Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Someday и моето ќе си дојди,како викаат karma is a bitch,така да,веќе не се замарам,колку и да ми е тешко ќе си се носам со болката,ама нема да молам. Шансите беа дадени,прокоцкани и неупотребени. Некој ден,ќе жали некој што ги пропуштил. Јас,па животов ми е за нигде,ама ќе се опоравам. Многу пати сум паѓала и станувала,ќе биди пак така. Љубовта не ми оди,немам ни нормална врска,а не па да мислам за свадба и деца...не дека не сакам,не е така,јас најмногу на светот би го сакала тоа,ама тоа не оди со сила. Не е колку да се омажам и да имам дете онака,ај колку да биди. САкав некои работи,ама нема ете. Таман дојде време да се средат некои работи,напротив,се се измеша и стана попара,а јас не сум среќна. Нема ни да бидам. Она што го сакав,нема да го имам,можи ќе имам нешто друго,ама не е тоа тоа. Можеби ќе има некоја шанса пак,ако дај Господ.И ако му дај памет...А јас веќе ќе си размислам дали да дадам шанса пак некогаш.

    Иначе,денес видов една многу убава трудница,и се израдував онака искрено,блескаше :sun: Без шминка нормално,со фатена коса,си го држеше стомачето и влегуваше во еден дуќан кај QBE. Исто така се израдував во Jumbo на едно срценце мало со сини очиња кое гушкаше едно желче и ме фати за рака и ми се смееше,сонценце мало! Си направивме здраво :D После имав средба неочекувана со драга другарка која седи овде,па да се договаравме немаше да се најдиме,предходниот пат и бев на гости,а овај пат не се договоривме,ама еве,супер што ја видов. Исто се израдував и на уште една средба со мила другарка,конечно си се видовме,над нас истураше,а ние си седевме надвор покрај кеј и си пиевме кафе :D Убаво беше,многу сакам дожд,а јас да си уживкам.Во она невреме баш во вторникот.Но не ми ја расипа средбата :) Онака пријатно ми е да си шеткам овде и да ги гледам местата,луѓето,некои убави работи,некои нешта што ми прават ќеф,се!
    Знам,можам јас да бидам среќна и со малку,но се нервирам кога ни тоа малку не го добивам.Па заслужувам да сум среќна.И се надевам животов да е праведен и кон мене. Тоа се некои работи што сакав да ги кажам денес,онака,ми лежеа на душа,а вака е полесно...
     
    На bittersweet, Doozy, Elennaa и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Животот е премногу краток за да го трошам на луге кои не се ВРЕДНИ...
     
    На Divinebutterfly, eliesaab, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ми се сака со Охрид :worried: Да го гушнам со некое џемперче во ноќта, во некоја тишина.
    Сакам да сум толку... мала? :^) Ја гледав Даен Китон, се пoтсетив на филмот со Вуди Ален. Оној каде бега од Њујорк за Лос Анџелес. Јас не ја нешто обожавам Америка, ниту имам желба да ја посетам. Можеби Тексас заради акцентот, ама тие премногу ми се вооружени некако. :^) Назад на Њујорк. Њујорк секогаш ми асоцирал на место каде можеш да бидеш никој и секој. Мал, незначаен, да се изгубиш. Како зборувам, како да сум била пффф |-) Го сакам тоа... впивање? Така ќе го наречам, да го впиеш, вдишиш цел град, цел свет на свој начин, да бидеш и секој и никој... и никој да не те забележува... па после нели да те раскажува по комшии :wasntme: Слободата да ги испробаш сите можни верзии од себеси.
    Пробна вожња. Се униформирав. Ајм лајк а робот. Знаете, некои луѓе возат, а некои чекаат да им стигне возот. Оние што чекаат ретко стигнуваат далеку. Јас возев, ама ми откажа нешто моторот.
    Страст, возбуда, љубов... Ми се создава, ми се твори.

    И ми е горко. Ми горчи на душата и на умот секој пат кога ќе гледам вести, кога ќе читам весници, списанија, репортажи, интервјуа... Дали се заситив или се ова стана толку монотоно, неправедно и загушливо? Загушливо ли ви е на вас? Ова Скопје како да се стесни толку многу, и сите исто се однесуваат и зборуваат и за исти работи се дискутира...

    Дајте некое ново парче уметност ве молам. Од критицизмот веќе и од позади почна главата ме боли.
     
    На bittersweet, Trnche, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    На Nika666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК животот, трагикомичен и премногу ироничен, ако човек добро го согледа.И толку кревок, да не вреди човек да си го потроши времето, барајки правдина.Страшно е што некои работи му се пред очи, ама поради икс причини, не ги гледа.Уште пострашно што некогаш некои луѓе, во името на егото, се ќе направат, само за да се спасат себе си од непријатности, немајки храброст да се соочат и со се она што им го носи животот, а кој не ни може да биде константно убав.А порано или подоцна, сакал човек или не, ќе мора да се соочи.Ќе се соочи ако е чист, ако не, преку манипулации или ред други слични нешта, ќе се приграби до она кое навистина го посакува во животот, а што патем и не е сигурен начин за да го добие истото или ќе фати кривина.Не за друго, тоа е сигурно пропадната инвестиција.Имаше една изрека некаде запишана “ рамен е патот кој води во пропаста, стрмен е патот кој води до успехот“.Па секогаш е подобро човек што ќе одбере.И секако, повторно во името на егото ќе мора да добие или пехар или послужавник.Бидејки егото е она кое сака да го величат, а најчесто го величат од корист.Да се згази егото, за некои е страшно, пропаднал светот, а е во суштина не е толку трагично да се згази егото...
    Се во животот постои за човек да научи и прогледа.
    Подобро се согледува животот, не во теорија, во пракса, кога се има увид за истиот.А праксата, доволна за на човек да му ги отвори очите и да научи да сака, почитува и сл., ако ја доживее, можеби кога ќе е време за истата, ако не ќе ја има само теоријата за истиот, која нема да му биде доволна за да го осознае животот во целост.Трагедијата која може да му се случи на човек е таа која му ги отвара очите на човекот.

    Смешно или не, не е важно, колку што е важно како човек го живее животот.
    Само џабе е се, ако човек не се промени и тапка во исто место, не прогледува и не прифаќа нешто поинакво од себе си.Кога сите би биле исти, би било фино, ама не се сите исти.

    Страшна работа е музиката, ем лек за душа, ем пропратна инспирација.
     
    На Serafima, ozbilnazena, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    karma is a bitch - да да!
    Кругот се врти ;)
    Многу пати до сега е докажано тоа. Еден ден ова што го правам за тебе - ти ќе го правиш за мене.
    Само знаеш што? Кој последен се смее - најслатко се смее ;)
    Oва од вечерва беше последно. Човек пробува убаво да се однесува со сите, а тие "сите" како враќаат?
     
    На Elennaa, Barbie20, Adi888 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Божеее,за греотка! :( Ме потресе видеото...Треба да ги казнуваат за ова,да не се дозволува! Сите компании кои вршат тестови врз животни!
     
  8. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Се мислам кај да го пишам 100тиот пост.. :?:
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.226
    Пол:
    Женски
    Се изнаплачив за сите пари.
    Тешко ми е не викам не, добив порака од другарка ми шо се немавме видено 6 месеци,мислев не и гајле за мене, ама испадна обратно гледам дека не ме заборајла :) Убо то, ама тешко ми е, не е совршено се, не е ништо совршено кај никој, то го знам, Ми недостига времето, ко бевме заедно по цел ден,Ко плачевме, ко се смеевме, ми недостига ко ме тешеше за него и ко ми даваше совети како да постапам со него.
    Туку, ми фали ТОЈ, Да ми фали не викам не, кријам во себе, то го потиснувам, ама ете денес ми фали, ми фали со сите негови мани, ми се лини дека никогаш нема да најдам никој како него, дека ни еден нема да биди како него ;( Многу ми е тешко и осеќам дека ќе пукнам :doh: ;(
    Се надевам дека животецот мој ќе напрај прекорет нешто, ми се смачи од ова ситуација, искрено ми се смачи..
    Дома се е во најдобар ред, и среќна сум за то..
    Ве позз со една песна за добра ноќ :)
    http://www.youtube.com/watch?v=wAUPENzpd_o
    Ali tebi, ocigledno, sve to bilo malo je
    zbog tvoje glupe slabosti sve u vodu palo je
    jedna ruzna rijec dobro te opisuje

    ali boljet' ce te kao mene, a to ti potpisujem. ;)

    Ќе биди подобро?
     
    На Elennaa, Butterfly14, Mrs.Cuper и 3 други им се допаѓа ова.
  10. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Абе јас уствари сум била среќен задоволен човек :wasntme:
    И утре, денес, ќе ми биде убав ден.
     
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Убав ден вчера Спасовден,
    убави јадења,
    убави луѓе.....
    УБАВИНИ :D
    http://www.youtube.com/watch?v=Ma99b3W_NVs
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Откако прочитав дел од мислењата како ги мачат кученцата неможам да мислам на ништо убаво...разни слики ми се вртат низ глава :x
    Не, не никако не ми е јасно како можат да постојат вакви злобни, бездушни суштества...страшно... :(
     
    На Sanjichka007 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно до кога луѓе ке ми се дрзнуваат да ми даваат коментари од типот вака требаше, или така треба. Алоо само ако се гледаме 1 во 3 месеци на кафе. Незначи дека си ми бфф и без да те прашам за мислење , стварно нема потреба да ми даваш "совети" и да ми пишуваш без навреда... (за да ме навредиш, треба прво да го ценам твоето мислење во врска со темата, која иако не е твоја работа се дрзнуваш да коментираш.) Како поминува времево незнам дали свесно сама се отуѓувам од одредени личности.. тоа неможам и не ми се излегува е уствари превод на не ми се излегува со тебе.. Преку глава ми е од површни муабети, кој каде бил, или кој што си купил. А можеби и ми е пмс.. па неделава сум помалку толерантна. :?:

    Инаку денеска сосем случајно сретнав една личност од минатото, што мислев дека сме се заборавиле...
    И си направивме еден краток спонтан рандом муабет од минутка, две се поздрави и си замина... хаха Пријатно ме изненади, што прв ми пријде :)

    Со душа чекам да дојде Јулиииии и да одморам 1 месец! Не ми е за да одам на одмор, колку што ми е да се одморам од оваа фијаско година. Лажааам колку само ми се патува! Колку ми се оди некаде каде што никој не ме познава. Во потрага по нови авантури се да ставам на hold on! И после вракање to the reality..барање работа, обуки, волонтирања...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Доста ви е мојата грижа и моето внимание. Сега се на ред моите 5 мин.
    Tražili ste rat?! Dobit ćete ratluk! ;)
     
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    9.485
    Со денови си го гледам постов ,и сакам да го довршам ама некако го избегнувам.Отварам пиши нов одговор и се предомислувам,ме фаќа некоја паника ,раците ми се препотуваат,грлото ми се суши,а се знам со човек сум не потклекнувам на такви работи,демек ова мене неможе да ме скрши.
    Се залажувам самата себе си, абе трагикомично што да ви расправам.Но како се ближи денот мене место не ме фаќа.Се обидов да заспијам малку вечерва ама не бидува кога знам утре што ме чека.
    Да не сте во моја кожа!
    Имаше период кога почнавме да се избегнуваме од толку што ни беше криво.Она ме вика на кафе јас ноѓам изговори,или обратно.И тоа се само од што и двете сме горделиви ,не можеме да искажиме колку ќе ни е тешко ,и двете на тоа поле со показување на емоции скроз тапи .Абе горделиви,затворени глупости на квадрат т.e. шкорпии и двете кај се најде баш.Да беше барем едната може друго нешто ќе бидеше нешто од нас ,ама овака само и двете ке си трпиме и ке си чуваме во себе.
    Баш пред некој ден ,имавме епизода од типот Ти нешто ме избегнуваш,јас ке си одам и не ти требам повеќе.И тогаш најпоштено ми си излија едни глупави емоции,на плачка како да ме тераше. :^)

    Јас сум чуден човек тешко се приврзувам тешко стекнувам пријателства ама кога ќе се случи тоа, е тогаш е засекогаш.И секоја помисла да ја нема таа личност повеќе во мојот живот ме убива внатрешно ама јас пак се смеам демек исто ми е,кого лажам?
    А утре ах утре е денот ,морам да и кажам дека ќе ми недостига ,овака кога го пишувам што лесно е ама на дело само ке вртам со очите |( и ќе се правам дека се е ок,но сепак ќе пробам.
    Ако не и кажам утре,еве барем овде да ми олесни да затворам очиве да поспијам малку.
    Друже ќе ми недостигаш,ќе ми недостига кафето и дрн дрн муабетите со тебе,многууу.
    Btw некој случајно кромид да не лупеше,или нешто имам проблем треба да посетам очен лекар |(
     
    На Serafima, Abeja, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Дали луѓево одат затоа што овде е цунами или пак сакаат да побегнат од се и секого? Мислам дека одговорот е еден...
     
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК Некој расположен за пл или чет?? Го чекаммм :D
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Има нешто посебно во утрата.
    Има нешто посебно во интимноста меѓу тебе и првите зраци сонце.

    Нека биде убав денов, нека има малку сонце.
    А и да нема, има кој да ме грее. Убајни, посабајлечки. :sun:
     
    На Girl-50, Foreveryoungiwannabe и kravce им се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не спиев цела ноќ.Размислував.Тоа беа мисли измешани како црни и бели облаци.Си поставив милиони прашања, а одговорите не ги добив.
    Зошто толку страдав во животот?Кому му сторив толку лошо?Зошто не сум како другите луге?Зошто само јас да бидам толку различна?Што да сторам?Што да изменам?

    Залудно се обидувам.Светот нема да се измени, ама јас не сум повеќе иста.Нема ни да бидам.Толку се трудев , трудев....
    Мислев дека од очи се чита.Дека знаат колку можам да бидам силна.Дека не може да ме скршат .
    Нема да се најде човек кој повторно ќе ме повреди.Ќе се скријам да не може да ме најде.Срцето мое ќе го затворам, со деведесет и девет катанци. Ќе му ставам број .Нема да бидам достапна за секого.Бројот што го баравте е недостапен, нема ни да биде, за нечесни луге никогаш повеќе.
     
    На tweety26, Doozy, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.378
    Пол:
    Женски
    Сношти случајно ја видов ќерка на роднина ,кој живее веднаш до мене,со куфер и патна торба во рака.
    Се развела :( или е на најдобар пат тоа да го направи.Жално е кога едно семејство се растура.

    Бракот ви е малку пипава работа.Можете да бидете најсреќни на светот или најтажни.Се зависи од тоа како ќе се сложат коцките.Бракот носи промена,со вистинската личност тоа е еден однос кој буи и расте,се развива во нешто преубаво.И не е праволиниска линија која оди само нагоре,си има и падови ,оди линијата и горе и долу,добро е кога се се собере излезе во плус.
    И да,ви доаѓа понекогаш на својот мажјак да му го завртите вратчето..ама кога ќе фрлите поглед назад и го согледате се она што сте го створиле,материјално и нематеријално,се се стопува во едно гушкање.
    И да ,и бракот може да пукне,животот сешто носи.Затоа пред бракот,памет во глава.Согледајте од сите страни.Зашто браковите кои имале најстабилен почеток,пукнале ,оние кои биле лабави се одржале и ден денес.Се е тоа лотарија.И бракот е многу повеќе од тоа кој пере,пегла,заработува.Бракот е многу повеќе,и над се.Ако се спушти и добие пазарен карактер тогаш се оди во...
     
    На Sweetheart87, bittersweet, tinan и 34 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.