Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Креативен хаос. Многу симболи. Вселенава, знае добри трикови. Но, и вистини.
    Кога ќе се случат последователно неколку фини нешта, а претходно си бил крш и ужасен, знаеш дека балансот постои и му веруваш. Така и ние. Бадем и бедем. Пиво и солзи, сеќавања и гушкање на сопствениот град. Настрана позерајот, лудилото и двојните аршини, Скопје е сета љубов што можеме да ја доживееме. Немаме резервен град, а ни емоции. Секоја чест на сите што имаат, ама под чест им е да признааат. Благословена сум што ги познавам вистинските луѓе, оние што емотивно без патерици чекорат низ животот, и покрај тоа што им се случиле ужасни нешта и лекции кои како врели шамари ги буделе до болка.
    Да учиш секојдневно, од ваквите големи ликови, за мене е најголемо богатство. Отклучување на важни врати.
    Мене овде ми се случи се’ и ништо не ми се случува. Love/hate е вечната релација. Зарем треба да барам ново небо без мастилави бои и траги од срцев печат некаде надвор? Знам каде ми се корените, знам дека имам и крилја за да летам. Затоа, срцето да ти остане чисто и мудро, треба да внимаваш кому го отвараш и спознаваш. Деновиве, ни тргна. Знаеме што треба, а што не треба. Кутиите со разместени книги, албуми, ситници, тропкаат и ме потсетуваат дека тој за два месеци од сега, повторно ќе си оди. Со него и јас. Патувач, во место. Како во театар. Секој ден ќе биде битка. Ме боли уште сега разделбата. Не се жалам, иако сум променета. Можеби и хиперсензитивна, ко желе растресена од сите важни и помалку важни паранои. Тој е тука за мене. Ми докажа и покажа, и немам за што да се грижам.
    Ама... Секогаш тоа ама ќе лебди, како осветлена точка на фотографски филм. За да, нели, има смисла.

    Во меѓувреме, вчера мојата драга Марџ, ме викна да снимаме видео за нејзината нова песна, Heaven. Утрово, во 6 часот снимавме на мостовиве скопски, со либето мое, приказната е средба на двајца низ животот. И како човек да не си каже после дека, коцките, се редат кога најмногу треба?
    Се гушкавме, без глума. Како да нема камери. Точно за месец дена од сега ќе биде промоцијата, ќе ви го пуштам да го гледате. Да. Не знам што да очекувам, знам само дека тоа е тоа.
    Ни мене некогаш не ми се верува што се’ можам да направам, а тоа уствари космосот си работи.
    Ме караа дека сум патолошки оптимист, илузионерски визионер, дека сонувам премногу, дека им простувам големи грешки на малите луѓе... Не сум светица, ниту пак ќе бидам. Само, сериозно не сакам да ме боли главата за ситници, за веќе видени тешки и зли нешта, лесно е да се дадеш на омраза и плукање и пукање.
    Ама она што е најтешко е да веруваш.
    Дека има добро.
    Можеби ќе се уморам, еден ден, којзнае?
    До тогаш, мисијата продолжува. Се до небото. До Heaven - от кој го снимавме, а всушност, е секој ден со нас, ама од што сме несовршени, не го забележуваме.
    И уште една важна одлука - биди секогаш најблиску до себе, за да можеш да го видиш најблиску и оној отспротива.
     
    На vinozito1, Foreveryoungiwannabe, ozbilnazena и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.750
    Или што би рекол Тајзи...боже млади сме! :D
    Или... ти си она нешто пишано од бога што ќе го сакам сиромав или богат.
    Ќумрам! :rofl:
     
    На WarriorAngel, Plavusa.17, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Еднаш месечно нашите модераторки ги фаќа колективен ПМС, па од тука потекнуваат тие мистерии околу избришаните мислења, лажни ветувања и слично. Нешто фураат систем сличен на владата на РМ ;)
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Има моменти во животот кога и не е така лошо да застанеш и искрено да се запрашаш кој сум всушност јас?
    Што сакам, што мислам и кон што целам...
    Од оваа емоционална истоштеност, егзистенционален хаос и трчање низ животот по проблемите, т.е по решението на проблемите, некогаш забораваме кои сме.
    Која сум јас? и оставам малку простор да ми легне, мисли да се разретчат и средат, душава да се смири.
    Време.
     
    На bittersweet, WarriorAngel, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Па некогаш нас модераторките не фаќа, некогаш членките ве фаќа и така, жени, што да правиме.
    Инаку, што се однесува до прашањето, нема избришано мислење од тебе воопшто, ти ги проверив мислењата до октомври. Најверојатно не ти се испратило. Во иднина ако сакаш да ти биде одговорено слободно можеш да прашаш по лп, како што впрочем и си е наведено во правилата на форумот. :)
     
    На artemidis и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добар ден добри луѓе. :wasntme:

    Се изнаспав денеска бе ! Ама буквално се изнаспав.Од 1 синоќа,до 12 сабајле.Мераци.
    Па си искочив малце,па дојдов,сега ручав,и одмарам.
    Си пуштив малку музика,да се нормализирам од свадбариве пред зграда :rofl:
    Нормално,нели,цел комшилук по прозори се насобраа,гледаат ли гледаат.
    Се изнаиграа бре,алал да им е ! :D
    И да,синоќа не отидов на Скопје Гори.Ќе се упукам бе !! Али ајде,што да правам,не е до мене.
    И така ви викам.Имајте убав,најубав ден ! Се надевам дека и јас ќе имам :D
    Сум се удрила некако на Црвена Јабука деновиве..
    http://www.youtube.com/watch?v=EJz-IMmWl5g
    :hug:
     
    На Dog-lover, Someonespecial, cheetah.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Вечерва пак свадба ме чека. Битна е, битен ми е човекот кој се жени. Фустан купен, штикли спремни, накитот како темпиран вчера ми стигна од нет, нокти направени, коса измиена и со надеж фризура направена како на туторијалот што го гледав :D Ако не ми успее, I'm fucked :rofl:

    Се радувам, убаво ќе биде. Весело. Ќе бидеме собрани цело друштво на куп и уште од сега ме болат нозеве знаејќи дека нема да седнам. Само за убаво нека е. После свадба продолжуваме во диско, така што ме чека долга и возбудлива ноќ.

    Полека полека другариве/другарките рипаат во тавче еден по еден. Овој мојов вечер пак ќе се лигави, ќе почне да ми зборува како сака јас и тој да сме на местото на младоженецот и невестата, како едвај чека да се земеме, колку убаво ќе ни биде... :D Многу е емотивен, свадби во срце го гаѓаат :lol: Кога здравје еден ден ќе правиме свадба, тој ќе биде оној што ќе плаче, не јас :rofl: Се шалам, има да ронам крокодилски солзи, си знам уште од сега. Ќе расипам и шминка и фустан и се'. Кога ќе почнам, нема да можам да се сопрам, јас сум таква. Кога ми доаѓа моментот, I let it out :D

    Не сакам да покажувам, ама и мене ме трогнуваат свадби. На секоја свадба потајно посакувам да е мојата, замислувам како jaс би изгледала како невеста, во бело. И се фаќам себеси дека се' повеќе ми годи да размислувам за тоа :$

    Отсекогаш сум мразела кога одредени напорни персони ни вршат притисок од типот Ајде, кога свадба? Ајде, време ви е, што чекате? и слични замарања. Ама, ќе бидам искрена. Се почесто потајно посакувам да облечам венчаница. Да бидам негова невеста и да започнам заеднички живот со него. Добро де, не во непосредна иднина, ама почнав често да размислувам на темава и секој пат се' помалку страв имам од помислата на брак. Дали сум спремна не знам, впрочем, не верувам дека некој е 100% спремен на таков чекор, од причина што никогаш не можеш да знаеш точно што и како ќе биде.

    Знам само дека сакам засекогаш да сум негова и сакам еден ден да го носам неговото презиме. Неговото и ничие друго.

    Песнава неверојатно ме потсетува на него, романтична ми е и ги опишува моите чувства за него. Oh baby, you're my consolation, oh baby, there's no hesitation... Every sky will be blue, as long as you're loving me...

    Во мене нема ни тронка сомнеж дека тој е човекот на мојот живот :l:
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=KrMl32cuC2A
     
    На Bozica1980, bittersweet, ozbilnazena и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Ги сакам ваквите сончеви денови !! :sun: Конечно сонценце,после цела недела тмурно време :rain: ,и бев затворена дома.Ама затоа денес си надокнадив,си излегов со другарка ми..Па ајде ми вика да одиме негде да седнеме да јадеме..и викам на диета сум :lol: ..И ајде седнавме на по една салата и кафенце... :coffee: Абе мераци..Се прошетавме,е сега па и времево од една крајност во друга,надвор пекол ама па подобро сонце него дожд..И така..сега си дојдов дома,се истуширав,и секако одма да видам што има ново на фемина..Ах,ги сакам ваквите денови :) 8) Имајте убав остаток од денот :)
     
    На Dog-lover, Someonespecial, Antoninaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е ова може само мене да ми се случи :x
    да се договориш да се видиш со некогашниот прв сосед-воедно и најдобар другар од детството а да те види соседот од другиот влез-нели додека го чекаш, па со него-не за друго ке испадне дека срце се швалерисува и ги менува машките секој месец :D ке почне да ми вади муабети-само да слушнам нешто, има да си го добие :swear:
    ах бе соседу, кај најде баш денес да ми излезеш пред очиве :swear:
     
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    9.458
    Турболенција мурболенција не знам ја то кец имаав ,на видик!
    Чорби,каши,бркадан,патетики.
    Солени кафиња,машини само на центрифуга,тишина!
    Препотентност на распродажба!
    Приземност дур до Марс.
    Да ти госпоџа,во првиот ред после мене.
    После дождот,какво сонциште,ма буриште!
    Логика :^) нема !Шта чеш?
     
    На Barbie07, Ketrin.Moon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    17.828
    Пол:
    Женски
    Жене смо! Можемо све!
    [​IMG]
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Jenniffer, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Во последно време сите разговори водат кон секс,во врска со секс,за секс.
    Ми е гајлееееееееее ќе издржам!!!! :D
     
  13. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Ова е мојот последен пост.
    Се зачленив пред точно една година. Се зачленив од љубопитство чисто да видам како е но ми се допадна дружешето и останав. Почнав да се вклопувам во се овде, запознав многу личности, другарував и кога ми беше најтешко вие бевте овде за мене, кога ми требаше совет или мислење секогаш бевте тука и за подршка. Ви благодарам за се што сторивте за мене. Мило ми беше до ден денес што се дружевме, ама дотука е нема да пишувам повеке на форумот, повеке ке нема кој да ве замара со глупи и детски мислења ;) ке се ослободите од мене :) .
    Летото планирам да го искористам во шетање, другарување, забавување и помалку учење. Ако имам можност би сакала да ги посетам Охрид и Битола, и можеби ке сретнам некој од вас. Ке поработам малку и на англискиот-граматика, и на германскиот јазик за од септември да сум спремна. Ке се прошетам, ке одам на одмор за Грција, и после тоа ке дојде 1-ви септември и ке почне новата учебна година :) .
    Се надевам дека на неколку од вас сум ви оставила добар впечаток и дека ке ме паметите. Овде запознав навистина добри личности кои ке ги паметам цел живот. Секогаш кога бев лута и нервозна пишував и повекето ми се безвезални постови ама нмв. Се надевам дека ке останете овде на горумот, дека ке се дружите и ке дојдат нови личности кои ке бидат дел од вас. Форумот е прекрасен а дружењето уште поубаво. Се надевам дека некогаш ке се сетите на мене на онаа Катеринчеее-со три "е" и нејзините детски глупи постови. Најмногу од се мило ми е што помогнав на некој личности, и се надевам дека и вие ке си помагате секогаш кога ке е потребна помош на било кого од вас.
    Повеке немам сили да пишувам, може би еден ден ке се вратам како нова личност-созреана а не зелена како сега :rofl: . Незнам како ке ми е без вас, ке ве читам од страна и знајте дека ве сакам премногу-најмногу на целиот свет и дека вие ми бевте како брака и сестри. Останете ми со здравје, сега кога ке се одјавам повеке нема најавување, чао ;( :* :hug:
     
    На Golden, eliesaab, Rosie.Alice и 11 други им се допаѓа ова.
  14. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Денес во автобус со другарка ми накај град бевме. Ние седевме, дојдоа две постари жени, и ни рекоа да станеме они да седнеле. И ајде ние станавме, си седнаа, не сум против тоа, разбирам дека се стари и неможам да стојат, ама барем едно фала да ти речат!
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Куферот спремен, и пасошот, а мене ме мрзи и страшно ме мрзи кога треба да патувам. :D
    Абе луѓево душа даваат да отидат некаде, да разгледаат, да впијат некое искуство, ама Лудо не бре, не сум ти јас авантуристички дух :lol:
    Поготово кога треба сабајле да станувам и да се мрцварам, сето тоа го доживувам ко смрт, Јас рецимо до еден Велес на саат време што е ене го кај си имам потешкотии да тркнам, а не па во туѓина.
    Ама ајде баба ми насмеана, ми вика ти биди среќна и весела и се ќе биде ОКЕЈ!
    Еј, ама е модерна нели :D .
    Денес брат ми отиде, утре јас, татко ми и кучката сами ќе си се журкаат по дома во наредниве 2 недели :) Ако, нека види и тој малку како е, скапав сама задниве месец и пол.

    И така феминки, немам некоја еурофија, не планирам да праам парти хард, да ме прашате ја и не би отишла :D Ама што се мора- мора се :hai:
    Па ќе се читкаме :)
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, femina90 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    заминав да вежбам јас да си го испотам газетоо :lol:
     
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Сe научив да палам со овие запалки... 8)
    [​IMG]
     
    На srcekrsacka, Dog-lover и evelyn993 им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Црвено носе, црвени обравчиња... тоа е Були! Аааа, не. Грешка, тоа е Елена! :D Значи како ме фаќа сонцево, тоа чудо едно. :D Јас никогаш нема да потемнам. Ама затоа ќе поцрвенам... ко на мајмун газо. :wasntme: Цело лице ми е црвено. Ко што ми е затнат носот, башка исончан... не можам да го издувам на раат. :D Ааа, па нека си стои затнат. :wasntme:

    Јас и да си ставам спреј за потемнување... нема да поцрнам. Ќе поцрвенам. :D Јас за 4-5 дена на одмор, поцрвенувам ко... ко не знам што. :D А камо ли 10 дена на одмор? Па јас ќе бидам ко зграда со цигла фасада. :D Ќе си останам сиренце засекогаш. :D А не. Не бев на одмор. Само што останав на сонце 5 саати. [​IMG] Чувството кога ќе се препотиш од пешачење и после тоа туш. Прајслес. [​IMG] А пред тоа ќе те муне климата од автобусот, директива во врат. Уште поголем прајслес. :D 3 дози антибиотици? Па што е тоа за мене? Ништо. [​IMG]

    Многу ми е мило, кога корисно го користам времето. Не сум наспана и покрај тоа што сме на распуст. Ама барем нема да го паметам цело лето по спиењето. [​IMG] Ќе го паметам по антибиотиците. [​IMG] Никако да се ослободам од алармовците. [​IMG]
     
    На ana-girl, eliesaab, Markusa2 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Моментот кога се спремаш за излегување, со другарка со која се немаш видено прилично долг период, и таква радосна седеш и гледаш тв, си ја пеглаш косата и во еден момент ти пука пеглата за коса во рака. А со тоа и сите можни осигурувачи во куќата. Епа можно ли е? А Господ како што ме надарил со грмушка место коса и клепави уши да неможе човек фризура да направи, тешко дека ќе излезам со ваква коса.
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.