Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Среќен роденден, сите желби да ти се исполнат, многу радост, љубов, пари и среќа срцее. :* :*
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.378
    Пол:
    Женски
    Уморна сум...а не знам од што.Не можам дури ни да спијам од што чувствувам некој немир.Или кој знае што е.Си ги напипувам чувствата а тие болно набрекнале како дојки преполни со млеко.Само што млекото ќе искапе,а оваа болка останува .Вибрира и ти ги струга нервите.Другарка ми ме заморува со пресипување на глупости од шупливо во празно на интелектуално ниво.Ми студи и на душава и на телово.А упорно не сакам да облечам тренерки со долги ракави и чорапи,бунтовно го одбивам студот,па јуни е мајката.А душава гола,разголена,распната на столбот на срамот.И како понатаму.Не знам.Нема што да кажам всушност.Не сум излегла од дома.Недостаток на пари.А очиве ми плачат за синило,зеленило.Жедни се.Ми плаче душата за ситни радости.Немам.Се нешто друго е поважно.Се некој друг е на прво место.Жртвување на секој чекор,на секој праг ,на секој камен.Ме нервира се.И тој и тие и сите.А кога сум неровзна не ми работи по дома.Овој величенствениов сака секој ден квалитетен ручек.А кога сум нервозна ни ручек не сум способна да направам.Го правам ама секогаш со маани.И тогаш ми доаѓа...
    Отидов,не сакам повеќе да сејам негатива.Ако ми е тешко само на мене нека ми е.
     

    Прикачени фајлови:

    На Trnche, imelda, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Си ме открила на Фемина.. се сега што?? да не сакаш пехар :^)
    баш ме заболе... кхм... од оздоле па на горе :rofl:
     
    На Ketrin.Moon, lunicka, Kaley и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    СДК денес сум многу тажна,се чуствувам осамена како никој да не ме досадно ми е на сите им се исклучени телефоните никој неможам да добијам на моб,страшно ми се прави со некој муабет али неам со кој МНОГУ ГЛУП ДЕН!
     
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Има една фраза која ми е така добро залепена за мислите деновиве, а оди вака:
    'Be kind to unkind people - they need it most'.

    Верувате ли дека сум презаситена од огорчени луѓе, луѓе со толку многу јад во себе, што ми доаѓа да земам сите по ред да ги рашамарам и да ги освестам на момент, кои се и што прават. Ме јаде тоа што најголемиот дел од овие 'огорчениве' се шутраци со тапија, никој и ништо, душевно празни и ни со грам совест во себе. А глумење лажна финоќа со ваквите - не иде.

    ***

    Баба ми, лоцирана во град со близу 400 илјади жители ме чека, ме чека и месец дена дистанца од свега свачега... Ја научиле да уклучува Скајп, да ја видите колку е горда на себе. :D Ми покажа какви колачиња ќе ми правела, и ела не ја сакај. :*
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, imelda и 23 други им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски !! :)

    Се изнаспав денеска.Ама вредеше.
    Вчера мртва уморна бев.Прво се шетав навака натака едно 3 саати,после ми дојде на гости другарка,па вечер други другарки се јавија за искачање,па на крај кога се вратив,братучедка ми дојде.
    Ама ако.Убаво си поминав.
    А денес..сеуште незнам што и како ќе биде.
    Жива ќе се изедам што нема да можам да одам на Скопје Гори.Ама тоа е,живот.Ќе си се тешам со музика од ЈуТјуб.
    http://www.youtube.com/watch?v=sOLN5blP4rw
    :hug:
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  7. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Преубав ден :D
    Многу сум среќна лелеее, ме изненадија другарките за роденденов со триста чуда :) Преубаво си поминавме, се изнаигравме, се изнасмеавме и што уште не :) И кога мислев дека посреќна не можев да бидам, се враќам дома и во собата ме чека прекраснотијава

    со 17 ружи за 17ти роденден од тајниот обожавател :D Поубав гест од машко не сум осетила досега, колку ме изненади и израдува :$ Моите се смеат, ме прашуваат што да очекуваат понатаму :D
    Се чувствувам како да не сум дел од реалноста, пресреќна сум :) Милион пати ми кажаа дека заслужувам и многу повеќе, но во облаци сум :D А џентлменов го дознав кој е, алал да му е, секоја девојка заслужува нешто вакво :) Можете да замислите како ми е сега :$
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG4605a.jpg
      IMG4605a.jpg
      Големина на фајлот:
      215,6 KB
      Прегледи:
      344
    На kravce, la-chicka, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...
    Животинчињата имаат чувства повеќе од некои луѓе. Замислете кучето мое (Мендо) бидејќи беше многу големо и на фармата ги гонеше кокошките татко ми со тешко срце го даде на едни луѓе пред 8 месеци.
    Вели денес "Луѓе, Мендо се вратил". Срцето ми се исполни. Толкав пат да измине и да си дојде, душа. Не можам да поверувам, повторно имам куче :D Мендо мој! Пресреќна сум!
    Сакајте ги животните бидејќи тие нема никогаш да ве изневерат и ќе ви ја даруваат целата љубов :)
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      43,9 KB
      Прегледи:
      291
    На Kaley, Sexybaby86, miljkovic и 5 други им се допаѓа ова.
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Кој ме тераше уште од сабајле да гледам романтичен филм?? :|
    И сеа.. како да излезам со другарка ми. :fubar:
     
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Утрово ме разбудија со една шокантна вест! ;(
    Еден комшија починал, го удрило струја на работа. Пред околу 2-3 месеци почина и татко му, сега тој. ;(
    Неможам да замислам како и е на мајка му, имаше околу 30 години... за греота.
    Остави две мали деца, едното е мислам второ одделение другото е петто. :|
    Сега седам вака, запрепастена... Си мислам.. уште колку, уште колку млади животи ќе згаснат пред време? Зошто животот е толку суров, ако не за нас... за другите околу нас. :worried:
    Неможам повеќе...
    Rest in peace!
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Нова сум овде... :D
    Преку глава ми е од ова време. Да не може човек на сонцето да му се порадува. Ќе си го барам после ветрето, ама нема везе. Ми фали сонцето.
    Па ќе одам и ќе трчам, ќе спортувам. И косата ќе си ја средам. И нема веќе да дозволам никој да ме повреди. Ќе внимавам и на стилот. Ќе се облакувам поубаво. Распуст е и ќе имам време да се средам. Лекот за лицето си го најдов. Уште косата да си ја средам. Телово ми е добро, но може и уште подобро.
    Спремна сум за тотална промена. И карактерно. Веќе почнав. Ќе терам до крај.
    Веќе нема никој да ме понижи. Ќе чекорам гордо напред. Ќе научам да бидам харизматична. И ќе ме сакаат. Ама моето срце ќе се излади. Нема повеќе никој да ме понижи. Само главата напред и гордо!
    И нема веќе да попуштам. Ако знам дека сум во право, до крај ќе терам.
    Ајде сега да одам да се средам и ќе одам на кафица кај другарка. Ве сакам мили мои, имајте убав ден. И не заборавајте дека вие сте најубави, безразлика што некој ви го кажува спротивното. Жени сте, а секоја жена е убава. Бидете среќни што сте припаднички на понежниот пол. И не дозволувајте од небитни луѓе да бидете понижувани и омаловажувани. Борете се за себе. И посветете му повеќе внимание на физичкиот изглед.
    Ве гушкам :hug:
    ```````````````````````````````````````````````````````````````````````````
    Се мислев дали да ви кажам... Ама што има да кријам. Џенски, јас сум, Хеп profil/Xepp/
    Повторно ми го хакнаа профилов. :doh:
    Овој пат емајлот ми го смениле, а и пасвордот. Овојпат неможев да си го вратам. После долга борба успеа. Ама ако, на овој акаунт не ми го знае емајлот, а ни пасвордот. Зошто си направиви емајл специјално за форумов.
    Криво ми е. Ама ќе продолжам како Рози. Повторно ќе си се дружиме. Само ми е криво за некои контакти што си ги имав со одредени феминки.
    Сарче, ако го прочиташ ова, дај пиши ми ЛП. Сакам повторно да си позборуваме.
    Може некои и нема да веруваат дека тоа сум јас, ама што е толку важно. Битно јас ќе продолжам да си се дружам со вас.
    А да, ќе заборавев. Ве молам не праќакте ЛП на гореспоменатиов профил. И ако ви пратат ЛП со навредлива содржина, тоа не сум јас :!:
     
    На Dog-lover, francais, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    9.488
    Умереноста е мерка за се! :!: :)
     
    На anabel-a, ozbilnazena, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Утрово ме разбуди мравка. Добро, не беше баш утро. Ама беше мравка! ]:) Маме и швапско-педерско-издајничко-педеросано. :devil: Да се разбереме, за мене зборот педер, има скроз друго значење. Мене не ме интересира кој навистина е педер. Немам предрасуди. За мене педер е секој што ќе ме изнервира... Еве на пример, за мене доживотен педер е сестра ми. Педер е судијата. Педер е другарка ми. Сите што ќе ме изнервираат... небитно дали е машко, женско, животно, инсект. Поготово судијата. Абе ако сака нека има жена, деца, внуци, правнуци... ама за мене е педер! Како и да е, да се вратам јас на мравкава. :D Од каде и нејзино право, да парадира низ мојов кревет, а? ]:) И така... малку спискав и се разбудив.

    Друго нешто паметно, и немам да кажам... :wasntme: А ова погоре што го кажав исто така „вриштеше“ од што е паметно. :D Иии... добро ајде, чао. :wasntme:
     
    На Sanniii, imelda, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Jas sum najsrekjnoto bitie na svetot :inlove:
     
    На kravce, JuLleE, zhap4e и 12 други им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Цела среќна и весела,си ја допушив цигарата,и гордо си влегов во просторијата да полагам.
    Го читаат моето има,си застанувам гордо,и професоркава ми вика
    Девојче лична карта ?
    Лична што ?
    Зарем мора лична !?...
    Мора јавувај се нека ти ја пратат
    абе како да ми ја пратат сама сум дома...
    епа нема лична нема полагање
    И ајде сирота јас таксито под мене и 4 километри назад.
    Во меѓувреме налетува бившиот...мојата најголема љубов од пред една година
    среќа што ми беше стигнато таксиото...па влегов со брзина на светлината.
    само да не ме сретне на време.
    Нешто како да значеше цела таа коинциденција,претходната вечер објавувам песна и ми пишува леле само што ќе ја објавував истата.ОК
    И за да биде 3 пати за среќа и кога си одев дома пак го видов.
    ммм мене мие судбината да не има замешано прсти O.o
     
    На francais, ana-girl, ariela09 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Скопјаништава полуделе скроз на скроз :x
    си одиш ти по тротоар ко секој нормален човек и пред тебе ти излегува Мерцес и се залетува со брзина ко да ке те гази готово на чекор пред тебе-демек фраер сум |( возам скап автомобил и ке правам што сакам-вклучувајки и газејки невини луге :swear:
    и ти :o :tmi: :swear: а ти не сакаш да правиш скандал и со слушалки на ушите-да те релаксира музиката ама слушаш и гледаш што се случува околу тебе :!: велиш дебил-ама следниот пат нема да бидам толку фина :!: и после жените не биле добри возачи-а маживе-мачо сорта газат што ке им дојде до нив :fubar:
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк да имам моќ би му подарила очи на слепиот музичар од градот где си вечно млад. :(
    За да може да ја види својата сакана која ја опејува во својата песна.
    Видов лица од сите возрасти со солзи во очите
    .
    Еден господин во години гласно проговори.
    Севишни, дао си му прекрасан глас а заборавио си му дати очи да види своју драгану....


    Сдк 2 - кога сум тука да си кажам :)
    Веќе 4 та година на пролет ми идат ластовички, пред толку години си направија гнездо во еден агол од куќата. Колку чудно, толку се пажливи ни сламка не испуштаат.
    Баба ми велеше гнездо не се растура.
    Наутро ме будат со нивното црцорење, нивната песна.
    Се будат спомени, јас сестра ми и брат ми во летниот период кај баба ми.
    Славејот пее од рани зори, мирис на косена трева, расцветани овошки, родни градини, зелникот, питите на баба,брковите на брат ми од тазе молзеното млеко од кравата на тетка Рада :)
    Тоа беа времиња кога живот ни беше надвор. Да надвор.
    И после тој живот се враќавме во градот со расцрвенети образи.

    Денес така поткачена на скалата видов имаат и малечки ^_^
    Четири главчиња се подаваа, чекаа да им се донесе храна.
    Сега таткото има одмена, додека таа ги лежеше јајцата само тој леташе и се грижеше да не остане мајката гладна . А сега двајцата се грижат за својата принова.
    Да ти е мерак да ги гледаш :)
    [​IMG]
    Ај јас одлетав :) Верувале или не едното ми јаде од рака :angel:
     
    На bittersweet, anabel-a, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  18. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Проклето, гадно време! :@
    Требаше во град да идам, и поради ова времево се одложи..
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК не дека не сакам кога врне, ама секој ден не биват :( Истури |(
    Само нека јадат Кинезине кучиња и торнадо ќе фати |( :envy: :( Незнам што душа имаат тие луѓе |(
    Ме фати некоја нервоза, ко пак у пмс да сум.
     
    На Antoninaaa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Конечно кај нас се оправи времето, сонцето е тука не се жалам. И вчера не беше лошо врнеше ама сосема малку. Ајде се надевам дека целосно ќе се стабилизира за да можеме да си уживаме. :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.