Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Дет момент кога се чупеш и си велиш ај уште ова, ај уште она, ај вака, ај онака...и едната веѓа ти излегува пократка :^) Среќа носам ем очила ем шишки... ќе се маскира.
    Ете го, дојде... денот од кога само лесна пудра ќе се носи и наместо млеко за тело, слободно можете да намачкате млеко за сонце. Ми ја грее сонце тастатурава, жешко ми иде на прстиве :D
    Петровките почнаа. Ме потсетуваат на распустите кога бев кај баба. Правеше и домашен крем сир, преубав. И го барав рецептот пред некое време, ама уствари сакав да и кажам таа да ми направи :wasntme: Ако и спомнам два, три пати ќе ми направи сигурно :D Два пати пофали и нешто и по луѓе ти испраќа купишта палачинки. Јас пола саат 10 палачинки, таа за 15мин има за цело село да го нахрани. Забавна е баба, има смисла за хумор, прифаќа шеги. Пред некоја година правеше ликери/ракија од вишни и ментол, никој не и ги пиеше па на мене и братучедите ни ги гуркаше под нос. Среде пладне, среде лето, замрзнато ракииче од нане. :|
    Тоа што ме воодушевува кај постарите, не е долгиот јазик и неразбирањето :D туку што упорно сакаат да бидат ангажирани во некоја работа. Дал нога, кичма, раце ги болат... од 6 сабајле право во бавча. И да нема работа, да се исконтролира се тоа. Ако не можат да работат, депресија ги фаќа. Мислам дека ги разбирам, кога рацете не ти се зафатени умот многу знае да шета. Можеби ги плашат сопствените мисли...

    А направи некој пресметка колку пари ќе собере државата за електронските здравствени картички? Ајде да видиме каде ќе се вложат тие средства...
     
    На bittersweet, Tedi.Bear, anuskaNESTLE и 28 други им се допаѓа ова.
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Навистина што фали уште? Вртелешка - има, rollercoaster - има („автопатот“ Е75, особено околу Неготино), има и кловнови и тоа доста ги има...Што ли уште фали? :?: Ајде ќе видиме! Што и да е, за арно нека е!


    СДК: Си купивме стан! Пресреќна сум! :dance: :party: :dance: Сега ни фалат многу работи (пред се пари - за да купиме тоа што ни треба :lol: ), ама здравје си имаме (фала му на Бога), па ќе си заработиме. Уште малку, само уште малку- па ќе си се одомаќиниме :) .
     
    На Tedi.Bear, Amazing, sweet-cherry и 36 други им се допаѓа ова.
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Скуби Ду не' научи дека вистинските чудовишта, се всушност луѓе. :rofl:
     
    На Tedi.Bear, Hipica, belieber и 3 други им се допаѓа ова.
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    се чувствувам осамено :(
    едвај го дочекав распустот за да бидам по цели денови со другарките а они сите некаде да ти ми заминале :| . Кој на одмор, кој на село, кој кај тетка, кој кај баба..
    Само јас домче си седам.. цц :fubar:
    И решив да си прошетам низ маало, онака од сабајле. Па комшииве сите некако размрдани, понеделнички.Кој го мие дворот, кој пере теписи уште од сабајле, кој ги става алиштата да се сушат и се слушам некој коментари, бабиве се жалат од жешково..
    И така тепам досада.. со озборување на комшииве. :P
     
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Кога седнувам и го отварам лаптопов првото нешто што го пишувам е фемина.мк.
    Имам потреба од вас феминки,ве чуствувам како мои најблиски пријателки кои никогаш не би ме трачеле додека би го пиеле своето кафе со некоја своја комшика или пријателка...сакам да се извинам што можеби сум деструктивна овие месец и половина,ако не и два,но навистина ми е тешко...
    сакам да го напишам во една од темите мојот проблем и се надевам дека ке смогнам сила.Проблемот е во мене што секогаш бев онаа со насмевка на лик и демек дека ништо неможе да ме повреди,но не било така ова ме сруши воедно да им се заблагодарам на:
    tessie,serafima,kala21,AngelOfArh,Trendafilka-што имаат толку благородни души...
    значи нив ги потенцирам бидејки ми дадоа сила со нивните ЛП уште еднаш благодарам
    И една благодарност до Gордана10 таа ми дава сила да си покажам дека се уште можам да истрајам
    Поздрав до сите вас и простете што баш овака го напишав ова но имав потребаа да го споделам ова чуство со вас.Имајте убав ден и за сите феминки на фемина бидете секогаш срекни,здрави,сакајте и бидете сакани :*
     
    На kala21, green.eyes, ceca-1 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Добив цветчеееееее, конечно ! :party:
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Утринско кафе со Брат ми! Ахх мераци...поготово кога еден месец се немаме видено, па незнаеме што попрво да си кажиме... :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Hipica, teddybear, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК Абе каква диета луѓе жити се? :^)
    Не, не, не, не, неможам да ја издржам бре, една недела и толку......
    Остај тоа, прекршувам денеска и диета и се...Денска ќе си правам домашни кубети од суво лепче и топеница(пржено суво лепче во зејтинче со сиренце). Мх, мх, мх....
    Па повелете феминки на вкусен појадок и домашни кубети. :)
    Немојте да се грижите дека нема да бидат убави и вкусни, знам да си правам јадења(вкусни :D ) уште од мали нози. :lol:
    Поздрав! :hai:
     
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    „Ние како банка имаме голема доверба во нашите клиенти“ |(
    Па што сте го врзале пенкалото за шалтер? М :lol: :rofl: ?
     
    На Mrs.Cuper, Tedi.Bear, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  10. laill

    laill Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    лош ден дури од сабајлее ке помине ке се навикниме како досега што беше така и од сега ако е полошо парталите и чао македонијо ;(
     
  11. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Ех, конечно вчера го поставивме базенот во дворот со тато. Од оние големите, има да си уживам.. 8) Ама што е најтрагично- се дупнал, цела вода истекла. Сабајлево кога видов, ваква бев :( . Уф, сега ли мораше ова да се случи ? Да не можам да си се оладам на топлово. |( Ај, ќе биде, ќе го залепи тато. После нема да излезам од него! :D
     
    На Marjan007, Dog-lover, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.518
    Пол:
    Женски
    Нешто се случува со мене.[​IMG]
    Кога не ти е до ништо и во еден момент сфаќаш колку добро изгледа чиракот кој дошол да ти ја поправи машината за перење.Па уште и наведнат над неа,па тоа задниот трап....лелејјјјјјјјјјјјјјјј...........[​IMG]
    Сонцево ми удира во глава,грешни мисли и то ...[​IMG]
     
    На bittersweet, rici.aaaaa, ludoto19 и 28 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    http://kurir.mk/magazin/scena/119944-FOTO-Nekogas-bese-zavodnik-a-deneska-lici-na-starec?fb_action_ids=10200140124932467&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map={%2210200140124932467%22%3A614252841926248}&action_type_map={%2210200140124932467%22%3A%22og.likes%22}&action_ref_map=[]


    Добро бе.
    Прво-Човекот има 51 година.НА ШТО КОЈ ЃАВОЛ САКАТЕ ДА ЛИЧИ ?????
    Второ-Нема 500 кила па тоа да биде причината затоа што иде со бастун.Незнам дали било кој после 25 години алкохол и дрога ќе биде уште жив,а не па да го критикуваат за килограмите и изгледот.
    Tрето-Информирајте се малце бе.Човекот трпи и психичка болка.
    Четврто-Не пишувајте само за колку да кажете нешто,прво потврдете,затоа што голем дел од информациите тука не се точни.
    И петто-Уште го има гласот.ШТО ДРУГО САКАТЕ ?

    ПУ !
     
    На Hipica, axl-babe, blaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ете земав и последната оценка и завршив со годината , не и со минатата али барем нема да го гледам факултетон до Септември.
    Денеска решив и пешки да идам , само заборавив дека Е 32 СТЕПЕНА НАДВОР !!!!! , Се испотив како коњ на орање .

    Како и да е :!:


    Сега цело лето на ред е :
    [​IMG]
     
    На Tedi.Bear, ludoto19, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Ах бре лето кај беше до сега 8)
    Многу ми е убаво, морам да ви се пофалам.
    Си ги налакирав ноктиве, си се хранев здраво ( сецкани краставички, патлиџан, пиперка и маслинки) без сол, масло и леб. Сега ќе идам да се истегнам а во 6.30 ќе одам на трчање. Мора озбилно да почнам да се грижам за себе си. Сега нема изговор, имам време и за извоз.
    Си слушам безвезална музика, сум пуштила Парфем од Севе и на што друго налетам од почетнава на фејс. Гледам слики, кој каде бил на одмор. Многу ми фали морето.. еххх...
    Немам што многу да ви кажам, освен тоа што сум прекрасна и сум прекрасно расположена. И криво ми е дека нема да го осетам летово, за миг ќе ми помине... Ама далеку е тоа, да го грабнам моментот.
    Само ми е криво за Скриено катче. Да прашам, знаете колку мислења ќе ми требаат за да ми се отвори? И дали овие во Кафе муабети се бројат? Да знам, дали да шкрапам повеќе, а време немам летово баш баш. Ајде некоја нека ме просветли преку ЛП. :wasntme:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.443
    Допаѓања:
    91.726
    Пол:
    Женски
    Кога не можете ништо друго да промените, фрлете и се на косата.
    По неколку грди и неподносливи денови закажав на фризер. Знам дека сакам да се фарбам ама не знам која боја, знам дека сакам да се шишам ама не знам како, знам дека после сакам да ме исфенира ама не знам како... Знам дека сакам многу нешта ама не знам како...

    Деновиве беа грди, ужасни, болни. Губење на себе си, мало издигање со негова помош, па пак паѓање. Полека ме губи, а не е свесен за жал. Ме опсипува со се и сешто, но на погрешен начин. Искрен е, но на погрешен начин... Сака да ме вивне до врвот на светот, а не сфаќа дека понекогаш кога се обидува да го направи тоа ме спушта многу ниско, многу доле.

    Понекогаш сакам целосно да му ја соголам душава, но некако не сум сигурна колку заслужува. И тогаш ќе се склопи околу мене, како зајче, како маче кога преде и се гали. Испушта топлина и љубов, а јас бегам, се оградувам од тоа, од него.

    Тој навистина ме гледа до него, секаде, секогаш, но јас не сум сигурна дали го можам тоа, не сум сигурна дека можам и сакам секогаш и секаде да бидам покрај него.

    Од друга страна закажани неколку состаноци, неколку фини понуди... задоволна и среќна барем за тоа.
    Не знам како сакам да го направам тоа ама ќе го направам.

    И ми треба некое ново парче гардероба. Шетав, не најдов ништо. Чипка, гол грб, горе еден материјал, доле друг. Материјалите благо речено за никаде, а тек па бројчиња, стандард. Не сме бре сите стандард. :devil:
     
    На bittersweet, Tedi.Bear, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    му благодарам на измислителот и воедно на проиведувачот на Налгесин с-да не беше тој како вчера ме посети тетка ми а денес почнаа болките, незнам што ке правев
    а тоа што во рок од 4 дена два пати ми зедоа крв и плус теткава е друга приказна :!:
    и вракајки се накај дома со мами налетавме на подвижните жолтите елечиња-еден ми заличи на него, ама мислам дека не беше тој, не може за повеке од 24 часа толкава брада да му порасне :D кучето што беше до нив-самојед беше бело по боја ама беше :inlove: да си го гушнам и да си го земам за дома :lol:
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Едно големо браво за Трендафилка за колумната Скопје vs Провинција!! :clap:
    Од Скопје сум, ама никако не ги сфаќам коментарите поточно етикетирањата од типот дошла во скопје да се омажи, да ни ги земат дечковците, да се пикнат на работа... |( Како во Европа со тој памет бре еј?!
    Не викам не, има такви, нека им служи на чест ама тоа не значи дека сите се такви и веќе редно е да се баталат тие стереотипи, неможе врз основа на неколку да се збори за цела група без притоа да ги знаеш вистинските причини како и зошто дошол/ла! Има многу што си учат, и чесно си го заработуваат лебот, така да мили мои скопјани олабавете малце, а за тебе трендафилке само браво, редовно те читам и се согласувам во се :*
     
    На Hipica и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ох Господи, дај ми сила уште две недели, да издржам, мислам дека и физички и психички сум претепана од оваа пракса :(
     
  20. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Еј, шо зборуваш ма! Ќути таму, уште треба ко во осумдесетите да биди. Тоа шо од тогаш има 30ина години нема никаква врска, ај молим те сеа вака. :wasntme:

    Ако ги читате курир, there's something wrong with you.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.