Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас си ја почнав сезоната на лубеници.Како за прва купена лубеница годинава ни се погоди.Блага за мерак :) .И тоа не беше се ... :!: Упте повкусен беше сладоледот во корнет. :inlove: .По мој вкус.
    малку скршнав од диетата :$
    По дома си реновираме по малку ... Преку недела вредно си работиме,за викенди одмараме.Минатиот викенд во Охрид-овој исто така.Одвај чекам да отидам,овој пат сигурно и ќе се избањам.

    Друго се си е во најдобар ред.Ретко кога си се жалам-скоро се ми е погодено :clap: .
    Ја почнувам 4 недела на здрава храна,и резултатите се и те како видливи.И мажето ме измери синоќа рече сега полесна сум била кога ме кревал во раце :D .Ептен ми ги прави кејфовите бре :lol:
     
    На Tedi.Bear, martinuska и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Моментот кога се враќаш од пешачење, препотен. Вода тече од тебе.
    Пушташ туш, гледаш нема вода. Читаш на интернет: Ќе нема вода сè до санирање на дефектот.
    Нема утеха! Ни на небо, ни на земја нема утеха! Малер! Сега ми преостанува само да се фрлам у шахта!
    Епа аливедерчи. И онака има по некоја отворена. Ќе изигравам телетабис.
     
    На Bright, Tedi.Bear, Libera и 14 други им се допаѓа ова.
  3. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Стварно не ги разбирам овие пензионериве на 40 степени што се шетаат. Нели вторник па бесплатно возење :lol: Ај тие што имаат стварно работа лекар ова она ајде.. Ама тие што се шетаат во најтоплото?! Ќе паднат негде недај боже ќе се онесвестат, јас искочена бев на кафе па едвај од кафичот до автобуска а не по плоштад да се шетам, плус они 3 пати постари.. Барем привечер накај 6-7 да искочат.. Не ги разбирам мајке ми. Нема таква пензионерка да бидам дефинитивно :lol:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Аквамарин сум. Или како и да се викаше :nod:
    Се ми е сино, не, само екранот ми е син.. Полудев! Си доаѓам дома од трчање, гледам компјутерот и се останато ми е преместено во другата соба. Ајде, ја завршиле работата и без мене. Едно седнување на пред пц има што да видам :o
    Абре син ми е екранот, незнам што му правеле. како ефект да сум ставила. Сега нема да можам да си уживам во сликички на Тумблр ;(
    Како и да е, се средив, ја суредив собата, сега и јас да се суредам. Ќе се бањам, мијам, тријам. После може и до надвор ќе отидам и на трчање. Абе нека ми се смеат, ама јас сум упорна и кај и да е со другачкава ќе одимаме кондиција, е после да ги видам 8)
    Има на гз да паѓаат кога ќе поминам, ако ако, има време...
    Друго немам што да ви кажам освен тоа што летово ми е пренајпрекрасно. Ич не ми е здодевно иако ништо не правам. Сепак убаво ми е кога си одамрам уживам, се сончам на тераса, медитирам, се глупирам, долги ноќни прошетки. Сега чека на домашнниве да им текне на одмор да ме однесат и се тип топ ќе ми биде.
    Останете ми со здравје мили мои, гушка.
     
    На ana-girl, Someonespecial и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417

    Одамна дојдов до заклучок дека повеќето машки денес се однесуваат нечовечки.Уште од мали се однесуваат недолично.Просто ме чуди како може да си дозволат така да се однесуваат.
    Добро стварно не ми е јасно веќе, кој е посилен пол?Низ што се не поминуваме да ја зачуваме врската , бракот,семејството, домот, моралот....а тие го прават обратното.
    Додека читав некои ваши мислења, просто се гушев од солзи.Тепаат бремени сопуги,пијат, се коцкаат, се швалерисуваат, додека ние се обидуваме да останеме присебни.Денешнината ни наложи да бидеме се.Жените се тие кои прехрануваат добар дел македонски семејства, додека мажите безделничат .
    Какво животно треба да си па да не си го сакаш сопственото дете, брачниот другар, родителот...
    Немој да се навредат машките членови на форумот има тука и чуствителни машки но тие се реткост денес.
    Би сакала да и порачам на машките да го проучат женското срце и душа, а не женското тело.Само
    тогаш ке можат да не разберат и сфатат.
     
    На Adi888, Annath, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Секој ден може да ти биди посебен, ако луѓето околу тебе ги сфатиш како посебни, ситуациите како неповторливи, доживувањата и предизвиците како последни, а ТИ како главна неодлоива причина за тоа.
    Имајте убав ден феминки... :*
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Кога помина пола јуни... Не ги осеќам деновиве како поминуваат. Секој ден иста шема и од досадно подосадно станува :yawn: .
    Само нека биде убаво и топло временцево. Барем оно ми е по мерак :sun: ^_^
     
    На dream.queen и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Вчера вечер си се присетив што се случуваше пред 10 год. што би рекла јас 'во мое време'.

    Сите рано сабајле будни крај 6-7 најкасно 8 саат ги испраќаме татковците на работа и рака под рака со бабите и мајките во продавница и после дома на доручек па сите надвор на +50 степени да бериме цреши,вишни,праски,кајсии,сливи се што можеше да се најде по туѓите дворови. И така после ај на ручек па ќе одиме од врата на врата да ѓи викаме сите да излезат и мајките и бабите што ни отвараа врати срциња тие секогаш ни даваа по нешто од овошје или по некое бонбонче ко демек ако ни се пријадело а ние пукаме од радост. :D И ајде сите собрани на улица на пладне или ќе се прскаме со шишиња вода или некој црево 100 метарско ќе извади ќе го опружи на цела улица и ќе не прска сите или ако има некој мал базент сите ќе се набутаме у него а гајле ни било дали ќе сме се настинеле или слично,но во случај ако нема прскање со вода сите ќе си играме со мачиња со кучиња со се што се чувало.А и интересна работа заборавив да кажам веднаш после ручекот кога сите ние деца ќе искочиме нашите мајки одат на кафе кај друѓи мајки по куќи и така си се збираат а бабите посебно и тие на кафе на локумче на ладно сокче во жешки денови :D
    После одкако ќе се испрскаме со вода сите на ручек во 6 саат точно.Е сега почнува забавата.
    Надвор е убаво сонцето нема ама уште се гледа сите јадени не најадени болни,здрави,нездрави сите деца надвор во 6 и пол точно да бидат кај бандерата за жмурка.И ајде добро сите излегле прво се почнува со народна сите кои имаат топки донесуваат и си играме народна па се така дур не се стемни и добро ај ќе се стемни и после се загреваме со Штркот бара боја и на крај компанија за да се види кој ќе жмури (а тоа секогаш бев јас :| ) и ајде се жмури сите се криеме позади коли под коли,во бавчи меѓу патлиџани,краставици,пиперки,во гаражи,позади куќи во подруми...И така најкасно до 22:30-23:00 бидејќи веќе ни се приспиваше сите уморни изнатрчани изнаиграни а и нашите не бараа татковците веќе вратени од работа ко демек уморни биле да не сме им правеле бука да не се лутеле.
    И така секој ден истото се повторува од ден на ден.Тоа лето односно тие 3 месеци ми беа највеселите најразиграните месеци.Но набрзо се се смени сите ко набрзина пораснаа некои мое годиште сеуште се дружиме некои ајде да се запишуваат во средно па ново друштво па излегувања и најмногу од се ми е криво што со некои не си ни кажуваме ни едно просто Здраво ама тоа е.
    Тогаш колку било се совршено,се се ценело сите се почитувале никој не кажал лош збор на никого,сите сме биле на исто немало ни богати ни сиромашни.
    Тогаш сме јаделе зелени кајсии не не фаќало стомачен вирус, со прљави раце сме јаделе ништо не ни било,како што кажав погоре со ладна вода од шишиња од црево сме се прскале па ништо не ни било а сега ако нема топла вода да се истушира човек со ладна одма ќе го фати носот...
    Мило ми е што овие случки биле дел од моето детсво но жал ми е што остануваат само спомени...
     
    На danichap и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  9. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Значи не го можам муабетот у лето: "Леле колку е топло, што убаво беше зимоска!". A одговорот за ладното у зима? Тогаш летото ќе го бараш, нели? Луѓенца, нема потреба да се повторува дека е ладно/топло. На сите во лето ни е топло а во зима ни е ладно и од тоа муабетот за времето ми се :puke: Ако ти е топло облечи се полесно, пиј многу ладна вода, мафтај со тоа лепезата и не излагувај толку на сонце. Ако ти е ладно закопчај се до носот и стај една шубара. Не мречете више за времето! Што е многу е многу! Да го смениме не можеме, треба само да се прилагодиме. И сите го прават тоа, како знаат и умеат. Не сте единствени!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Никогаш ни во сон не помислував дека на 15 години ке имам понуда за брак и тоа во село :o .Уште не сум дојдена при себе.Како во сон да е се.Пред неколку минути разговарав со неговата мајка.Бев учтива и и се обраќав со вие.Таа е добра жена,по гласот,селанка.Не е лоша.
    Таа: Што сакаш? Одлучи се..
    Јас: Знаете колку год. имам?
    Таа:Колку имаш?
    Јас: Син ви нека ви каже.
    Таа.Сине колку год има?
    Тој:15
    Таа: Епа кажи сакаш да се мажиш или да учиш,ние немаме ништо против..
    Јас:Навистина не знам.
    Таа. Како не знаеш? Сакаш или не сакаш?! Да ја решиме оваа работа..Твоите дозволуваат или бегалка ке бидеш?
    Јас: :o :o :o :o :o .......Мајка ми разговараше со ****...Мајка ми е против,кажа дека тој не знае што е љубов и дека нема шанси....
    Тој: Мамо *** вика дека полиција ке дошло бидејки е малолетна,се плаши...
    Таа: Од што се плашиш? Само поради тоа ли?
    Јас: Не е само поради тоа.Ке може ли да ми го дадете *** да разговаране?
    Таа: Разговарајте..
    Сеуште сум во шок.Не знам дали ке биде правилно.Страв ми е од неговите.Добри луѓе се,но тие му се него мајка и татко не мене..Ова ми личи на скриена камера.Само толку.Не знам дали да прифатам.Од една страна е добро бидејки он ке работи и нема да се шетам со еден пар фармерки,ама од друга страна треба да се согласам да направа нешто што мора во секој нормален брак,а јас не сум спремна за тоа.
    А втора работа јас завршив 8-мо и сега ке бидам прва,а он мисли дека ке бидам втора.И сега доага тоа лошото.Имаме дете а јас во школо,тој на работа и кој ке ми го чува,како јас да го бањам,како да му менувам пелени? Зарем јас тоа го знам? Јас цела ноќ да не спијам заради бебе?
    Смешно,навистина смешно...
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.648
    Допаѓања:
    22.243
    Пол:
    Женски
    Сакам да препрочитувам книги. Најверојатно поради тоа и листата на прочитани книги е помала во однос на времето кое го поминувам читајќи. Сакам детали, сакам описи, сакам да ги анализирам истите...сакам да си претпоставувам зошто баш тие цвеќиња во описот од тој дел од книгата се жолти (пример).

    Иако со тие работи со кои се замарам, не верувам ниту дека на самиот автор му паднало на памет да им придаде значење, не ми е важно, сакам да откривам нови значења, да откријам нова приказна, која можеби и само мене ми е позната.

    Деновиве планирам да си ги спремам и “таксам“ оние кои сигурно сакам да ги препрочитам летово. Моментално сум заглавена со некои други обврски, но од наредната недела почнувам.
    Една од задолжителните за препрочитување ми е „Ана Каренина“. Многу описи, многу детали, токму она што ми треба на душичката. Можеби ќе “чепнам“ и некоја нова тема на дискусија во темата за книгава.

    Пријатно попладне. :*
     
    На bittersweet, Annath, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    [​IMG]
     
    На lolita97, midnight.flower, SexiLy и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    157.120
    Он ми вика неам ништо против да бидеш Mad Girl,а јас да бидам штреберот со точакот.
    И отпосле сфатив дека не ми ги одобрува лудилата, туку нешто друго... спозноруш еден! Јас за себе се мачам бе!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека претерав! Изедов 6 парчиња леб со паштета и торта.Сега ми е лошо
     
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски

    [​IMG]
     
    На lolita97, Butterfly14, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  16. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    [​IMG]
     
    На lolita97, Christina.A, midnight.flower и 6 други им се допаѓа ова.
  17. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    Дете оди ластик да играш,не замарај луѓе со небитни работи |( ,ако толку сакате внимание на форумов пишете нешто паметно,интересно за читање а не мистериозно глупави приказни :x :swear: :fubar:
     
    На kala21, Someonespecial, Plavusa.17 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК страшно е кога се е супер кај мене. Знам, значи тврдам , дека веднаш ќе почне надолу да се тркала. И си почна.

    Работата, досадата, фактот дека тој никогаш не ме сакал како што си мислев.... И надолу. И сега сум пак на таа точка од пред една година само со завршен факултет и клулес за животот понатаму.

    И смешно ми е, аха си се смеам јас на несреќите познавајќи се себеси, беше само време во прашање кога се ќе си е*е мајката. И затоа само си чекав и кога првата работа тргна јабана, знаев. Ајде реков на здравје нека ти е.

    :rofl: :rofl: :rofl:

    Супер. Налудничава сум малку, ама што да правам, ако не се смеам треба да плачам, а и онака некако се чувствувам дехидрирано. Во душата.

    Ама нели чекам скрос да треснам долу, зашто оттука единствен пат е нагоре. :D И се чудам од кога станав јас толку оптимиста мајката. Па можеби се се случува со причина нели. Едно искуство повеќе. И изменета сум знам.

    Знам повеќе да ценам се што имам. Јас сум ти таков тип на човек кој трпеливо ја реди кулата од карти за да му падне, па пак одново. Да има човек со што да се занимава. Живот, шо ќе му правиш. :*
     
  19. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    SDK NA SVETOT IMA TOLKU LJUBOMOREN SVET STO EDINSVENA CEL E DA TI NAPAKOSTA I TE VIDAT SO GLAVATA NADOLU
    a znaete li od koja pricina go pravat toa -BIDEJKI TIE SAMITE NEMAAT IZLEZ OD SOPSTVENOTO NEPOSTOECKO JAS I DO GUSA SE VO KAL ETE ZATOA !!! DA PUKNAT I POZELENAT OD LJUBOMORA :devil: :rofl: :devil: :envy: :devil:
     
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Нај искрено ги замолувам тинејџерките да не одат на базент не средени и во бели купаќи, мислам ептен грда слика :^) посебно кога ќе излезат од вода... уште и го кршат газот одејќи |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.