Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    SDK Dejan saka da se ozeni so mene, seriozen e :wasntme:
     
    На Tedi.Bear, Espadrila, rici.aaaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК не е фер.Се што ти треба е во Скопје.Најдобрите работни позиции во Скопје,повик од Владата за волонтирање во Скопје,бесплатни курсеви за CV во Скопје,ако не дај Боже ти треба било што од здраствени услуги е во Скопје,кино,театар,опера во Скопје,зумба,фитнес, аеробик,пилатес, курсеви по кинески јазик во Скопје...Па тие од провинција што треба да прават?И после зошто вака зошто така :^)
     
    На mila89, WarriorAngel, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не е криво многу Скопјето ниту пак владата колку што се криви самите градоначалници кои све што знаат е како добро да си го сместат гзот на фотеља.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.956
    Допаѓања:
    81.285
    Пол:
    Женски
    ^ Јас би рекла дека е до свеста на луѓето.
    Џабе и градоначалници, џабе е сè кога нема интерес од „публиката“.
    И во така да ги наречам „нешто поголемите градови“ освен Скопје има театарски претстави и културни манифестации, ама посетеноста е ... оскудна.
    На премиера во кино одвај 50 души, а да не зборам дека половината и повеќе влегле на проекција со гратиси.
    Треба да се работи на ова многу, ама изгледа на сите им е поудобно да си седат на ушињата. :?:
     
    На Tedi.Bear, kravce, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Да у право си, ама зашто е таква работата ондак треба да се работи со друга политика. Треба само да се испита што е тоа што го држи народот буден, дали концерти некакви, дали изградба на базени. уметнички програми или нз ти што па да започнат господата со работа и да живне народот.
    Треба да се иде у тек со духот на луѓето.
    И театар и кино и све тоа е више некако изживеано, више видено. Потребно е нешто свежо да се донесе, да се направи ...
    Уметноста може и на др начин да му се долови на народот, само си треба идеи.
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Во сржта на тешкотиите- лежи можноста! -Алберт Ајнштајн
    In the middle of difficulty lies opportunity.
     
    На WarriorAngel, Sara123 и karenin им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сакам на одмор!

    Илјадници варијанти ми поминаа во мозокот од мај па се досега. Прво сакав Тунис, но сите околу почнаа да полудуваат дека таму сеуште не е безбедно, па таа варијанта отпадна. Плус многу е скапо да си го дозволам таквиот одмор сега кога не работам. :wasntme:
    После со дечко ми се одлучивме за Турција. Ии и незнам што се случи но отпадна и таа варијанта. Мислам знам, се расипа колата и 500 евра ќе треба да дадеме за неа па ете јас и кажав бај бај на Турција.
    Па сакав во Санторини :sweat:. Сакав! Абе сакав да ја видам архитектурата. Да се изнагледам нешто поинакво. Сакав да се истрчам до вулканот, да влезам во него и така силно и оргазмично да експлодирам :rofl: . (трескавец) И не сум нормална :o и од тоа ќе дојдеме во теснец ако го одбереме. Нема шанси! No, no, no way. Повторно заради паричките. Педерска работа се ова финансиите.
    Па сега сакам Закинтос! Сестра ми само ме слуша и ми се смее на неодлучноста. Важно ние си се договоривме дека нема одење на одмор во исти период. Тоа така за да си ги позајмиме алиштата за плажа 8). Wtf - имаме и такви. Да, да.

    Немам попаметна работа и така си го планирам одморот кој може и да го нема годинава.

    п.с. Си купив сега нов пешкир, нови, купачи, 2 пара наочари за сонце и има да одам па ако треба и во октомври.

    ;( Што да правам кога тоа ми се единствените проблеми во животецот. Ги занемарувам оние големите како и да не постојат. Депресија неее, тоа нешто не постои кај мене. :worried: А аха да.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      24,8 KB
      Прегледи:
      265
    На Tedi.Bear, kravce, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Повеќе од сигурно е дека има некој за вас, има човек со срце, што се труди и ви угодува. Ама никој не ви е виновен што вие лутате барајќи други луѓе или гледајќи во некои погрешни, зборувајќи дека не постои вистинска личност за вас и на крај обвинувајќи ги: личностите, светот и животот дека тие се виновни за се.!
    Пазете - вие сте главните фактори за се што ви се случува.!
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Идеите можат и од самите луѓе да потегнат а градоначалникот е сепак од некого избран, не дошол сам на позиција.

    Многу фирми (за услуги) би пропаднале во помал град чисто зашто не би имало доволен интерес :).
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    На Tedi.Bear, Sweety-90, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Од каде да почнам ? Таман си помислив готово е веќе нема веќе никакви нервози а најмалку во врска со школото , таман си помислив дека летото и мене ми почна и дека до 1ви септември нема за ништо да се нервирам.....еххх во сета добра работа мора да има и нешто лошо.....а што може да ми го расепе целиот ден ако не школото.....да да школото со овие глупите екстерни тестови :@ Сеуште неможам да се соземам од утрово кога ми соопштија дека мора да полагам по втор пат .....е сега работата е што никој неможе да ми објасни ЗОШТООООО? ЗОШТО ПОЛАГАМ ЕКСТЕРНО ПО ВТОР ПАТ ? Никој нека одговор , значи не постои врата на која што не тропнавме со мајка ми сабајле во школо и сите истото го дрндаат , демек од горе од министерството така било кажаноо демек учениците со единици преполагаат а ЗОШТО ЈАС? имам 3ка и убаво и пишува таму......Па и наставничката по биологија коа ми се наврте сабајлево ауу клето женичеее бреејјјј ми вели дека ми ставила крајна оценка 5ка како сум можела да ја изневерам што се случувало со мене во ред ли ми биле хормоните ејјј ова ме праша.....сакав да и кажам нее тебе да не не ти се во ред вака што зборуваш со завршен факултет....Ќе и ја намелеле платата заради мене , ејјј заради мене и само и реков многу ми е гајлеее и си заминав , па на глава ми се качи веќе ,и кога ќе ја видам на улица некогаш ни здраво нема да и кажам :!: ете така......Нејсе ,доста е со муабетот за екстерниве,па и мајка ми ме нервира, женава ми даде казна зошто не сум ги собрала алиштата од жицата за сушење |( И сега во петок ќе си седам дома со пуканките в рака и ќе гледам филм :|

    Остајте ме мене.....Имајте убав ден :* :hug:
     
    На tinka-mace, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, ana-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Катеринче,вакви постови од тебе...Незнам.. :tmi:
     
  13. Beezus

    Beezus Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    и пишав лп, не е онаа Катеринчеее некоја си др била |(
     
  14. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Уааау,каква случајност,Катеринчеее си оди на 15 јуни,катерина2001 се зачленува на 15-ти и ти исто се зачленуваш на 15..
    Мене ми се чини дека некој бара внимание..
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Реков дека ке го напуштам форумот и дека никогаш нема да се вклучам ама тоа што се дешава немам зборови :clap:
    Значи јас не сум таа Катерина2001 да знаете :!: , јас повеке нема да пишам на форумот можеби еден ден ке се вратам можеби не но многу ми недостасувате.
    Која и да си ти таа Катерина, ако имаш намера да ме имитираш мене или како што многумана те сватија сакаш да се претставуваш во мое име повели ке те дознаам која си. Толку ;)
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Драги девојки, млади дами, постари госпоѓи. Верувам дека голем дел од денот го поминувате на компјутер, што воопшто не е добро за здравјето.


    Затоа, jaс ќе ви помогнем со многу практични вежби за добра циркулација на крвта (кај вратот) по долго време поминато пред компјутер.

    Со извинување до посилниот пол, ќе има и терапија за вас во текот на следниве денови.

    Еве неколку вежби за да не се укочите пред мониторот:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Повелете и друг пат!! :lol: ]:)
     
    На xoxolea, mysterious, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.375
    Пол:
    Женски
    На la-chicka, Hipica, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]
     
    На bittersweet, E...V...I...L, Tedi.Bear и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Вчера готвев ручек за (чекајте да пребројам) 14 луѓе. Претходниот ден внимателно го испланирав менито, купив продукти и рано наутро почнав... Имав неколку видови салати, предјадења, главено јадење, десерт, пијалоци... Ја одбив понудената за помош од свекрва ми. Јас сакам лајкови, ѕвздички, не може таа да се фрцка со нејзините погачи ... Таа е умна жена, ја сфати пораката и си се повлече.
    Како што наближуваше времето за доаѓање на гостите, возбудата растеше, адреналинот ми удри во глава. Во себе си повторував - ќе успееш, ќе успееш... Додека ручекот се готвеше на два шпорети, забрзано сецкав салати, и си повторував во себе - пијалоците се ладни, домашниот леден чај е готов, десертот е во длабоко...
    И така ми падна на памет една мисла...ова е тоа што сакам да го работам. Ресторан, готвење, притисок, да мирисам на лук...на 40 години, луѓе јас сфатив што сакам да работам. А ми завидуваат дека сум ја имала најубавата можна професија...што знаат другите. Ова е тоа!
    Понатаму...знаете она сите гости имаат по некоја карактеристика – оние напорните, пребирливите, оние со немирните деца, педантериите. Е овие последниве беа гостите на денот – што подразбира снежно бел чаршав, прибори за јадење и чаши по двапати миени во машина. Заслепувачка чистота и сјај...
    И така се’ беше совршено, јадењата испофалени, домаќинката во стилот на Бри (сеуште не толку невротична)...И луѓе мои, однекаде долета мува, и не обична туку огромна, зелена-гомнарка. Почна да го надлетува јадењето, сите се размавтаа, а мувава никако да излезе. Трипати застана на месото, а мене солзи на очи од мака и хистерично почнав да викам по маж ми-избркај ја, избркај ја...боже, сцена ко од глупа америчка комедија. А најпедантеријата од сите ме теши - Ништо, ништо па природа е тоа, како да сме на излет!
    После со маж ми низ смеа си прераскажуваме.. -Уште мачката да ја видоа. Па ми кажува дека ја оставил надворешната врата малку да влезе воздух и црната улична мачка што шета околу куќа, си влегла на гости. –Случајно се вртам, гледам мачка цап, цуп си влегува во дневна...Добро што не ја видов, зошто...е тоа ќе беше сцена!
     
    На ines.h, bittersweet, Annath и 36 други им се допаѓа ова.
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Не можам да ги разберам луѓето што можат да тепаат животни и се мајтапат со нив. Стварно не можам. Ако не го сакаш дади го на некој или што си го земал кога не сакаш, ама да го тепаш па да го фрлиш од прозор каква ретарда треба да си?

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... fbnQQ8w4w8
    Ова се случило во Битола. :x

    Прееска видов дека некој човек во Бугарија добил затвор 2 години мислам беше и неколку илјади евра казна зашто врзал куче за кола и го влечел додека не умрело :( .

    Запрепастена сум. Колку ми е само жал за животинки тоа чудо е. :( Па и они се душички. :worried:
     
    На Tedi.Bear, Sexybaby86, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.