Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    .....знаеш дека си дома кога мамичка те прашува `Што сакаш да јадиш , што ти се јади `,а кучето се вртка околу тебе да ти ја даде цела љубов за времето додека те немало :)
     
    На Salome, kravce, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Хух, напорен ден!! :tmi:
    Не дека нешо физички се изморив ама психички се изморив, премногу..Цел ден седам пред компјутер и гледам филмови :wasntme: ова прв пат ми се случува да бидам толку опседната со филмовите.. Ама ајде, распуст е , така ми се ветрее умот на ова никакво време :D Очите веќе ме заболеа, а и главата.. Ајде поздрав феминки, јас отидов да спијам |-)
    Скоро помина денов ама не заборавам да честитам на убавец :inlove:
    [​IMG]

    Среќен Роденден Убавецуу!! :inlove: :inlove:
     
    На Someonespecial, COollLady, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Ех, досадата што може да направи..
    Јас еве си се лакирам, се ушљакав само.. :tmi:
    Утре со другарка ќе одиме до ГТЦ да си купам ГНР алкичка, и да си се прошетаме. :)
    Се надевам ќе биде сончево временцево. :worried:
    Имајте убави сништа. :*
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не, не можам. Жими се ќе умрам од мака.
    Се почастивме што се почастивме, ми остана нешто од пицата и им реков да ми ја спакуваат за дома. И кога, здогледувам сирот човек бара јадење во контињерите до мојата зграда. Со сестра ми за рака, без да размислам му пријдов. Му реков само: „Добро вечер, дали би сакале да ги земете овие 3 парченца пица?“, а тој кутриот се насмевна од среќа и ми рече: „Да, да, секако, да!“ Му ги подадов и ми даде благослов. Му посакав пријатна вечер, со надеж дека секогаш кога ќе носам храна со мене, ќе наидам на некој на кој му треба.
    Може и мене не ми е секогаш фул фрижидерот од пиле млеко, ама барем го имам, некој нема кров над глава, не па фрижидер.

    Против, многу, многу против сите што се однесуваат лошо и ги навредуваат бездомниците, а најголемо против за оние кои викаат: „Не им помагај, за да дојде служба да им помогне, државата ќе им помогне, дрндрн...“
    Немојте бе тие приказни, остајте не што сакаме да праиме со нашите пари и храна. Сега ми е жал што не ми текна новчаник да извадам да му додадам уште некој денар.
    Да сум милионер... ах што не сум, и што не се такви милионерите. У пм се веќе, ми се плаче.
     
    На Mishela, SimplyElegant, JuLleE и 25 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Се’ почесто ми се дешава да проширените, па и простите реченици ги сведам на еден единствен збор типу: „бл’р“.
    Првите неколку збора од првиот збор + последните неколку од последниот и ... се’ сум си кажала.
    А, пошто и тоа од уста што ми излегува не е ништо подобро, па веќе почнав да ги гледам луѓето во очи и да се концентрирам на нивната глава со надеж дека ќе им ги пренесам моите мисли.
    У најкреативните моменти, кога џоа мити пишувам цела страна ко на шала, а претходно со денови сум зјапала у празно... дур сфатам дека освен да штракам на тастатура треба и да кликнам со маусот на документот...отишла креативна минута. А, прераскажани стварите никад не се еднакво добри. Увек имаш некоја измишљотина у нив. Кај мене се превише веќе и се главно бладање,мрцварење.
    Туку, штом дојдам до моментот кога и мислите ќе ми се спојуваат во една празна линија или уште полошо точка... еутаназија. Тодоров нека свика Комисија, вие потпишете една петиција. Благодарам. Нека стои... За туѓи бели дворови. :|
     
    На kravce, lunicka, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Не ми се станува утре ранооооо,распуст е! :!: :@
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Се Смејам - и кога не ми е до смеење!
    Се Трудам - и кога сите ми велат дека е залудно!
    Продолжувам - и кога сите застануваат!
    Ценам - и кога сите ги фрлаат ситниците!
    Чекорам - и кога не го гледам патот!
    Мислам на утре - и кога сите ги зборуваат за вчера!
    Своја сум - кога секој ме споредува со себе!
    Се Слушам себеси - и кога сите ми велат да постапам по нивно!
    Се Исправам - и кога сите ме туркаат надолу!
    Се Обидувам вторпат - и кога веќе ми свртеле грб!
    Ќе Бидам горда - и кога никој не ме забележува!
    Се Надевам - и кога сите ме предаваат!
    Верувам во себе - и кога никој не верува во мене!
    И ЌЕ УСПЕАМ - И ТОА КОГА НИКОЈ НЕМА ДА СЕ НАДЕВА...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ДЕНЕС МИ Е РОДЕНДЕН :party: :dance: :party: :^:
     
    На kravce, Golden, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Чуствувам и знам дека се разликувам од останатите, знам дека размислувам на начин што не е својствен за луѓето кои ме опкружуваат и кои ги знам. А кој и не се чуствува така нели? Секој мисли за себе дека е посебен, дека е единствен, уникатен. Секој сам за себе си замислува дека е центар на светот.

    Последнава недела двапати се доведов до ситуација да помислам дека нешто не е во ред со мене. Имам толку драстични промени во расположението што незнам веќе што зборувам и што правам.
    Сето тоа ми се одразува најповеќе во врската. Намерно се оддалечувам од него, само да видам дали ќе примети некоја промена. Едноставно тој не е таков тип со кого би можела да седнам и да разговарам за моите филозофски размислувања и сфаќања за животот, за средината, за љубовта, па дури и за обичен филм. А ако не разговарам со него, тогаш веројатно си никого не би разговарала за такви интимни душевни ствари. Сите тие се во мојата глава испомешани, подзаборавени, раштракани, чекајќи еден ден да бидат откриени, кажени на некого, на него. Го чекам денот кога ќе созрее доволно и нема веќе да мисли на некои ефтини, блесави, безполезни и нормални работи. Го чекам тој ден кога ќе седнеме покрај печката, ќе пиеме вино и ќе зборуваме од длабочините на нашите души. Полека ќе го откриваме она секој го носел и криел во себе. Сакам да му ја знам душата, она што го носи во себе, не она што тој ми дозволува да го знам и да го видам.
    Ахх...премногу забеганост во мислењево имам.
    Ама за ова мислев со воведниот ден. Нормално ли е ова побогу? Нека се огласи некој, веќе почнувам да мислам дека и јас ќе завршам како некој од ликовите не Мураками.
    А тој веќе два дена како му се немам јавено прва и веднаш ми префрли. Јагне. Се грижи бе.
     
    На LadyWhite и karenin им се допаѓа ова.
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    СДК... Роденден ми е !!!!!!!!!!! :D. :party: :party: :party: :party:
     
    На Someonespecial, Trendafilka, COollLady и 4 други им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Интима!

    Ме вика, ми досадува. И ајде одам да видам што е работава кога гледам Дојки. Се изнасмеавме. Забегаано, муј муј забегано. :tmi:
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
  13. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Дневниот хороскоп на фемина ми вика вака

    Четврток, 13 Јуни 2013
    Ве измачува некој проблем, но колку повеќе мислите за пронаоѓањето на решение, толку покомплициран изгледа.
    Најверојатно вие не можете да донесувате објективни одлуки затоа што внесувате премногу чувства. Потребно е некој да го погледне проблемот од друг агол и да ве упати да размислувате во друга насока. Подобро е да разговарате со личност од женски пол.


    Сакам да прашам: -Од каде знаевтее?!

    Би замолила некоја личност од женски пол (како што препорачува хороскопот) што се чувствува компетентна да ми го погледне проблемов од друг агол да ми пише!! :D

    П.С. Сериозна сум :)
     
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Периодов на кој луто му треснав врата, пак ми ја отвори и морничаво шкрипи. И тогаш ми текна дека пак, пак сум во градот на промајата. Затоа и си седам дома, ги везам кошулите што ми ги носе мама и едвај чекам дечко ми да заврше со работа и да донесе кеса овошје, пошо секогаш кога сум тука јас сум болна. Ја потсеќам мама да ми ги испере марамчињата за да имам за утре и отварам нова книга. Ама книгава стара, ја купив од антикварниците покрај кеј и ме гуши, па алергична сум на старо... Ама сакам да читам и читам се додека свеста не ме совлада дека не можам да дишам!

    И да, периодов... бев ко донатор на сперма. Сеев на сите страни, сеуште не знам ќе ме одбере ли некој, само знам дека сите ветија. Исто и ко и секогаш, талентирана си, браво, уааааау, зарем ти е првпат, уште 8495984 пати браво... а работава првпат ја пробувам... ама не, таква ти е среќата. Те тешат дека ова е успех, дека веќе си забележана, дека ќе се сеќаваат на тебе и сите тие глупости кои на мене не ми се важни. Ниту сум ја знаела работава, ниту сум ја посакувала! Само тие кажаа дека можам и вајда можам, ама на крајот... ама и тоа ти било успех!

    Другите две големи нешта, се на прагот. Ајде бе, си викам, паричката на бадник оваа година ти се падна, дечко згоден ти се падна, 10ки ти се паднаа, пари ти се паднаа и Африка нека ти се падне.

    На страна овие очекувања кои ме скокоткаат и ме радуваат кога ќе сменам страна на креветот, супер сум јас. И најдов начин како да го средам туткалот во косата и дури го средив! Имам уште многу планови и безизмерно волја за да ги реализирам, места да прошетам, сеуште години за боса да шетам по дворот, среќна куќа, музика и недоврешени работи на кои можам да се надевам.
     
    На bittersweet, kravce, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Колку убава вечеер.Си поминав преубаво.Се собравме со класот и класната во еден ресторант.Си седевме,пиевме,јадевме,се смеевме,разговаравме.Колку убаво.Мислам дека треба почесто да се собираме така сите заедно отколку да одиме во дискотеки и да се глупираме.Ни фали тоа собирањее со класот.Мене ми дојде многу убаво и сакам пааак :rofl:
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Она кога ќе легнеш уморна до коска, таман да заспиеш почнува да ти се јаде! :talk:
    Ете одбрав јадење пред спиењето (иако ова второво ми е приоритет над приоритетите ]:) )и се расонив!
    Ќе го кршам сабајле телефонов, ко ќе ми заѕвони алармот!!!
    Ах ПМС, зошто во сите женски маки и ти постоиш?! |(
     
    На kravce, Plavusa.17, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. little-barbie

    little-barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    25
    СДК преку гла ми е дојдено од се... неможам никој да поднесам постојано со сите само се карам... не сакам никој во моја близинаа... незнам што ми се случува... ама мислам дека полека полека спобудалувам од секојдневните караници со мајками... едноставно не се трпи жената појкее... се надевам климаксот брзо ке и поминее...
     
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Четвртина пица бурек за пред спиење - супер :)
    И онака летово нема да ме гледа никој по купачи ако продолжи вака временцево :lol:
    Сепак времево не е пречка за дружење и убав помин.
    Уште една вечер помината супер :D
    А сега добра ви ноќ на сите :*
     
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Цела вечер висам над книга,и што е најтрагично ништо в глава не ми влегува.Џабе се нервирам и губам време :@
    Така е кога не учам на време.
    Се вклучувам на фб "да видам што има", па на фемина и интересно ми стана.Се само да не учам.
    Патем,вклучување на фб ми пишува еден другар:
    -Може едно прашање?
    -Јас:Може.
    -Сакаш да се фатиме?
    WTF?!?!!? :o :o :o
    Не очекував.Баш од него.

    Друго што сакав да кажам....многу сакам кога ги гледам мама и тато како сеуште премногу се сакаат.Изгледаат како тазе заљубени,премногу се почитуваат и мислам дека сеуште ја чувствуваат истата љубов како кога биле млади.Милина :inlove: Им завидувам на моменти :lol: и јас сакам да имам таква љубов.
     
  20. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Ме стегаат градите, имам огромна грутка во грлово која никако не можам да ја голтнам :worried:
    Сето тоа ради еден гад, гад кој мисли дека може да си игра како сака со мене. Т.е и не само што мисли, туку и го прави тоа а јас свесно му го дозволувам! :@
    Зарем толку ми значат тие лажно кажани зборови кои ги препрочитувам по милион пати и се смеам на истите и најлошо од се е што верувам, иако знам дека нема вистина од тоа.
    Зарем толку ми значат тие две вечери поминати заедно, гушкањето, бакнежите...
    Ги мразам ваквите ноќи кога мислам на него и на тоа што поминавме. Мразам да сум сама!!!
    Преку ден ретко помислувам на него муабет со овој со оној, а навечер јас сум друга личност.
    Ми фалат муабетите, шалите, смеењето. МИ ФАЛИ ТОЈ!!!!
    И други работи ми стојат на глава, кои не можам на никој да ги искажам. Ми ја зголемуваат болката и внатрешно ме уништуваат.
    [​IMG]
    Барем да имав храброст во бес да му кажам работи кои ги мислам за него, и да заминам како никогаш да не сум го сретнала! Ама немам. Премногу неуспешни обиди за делит, блок... Знам ќе ме побара после тоа и ќе праша зошто, а јас нема да можам да му го дадам одговорот и пак ќе бидам таа што ќе страда. ;(
    Никој не ме разбира. Ги мразам коментарите од типот "ајде бе ќе мине, силна си ти". Не не сум силна и нема да мине. Тој остави траги во мене кои никогаш нема да избледат!
    Заедно сме или не. Не не сте заедно не се залажувај сама!!! Не те ни сака !!!!
    Мразам ноќи, мразам!!! Ме потсетуваат на него и на моментите со него до тој степен да плачам како дете за играчка! ;( ;(
    Остави ме барем да спијам на раат, не ми доаѓај на сон, кога те немам покрај мене во реалноста. Правиш да ми е уште потешко. ;(

    Само ќе кажам дека се надевам ќе ми се исплати трудот што ќе го направам!
    Надежта последна умира, не?! ;(
    [​IMG]
     
    На little-barbie, Elennaa, jasBia и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.