Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    од една мала болка ми изгледа дека ми се створат уште многу други,од ова па она и тоа уште и она :x :x ми треба еден одмор убав ама онака убав да се одморам и науживам малце :!: и јас сум де човек :D :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    само првото :$ :lol:
     
  3. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Мене ми тргна...
    За прв пат се зафатив со некоја работа, ај да го наречам бизнис. Епа феминки од пред неколку дена водам свој бизнис.
    За 1 месец ќе имам своја кола чекам документите да се средат. Вчера за прв пат дадов дома пари и се чуствував прекрасно. Аааа љубов сад има сад нема :D
    Имајте убав ден... :*
     
    На Annath, tweety26, teddybear и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски

    Како би поминал овој ден без вашите искресни честити и желби! :*

    Ви благодарам девојќи да сте живи и здрави... :) :)

    Повелете...
     

    Прикачени фајлови:

    На Plavusa.17, tweety26, Doozy и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    17.828
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Mama25 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК се заљубив во фустанот на Шакира, тој црниот, со мрежата :( на сајтот тука шо е, како би го носела, да го имам, со мерак :angel: :inlove: Ама го немам :( Сега у глава ќе ми остане :geek:
    СДК ништо во животот нема на готово и не е само човек да заслужи, туку треба и да се помачи за она кое посакува да го има :!:
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сакам да јавам коњ.Поточно,сакам да научам да јавам коњ.Еднаш како мала се сеќавам дека бевме на една фарма кај едни пријатели на дедо ми. Чуваа неколку коњи,и јас упорна,да се качам,па да се качам.Имав само 6 години.Ме качија и се насобраа неколку луѓе околу мене,да ме пазеле,да не паднам.Се сеќавам дека коњов почна да оди полека,а јас жива среќна,иих на коњ сум се качила.Моето задоволство траеше минута-две.После ме симнаа за да не сум се повредила.Не памтам многу,освен дека ми беше многу убаво.И денес,сакам да отидам кај тие луѓе,да научам да јавам и после гордо да јавам по ливадине.
    Сакам.Сакав коњот да си го земам со мене,инсистрирав,а тие само ми се смееја,а јас тоа го сваќав како да се подбиваат со мене.
    Од тоа искуство памтам дека чувството е многу убаво.Качен на коњ,тој полека оди,ти исправено седиш (јас во тоа време седев и се прчев :wasntme: ).Би било убаво тоа да се повтори.
    Понекогаш сакам да живеам на планина,во некоја дрвена колиба,со некоја хаска,по некој самојед,лабрадор и фарма со коњи.Колибата да биде скриена во некоја шума со високи дрвја.Далеку од градот,од сета таа бучава.Кога ќе размислам,би ми се здосадило по некое време.Сепак,убаво е да се има такво нешто и повремено да се оди таму,на викенд да речам,за да се одмориш од се.
    Сонови.Ми викаат дека премногу фантазирам.Често сум забегувала со мислите.Ако де. :bandit:
    Овие денови убаво поминаа.Исполнета недела,интересна,забавна,далеку од дома.Малку одмор со братучедите и братучетките.Убаво е да си дете.Убаво е да уживаш во детството,да посакуваш (исто како Петар Пан) никогаш да не пораснеш.Иако е невозможно... :hai: :f: :sun:
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Една од тешките работи е да гледаш серија или филм со родителите.
    Еве на пример сега мајка ми реши да ги гледа Game of Thrones , али јас морам со нејзе да гледам да и објаснам што, каде , кој , како се дешава , дури мапа сум отворил на светот и објаснувам ова е овде и тука се овие и овие итн.

    Добро тоа не е толку тешко колку што гледаме и ќе најде некоја сцена , сексуална сцена, ама не од тие каде што ќе биде 5 секунди гола жена или маж , него оние другине со плескање. И сега настануваат awkward 20tina секундии , гледаме тој тамо ја плеска оваа се дере и тука сега awkward ситуација , и да се скрши тензијата почнувам со прашања , и што има за ручек денес? , а вечер ќе идеме ли на гости ,оно онамо ахх ахххх шлап шлап шлап ..... :$ :tmi: :( ... нема спас.


    Друго spoilers , џабе се измислени , љубопитноста на човекот владее и ќе владее уште 100 год , ќе кликне , мора да дознае , мора да види , нема спиење иначе :lol:


    Убав летен ден , незнам дали небото се разболело па вака ни прави или некој бог се напил премногу вино али нема смисла
    Летен и убав ден :^)
    [​IMG]
     
    На ozbilnazena, tweety26, teddybear и 17 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.099
    Пол:
    Женски
    Леле, ја и татко ми на времето. Ќе се договориме заедно филм да гледаме (како мала многу повеќе со него си го имав муабетот а и сличен вкус имавме за филмови кои на другите у фамилија би им биле досадни) и јас му велам „Ама тато ќе ти се приспие, легни си.“ а он „Не бе, какво приспивање, глеј колку е саатот, не сум кокошка.“

    И така си заспиваше после 20ина минути [​IMG] и јас приквечерта откако ќе се разбудеше (ако гледавме после ручек) или сабајлето (ако гледавме навечер) се знаеше што беше мојата задача: [​IMG] прераскажување на преостанатиот саат/саат и пол од филмот. А јас како што знам да раскажувам во детали, не знам само да нафрлам настани пошо така си го анализирам секој момент до бескрај, тоа фино се искористуваше за понатамошна дискусија, детална анализа и тако даље видови на давење.

    За среќа, не сме имале искуство со awkward сцени. Али ова беше убиствено искуство. :D
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Луѓето се менуваат ... Чувствата се гаснат ... Пријателите нѐ напуштаат ...
    Саканите стануваат странци, а ние се обидуваме да осудуваме
    знаејќи дека сепак животот продолжува!
    Затоа животот не го мерам со бројот на вдишувањата ...
    туку со прекрасните секојдневни моменти кои ми го одземаат здивот ! ...
     
    На liliput22, tweety26, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Кога е добро, добро е.. уште една вест која ме рссоложи денес

    Во Среда Брат ми си доаѓа ^_^ едвај чекам :clap: ќе го гушкам, ќе го гњавам како кога беше мал :lol:
    еден месец помина откако замина , а 10 години како да поминале...

    И да утре е роденденот на Татко ми.. кога неможам да му подарам нешто, ќе му пратам порака... знам дека ќе се израдува...
     
    На Marjan007, Serafima, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    СДК вчера сум поминала преубаво :) Со оглед на тоа што претходниве неколку дена ги поминав во учење,бев затворена дома.Ама затоа вчерашниот ден го искористив максимално,иако бев спиена само половина час.
    Веднаш после полагање ( напишав се,да не ме мислите) :P :lol: бев на кафе со еден другар,потоа со друг и така.После подолго време се видов и со колешките.Си помуабетивме.Искрено,многу ми недостигаат.

    Вечерта исто така ја поминав во одлично друштво со музика,јадење и малку алкохол.
    И да,ова сакав да го кажам:
     

    Прикачени фајлови:

  13. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК заврши напорнава недела. Ако минатата недела само седев и слушав (бидејќи, нели, сум нова), оваа недела ми дадоа милион работи да правам, бев на 2 состанока и илјада задачи завршив. Ама во ред е. Почнувам да согледувам на кој принцип се работи. Само што уште не се чувствувам како дел од тимот, since тие се сите таму по 100 години, а јас две недели. Си викам за месец дена ќе почнам да тропам глупости и дека ќе се прилагодам целосно. Дека ми изгледа комплицирано, ми изгледа, си бара работа, ама па затоа и платата е убава. Битно нема притисок од страна на претпоставени, имам обуки цели 6 месеци, па и после тоа. Добро е, пријатно е, не е страшно и е нешто што би можела да го работам. Иако не ми е по струка, задоволна сум. Уште една недела мислам дека ќе ми биде доволна за да се адаптирам на се'.

    СДК2: Тетин ми добил мозочен удар пред една недела и никој не ми кажал. Им забраниле моите. Да не се испаничам, дека не сум дома и дека сум на работа, ќе си дојде за викенд, ќе и кажеме. Ми се расипа денот. Пред една недела се пензионира, и сеа мозочен удар. Се паларизирал делумно. Едната страна на телото. Ах, беее живот - компот: ти го мачкаш, он тече. Ако има една добра вест, на неа мора да има и некоја лоша. Да не можеш да се порадуваш ко што треба.

    СДК3. Си одам дома за саат време. Да си ги видам моите. Не сум си била дома со месеци. Добро, де, 2 месеца. Ама сепак е многу. Уште дипломата не ми ја виделе. Да им ја однесам да се порадуваат. Колку едвај чекам да ја видам мамичка. Секое одење ми е радост, а секое заминување од таму ми е болка. Секое одење приметувам по некоја нова брчка на загриженото лице на мајка ми. Премногу се грижи. Стално ми викаше: Стани и ти мајка, па ќе видиш како е. Не мора да станам мајка за да ја разберам. Ја разбирам. Можеби не до тој степен, ама убаво ја разбирам за да ја заслужи сета моја љубов и почит за сите жртви, за сите зборови, за сите солзи, за сите прегратки, за секое едно денарче што со пот го заработила и мене ми го дала. Ах, господе, само да успеам во животов да земам висока плата и да им подарам се' што тие си скратиле за јас да имам. Белки ќе биде некој ден.

    СДК4. Нешто не сум во ред во последно време. Навидум се ми е во ред, ама одвнатре... И дечко ми ме напнува: што ти е, па што ти е. А и сам знае дека додека не го пребродам периодот, не зборувам. Јас споделувам откако ќе го совладам она што ме мачело. Не сакам да изигравам жртва и не сакам да трошам туѓо време за мои проблеми, за кои можам само јас самата да си помогнам.


    СДК5. И пак сонце. И дожд. И сонце. Лани многу дожд имав во животов (не ми замерувајте дека стално ја користам таа метафора). Годинава очекувам малку повеќе сонце. И има. Не дека е за жалење. Само здравје. Цврсто сум се решила дека годинава нема воопшто да биде ко таа лани. Никогаш. Ако треба на глава ќе застанам, ама нема да дозволам. И до сега, горе-долу е во ред. Нова работа, диплома в раце, здравје пред се.


    И го гледам сонцево што се прикрадува и ми влегува во соба. И ми пречи, ама не ги спуштам ролетните. Нека грее. Ме потсетува дека и утре пак ќе огрее. Дека не е се така црно. И дека ништо не е вечно. И дека наредната година овие работи што сега ме мачат нема да бидат ни најмалку битни. А тоа е најбитно.

    Имајте убав викенд сите.

    Ваша,

    Ana Jones :*
     
    На Serafima, ludoto19, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    За враќање накај дома автобусон фул |( . Кај вратата имаше едни луѓе многу мирисаа бе, ама стварно многу :worried: и се поместив накај шоферот и застанав до него. Од горе еден човек вика: Мајсторе бе има ли клима во автобусов, абе греота сме овде горе пекол е . :D
    И чичево пушти клима и продолжи да вози и се бутаат луѓе, ме гледаат до него и девојче ај една карта, девојче уште две, ај девојче и на мене карта и така си подававме и се смеам и викам продавачка на карти станав денеска :D . По некое време една жена ми вика: Шоферон треба процент да ти даде од продадените карти. :rofl:
    И вака така не успеаа стариве и гужвиве да ме изнервираат денеска и фино си поминав по автобсусиве. :D
     
    На Gordana10, ana-girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Имало Господ. Толку.

    А тој будала, што дава возачки на лица со 0 мозок, во пеколот нека гори. :devil:
     
    На prettyliar, Antoninaaa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    17.155
    Незнаев што значи зборот уцена и зошто се употребува.
    Бев мала, само што завршив прво или второ одделение. Брат ми сакаше да оди на камп од кошарка, но имаше долга коса и секако на дотичниот што одредува дали ќе оди или не тоа не му се допаѓаше. И уцената, првата со која дознав и што значи тој збор беше да се ошиша кратко за да оди на камп. Секако, брат ми ги сакаше и косата и кампот, но мораше да одлучи. Го седнаа на столче, како му ја шишаа косата така солзи му течеа по образите, мене толку мала срцето ми се кинеше но неможев ништо да сторам. Знаете она кога за некој што најмногу го сакате неможете да му помогнете?
    Секогаш е тука за мене и знам дека секогаш ми мисли најдобро.
    Тој е тој кој ми кажува каде смеам да излегувам а каде не. Тој ми кажува со кој смеам а со кој да не се дружам. Излегува, знае каде какви има, каде што има, кој што прави...се што ми кажува е за мое добро.

    Денес се вработи, мислам денес му е првиот работен ден. Се надевам дека ќе успее барем да собере пари за одмор. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=pzVhub-FziQ
     
    На Tiki-lolipop, thelittle17, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    ... и си останав јас без тастатура.
    Моментално пишувам од онаа на монитор. :tmi:
     
  18. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Не било се толку лошо како што изгледа... :)
     
  19. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    И мене лесно ми е се,и да чекорам по вода,да го допрам сонцето и низ пустини да одам ...

    Многу убав ден,за мерак.Ги заршив сите обврски и на крај си одвоив време за себе и се изналакирав. :inlove: .Пред околу еден час сум ги изненадила моите со макробиотска храна припремена во домашни услови.Најпрво сите ми викаа дека сум ненормална што јадам такви чуда,али да видите како после сами си одеа и си ставаа репете... :lol: .
    Сеа одам да се разладам со еден туш и после одам да водам љубов.
    Викендов одам до Охрид.Ја отварам сезонава.Ми треба малку промена.И јас и тој да одмориме.

    Еве чесен збор ви давам дека бељи нема да праиме :P
     
  20. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Среќен?!? Хах бев некогаш...повеќе не.Сега тоа звучи толку далечно и недостижно.Посакувам да се вратат деновите кога бев дете, кога единствена грижа ми беше кога ќе дојдат моите другари да играме, кога најдолгата караница траеше неколку минути, кога единствена болка ми беа раните на моите колена кои брзо зараснуваа.
    Никогаш не помислував дека светот на возрасните е толку суров и комплициран, дека секој на секого гледа да наштети, да го повреди.Да го знаев сето ова никогаш не ќе посакав да пораснам, никогаш не помислував дека љубовта боли, дека ја нагризува душата, остава длабоки рани кои тешко зараснуваат. Не знаев дека можеш цела ноќ да останеш буден, плачејќи да ги бараш одговорите за се она што ти се случува.Секоја ноќ да заспиваш плачејќи,а другиот ден да најдеш сила да продолжиш понатака.
    Најмалку очекував дека ќе те повредат оние на кои најмногу им веруваш, дека тие се оние што те туркаат во бездна, а ти се надеваш на нивна поддршка додека паѓаш.
    Боли сето ова,боли...ја гори душата боли кога плачеш, а нема кој да ти ги избрише солзите.Боли кога нема кој да те праша како си, да ти се јави само за да ти го слушне гласот, да одвојува барем малку време за тебе бидејќи тоа ќе те направи среќен!!
     
    На WarriorAngel, Someonespecial, glosipgirl и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.