Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Обично не ги сакам средите, не знам зошто. Но, оваа ми е убава.
    Среќа.
    Времево е милина. Дождувам и јас.

    Ги знаете оние моменти што светот ви ги подарува само вам? Не чувствуваш потреба да раскажеш на некој друг, за тебе се. А ги памтиш... Ги памтиш засекогаш. Те прават среќна, о да, до небото и назад.
    Твоја приказна.
    Звужвана во џеб.
    Миризлива.

    Премногу често менувам расположение.
    Убаво ми е. Сакам секогаш да сум ваква. Сакам сите секогаш да се вакви.
    Со среќа на врвот на трепките и љубов испишана на усните.

    Поинаков јуни. Нека, некои промени се добри.
     
    На bittersweet, Someonespecial, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Кој не бил зимава на зимовање, може тоа да го направи летово.
     
    На Someonespecial, COollLady и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  3. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Сон по нарачка. :o
    Како можете да го сонувате она што го сакате?
    Сабајле кога ќе станете, пишете што сте сонувале, но подетално. Пред да си легнете, мислете на она што сакате да го сонувате. И после некое време би требало да го сонувате она што го сакате.
    Ајде бе.. Мора да пробам. :D
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.791
    Диплење алишта. Зен.

    Утре даде моја слави роденден. И купив мини обетки, нема да го слави, чисто онака, да одбележам. Купивме џиновска торта, а тато донесе ружи. Понекогаш, реченициве ми звучат нереално. А и јас сама на себеси така си звучам. Дожд колку сакаш. Облаци, понесени од солзите на некои нови нешта. Небово, ни само не знае чие е и кое е.
    Фиши славеше роденден денес. Многу вода, многу рипки, многу желби за понатамошни инспиративни попладниња, поделени цигари и многу многу Љубов.
    Јас сркам со мало лажиче од животов.
    Да не ми дојде премногу.
    Колку што ме нервира толку и го сакам.

    Денес, пак научив мал милион нешта за себе, за Другиот, за тоа како некогаш, луѓето живеат само во своите Вистини, а некому тоа му се чини Лага, и обратно. И како само не треба да се зема здраво за готово се’ што човек ќе види, просуди, почувствува.
    Некој рекол - многу се плашев, наместо да го живеам животот.
    Не сакам да се плашам. А немам ни од што.
    И онака знам дека светот не е добар, но јас можам да пробам да бидам.
    Да родам дете, да напишам книга, да снимам албум. Да бидам јас, неповредувајќи никого.
    Може да се проба, секогаш да се биде подобар, нели.

    Сакав да кажам дека не знам што сакав да кажам, ама важно исчупав веѓи во меѓувреме и сега ќе си ја дочитам Емаус од Барико, а вие пливајте.
    И уживајте.
     
    На Someonespecial, ana-girl, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Исто, апсолутно исто. :D
    И не се задоволува со едноставен одговор, мораш на наброиш се`, дури и непостоечки десерт ќе измислиш. :!:
    Чудесии се. :rofl:

    А Калвин ме потсети на случка од моето детство.
    [​IMG]
    Татко ми доаѓаше скапан уморен од работа и секогаш ми викаше - Ако ме бара некој кажи не сум дома.
    И оп... Ѕррррррррррррррррррррррррррррн!
    - Дома е татко ти?
    - Чекај да го прашам дали е дома.

    :tmi:
    Која тиквичка, јаооо...
    :D
     
    На bittersweet, JuLleE, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    еех женско де женско :^) :^)
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    139.691
    Многу сум уморна. Ама среќна.
    Завршив работа што требаше да ја завршам пред околу 3 години и 3 месеци. Конечно поднесов тема за одобрување, се надевам дека нема да ме замарат туку ќе ми ја прифатат како што треба.

    Поднесувањето беше ептен филмско, во 5 до 12, да не речам 12 и 5. Ме измори и тоа, ама утре ќе бидам како нова. И не само поднесувањето, туку и изработката. Многу сакам кога ќе се напнам околу нешто и се опседнувам со истото, а ништо околу не ме интересира.

    Којзнае зошто понекогаш одложуваме некои работи, без некоја посебна причина. Веројатно има нешто друго што толку многу енергија ни црпи, а не сме ни свесни.
     
    На bittersweet, Someonespecial, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Спонзоруши everywere..

    Некако во последно време јасно се забележува дека некои девојки,каде што има кешарац таму се и тие.
    Нее битна ни возраста,ни убавината,ни висината,ни тежината
    ич не треба да се секираме за љубов ние -.-
     
  9. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Ој жено женичке ти дебела женичке кажи ми што ке правиш за иднава свадба ко свиња си станала во кал се давиш,ништо не те собира ој жено женичке.Ке си пукнам од мака ама фустан неможам да си најдам сирота јас висока и дебела што да правам ко свиња во кал се давам.П,С мора да е црвен и доооолг бидејки гица не ја собира краток а ниту пак прилепен да е бидејки стомакот ми е како туба да имам голтнато.ој дебелко дебелко :@ :@ :@
     
  10. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Зошто животот е толку суров? Зошто за некој е мајка , а за некој маќеа? Зошто секој нема нормален живот? Ако нешто посакувам најмногу тоа е да имам еден скромен и нормален живот. Хмм ќе кажете нормален...Зошто ненормално е во овој 21 век да живееш без едноставна среќа која може да ја имат секого како на пример да отидеш со другарки на кафе, да имаш пари во џеп кога ќе посакаш, да облечеш барем нешто ново еднаш во месецот...Живееш во средина опкружена со сите овие задоволстваи тешко ти е да го претрпиш секоја минута а да не зборувам за час или пак за ден.....Во овој мој “ненормален“ свет живеам 5 години суштински работите одат на подобро , но растам веќе сум тиниџер и зависам се повеќе од она што го немам....Секој ден се борам со животот и велам -Издржи уште 1 година ! како што ми велат и родителите..Понекогаш агресивно ја истурам болката на нив , но и ним не и лесно гледајќи ме мене и брат ми како едноставно се делиме од оној 21 век. Но она што те убива те прави посилен! Во животот само едно сум сигурна дека се што немав јас ќе имат моите следбеници...Е тоа е единственото нешто кое ме тера да издржам.Да не заборавам имам и другарки кои ме разбираат, тоа ме опушти малку и можам сега полесно да дишам...Ќе издржаам само здравје , ќе издршам само за да видам што е тоа нормален живот ?
     
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    СДК периодов од мерак човек да оди на пазар. За 200 денари си изнакупив од се по нешто овошје зеленчук колку сакаш. Штета што имам уште ден два од диетата па ке почекаат вишните во фрижидер ( ако не им рикнам утре ) :D

    СДК мн ме нервира што и во категоријата за хуманитарни акции има СДК... Пак залетав... Некој за живот се бори а јас вишните па вишните. Да се преименува итнооо!!!

    ЕДИТ- После мојата грешка ја снемиле :) Браво :clap: (доста се бламирав)
     
  12. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Едно од нештата кои можат со сигурност да ја направат среќна една жена е шопингот. Не мислам на купување намирници за дома, туку за женски шопинг. Облека, чевли, парфеми, разни модни додатоци... Која жена не би сакала еден ваков шопинг? Сите уживаме во него.
    Лошото расположение може веднаш да биде отстрането кога барем 2-3 часа ќе се шеташ по продавниците и ќе си најдеш нешто што ти прилега. Ќе се вратиш дома со 3-4 ќеси во рацете иии животот е подобар. Во право сум жени, нели? :)
     
    На Sweety-90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Кревам два прста зошто го обожавам времево, ма го љубам, не можам ни да објаснам... супер ми е, да си седнеш на тераса, да си гледаш сериичка, да си читаш книгичка, си носиш долни долги пижами и горна маичка по кратки, кога ќе легнеш да спиеш што убаво се чувствуваш, си врне, ти покриен само со кебе, ниту ти е ладно, ниту ти е топло, вратата подотворена за да влегува воздух и се ти е ТАМАН. Уживанција бре.

    Може ова ќе ви е глупаво, ама веќе кога одиме во кино со другаркиве почнав од дома да си полнам вода во шишенце, па катастрофа е бре луѓе, 500 денари да ти требаат за да гледаш еден филм и да купиш пуканки и вода. Ми се гледаше мамурлак, некој опуштен филм, амаааа ме одвлечкаа на the great gatsby, а човек не е секогаш расположен за да гледа таков филм, барем вечерва не бев, ама ај од што ги сакам другарките и морам да признаам дека ме интересираше каков ќе биде филмот отидов.

    Со другарка ми како забегани шетаме по маркети и си бараме кока коли со нашите имиња, толку ни сече што да ви кажам, ама мерак ни е а нигде ни ги нема именцата... ние бараме за нас и ни доаѓа името на брат ми... што да правам му купив, да споделам малку сестринска љубов, а тој не се буни кога ќе му купиш нешто. И милки му купив, кога јас не можам да јадам нека јаде тој, не ги стискам парите кога се работи за него, ќе го размазувам се додека можам и се додека имам.

    На моменти ме фаќаат некои депресивни моменти, а воглавно сум многу среќна, така исполнета, се ми е убаво, и другарките ми се тука, дома се е супер, се под конец, малку ми е расклатен факсот ама океј е ќе се среди, животот е убав, и ме плаши тоа. Знам дека ќе ми следат уште повеќе убави работи и ме плаши тоа не знам зошто, се чувствувам како да не заслужувам, а ниту грешам нешто на некој, ниту посакувам нешто лошо на некој, не знам зошто не си дозволувам да се радувам со цело срце, туку си чувам некоја резерва од страв и од глупавото чувство.

    Да ви кажам нешто смешно ајде доста философирам, изјавив желба за точак уште одамна, и татко ми како татко ајде добро ќе ти купиме, и одиме да ми купат, може има една недела, и во продавница, одбравме и се тоа, и татко ми и мајка ми се смеат, ми ги бројат парите ми ги даваат и ми викаат ај чао! И јас фацка уат д фак луѓе кај одите чекајте, тие одат и се смеат па дојди си ми викаат кај да го ставиме точакот сега во џеб ли? И си отидоа... и што ќе правам морав да возам до дома 7-8 километри, а до тогаш немав возено со години арно немав заборавено како се вози, леле луѓе мои возам и пукам, доаѓам дома, тие сите 5мина се наредиле во двор и ме чекаат, се прснаа од смеење будали луѓе.
    [​IMG]

    Сега си возам точаче наоколу, до маркет, до пазар, пред некој ден и на дожд си возев и си се радував и си уживав. :emo:

    Уште многу работички имам да кажам, ама ај за сега доста се, бидете поздравени, весели, и ви се молам не мрчете толку за временцево, сакајте го па греота е и тоа си има свои убавини :D

    :hug:
     
    На bittersweet, green.eyes, kravce и 31 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.230
    Допаѓања:
    157.171
    Она кога учиш и си до делот што го владееш у пм. И си целиот среќен и полетен, оптимистичен, знаеш дека ќе го положиш со 10ка и светот е розов. И онда... стигаш до делот што нит го знаеш,ни ти текнува за што беше,а па да се обидеш да го учиш,све ти оди у хаос. И одма си пишуваш епитаф,плачеш, хистеризираш, тврдиш дека нема светло на крајот од тунелот и дека толку си баксуз што ќе те бапне во тунелот воз со скршен фар. И што е најтрагично...или е пола-пола или е третина тоа што го знаеш, третина така така и третина поим немаш...

    И после не знаеш како да се осеќаш освен тупо. Си викаш еее и да е 6ка,ќе преполагам,шо?! Ама пак некако не ти е сеедно.

    Ма само да стигнам до ова м-р има да...има да резервирам карта и да упишам PhD у странство. И ќе умрам со стил ко доктор на науки! Сама, со 9 мачки и многу срушени соништа. Онака, гламурозно, ко права дива! Амбициозно си ја живееш младоста и умираш најбедно во свет! Сам, пропаднат и пропиен... хихи. Пошто нали животот е тоа, да се растуриш од трудење за ствари и пак да не ги добиеш. А таму некоја прописна опајдура со напрчени усни да има некоја квази кариера (читај нешто што не се сматра ни за професија, некој стилист, некој агент за нешто, некој дизајнер) и да има богат маж шо ќе ја шета и ќе ги плаќа гелните нокти.

    И мислам дека тупењето со дак фејс постигна ефект,ама не. Се уште среќавам глупачи со дак фејс... Ок, знаеме дека сте грди у живо и имате само една блага црта наречена усна. Кој знае колку мора да си го мразат лицето штом ги тера нон стоп да ги прчат усните. :( Прифатете се како такви за бога милога.А има нешто попатетично од напрчени усни. Дакфејс насмевка. Каква е таа? Земете огледало. Погледнете се у него, па потоа благо, значи блааааго и суптилно направете дакфејс и сега, развлечете широка насмевка се додека горната усна не ви се преврти наопачки, токму како рилка на прасенце и не си ги осетите ситните фацијални влакненца кај брковите,а кај некои може да се деси и носот да си го допрат така. Сум го гледала ова и кај наши модни блогерки, изгледа некој изум на Коко Шанел е,ама ние простите уште не знаеме.
    Да ми простите, мене со таквите осмеси ми личите како вагина да имате на фацата. Најсериозно! :puke: А и се гледаме над 30 години кога колагенот ќе си го направи своето, ќе се изгуби од најосетливиот дел и има да се врчкате како хармоники! Сааамо правете вие опасни мимики! Ќе видиме тогаш која е која тогаш, природни лепотици од монтирани грдотииц. Немој ти на мене ботокс-мотокс... погрдо нешто од замрзната и подувана кожа не постои,така што...
    И немој да ми кажуваш дека така се смееш. Жити све, кој се смее така? Грч добивам во мускулите на лицево од обид, не па спонтано така да се насмеам...

    Значи колку сум забавна. Од образование до дакфејсови. Со мене никад не е досадно значи...абеее... пих! :D
     
    На 2468, bittersweet, Plavusa.17 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Може ли денов да биде по лош? Не ми се верува какви деца постојат. Денеска толку многу сум се изнервирала абе тоа чудо.
    Вака, во моето одделение неколку дена пред да не распуштат се договараа за да сме отишле на забава што сами ќе сме ја организирале. Иако јас бев против тоа, сепак прифатив само за да нема караници.
    И направија и група на фб посебно за крај-годишната забава и едно наперчено дете(Лазар) не додаде сите деца од класот. Се беше во ред, се до вчера каде што пуштија анкета дали на забавата да одиме со купаќи или без купаќи, зошто се договорија да биде на базент Снупи. И детево ме изнамоли да гласам и ајде викам ќе гласам. Гласав за одење без купаќи. Единствена бев. После неколку минути од уште едно по наперчено дете(Петар) коментар „Мартина незнае да пливааа“. И мене ми пукнаа веќе живците и му викам: „Извини Петар ама те молам да не навредуваш. Тебе да не ти е гајле дали знам или незнам да пливам... И уште нешто не памтам“ За 1-2 минути са замеша и Лазар дека ако јас сум била попаметна од него он ќе си ја ошишал косата или така нешто, дека ако сум била паметна шо не сум организирала јас ваква забава туку он. После јас му пишав „ Ниту сакам забава, ниту организирам. Им реков дека во петок тргам за одмор во Грција, и дека јас во сабота ќе уживам на море а они ќе се шлапаат во некоја вода каде што сите мочаат. И дека треба да гледа по отценките што ги добива во школо. Сите му се 2 и 3 на испрашување, а кога ќе дојде време за крај годишни отценки 5,5,5,5,5,5...“. Одеднаш се замешува и Кристина и ми вика „ А Мартина твоите единици? “. Божеееее кои единици ма кокошко една а? Јас една единица во животот сум добила и сите нејзе ја сумуваат, а ако она е полна со 1. За некоја минута Петар пишува на ѕидот на групата „Избришете ја Мартина од групавааа“. А Лазар беше администратор на групата. Лазар и Петар први другари. За 1 минута ме избришуваат од групата.
    Сето ова се случуваше вчера, а знаете ли што се случило денес во групата? Мене ми кажа Симона(мојата најдобра другарка) дека Петар ставил моја слика на групата и напишал на неа:
    “Мартина на час не испушташе глас
    А на ФБ беше нарцисот од нашиот клас,
    На одмори со Симона седи
    ... и разговори редии !“ :^)
    Лелее, срцето ќе ме фанеше од нервоза, среќа со Симона се видовме малку на скајп инаку незнам шо ќе беше. За 15-тина минути се уклучувам на фб и гледам од Лазар објава: „Лажен профил, пријавете“ и доле линк од мојот фб. Така у моментот ми се сврте шо незнам како останав на нозе и жива. Ама затоа па на чат на Лазар така се убаво му изнапишав шо незнаеше шо да ми одговори.
    И така денов одвај помина. И уште нешто посветено кон Лазар,Петар,Кристина и други деца:
    ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ОВА ШТО ГО ПРАВИТЕ! МЕ ПРАВИТЕЕ ОД ДЕН НА ДЕН СЕ ПОСИЛНА СО ВАШИТЕ ГЛУПОСТИ! АКО ОВА НЕКОЈ ОД ВАС ГО ЧИТА, ВЕ ПОЗДРАВУВАМ, ИМАЈТЕ УБАВА ВЕЧЕР, ИСПОЛНЕТА СО ЉУБОВ, СРЕЌА И НАСМЕВКА ЗАТОА ШТО НЕМА ДА ВИ ПОТРАЕ МНОГУ ДОЛГО, СЕПАК ЈАС СУМ ТУКА ЗА ДА ВЕ ПОВРЕДАМ ВО НАЈБОЛНОТО :| !!!
    Извинете ако има печатни грешки! :)
     
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    ТедиБеар, имаш златни родители :). Да си ги сакаш најмногу. Многу сакам вакви семејства.

    И животот е Игра на Троновите! Победува некој, без разлика на моќноста, убавината, итрината. Секогаш победува некој посебен, напати харизматичен, но не секогаш добар. А како се знае кој е добар?! Хм!
    За мене човек кој има мали трепки е добар. Човек кој има мали нокти е добар. Човек кој не ја пегла секојдневно косата е добар. Човек кој пцуе кога крши нешто е добар. Човек кој скока по цигли е добар... (Се зафркавам по малце)

    :emo:

    Некако во последно време многу често ги гледам моите симпатии :D од средно. За месец дена видов тројца што е рекорд, бидејќи од 18 -тата година не сум ги видела. И можам да кажам дека не ни се свртев два пати да погледнам во какво момче пораснал оној кој тогаш ми беше најубав. Некако немав потреба. Ха промени!

    Ама за другите двајца беше поразлично. Слободно можам да кажам дека пораснале во креативни и способни мажи. Едниот има електро, ах и е пејач. Другиот незнам што студирал, мислам економски, и е спортист, а и пејач. Лелее. Многу ми е драго кога гледам како некои мои љубови сега се прекрасни луѓе. И не говорам од аспект на љубовта. Едноставно мили ми се. И им светат очите. На секој мој љубен му светеле очите и на најголемата моја љубов сеуште му светат.
    Најљубен ми е кога ќе е преморен вечерта, сака да спие а не заспива заради мене и во неговите очи го заприметувам тој сјај. За мене тоа е секси!
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Дали сум спакувана? Не сум.
    Дали ќе бидам во наредните 24 часа? Надежно. Ако се исушат алиштата и не снема пак вода за уште некоја машина.
    Дали дишам? Пробувам, ама малку се гушам.
    Дали дечко ми диши? Пробува, мачно и бавно.
    :D

    Времето таму е цело време како моменталното овде, кога ќе се жалите на дожд, помислете малку на јадната мене што ќе седи и оди по вакво време, цело лето. Носам еден кишен мантил, колку шаторско крило. Дури и таков е, андеркавер да се движиш со него. Носам и три броја поголемо палто, нема низ нашиве продавници женски нормални палта за дожд... пробував машки. Добрата страна кога пробуваш машки палта (освен бруката и смеењето додека им објасниш на продавачките кои прво се крстат оти во јуни бараш водоотпорно палто, па и машко пробуваш на крај, НАЛЕТ) е тоа што го пробуваш најмалиот број. Првпат во мојот живот денеска закопчав ХС палто, веројатно и за последен.

    Како и да е...

    Одам со добра мисла, под многу стрес, нема веќе нерв во телово што не ми игра кога спијам, и вилицава ми е вкочанета од што ја стегам, ама сум позитивна за одењево. Ќе биде стресно уште максимум една недела, после ќе се средат работите. Огромни аеродроми, автобуски, банови, манови, чекајте ме. Ќе пишам кога ќе стасам, сместена, нет додека видам во која Недојдија сум, нема да имам. Ама ако, што не било и не поминало, та ова ли. :D

    Планот, сега за сега е, да одам, да се омажам во Германија, да земам државјанство, да се разведам, да го повлечам момчето ми... и полека, полека, да почнам и вас да ве влечам нагоре, еден по еден. :rofl: Шала на страна, не! Изгледа дека сум озбилно заљубена во дечкото мој. Ама само изгледа! Јавно признание. :tmi:

    12 петоци и ќе седам на истиот кревет. Уште 12 петоци и ќе одам на одмор. Ќе ги гушнам баба и дедо. Сестра ми. Него. Уште 12 петоци и ќе имам ново искуство зад мене. Животна промена, лекција, искуство, како сакате кажете го. 12ти јуни, 12 петоци. И дома сум.

    Ве гушкам, до наредно читање. :)
     
    На Mikako, midnight.flower, bittersweet и 33 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.230
    Допаѓања:
    157.171
    ^^^Се плашам дека ваквиве пораки имаат ефект... и треба да се намали со нив. Зошто многу такви уанаби чудаци без грам памет владеат и се шуњаат. Набиле самодоверба од вакви пораки, Паоло Коељо и Тајна и не престануваат упорно да се трудат во работи што ни ги бива,ни па некад ќе ги биде...ама сметаат и зафаќаат место...и замараат...зошто они така мислат, дека заслужиле и дека се јаки штикли.
    Сакам да ги седнувам и со смирен тон да им викам, не душо, ти си само доволно глупа за да веруваш дека можеш се,а доволно среќна за да имаш врски. Толку.

    Еве ви една група,со опасни мудрости...Поздрав до дечкото шо пишал дека жената е личност,а не пи*ка... ќумрам.
    https://www.facebook.com/groups/124726280098/
     
  20. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас како хипнотизирана застанав пред огледало и ја испробав фацава :$ Имаш право,одвратна е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.