Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Убав ден, многу убав, еден од најубавите месецов.
    Во банка ми е одлично, невидена работна атмосфера, особено денес. Покрај работата коа се наоѓа време има и зезање, частење секој втор ден по нешто, во секторот кај што сум ја повеќето се млади, со мерак одам секое сабајле, буквално мерак ми е, не е онака да ги бројам деновите до крај. А најмерак од се ми е што не сум потрчко да носам јадење и кафиња или поштар да се шетам низ цела централа со документи, ептен се културни и фини. Стварно ме учат, фала богу онолку колку што можат да ми дадат работа ми даваат, а улога игра и тоа што еден по еден си заминуваат на одмор постојано и остануваме се помалце и помалце и ем ја им помагам нив, ем тие ме учат. Секој ден сам по себе ми е различен, различно ми даваат да праам. Стварно не очекував волку добро да ми биде, дефинитивно сум презадоволна. Ми се погоди. Здравје и догодина пак овде ќе си дојдам. :!:

    Со чипс и кока кола планирам да го поминам остатоков од денот. А на ум ми е пирошка со шунка во тартар сос. Утре морам да го јадам тоа. Ветувам. И ќе го јадам! :devil:

    Карактер чоек сум бе.
     
    На kravce, senza.parole, dream.queen и 11 други им се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Точно еден месец откако се сплотивме во едно,откако знаеме дека остатокот од животот ќе го минеме заедно,откако срцето и на двајцата ни трепереше 10000 во секунда. Не ми се верува дека дојдовме до таа фаза,полека,полека се свикнав на животот со него,а сега го барам до мене да го прегрнам.Ахх нема ништо поубаво од утрата кога се будам крај него,заедничките појадоци,прошетки,моментите кога ќе го пречекам од работа... бесценето,чувства кои што не можат да се опишат со зборови туку можат само да се доживеат.
    Сега сум си домче,без него,но наскоро повторно ќе сме заедно без ниту еден ден да се делиме,ахх љубов :inlove: :D .Иако до свадбата сеуште има време мене уште од сега ме фаќаат паники ,но полека се ќе се среди,ја имам феминка наша со еден куп идеи и совети :D .
    Туку никогаш нема да ми биде јасна љубопитноста кај луѓето.Како може бре човек кој го гледате прв пат да го испрашате 5244141 прашања во секунда на кои што повеќе од половина личноста не сака да ги одговори. И што е важно дали свеки ке ја викам мамо или тетка.... или дирек ако и се обраќам.Значи не можам и не можам да разберам како може да има толку несовремени луѓе кои што не гледаат дома како им е ,туку кај другите како било,шо било |(.Крајно се нервирам на такви кои што не знаат каде им е местото.Не е важно како ќе ја викам свеки и дали јадам леб и пипер ,туку меѓусебното почитување и разбирање.
    Ете така си кажав што си имав на душичката по подолго време. Следува убаво временце,најубаво во кое што ќе уживам,уживајте и вие драги мои :sun: :sun: .
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Annath и 27 други им се допаѓа ова.
  3. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Некој напомена муабетите за летото и топлово време па би се надоврзал малце околу тоа.Навистина немаат друг муабет па се напнува околу тоа овој период |( ,или пак воопшто летните муабети, како каде на одмор ,со кого ке одиш ,каде и сл.Не ги можам таквите луѓе.Живеат некако мн шаблонски ми се има десено да ги забележам дека горе доле секогаш на секое видување каков муабет ке биде.....Никогаш не се свои,секогаш е муабет она актуелното :|, за мене тапа муабет ..Разбирам постарата генерација од чиста култура да праша ама младиве :^) ...Незнам можеби јас сум малце чуден па ги разбирам поинаку кога си прашуваат се и сешто а јас па несакам да давам извештај на секому каде,со кого ,зошто ........ Очигледно е кога можеш да правиш отворен муабет со некој близок за такви теми а не со некој колу да се рече еве се видовме ......Несакам одење по кафиња и давење со муабет за лето-то и слично ,несакам да слушам жалења-фалења за тоа кој каде, а и :!: одбегнувам НЕ-планирани сценарија после тоа, мислам дека ме разбирате :tmi: .
    Колку само ме нервираат изгубени луѓе во простор и време .Недолични за своите години што очајно-НЕнамерно можат да ти упропастат одмор-викенд- или ПАК едноставно денот да ти го уништат .Па до толку да не се информирани за општи работи :!: за било каква работа што ке им биде нејасна да досаѓаат :swear:.И дај сите вие што имате навика да се јавувате во период од 17 ч прекинете ! Едноставно некој сака малце мир од телефонот а не дека спие :fubar: .Ете ви фб ,скајп пишете па ке се пречуеме .. :geek:
     
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум :)
    Сабајлево се разбудив со прекрасна вест.Го положив последниот испит :)
    Сега ми преостанува уште дипломската и конечно работаа :) :party:
     
    На lolita97, Marjan007, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Аууу шо форес ми напрај :D Омилени ми се тие пирошките :D Ко ќе идам во Ск таква не пропуштам :D Друг пат можи заедно ќе јадиме :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Каква е таа потреба се што ќе јаде да го слика и да го става на фб? :^) |(
    Боже господе. Не ставам слики од јадења на фб, ама и јас јадам. Озбилно. Жими мајка :!:
     
    На dream.queen и DeepBlue им се допаѓа ова.
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    А шо да кажам јас па, пишаат статуси каде ќе одат на одмор, турција, анталија, после за полуматурската се спремаат за 3 вечери од емили дизајн, па кој сликар ги сликал ..
     
  8. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    :puke: 15 години имаш свести се моме :emo:
    не дека јас сум нешто возрасна па можам да ти солам памет но сфати го ова како совет. Имаш 15 години, а веќе си одела со повеќе машки ајде тоа да го оставиме па сега сакаш и да се мажиш само заради тоа што мајка ти те остава со еден пар фармерки :^) Можеш слободно да седнеш и да разговараш со неа и ако има пари ќе ти купи фармерки а не вака, тој ќе работел и ти ќе имаш фармерки. леле уште што нема на овој свет :fubar:
    Ако навистина толку се сакате може да почекате дури да наполниш 18 години.Полицијата има право да те прибере од кај твојот " маж" |(
    А ако почекате дури да наполниш 18 години таман ќе дознаеш дали навистина се сакате или е само тинејџерска љубов.

     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк да не беше гингерчето со пуцките, никој немаше да го прочита мислењето :D
     
    На Biggie, Annath, midnight.flower и 11 други им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Кога ќе почнеш да ја бараш вината прво во себе, а после во другите, дури тогаш си се надминал самиот себе и си чекор пред другите... ;)
     
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски

    Па сега не си во шема ако не ставиш слика од тоа што си јадел или пиел,да кажеш како се чувствуваш,каде си,со кого си,каде ќе одиш....Како викаат,кафето без chek in не е кафе :lol:
    Ние што не ставаме слики и што не се чекираме,ни јадеме,ни пиеме,ни излегуваме :)
     
    На martinuska, kala21, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.375
    Пол:
    Женски
    Теди ,да си ми ќерка ,ќе те исплескам да знаеш.Какво мажење на 15 години дете...[​IMG].Оди фати некоја книга,образувај се,маж нема да ти побегне ,а младоста e неповратлив сегмент од животот.И најубав.
     
    На Monna.Monna, tweety26, midnight.flower и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И поарно да не го прочитавме
    [​IMG]
     
    На Tedi.Bear, Umbrella22, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Save your popcorn for the drama :rofl:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Временцево многу ми е убаво :sun: најмногу си го сакам кога е вака топло. Мераци. :mm:
    Сакам по цел ден да сум надвор. Ако сонцето силно пече, мене не ми пречи.
    Дефинитивно за мене летото е најубаво. ^_^ Ме воодушевува.
    Но се што е убаво кратко трае. Овие три месеци веднаш ќе поминат, толку од летото. А потоа додека пак дојде ехехееј...
    Ама добро, барем да уживаме во него додека е тука.
    Тукуу... ми се пријаде лубеница
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, srcekrsacka, Tedi.Bear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.557
    Пол:
    Женски
    Да дојдат Нокаут и да се изјаснат ''Опни кратко сукниче згодно девојче'' до која килажа важи пошто нешто не разбрале изгледа....

    Во контекст на статусов што го прочитав на фб ми текна на една денес на работа у банка што ја видов стегната у минич со целулитот од сите страни и стриптизерскине штикли. Да биде пострашно не дека беше некое младо детиште него возрасна девојка која очигледно е несвесна за тоа како изгледа и уште побитно како де иде на работа во таква институција. Ми се згади животот,што е за право. Не знам дали од целулитот што се таласаше на сите страни или од фактот дека некој стварно нема 2 грама памет па излегува така од дома.

    Него гледам на темава почнаа децава да се мажат на 15 години за еден пар фармерки , а јас на 25 абер неам ни од фармерки ни од маж. Шта чеш живот,кој како си ја наредил. :D :D
     
    На tweety26, sesilija, midnight.flower и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201

    Сеа ме потсети на секретарката што работи во школо...
    Бебешко розова шпиц чизмица со 3цм тенко штикличе... ајде што и поминала модата уште пред сто години. Него жено божја 50 и кусур години си... тоа шпицот долг колку твојата висина и ширина заедно.
    Нема везе, битно ме изнасмеа уште рано сабајле. Долго ќе ти ја памтам потврдата за ученик... :D
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога некој ке те сретне и ке те праша што правиш како си,а не те видел подолго време ке те мотивира да се запрашаш што всушност правиш, како ти поминува времето-си го вракаш филмот наназад и си велиш чекај бе што правам јас-принтам цва и мотивациони писма, и аплицирам онаму каде што мислам дека можам -цела околина ме разбра веке :D -најверојатно така ке биде и цело лето :doh: а што ми требаше да аплицирам за волонтер таму каде што реално немам шанси ама ај да си ја пробам среката-да не ми биде криво после :!: и испадна дека во весникот во кој што ми кажаа дека излегува огласот не се печати веке :devil: ми доагаше да се пратам кај личноста што ми ја кажа оваа информација и да и ја :punch: па да види таа кого ке лаже-ама и таа пак не е крива така и кажа колешката на телефонон :swear: а кога видов во заводот за вработување син-толкав маж со татко му како прашува за огласот во Македонски шуми :@
    а јас сама отидов до таму за да аплицирам-преку Металски завод Тито :!: па за срека се најдоа тројца дечки што одеа во ист правец но ги изгубив па со прашање до стамбол се стигнува па се снајдов и женско сум а не маж толкав :fubar: не сум машко ама на моменти и од машко сум похрабра :D
     
  19. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    "Dreams" is not what you see in sleep.Is the thing which doesn't let you sleep :* .
     
    На WarriorAngel, Hipica, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Постојат луѓе кои имаат талент од ништо да направат нешто,и луѓе кои се посебно талентирани да плукаат по се` и сешто.Да, и за тоа треба талент,абе за се`имаат некоја забелешка,нешто им фали,не во јајцето влакно,туку способни се во влакното јајце да најдат. |(
    Толку се паметни што се расфрлаат со мозок на сите страни,оти не им го собира во главата веќе.Солат памет,ама и во благи јадења,оти не можат да се контролираат. :^)
    Оф мори мајко....Да се биде критичар е ок,супер,пожелно,нормално и корисно.Да се биде критизер,не е!!
    И тоа не ја покажува твојата инетелектуална брилијантна супериорност и доминантност,туку мизеријата на твојата ситна душа што не е способна да прифати туѓ успех.
    Ми се гади од вакви. :envy: Буквално.
     
    На Ethrnity, Antoninaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.