Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ... иако понекогаш е поставено со најубава намера, отворено и искрено ви кажувам дека нема прашање кое повеќе боли од: А кога дете и Дали работите на второ?
    Не знам како, со кој памет значи, автоматски луѓето помислуваат дека се работи за себичност или несакање, кога во најголем дел од случаите проблемот е нешто сосема друго.
    Два дена неспиени како на игли, и се заврши како што се заврши ситуацијата, лошо и погубно за мајката, која секогаш без исклучок го носи најголемиот товар по тоа прашање, ама кој ја разбира само сакам да знам.
    И како жена се обраќам кон жени - бидете внимателни со овие прашања, со изнесување судови и изјави од кои боли глава. Сте биле доволно среќни да забремените без никаков проблем, да истерате уште полесна бременост и тоа е навистина скапоцен подарок, тоа е и идејата на животот - да оставиш минимум еден подобар човек позади себе од тебе на овој свет, ама наместо да станете поразумни и почувствителни женски битија, на дел од вас мозокот ви застанува на Семе синаповски сликички, на пеперутки со глитер, кокичиња со спаркл и сте крути и оперирани од какви било емоции за други жени, јас навистина се чудам.

    Ве молам сфатете дека некои немаат избор и срцето им се крши од тие прашања и не им се потребни вашите прострелни погледи.
    И само да знаете колку пати мајка ми го дочекала прашањето зошто немаш второ или трето дете со некоја лесна насмевка, а само она си знае како се крши одвнатре, и која ментална сила е потребна да се премине преку стереотипот на ова општество, преку стравот дека силната момчешка фамилија ќе те гледа попреку, како ТИ да си виновна за тоа... дали го знаете чувството?
    Се ставате ли некогаш во туѓи чевли за вакви важни прашања, наместо за глупости.

    И да го доживее тој лош флеш бек денес, на девојка која ни е толку блиска и наша, на истата возраст како мајка ми, пред 27 години... како да се видиш себеси како лежиш на тој кревет...
    Премногу е.
    ;(
     
    На eloves, Moira, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Ми прерасна во навика веќе кога и да отворам фемина веднаш идам во Кафе-муабети и СДК.Ги читам сите мислења и неможам да излезам од темава ако не напишам и јас нешто.

    Овој ден си се изнашетав.Среќа сончево и топло беше ама јас си се навикнав на ладно па кога се наоблеков сабајле, многу ми дојде топло.Сега се заоблачи ама јас си се прибрав дома.Само немој да заврне веќе со другарките си испланиравме се за вечер па дури и што ќе носиме.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.083
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Слободен ден денеска, одмор од луѓето, се затворив дома и не сакам никој да видам. Доста ми е од некои фаци, од преправања, ма што да ви кажувам, мислам дека веќе се е кажано едно сто пати тука во темава, од секоја можна членка на форумов. Затоа и се чудам како воопшто постои лицемерието. Или можда сите исклучоци сме се собрале тука. Хммм...
    Како и да е, не ми се прави муабет со никого, тишината ми е најдобриот пријател. Тишината и книгата во рака. Повеќе не ми ни треба. Денес барем.
     
    На vitomir и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^^
    Да се надоврзам на муабедот на Трендафилка. Јас мислам дека покрај општеството што треба повеќе да внимава околу ова прашање и да престане веќе со мешање во туѓи животи, треба и медиумиве малце да ја смират топката. Имај трето дете, бездетните семејства биле вакви такви, родителството било не знам што итн... Во ред е знаеме сите, ама дајте малце помислете на оние што не можат да имаат деца. Имам вакви случаи од најблиските и не можете ни да замислите како им е на нив кога ги гледаат рекламиве, кога сите околу нив зборат за деца и уште па ако се најде некој да ги испрашува или да ги гледа со сожалување, па стварно не е во ред. Мене срцево ме боли, а камо ли на нив.
    Има многу себични и благо кажано одвратни луѓе што гледаат само да ти го плеснат без да размислат. Уффф се ежам од ваквите, се изнервирав, ама стварно цел живот ги гледам овие проблеми и воопшто не е лесно ни за партнерите ни за околината побогу.
     
    На Moira, bittersweet, antonina и 7 други им се допаѓа ова.
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Хахахах се израдував како мало дете кога ќе му ја купат посакуваната играчка :)
    Таман што стасав дома и седнувам пред пц и на декстопот имам временска прогноза и гледам пише и денес врнежливо мојава фаца ]:) |( аман, но потоа гледам за во Недела :sun: леле се израдував до таму некаде конечно ќе можам да се возам со точакот, а да не си дојдам дома наксината цела и после да кивам.
    Него денот ми беше катасртофа до сега кога не видов дека ќе имаме :sun: уште малку само и температура до 34 степени. Хахахаха и за мала ситница се радувам и весела сум, а што да правам некако се трудам да не мислам на лошите работи од пред неколку часа. :)

    Море бркајте ме од форумот во последно време се сум висната на фемина и одма форум и по 1 саат си читам, интересно ми е многу а оваа тема СДК.. ми е секојневие нема шанси да не ги прочитам сите мислења што се насобрале ;)
    Добро е што сега имам време па се сум на фемина, а кога одев на школо немав време ни по 15 мин. Жалната јас :rofl:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Морам да го видам по било која цена, макар и да е за последен пат... :doh:
     
  7. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Трендафилке закон си :hai:
     
  8. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    СКД дека темава е најактивна и закон е ..
    Иначе временцево се погоди денеска :sun:
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам убаво во своја кожа, не сакам да сум во ниедна друга, дури и да е најдобрата на цел свет.
     
    На kravce, TheKiketoo, cveke123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Me нарекоа „стар ков“ денес :^) WTF?!?! :doh:

    И шо, јас со моите неполни 25 години, демек ем немажена, нема деца, се шета без обврски па уште и секој ден е со дечко и, а тоа вашите пилиштари имаат по едвај тринаесет а цел ден ги гледам се лапаат пред вас со неодлучни уанаби педерчиња или што, облекле костум за на маскенбал шо се состои од скромен корсет и гаќи што обично јас ги носам ПОД пантолони?! Тие се млади? Не бре, тие се ДЕЦА! ДЕЦА! А јас сум таман, да ми опростите! 8) Башка што со години сте рамно на тато, а замисли тој си израснал ваква девојка која зрело и без грешки ќе ја живее улогата на жена и мајка, а не тоа гревчињата со трудни стомаци на 16 :fubar:

    Божееее, да имаш 25 исто ко лепрозен да си... *смајлинакоемусематиумот*
     
    На bittersweet, imelda, Mishela и 30 други им се допаѓа ова.
  11. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    не ми е јасно како некој луѓе успеале да ја соберат цела негативна енергија во себе.. |( и ми се лоши од такви..едвај средно завршила а мене тука ми се праи некоја..ако сакаш можам да ти купам неколку книгички...чисто барем да си го збогатиш речникот,зашто едвај една реченица склопуваш!! :!:
    битно е да се облечеш,нашминкаш и да го кренеш носот у вис..а тоа што си смотана и што 3 годишно дете знае подобро од тебе да се испонаша не е битно...
    можеби и јас не сум некоја изначитана или премногу паметна,ама каде каде подобра од тебе сум.. ;)
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Го прочитв она што го напишала Трендафилка:нема прашање кое повеќе боли од: А кога дете? и сосема е во право најмногу ме боли кога ќе го слушнам ова или Дали работите на случајот за дете Е тогаш збеснувам...знам дека тоа се прости жени кои немаат грам мозок,но барем малку чуство...зарем јас не сакам да сум мајка,па сега некоја ќе ме прашува...

    И како што напишала Srekicka :Има многу себични и благо кажано одвратни луѓе што гледаат само да плеснат нешто без да размислат.
     
    На Umbrella22 и tessie им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Ауу мене па колку ме замарале на темата. |(
    Прво, кога се регистриравме со мм. Дека релативно млади, во 20тите, по година и нешто врска, сите си мислеа дека сум бремена, па ме загледуваа, бараа симптоми. ццц

    Па сега. „Ајдее, колку години сте во брааак? Шо напраивте со дете?“ Па има некои до таа мера се безобразни па додаваат со шепкање „Да не има некој од вас проблем?“ И да имавме на комшиите ќе кажевме, не на докторот...свашта.

    Еднаш ми пукна филм, последниов пат и им реков „Пред разведување сме, затоа.“ И они, „стварно или на мајтап сеа го тераш?“ и јас „Кога сте веќе толку заинтересирани за мојот живот, истражете дали сум озбилна или се мајтапам?“

    Толку некој да е гладен за туѓи животи, стварно не знам...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    Што убаво така, од еден предмет што го планирав за во август, тој го положив а три други, ако не и 4 ќе ми останат за тогаш.. ама пуста концентрација и мрза.. некако не ми се учеше ич!! А допрва треба да полагам уште 1-2 предмети.. Па добро, секогаш може и полошо.. :!:

    Моето драго компјутерче ми се расипа, не реагира, па сега морам брат ми да го молам да поседам малку.. исто како во компјутерница - колку ќе си платам толку ќе си седам.. Братска љубов !!

    Си правев нокти пред два дена, а веќе од вчера почнаа да ми паѓаат, ама затоа рекламација одма!! Има да ми ги направи одново па ако треба цел свет нека се руши.. :devil: не и платив за да ми паднат одма.. грди ми сее.. сосема спротивно од она што ми беше замислено!!!! |(

    А и ова времево, сакам да е убаво, ама па тогаш нема да ми одговара, ќе нема да сакам па ич да седнам да учам.. а вака пак, тмурно, а и некако омалаксано се чувствувам и уште помалку ми се учи.. Некако ништо не ми се погаѓа периодов.. :^)

    Досадно ми е.. Многу!!
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мајка ми купила кутија со 12 сладоледи внатре.

    [​IMG]

    ЈЕС!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На Glossy-girl, Doozy, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Кога ќе му спомнам на татко ми патување во странство ваков е :^) што ? па од кај сеа тоа па како ? па со кој па како ќе одиш?како ќе се вратиш таму безбедно ли е ? :^) :o :o
    Рутински прашања ..ама мене страшно ме нервира да ги одговарам,а тој не поднесува ќерките да му бидат далеку од дома па пу пуу не дај боже надвор од Македонија :lol:
    ..а и јас уште не замината ме фаќа носталгија..што знам ете сум патувала многу ама ..ќе ми фали дури и будењето наутро во моја куќа па и моето турско кафенце... :?: мојте сестри татко ми мајка ми ..другарка ми...гледањето тв со чипс навечер мали ситни глупости што се бројат....

    Туѓината е туѓина.

    Утре ми е родненден...ехе стигнав и јас до 20 и мило ми е ..некако се чувстувам се позрело и позрело. ;)


    Ох и да, малата сестра му вели тато и јас ќе одам и татко ми абе седи тука со кој ќе се карам секој ден .
    Екипа се. :lol:
     
    На Doozy, Elennaa, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  17. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    времево ме демотивира и ужас е :(
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Доаѓам дома и го гледам мојот со 2 лименки пиво. Ми вика: ги купив да го прославиме периодов, ептен убавини не стасаа. Мед ни тече насекаде од слаткост.
    Јас го гледам и ми паѓа смешно. Ја земам едната лименка и гледам празна, другата до пола. И се смеам. Немам со што да наздравам.

    ... Само тој може да се весели на баксузот кој не следи така чат-пат ...

    Кога и да одиме во маркет се тепаме пред рафтовите за фарби. Јас сакам да се офарбам. Тој не ме пушта бе. И сега како да се променам. Им викам него и на сестра ми, ај ќе се вработам како келнерка, а тие не ми даваат. Морало некоја убава работа за мене да се најде. А
    Абе неможам да пораснам покрај нив. Засекогаш ќе си останам разгалена и мрзлива. Абе да престанам да се фалам бидејќи некој сериозно ќе ме сфати и после ќе морам да го слушам како ми поставува ступидни прашања за мојот живот.
    Сакам кога трескам глупости. Ова политичкиве теми од време на време ги посетувам и ми паѓа шеќерот од нив, па морам да се чукнам и да се потсетам самата себе дека, во денешно време не е убаво да си паметен. Свиркај си бе, нема поубаво од тоа.

    Колку ми се глупави момичињава кои имаат 600 пријатели на фб и се фалат како на сите слики имаат по 99 лајкови. Па сигурно тоа е доказ колку сте убави бе! Живејте си со тие мисли. Јас ќе си се прчам со нозете во вис за циркулацијата да ми бапне во глава и да почнам да прифаќам и јас се живо и диво кое ми праќа "покана за пријател".
     
    На Doozy и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.769
    Отворив твитер и се издепримирав.
    Ебати животот!
    Некад стварно не знаеш што да дадеш ко одговор на прашањето зошто? освен да речеш судбина! На се ќе влијаеш,ама... не и кога ќе си заминеш од светов.
    Уф морници ми доаѓаат...
     
  20. Tedi.Bear

    Tedi.Bear Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    40
    СДК само што се зачленив на форумов. Епа здраво на сите :hai:
     
    На eliesaab, Sw3et.Ang3l, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.