Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    3ашто се буните за времето? Па нека си врне, нека е ладовинка, а не Мистер Запотњакович.
    Таму накај Јули нека пукне сонце, до тогаш нека биде ладно, нека грмат громови, нека веат ветрови,само град нека не паѓа, штети да не нанесува :)

    Некои познанства, врски- Не можат да се прекинат така лесно :) Баш сум го заприметила овој феномен, кога ќе се спојат две особи (не мора врска, значи општо), чија што хемија се совпаѓа, мислам дека многу тешко, т.е сосема невозможно е да прекинат.
    Без разлика дали е муабет, контакт, или што и да е.
    Барем јас така гледам на работите :^) .
    А, за некои, и Фала Богу ќе кажам, ПОВЕЌЕТО па, не е проблем, поготово ако е за некој што не ти е апослутно никаков фактор во животот.
    ДА, сакам да кажам дека со луѓето многу многу немојте да се замарате, а уште помалку и приврзувате,
    Ако не сте сигурни што човек е, и дали е вреден за вашето внимание, совети, рамо за плачење или шта год :)
    Јас научив лесно да се одвикнувам од присуството на одредени дотикус особи, и баш ми е мило.
    Не се замарам кој што како зашто, каде со кого, со шеќер или горко, ама најсериозно.
    Си имам 2-3 жени што си ги ценам во животот,што сум блиска, апсолутно се поклопуваме во размислувања, ставови, добро не баш секогаш :lol: Ама општо земено ДА. и дефинитивно доволно ми е.
    [​IMG]
    Bрни си, врни си.......... :rain: :rain: :rain: :rain:
     
    На bittersweet, kravce, vinozito1 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    :x
     
    На prettyliar, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Каде на зимување? Каде за НГ? Каде за 1ви мај? За Велигден кај ќе идеш? А на одмор кога? Каде?
    Ааааааааааах. :swear:


    Прашајте ја Накова, она на свако питање даје различан одговор.


    Можам само да ти кажам каде сакам да одам, за тоа ќе треба еден ден слободен да си земеш за да ти се доискажам, а каде ќе одам . . . меееех!
    Ко пусулче да си носат луѓево со себе, па секој втор човек го прашува Каде на одмор.
    Тотално безлично прашање, она треснато од ракав, оти некој речит муабет и така не може да се отвори, али за одмор ако не те праша - којзнае вечер дали заспива.

    И јас сум ко Кравче, ај ноу дет филинг бро, само демнеам ко некој манијак по земји, роварам низ страни, вјус на море од секој можен агол да доловам даљина, песокот го анализирам што материјалче е :D и тако то.

    [​IMG]

    Нова зараза: ТракМаниа :geek: Возам ко луда по цел ден, некој да ме потсети книга да фатам! :emo:

    П.С: Лук ат мај секси аватар. Од типот: Чао шмекеру, је си за едно пиЌе. 8) :D
     
    На bittersweet, kravce, Ana.Jones и 10 други им се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Утре се мажам во оригинал Justin Alexander.Толку сум среќна што би се омажила за фустанот :D
     
    На sweet-star, Libera, Ana.Jones и 16 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Многу ми е убаво кога од операторот со мил глас ќе ми речат: Имајте пријатен ден.
    Денот инстантно ми станува поубав ^_^
    Почнав да се јавувам во Телеком за сé и сешто :wasntme:
     
    На Mishela, Someonespecial, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    17.155
    Се сетив преска на една другарка од село.
    Колку си игравме, се дружевме. Многу ја сакав, постојано кога бевме во село бевме заедно. Торти од кал, кафе од вода и земја, беници од листови од орев...само бледи слики ми минуваат низ глава. Понекогаш многу ме нервираше бидејќи постојано ме гушкаше и бакнуваше, а мене с‘ска ми беше, ме фаќаше саклет.
    Па вака јавно тражам девојче од Скопје, со име Тијана или Татјана (нешто слично, на Т почнува), години некаде 14/15/16, играорка, има баба Павлина од с.Орел, Св. Николско.
    Баш би сакала да ја запознаам сега.
    Ако се препознае некоја нека ми пише ЛП. :D
     
    На Someonespecial, Serafima и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Се шеткав ,вечерва...и од некаде ветрот ми донесе мирис на липа.
    Да ве прашам ,сте се бакнувале треперливо,во касна пролет,под некоја липа?
    Не сте???-Морате!
    Сте???-Богати сте...
    Ако со мирис би го опишувала овој дел од градот ,со мирис на липа би го опишала.
    Со мирисот ,на липата,тагите се непреболни!
    А вечерва без причина бев среќна.Си мислам ,ако само малку потрчам,ќе полетам... :l:
     
    На bittersweet, kravce, Elennaa и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Стасав.
    :D

    Не се изгубив на три аеродрома, во два авиона, ниту па во еден воз, ами во едно штрасе. Тоа штрасето да ти одело надоле, а јас фанав на десно, и ај у пм. Демек едно штрасе е што треба да го мислиш. И гледаш двајца црнци како ме спасија, многу фини, се изнамуабетивме, мешан англиско-германски, а јас му викнав на македонски - леле фала Богу - кога ми кажа дека ќе ми викнат такси и ќе ме испратат кај што треба. :rofl:

    Сабајле ако видовте некоја како гличи на аеродром, јас бев таа. Во пар си поплакавме 5 минути, ако не беа моите, ќе си плачевме цело време. Не ме прашувајте како, ама четворица прилично габаритни особи плус една мала, се сместија некако во минимална кола. Со него бевме на едно место што му го баев дека многу сакам да му го покажам, значи го сонував цело време, и бев сама, ама знаев дека треба и со него. И баш вчера си помислив, еј, ете, отидов и не бевме... И како се наредија бе коцките, како прво не собра во колата, како тргнавме заедно накај аеродром, чудо. Битно дома го бендисаа зетот, денеска и бројчиња си размениле и ме следеле како летам. :rofl:

    Да, малку си поплакав во авион, а финиот германски геј пар од 60тина години беше доволно ,,фин,, за да се прави дека не ме гледа, и да мислат дека спијам. Битно јадев пушен/димен лосос, боже мили, каква услуга, се фасцинирав. Бонус - во Дојчландијава само што дадов 5 евра за смоки, сникерс и пепси. Душата ме боли ама претепана сум и освен од купатило на кревет не можам да мрднам, а кога ти се јаде, не гледаш многу, многу, што има и колку пари е.

    Жива, здрава, сега имам нет, од утре не знам, како и да е, не се секирајте, убаво е тука. Врне цело време, сите се боси и возат точаци и бебиња покриени со најлони. :rofl:
     
    На midnight.flower, Bozica1980, Libera и 51 други им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Дефиниција за култура:... нема!
    Посебно не ако се правиш со сила културен.
    Џанам, присуствуваш на културна манифестација, а се понашаш како последна битанга на планетава зашто си дел од неа. И воедно и инспирација за уметничкото дело.
    [​IMG]

    Ооооо (окси)морони на сите страни!

    Ајт таму! Покултурна сум јас кога се м‘цкам со јагоди како свинче.
     
    На Someonespecial, Antoninaaa и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  10. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Еден од 5-те совети на Др. Оз за вечна љубов:
    Почитувајте се
    Клучот за да ги надминете тешките времиња заедно лежи во грижата еден за друг, љубезноста и соживотот. Тешко е да сакаш некого ако не го почитуваш, а тоа лесно се заборава во време на расправии.

    Ова е основен совет според мене, столб на една врска кој ја одржува Љубовта. :)
     
    На CaperucitaRoja, Serafima, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Никако, ама баш никако немојте да ја миете косата додека сте под туш! Се работи за тоа што шампонот се лизга по вашето тело кога ја плакнете косата! Стварно не знам како не се сетив порано!

    Користев шампон за коса на кој многу јасно пишува “за поголем волумен”. Не е ни чудо што моето тело започна да се шири во секоја можна смисла.

    И што сега? Решив да го фрлам тој шампон и да започнам да се туширам со течност за перење садови.

    На неговата налепница јасно пишува „ги растопува мастите кои инаку е многу тешко да се отстранат.”

    Сега за сега, проблемот е решен! :clap:
     
    На mimiiiii, Elennaa, Glossy-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ... баба ми: А кај вас какво е времето?

    :^)
    Какво да биде мори бабичко, ние живееме значи на една автобуска станица растојание и тоа Ново Лисиче (будало) стајл, не Карпош растојание!
    :D

    Значи шлакната е, и јас така ќе се шлакнам кога ќе остарам, ќејфои.
    ^_^

    Се најдовме на маса со тазе земени, неколку трудници со тотално незаинтересирани мажи, па неколку лути парови и секој си беше задлабочен во својот мобилен, ни eye contact, ни муабет, ништо.
    :|
    Леле мене жал ми падна.
    Одеднаш се почувствував како да одиме по пат и им мафтаме, им се оддалечуваме на ваквите и веќе стигнавме на кривината, вртиме, мафтаме и не гледаме никого...

    Толку сум дисконектирана од луѓе влезени во калапот или чивијата како и да се вика, тоа е чудо, тоа е... необјасниво.

    Кој беше денес да го гушне ГТЦ веројатно ја слушна изјавата на една позната професорка од Архитектонски. А таа гласи - Да престанеме да се повикуваме на онаа „За вкусови не се расправа“.

    „Некои работи не се ниту манџа, ниту гардероба“.
     
    На bittersweet, JuLleE, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  14. 31971577

    31971577 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    16
    После ептен долг период, коооонечно среќен ден, т.е не среќен него П Р Е С Р Е Ќ Е Н. :rofl: :)
    Ваљда и наредниве ке биднат такви.
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се вратив дома со тешко срце зошто сакам уште да сум надвор. Одамна ме нема фатено ваква сафра ко сега. Склет. Времево е преубаво, само за шетање е. Штета што имаш за учење, едвај чекам да завршиш и да почнеме со долгите вечерни прошетки како кога бевме средношколци. Ми фали тоа. Ептен. Одам да се пресоблечам, и да одмарам до прозоров дома. Ми дава барем приближно чувство како да сум надвор. Тоа е.
     
    На ana-girl, Speechless и Dog-lover им се допаѓа ова.
  16. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќнаааа и најмногу си ги сакам родителитееееееее! Ќе одиме со дечко ми на одмор во Турцијааа :sun: :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.192
    Допаѓања:
    156.756
    Некои жени никогаш нема да бидат вистински жени колку и да се трудат да си ја уредат надворешноста како таква. Дури од што се трудат заминуваат во некоја друга крајност,на евтиност или во најмала рака смешност.
    Лесно е да еректираш пенис, малку потешко е да *еректираш* машки мозок,а пак најтешко емоции.


    Мене денес бела мачка ми го пресече патот,а сега ќе го гризнам сонцето за добра ноќ.
     
    На mila89, Trnche, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  18. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Конечно го осетивме летото.Надвор преубаво,топличко и летно.Улиците раздвижени, парковитее полни.Конечно и моето мало гратче живна.Пресреќна сум :rofl: Се собравме со другарките денес си правевме еурокремки,се шетавме се глупиравме.Конечно се чуствувам исполнета и го осетивме летото. :sun: Полека полека се чуствува дека е распуст,дека не сме на школо.
    [​IMG]
    Повелете сите :*
     
    На Someonespecial, ana-girl и Dog-lover им се допаѓа ова.
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Значи не ми е јасно дали е до мене или до тој што го измислил форумов или пак до модераторите.

    Не покажувам револт, ама би сакала да знам зошто ми е избришано моето мислење во темата за фиксни протези...Ниту навредив некој, ниту пак го рекламирав некој доктор, или можеби дека имав напишано колку чини една протеза и за тоа беше избришано или пак дека имав напишано ако им треба било каква помош да ми се обратат преку ЛП.

    Не знам зошто ви е толку тешко една ЛП да пратите се објаснување за самото бришење!

    Фала многу, пријатно!
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мојата најголема среќа се наоѓаше во тие неколку дена кога го запознав него. Тие мигови кога го гледав и кога тој ми изнудуваше срамежливи насмевки. Нашите случки пред Ману кога му трескав зелени дека во неговите очи гледам желба за човечка љубов. Што ли сум мислела во мозочето тогаш, го познавав само 3 дена, а му кажував што приметувам кај него. И знаете после дури си призна дека сум погодила скоро се за него.
    А за случките кај паркот, пред зградата на Т мобиле, на клупите спроти Собранието и на клупата спроти миднајт. Тоа беа/се нашите први места. Тоа се моите места кадешто му се предавав полека со душата, за да една ноќ ја прифатам неговата понуда и да одиме кај него. :inlove:

    Тој, тој беше мојата заокружена среќа по која сонував. Мислам не сонував среќата да ми дојде како љубов, сонував дека таа ми доаѓа преку исполнување на нешто друго. Ама ете дојде со него. Јас дојдов со него.

    И ако некогаш испадне нешто за да не бидеме повеќе еден покрај друг, би сакала да знае дека тој беше мојата точка која ме поврза со оваа реалност. И би посакала само да тој да биде точката која ќе ме поврзе и со друг универзум, со друго виножито.
     
    На Tumblr, vinozito1, 31971577 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.