Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Iznenaduvanje koe za malku ke izgledase horor :D
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам како дома постојано некој беше на штрек, под некаков притисок, под некаков стрес, а јас мало дете, во моите очи се изгледаше преголемо, преогромно, пет пати потешко одколку што навистина е.
    И ден денеска кога го гледам татко ми во очи се плашам дека ќе ме штуцне од столот поради неговата слаба самоконтрола или дека мајка ми ќе ми го сврти грбот кога ќе и го покажам првиот цртеж.

    И како да ви кажам..
    ама поради тие ситни работи јас имам рани што се задлабочуваа(т) се повеќе и повеќе.
    И ме доведоа до дереџе на панични напади кои периодично се враќаат и кои ми го уништуваат животот.
    Дојдов до ситуации да ми пречи коментаторот на фудбалот, да ме нервира неперфекционизам, бесмислени разговори, неповрзани случувања со она што мене во моментот ми текнало да ме интересира и засега.
    Дури и сега кога пораснав и дури и сега кога тој е престар и предалеку за да вика, а таа премногу отсутна за да сфати дека секоја ноќ пред да си легнам си ги пребројувам работите кои никогаш не успеав да им ги кажам.
    Како на пример тоа дека ми беше тешко што никој не ме однесе на еден ебан одмор, на едно пливање со чамец макар во некој забеган вир, како семејство.
    Не успеав никогаш да ги прашам на пример, зошто нас постојано нешто ни недостигаше? Зошто постојано тие страдаа и беа под притисок толку многу? Неможеа ли барем на минута да не мислат на тоа, да ме подлажат дека за минута ќе откачат од секојдневието и ќе мислат на нешто друго.

    И така, денес седевме на трпезата и ручавме, и сите почнавме гласно да се смееме.
    Не знам зошто.
    Можеби затоа што на сите во главата им чукна дека во еден месец од годината, во еден датум од месецот, во еден ден од неделата, во еден час од денот, коските ќе почнат да ни скапуваат без да бидеме свесни за тоа, и ќе мирисаме на мршата која мајка природа на сите ни ја послужува.
    Или можеби затоа што сите сме откачиле?
    Можеби затоа што имавме весел напад на паника?

    ..нејсе, ова е првото нешто што заедно го направивме.
    Ама не ми значи толку многу, јас почнав да си фаќам свои патишта, да љубам, да споделувам колку-толку.
    Да се борам.
    А можеше да биде поинаку.
    Но зошто да беше? Зошто пак да не беше?
    Навистина, за некои работи е премногу доцна, ама премногу..
    ..а и веќе изгубиле на значење.. и можеби така било најдобро...

    ...ништо не сакам да научам од циклусите кои ни го грицкаат животот ко кекс.
    Сакам само да љубам. Секој миг. Со секоја клетка. На секаков начин. Во секаква форма.

    Срцето ми чука, ми лупа, ми трешти - жива сум како никогаш досега..
     
    На WarriorAngel, Monna.Monna, teddybear и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Напротив,едвај чекам дома да си стигнам,нема потреба од кавги и тепачки со збор се може да се реши :)
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Значи мрзам константно да потсетувам и молам некого. Мрзам!
    Ако си рекол така, направи. А не јас цело време да те потсетувам. Па глупо е!
    Кажи не и готово.
     
    На WarriorAngel, sweet-cherry, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cтигнав и се комирав со брзината на светлината |-)
    фешти беше, особено оној шоферон коа ми рече-
    Hатали, а ти зашто вака цела си облечена во црно, на ваков сончев ден?
    Jас-Mаж ми умре.
    Oн- :|
    и почнав да се смеам, па сфати човеков дека се шалам.
    па и на симнување ми го зима куферот, и ми вели EEE Hатали бе, дури и куферот ти е црн :D
    викам не сум ја Hатали, лудо сум.
    сега навистина не знам зашто ме нарече Hатали, дали треба да го сфатам тоа ко комплимент, навреда..... :?:
    Hе можев да го дешифрирам :D
    како и да е, опкружена со две баби која од која поглува,која од која погласно збори, да се чујат и разберат де...
    Mислам дека уште од првиот ден дознав за секој комшија која му е фамилија до трето колено :rofl:
    Aх,се прашувам дали и јас ќе бидам таква досадна баба бе :lol:
    Aј, така, одам јас уште една партија да мавнам спиење, оти осеќам маста ќе ми биде извадена утре, па да се подготвам психички :D
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, JuLleE и 18 други им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.460
    Допаѓања:
    17.155
    „Знаете колку е убаво чувството кога пред спиење и ќе мислете на симпатијата и нема да можете да заспиете?“
    Пробав бе и ја. Ама незнаев попрво на која симпатија да мислам и од нервоза заспав.
    :doh:
     
    На LaraSolare, Someonespecial, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Мразам луѓе што се отворени само за пофалби. Оние, што се алергични на критики.. Па уште и ќе те збрише од земјата ако искрено си го кажеш своето мислење, кое оди контра нивното его. Ех, нестабилни, искомплексирани суштества..
    Страшно.
     
    На Someonespecial, lunicka, Boleyn.7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Зошто кога сме мали деца никој не ни кажува колку е тешко да си возрасен? Зошто ни раскажуваат приказни со среќен крај? Зошто не лажат?

    Зошто никој не ни кажа, дека да си голем значи и да боли? Дека срцето може да е скршено илјада пати, но сепак да е цело и да има уште, уште за кршење?

    Зошто во школо не не учат, дека пријателите први ти забиваат нож во грб?

    Никој, никогаш не ни ги кажа овие вистини. Очигледно, полесно е да бидеме лажени. Нас не лажат и ние лажеме. Лицемерие или само следното премолчување на вистината? Не е важно како ќе го наречеме ова.

    Понекогаш така ми се плаче, не наоѓам зборови да ја искажам болката. Болката на секој ден во кој реалноста ми удира шамари и ме потсетува за тоа како приказните лажат. Колку и да се трудам да гледам позитивно на светото, понекогаш едноставно не можам…

    Сакам да немам срце. Сакам да го извадам, да го изкорнам од градите. Ми тежи. Тежи и боли. Толку пати сум го крпела, толку пати го лепев, а тоа повторно и повторно се кинеше. Не сакам срце.

    Сакам да сум празна. Сакам да сум мала и некој да ми каже, колку е тешко да си возрасен.

    Некој да биде доволно искрен со мене и да ми каже, дека мојата пријателка од детството ќе ми ја предизвика најголемата болка. Дека првиот маж, кој требаше да ме сака ( татко ми), прв ме предаде.

    Некој да ми каже, дека ќе работам по 12 сати на ден и не само што нема да ми стигнат парите, но и ќе сум несреќна.

    Некој доволно смел, да се исправи и да ми ги отвори очите, дека на овој свет ништо не добиваме безплатно. Некој искрен човек, кој ќе ми ја каже вистината, дека и големите плачат. Но плачат сами.
     
    На Someonespecial, Elennaa, vinozito1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Да ми кажеше некој пред 5 години дека ќе ми се смени животот толку многу, ќе му се изнасмеев.
    Бев грдо пајче. Никој не ми обрнуваше внимание, сите машки што ми се допаѓаа едноставно ме игнорираа или си правеа мајтап со мене. Немав ни другарки, сама шетав и само читав. Се надоградував.
    Пред неколку дена дознав т.е сфатив дека грдото пајче пораснало во лебед. Имам прекрасни луѓе околу мене, по мене трчаат машки за кои не ни сонував дека ќе трчаат. Ете ги, спуштаат ѕвезди, ветуваат многу.
    Ќе бидам искрена, ми значи сето тоа. Не сум се почуствувала посакувана никогаш, не знаам како е да трчаат толку машки по тебе, да имам најдобра другарка која светот би го превртила за мене.
    Среќна и спокојна сум. Го живеам животот за кој ни длабоко во мене не сум сонувала.
    Гледам и желбите ми се оствариле. Една по една...
    Животе, ме плашиш кога си вака убав. Биди добар кон мене, те молам :)
     
    На Beaty, vinozito1, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Конечно почуствував дека е лето и дека сме на распуст.Преубава вечер.Шетавме, си правевме муабет, трачаревме по малку.Штета што толку рано си отидовме али ај има друг ден.

    [​IMG]
    Мразам! :(
     
    На Someonespecial и Lepaaa им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Многу мразам радознали личности |(

    Денес со мајка ми бевме кај нејзина пријателка, се немавме видено одамна па кога почна со своето испрашување за момент со почувствував ко в полициска станица да сум а не на гости :^)

    А работиш нешто?
    ако ако убаво е да имаш твои пари
    а дечко??
    Е па супер со среќа нека вие па набрзо и свадба па и детенце |(
    а тој што работи?
    ахам па ако што и да е


    Значи, што ти е гајле тебе за мојот живот :^) Гледај да им е добро на твоите деца.. пу брее
     
    На kala21, Sexybaby86, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  12. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Имам некое предчувство дека нешто лошо ќе се случи и цел ден сум некако вознемирена :?:
    Само книгата до мене и таа некако ми го ублажува чувството. Немам девојки инспирација за пишување само ве читкам.
    П.С. Кој ќе оди на одмор му посакувам убав помин :sun:
     
  13. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Каков ден!!!!Не се каам ни за секунда што се направив,а не смеев (ѓаволска насмевка)...не наштетив никому да не се разбереме погрешно...само можеби малку себе си...ма еднаш се живее...ова мора да ме држи цел месец ;)
     
  14. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Сакам да пеам и да пеам и да пеам цеееееел живот и два дена ! :mm:
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    axl подобро сега крај отколку да ти ја тупат главата подоцна :)

    Како и да е не сме сите исти но зошто да се наметнуваат туѓи мислења кога веќе ти си имаш создадено сопствено? Нејсе, во мојот живот се обидувам колку е можно повеќе да гледам за себе, се трудам. Таков човек сум што сакам да им угодам на другите занемарувајќи се. Има веќе неколку дена како се придржувам до исхраната и гледам што почесто да се движам и приметувам навечер кога ќе легнам не ме боли грбот, ме болат нозете од што одев. Да кажам најискрено сум заборавила какво е чувството да легнеш навреме и со насмевка на лицето. Таа насмевка што ја имам не ми трае. Другарката која требаше да ја има сета среќа на светот затоа што заслужила сега е во многу лоша состојба. Се обидувам да бидам тука за неа како што била и таа за мене, успеав да ја насмеам и знам дека и е тешко но не кажува таква е се бори за другите, жртва е за семејството но овој пат сите се грижиме за неа затоа што сега сме и најпотребни. Размислувам како да ја изненадам во болница утре, дали да извадам некоја стааара слика од нас па да и напишам нешто лудо да се смее цела вечер. Мора да се обидува се повеќе и повеќе и да го пушти мозокот на пасење ако не ќе спобудали но ние се обидуваме да не мисли на ништо освен на нејзиното здравје. Ах колку е животов непредвидлив денес си тука а утре којзнае каде :worried:
     
    На axl-babe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Шо ги ебам (не цензурирам, помина полноќ), ќе ги мотам! Да не ме мотаат тие мене де.
     

    Прикачени фајлови:

    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.223
    Пол:
    Женски
    Дивајн има една поговорка вака гласи :D
    К** му е, двор му е... За ништо не берат гајле, за ништо :devil:
    Јас отсекогаш сум сакала да бидам едно машкоо, ахх бее :devil: :@
     
    На Umbrella22, Barbie20 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Сакам да кажам дека го чекам целото сонце да се појави, а во меѓу време една брзинска фотка направив дека беше прекрасно небото (морав да и го намалам квалитетот, заради дозволените 2MB при upload, али и овака ќе пројде) :D
     

    Прикачени фајлови:

    • no logo.jpg
      no logo.jpg
      Големина на фајлот:
      116,1 KB
      Прегледи:
      162
    На Hipica, Mishela, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Е ајде добро утро илии добра ноќ.. како и да е одам да спијам :*
     
  20. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    само едно...нека се гонат у п.м. и свекрви и етрви и се :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.