад ... никогаш не треба да запре ... затоа што како и да е ќе го промени одот ... па ќе станат еден назад три напред ... доколку тој го посакува тоа.

    И тоа е што е.

    На крајот од денот, мене најважно ми е да спијам мирна ... без грижа на совеста, а до сега така било ...

    Ајт имајте убава наредна недела, еве уште малку ќе отчука полноќ а со тоа доаѓа понеделникот, и за некое чудо, мене ми е веќе испланиран и ќе биде прекрасен. Исто и вторник ... а за од среда понатака, пааа ќе видиме :D
    Гуд најт :makeup:
    :f:
     
    На x.Daisy.x, Phyramide, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Празнична еуфорија а јас сама....
    Е за жал нема вечерва, посен грав риба, сарми (кои не ги јадам) и штрудла со јаболка и многу цимет... Да, да...Не сум дома. Нити па утре ќе јадам и пија мна таа празнична трпеза преполна со роднини и пријатели.
    Го заборавив виното, домашното вино...
    Затоа вечерва пијам некое флаширано вино, валда Мерлот и си муабетиме туку со братучедми....
    Епа еве јас ќе ве поканам од тука на гости да ми дојдете... Посн о а вкусно! Бујрум :D
    Да ве почастам (Има за сите :!: )
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady и marama им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.