Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не знам колку треба да си сељак, колку треба да си бесчувствителен, колку треба да си изгубен во времето и просторот и да викаш дека го сакаш своето дете и дека си родител, ако најмногу од се на светот ја запоставуваш хармонијата во која треба едно дете да живее, и воопшто не ти е важна.

    Не знам колку треба да си глуп да родиш дете што ќе се тресе пред тебе оти немаш самоконтрола, или оти си се заебал у животот.
    Не знам колку се ретки среќниците што во вакви семејства излегуваат како прави луѓе без да скршнат во некоја сериозна бездна.
    И не знам,стварно не знам помислил ли некогаш некој родител колкав е нивниот труд да бидат истрајни и воздржани.

    Љубов не се кров над глава и кришка леб макар и да е сува и демек, изработена со многу пот, па немаш време за друга љубов.
    Таква љубов имаат и кутрите душички во сиропиталиштата.

    Love, peace and harmony.
    Very nice, very nice, very nice..

    maybe in the next world. [​IMG]
     
    На kravce, Monroe, ana-girl и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Си го повторувам ова цел ден и ми дава некако мотивација за работа :D
    [​IMG]
     
  3. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Вчера си легнав во 1:30 и станав во 13:30 точно,како саат сум :geek: подобра сум малце,скоро оздравена :muscle: 8) денес убаво сончево било,јас бел ден не видов, се заковав пред телевизор од 14:30 до 20:00 гледав Castle на фокс крајм :x и конечно излегов надовор на улица малце, си го најдов фудбалот,искинат е ама ако, до сега мајка ми имала 3 неуспешни обиди да го фрли ама за среќа секогаш сум ја фаќала на дело :muscle: ја викнав другарка ми да поиграме и ме откачи и она :| и на крај јас пак пред телевизор :| :emo: Одвај чекам да одам кај баба ми ( ако воопшто отидам |( ) има таму цело лето да играм. :rofl:
     
    На Someonespecial, ludoto19 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ауууу ама згодни феминки и мамички сме имале на форумов,преубави комбинации,а и добра форма држат :clap:
     
    На MacenceEna и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку ја слушнав песната три невесте тикве брале-душава ми се исполни со садост, срека не можам да ви опишам-сега сум како да летам :D и вракајки се кон патот што води кон дома налетав на двајца дечки, а знаев дека ке ги видам :!: -едниот сам си се издаде-ко по обичај :D од 6ка до 6ка насмеана ко :$ бев :l: ми се исполни а како што бев со зелена маичка откако ми помина дел од лудилото си мислам тебе срцка ни жолто комбе не те спасува :rofl:
    и сватив дека не вреди да тагуваш за некој што НЕ ЗАСЛУЖУВА и што кога-тогаш цело Скопје и пола Македонија ке ги помине и баш прееска размислував дека треба повторно да почнам да изработувам накит, како и читање книги-тука морам да ја споменам и лажгото лузерот и педерот-продолжението на книгата дама, домакинка, курва од авторот Валентино Лауцовски- дружење и комуникација-се подразбира, во последниве години се дел од мојот живот , посета на настани, излегување со другарките и секако шопингот на се и сешто е добредојден како и кај секоја девојка/жена :)
     
    На Someonespecial, mims-89 и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Го удавив маж ми со една полица. Цела недела. Дај бе човек измуши две дупки, високо ми е, не се чувствувам безбедно да се катерам без да се држам за нешто освен за бормашината во раце. Ја поместувам кутијата со книги, кога ја прерипувам, кога се сопинам од неа, и веќе почна нервоза да ме дави, во глава ги наредив на полицата прво по азбучен ред на автор, па по азбучен ред на наслов, а они пак си стојат во кутијата.
    Сабајле додека сум била излезена, земал закачил полица и ги наредил книгите по висина. Е, тоа не ми текна.

    Видов дека две замешал која е повисока и ги земав да ги преместам. Падна од меѓу нив картонче, дата 5ти јули, хајд парк, имам дејт со мажот од моите соништа(и едно сто илјади фанови кои нема да ги забележам). Не не, маж ми ќе си седи дома :D , јас ќе одам Џон да го манијачам додека ми пее ејнт нобади лефт бат ас дис дејс :inlove:
     
    На bittersweet, MacenceEna, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК...Црно за грех,Бело за смех,ова моево Розе незнам за што е ама прекрасно е :rofl: Останете ми живи,здрави,среќни,позитивни... :D
    http://www.youtube.com/watch?v=7eRiY7xStZA
     
    На srcekrsacka и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Точно дека постојат луѓе кои отворено ви кажуваат: сакам да ти ги уништам сите насмевки - сакам да ти ги земам сите убавини кои си успеал да ги стекнеш - сакам да те видам на дното како плачеш!
    И сето тоа го прават не дека реално ве мразат, најчесто не ве мразат. Најчесто тие ве сакаат, ви завидуваат и само мразат што вие го имате сето тоа по кое они копнеат.

    ...Бидејќи луѓето не се свесни колку тежина има во зборот мразам. Реално тој е грд збор. Мразам е поим кој се судрува со нас тогаш кога нас ни е нанесена најтешката болка. И извинете но таа болка не е раскинување со саканиот или крадење на нашето БМВ.
    Таа болка која предизвикува толку грди чувства кај човекот е создадена само од смртта. Исклучиво од тоа. Или пак од нанесувањето болка на нас и нашите најблиски. И зборувам за болка која реално не се поднесува. Болка сериозна, а не нешто што може да се надмине.
     
    На Someonespecial, Antoninaaa, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Имав тешко пијанство синоќа. Сериозно не се сеќавам на многу од работите што ги правев. А што е најтрагично мајка ми ме виде дека сум пијана. Мислам се почуствував ужасно. Ама среќа ме разбра и брзо и помина лутината.
    Имам уште еден додворувач. Лав е во хороскоп. Морам да признаам дека е ѕверка, не колку мене :!: ама е :D .
    Си правам колекција од мажи. Ги гледам цело време и си мислам на сите по малце.
    Океј, лажам. Не мислам на никој од нив, уште патам по бившиот. Ама се трудам барем да му дадам можност на некој од нив да ми влезе во животот, барем малку.
    Овој новиот е на добар пат да му дадам шанса, ќе пијам кафе со него. Ама молчете вие, нека се малтретира уште многу за да ме добие :D .
    А и секогаш во мојот живот на почетокот мажите умираат по мене, за на крајот јас да умирам по нив. Не фала бе, ќе си останам сама :wasntme:
     
    На Antoninaaa и julie77 им се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Вечерва си поминав убаво.....Со школските ( за жал бивши школски ) бевме во ресторант на пица , многу ми е мило што повторно се видов со една многу драга личност која за жал замина во странство и таму беше цела година, а сега е тука , повторно ќе можам да се гледам со неа и да и бидам досадна со моите прашања :lol: . Како и да е се надевам дека вечер нема да си легнам во 4:30 како вчера :tmi:

    Добра ноќ на сите и слатки соништа :*
     
    На Someonespecial и pamelche им се допаѓа ова.
  11. done

    done Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    74
    Понекогаш сакам да можам да им ја затворам устата на некои луѓе околу мене, да сакаат да кажат нешто, а да не можат :x . Не ми требаат проповеди, совети, мислења..... И да, способна сум да мислам со мој мозок, па макар и грешка да направам, ќе знам дека јас сама сум си крива.
     
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    На прстите од едната рака се бројат деновите. Само уште малку...
    И повторно ќе биде убаво и весело лето. Се враќа една другарка од Австралија.
    За жал само еден месец е тука - но сепак ќе биде забавно :$
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Издоговорена сум со милион другарки да се видам и не знам што, кога, каде и како, едино знам дека месецов живеам од ден за ден. Буквално. Јуни вака ми проаѓа - брзо. Спонтано и непланирано, се договарам, се спремам, идам негде, ми идат и гости по дома, се нешто така е. Или па ако испланирам и сакам да искочам и останам подолго, како вчера, не испаѓа - ќе појдам негде 2 саати и после дремам дома. Ама и вчера, и денес, а и утревечер ќе излезам, и ич не му ја мислам.
    Мислам дека откако почнав да идам на пракса, почнав да ги ценам викендиве.
    Немам испланирано ништо ни за роденденот што ми се ближи, ни за на одмор ништо конкретно немаме. Едвај чекам да заврши со полагање, па раат да бидеме и да се договориме ко луѓе веќе време е, а и сакам нови купачи да си купам.
    Продолжениов викенд изгледа сама дома ќе бидам, уживанции, максимално ќе гледам да го искористам.
    Лесно е кога се нема за учење.
    А сеа да спуштам ролетниве раат фала богу, нешто ги нема дечките едни те исти од маало што секоја вечер седат кај мене на клупиве под прозор до сабајле. Не за друго, се дружевме порано ептен. Идам да си го спремам креветот и да си легнам, преморена сум не можам да пишувам веќе.
    Утре е недела, ќе биде убав и сончев ден. И да се прошета, и да се одмори. Лето е веќе. :hai:
     
    На ana-girl и Adi888 им се допаѓа ова.
  14. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    зелениот чај е ефикасен само ако се качиш на планина да го набереш......
    :D
     
    На Elennaa, anichka94 и ines.h им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.191
    Допаѓања:
    156.750
    Како сум гладна, сега да ми речат да одам да стојам пред Општина Центар ќе стојам за сендвич.
    Ок нема,ама гладна сум!
     
    На antonina, kravce, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК Уууффффф овие комарци. |(
    Не ми се верува шо се може да ти направат.
    Вчера додека бев излезена ме каснаа 3 пати, а додека спиев уште 4 :o :geek: .
    Се дрпам по нозиве пола саат веќе, се изнагребав за сите пари и кусурот :D .
    Аааахх, комарцииииии ве МРАЗАМ! :devil:

    СДК Божее, ова кока колава со имиња...
    Абе цел град го превртев и НЕ,НЕ и НЕЕЕ!!!
    Нема Мартина во Велесов мој. :@
    Ако некој видел кока кола со Мартина во Велес нака ми пише лп.

    СДК Очите ми излегоа кога прочитав на фемина Ким и Кание добија девојченце !!!
    Не ми се верува! Вистина ли е? :^)
    Многу се израдував, па ајде со среќа нека им е. :)
    Имајте убав ден феминки/фемини,поздрав... :*
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Вчерашниот ден беше едно големо животно искуство за мене.Научив многу.Нашиот народ е издржлив и вреден .Ретко кој би издржал цел ден изложен на сонце и плус да работи.Желни сме за пристоен живот.Солидни примања.Сопствени куќи, станови , возила...Невработеноста е главен проблем.
    Исто како и еден невработен човек , така треба да размислува и власта.Да се тргне од почеток од она што се има.
    А имаме, поволна географска местоположба,богата почва, народ желен за работа.
    Ги имаме сите услови за развој на земјоделството и сточарството .
    Она што вчера го видов, што направила власта на ова поле, не ми се допадна ни најмалку.
    Овошки исушени ,неизорани, ненаводнувани...Оставени да се исушат намерно, за да бара оштета.Срамови :tmi: за човечкот род.Повлечени се средства а којзнае за што се искористени.Додека соседниот овоштарник, беше обработен , плодовите беа едри сочни, со гранки натежнати од плод, гледката во другиот беше за срамота :tmi: Пример за нечесност.Јас да сум власт, ќе си ги барам средствата назад.
    Ама тој сега ќе добие други , за оштета од суша. :x Којзнае колку неповратни средства се доделени на овој начин.
    Плодовите ги собравме иако беше жешко.Добивме храна и ладна вода.На крајот ни беше платен трудот.Пример дека ако овие средства се користат рационално носат заработка.

    Субвенциите се една убава замисла, ама ретко се користат рационално.Мислам дека нивно најрационално користење би било ако се трошат за изградба на системи за наводнување,за изградба на патишта до рулалните средини.Со доделување на потребни земјоделски машини, приклучана механизација,губрива,средства за прскање, бонови за нафта.За сточарството изградбата на современи штали заслужува подршка.Доделување бесплатна добиточна храна.Ослободување од давачки за пензиско и здраствено осигурување или нивно намалување.Обезбедување откуп на производите .
    Сето тоа ме потикна да размислувам за себе .Дали јас би успеала на ова поле со оглед дека имам услови да почнам од некаде?Ама немам доверба во власта.Ветуваат а не исполнуваат.Обичниот човек нема сила да се сочува со неправилностите на власта.Подршка добиваат личности што не ја заслужуваат.Тие немаат основни познавања од овоштарство, некои дури не ги познаваат имињата на овошките а се на раководни функции и земаат субвенции .Нели е тоа каменот што сами си го удираме од глава , себе на идните генерации , на земјата.
    Тоа не кочи.Дискриминацијата и митото,а не лоши економски улови и криза.Нема криза ако се работи.Посебно ако се работи чесно .
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Тууууу бре надвор сонце пекнало, мене нозеве уште ми се со волнава. :D
    А упорно секој ден и цмиздрам на мајка да ми купи депилатор. Не бе, не ми се даваат пари, тие ќе си ги чувам за порачки од Авон. Па и мајка нека ме разбере, нека ми купи еден и сите маки со волнава ќе завршат. Немало да го користам, ќе ме болело. Абре мајка јас не се плашам од болка, ме нервира кога шеќернава ми се топи по нозете и морам да ја мијам. Трпам јас болки, трпам. Трпи бабо за лепота :muscle:
    Него... овај лепотанов, си дошол од одмор. Кхм...
    А јас жалничко со нетрпение чекам слики на фејс да стави. Мајке му јебем, мнооогу е згоден :inlove:
    Ајде се надевам овде ќе биде во четврток, да се видиме, ред два муабет... Со негово друштво ќе бидам. Раскинал со „женска“ му. 8)
    Не, не се радувам на ничија несреќа. Едноставно не беше тој за неа, а богами ни таа за него, само да го тормози, да не можеме со детево муабет да си направиме :devil:
    Не, јас сум добра душа, ова само ви се причинува :angel:
    А друга да ви кажам и не му текнува баш. А да, ќе ми дојдат другачките, ќе си поседиме на тераса. А јас уште сум хаос, со се собава. Ајде, брза и ефикасна сум јас, ќе средам. А и треба да јадам... Оф беее...
    Нешто ова лето ми смрди на расипано. Нема да биде интересно како претходното. Ама какво и да е, мене ми требаше одмор.
    Ајде доста ја одолговлекував, ќе одам јас... Се читкаме мили. гушки :f:
     
    На ana-girl и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сонце! Конечно!
    Измрзнав од среќа дур го дочекам.

    Си станав пред пола саат,си направив милк шејк,и сеа си седам и си слушам музика.Вечер може да падне некој договор за искачање,а до вечер посета на баба и дедо. :)
    Синоќа фино лепо си гледав концерт до 2 саат,па уште си пеам. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=dpmAY059TTY
    Уживајте :hug:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Недела.
    Се наспав, си ја исчистив собата, си сварив Нескафе, си ги фатив скриптите и тетратките, и спремна сум да потонам во магијата на учењето, ама сериозно. [​IMG]

    Одлично се чувствувам.
    Оооодлично.
    http://www.youtube.com/watch?v=6Be2Xq_-YwQ
     
    На ana-girl и LilBaby им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.