Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас ти препорачувам да седнеш главечки и да се разладиш. :rofl:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Така може и да затрудни :rofl: (двојна добивка)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Е да бе...па мозокот да ми зоврие :D
    На тие што ми се смеат им посакувам петочно возење во автобус ]:) во старите автобуси ]:) :D
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ајде Kravce само храбро :rofl:
     
    На tinkerbelll, Moira, LilBaby и 6 други им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК од утре ќе си ги брцкам нозете во море... :inlove: :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      35,5 KB
      Прегледи:
      333
    На Adi888, Elennaa, Mrs.Cuper и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    http://issuu.com/skleto/docs/skopsko_le ... 99/3583383 - Скопје, фатаморгано моја!
    Значи ќејфои ми се праат кога ќе видам ваква богата програма. Да мораш со ливче и пенкало да си направиш агенда, каде се’ не треба да отидеш, чуеш, видиш, чувствуваш уметност.
    Утрово ко аждаја ме спопаѓа потреба за макало со лук и чисто дробено патлиџанче со сиренце и да мацкам до бескрајот. Но, прво мора да се исчисти точакот, да се нахранат маалскиве џукели (што вчера ваљда снимаа некоја акциона сцена, и во 6 сабајлево ме извадија од памет рикајќи), за сетне да почнам да си пишувам. Вчера ја дочитав Емаус од Барико, и начекав една отсечна мисла, која во краток рок ми обезбеди катапулт мисли, кои не сакав да ги добијам.
    Цитатот е: "Но, оној кој почнал да умира, не може да престане". :|
    Дали е вака, навистина? Познавам милион живи а, длабоко во себе мртви луѓе. Па аналогно на тоа, ништо не можам да сторам, освен да се борам, нели, да бидам подолго по-жива.
    Среда е, би си дозволила неутралност, зошто во спротивно ќе си пукнам. Главата, ве боли, нели? Од жешково. Не сум ваљда само јас вака верверичкаста.
    Се пишав со драга другарка што патува низ Балканов и шири улична уметност. Имаше споделено ептен искрен и потресителен став околу квазиуметноста на која и паѓаат денешниве лажливи мецени и се палат на инстант духовност (колку е само оксиморон само по себе ова!) и вистинските вредности се само смотани пемпелиња некаде по ќошевите на нашата борба. Оние што се занимават со Вистината, добро (ќе) знаат што зборувам. Зборувам за одбрана на најсветото креирање кога душата ја исцедуваш во име на доброто, на катарзата, а нели, општествените сопки ти кажуваат дека доволно си сонуваш, сега слободно можеш да се вратиш во рудникот, и поздравот Среќно! е само мала трошка надеж која ќе те остави жив.
    Важно е да не е тажно. И да се бориме понатаму. Јас, само со молив знам, другото, везе немам.
    Ве поздравувам и одам да го бањам точакот, се стопи и тој кутриот.
    Ш.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Абеја, чувствувам должност да се дообјаснам. Не правев споредба: село-град, ниту потенцирав дека ќе се мажи в село (не болдирав јас), туку само повторив тоа што таа го имаше напишано.
    Јас не живеам во село, но не живеам ни во голем град. Но сепак, слободно можам да кажам дека онаа: „фали го селото - живеј во градот“ е сосема на место. Живеев и во Скопје некој период (како студент) и можам да кажам дека не сум видела погнасен град во Македонија од Скопје (не сум ги шетала сите градови во Македонија, па еве се извинувам ако има и погнасни), но факт е дека она што Скопје го нуди, во мојот град го нема, и ми фали, навистина. Сум била и на село, убаво е, не велам не, но селата во Македонија се далеку од селата во западно-европските држави. Во некои села сеуште нема ни канализациона мрежа (во селото на тетка ми на пример). И во никој случај не реков ниту имам намера да кажам дека луѓето кои живеат на село се неписмени или нетокму. Има многу неписмени и нетокму што живеат во градовите, и тоа колку поголем град толку поголем е бројот на таквите луѓе!
    Така што, немој да избрзуваш со заклучоци сосема спротивни од она што го напишав.
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.198
    Допаѓања:
    102.315
    Пол:
    Женски
    Миднајт сосем те разбирам и јас на дотичнава девојка од 15 години што планира да се мажи и го кажав истото, но таа е решена и ние џабе ги праиме муабетите, не и требало мој совет, не пукнала она за мој совет, нека и седи :x Абеја, девојкава според тоа што ми го кажа нејзината идна фамилија едвај ја чека да ја седнат на трон и да наредува кој што да работи, мижи митро, на село со стока и нивје тешко дека ќе и дозволат да се шеткара со нови фармерки и да си продолжи со школото. Се обидов со добро да и објаснам ама она е решена, она била закон и идниот и маж неа ќе ја слушал и никој друг, ни мама ни ништо друго, само неа, а за моите совети не пукнала да ги слуша. Девојчево е дрско, безобразно, некултурно и тврдоглаво, нека и стои и нека си се шета со новите фармерки по селските кории, така ќе биде најсреќна ;)
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Миднајт Не знам ти како си ги доживуваш селата и градовите, но јас го коментирав само напишаното, лично мене не ми се допадна тоа зашто во приказната на девојчево нема никаква врска со тоа што тој е од село, да не се создава погрешна слика дека советите се однесуваат дека ако се омажи на село ќе се упропасти, дека нејзиниот живот ќе заврши, нема да има излез.
    Според мене има многу села и населби во Скопје што се поубави за живеење од самиот град.
    „фали го селото - живеј во градот“ не ми е сосема на место ;) .
    Мене Скопје не ми е убав град, како што велиш ти гнасен ми е, пренатрупан и полн со некултурни и неписмени шипци. На пример, мене Кавадарци ми е многу помирен и почист, Охрид е историски убав, Куманово не ми е убав град исто (од истата причина како и Скопје). Но муабетот веќе оди во друга насока.

    AngelOfArh од каде таа идеја дека ако е од село по дифолт мора да чува стока и мора да копа по нива, страшно и смешно, како вака ги доживувате работите, многу погрешна слика имате создадено. И јас сум од "село", кое е многу подобро уредено од многу градски населби и не сум чувала стока а ниту сме имале ниви за работа, за жал, но тоа не значи дека ако сме имале ниви дека ќе ми било тешко да работам за да имам здрава храна на мојата трпеза, отколку да купувам вештачки млека и генетски модифицирана храна.
    Девојчето од други причини треба да размисли а не поради "селото".
     
    На Tenna и tessie им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Шо и да било, кој и да е дрскиот, сепак мислам дека не е фер да се прераскажуваат работи кои се кажани во ЛП. Ако мислите дека е навредлива одредена лична порака, пријавете ја. Значи не навлегувам во цела ситуација и не ме сфаќајте погрешно, ама се нафаќате да ги советувате по ЛП и после вака ги оговарате.
     
    На sesilija, imelda, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Од мене изглеа дошло, дека јас сум од село, а нон стоп зборам за бавчата :rofl:

    8) Мене ме радува тоа што доста луѓе ја сфатија убавината на селото, кај нас во последниве години едно чудо куќи се изградија. И убаво е, мирно е, чисто е. И ја реклама да му удрам :D
     
    На Moira, anuskaNESTLE, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.375
    Пол:
    Женски
    Луѓе работава е [​IMG].
    Среќа денес немаше гужва по шалтериве,дали дека топло време,набрзина исплаќав сметки и што да кажам.Кога се враќав накај дома ,ловев сенки,преминував од една страна на друга на улица и кај треба и кај не треба,ми свиреа ,ме пцуеја ,пцуев и јас не да не,и едвај се вовлеков дома.По пат ми доаѓаше да го соблечам фустанчето,градникот да го обесам на првото дрво,а гаќите...е тие се посебна приказна.И нив би ги џитнала само нека се олади телово.Кравче има право за вентилаторот.
    Фазата на расоблекување почна од врата,и сега косата ми се крева кога ќе помислам дека треба ручек да правам.Ќе се сварам и јас покрај него.
    А замисли сега да сум чварка,што убаво ќе се стопам на топлово.Прстите нема да ми бидат како ќебапчиња,нема да се потам премногу.Жени да знаете потењето си доаѓа со годините.Како порано кога бев девојка немав гајле од топло,а сега поплава.
    Баравте топло ,добивте.Ете сега паѓајте во несвест.
    Кај ми беше вентилаторот..и климата мора да ја активирам.
    [​IMG]
     
    На tinkerbelll, Moira, la-chicka и 14 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.198
    Допаѓања:
    102.315
    Пол:
    Женски
    Абеја девојчето само си кажа каква е ситуацијата во селото, не измислив јас ништо, Теси, од сесрце сакам да допре до девјчево мојов револт кон нејзината одлука, не за друго, не знам што не би дала братучедка ми некој да ја советуваше вака кога ја направи истата грешка, затоа и толку се трудам околу нејзе да допре нешто до неа. Искрено можеби и малку претерав во реакцијата, но детево никако не сфаќа колку погрешно гледа на работите, колку само греши, колку само ќе се кае. Но нејзина одлука. Инаку, сум пораснала во село, знам што значи село и која е убавината на тој живот, ич не се срамам од тој период во кој моите другарчиња летото го поминуваа во Охрид а јас во село, напротив, тие беа прекрасни денови и навистина многу ми помогнаа да пораснам во она што сум денес, за ништо на светот не го омаловажувам животот на село, но за 15 годишно дете кое сеуште нема завршено ни средно, мажењето во село не е начин да се стане возрасен преку ноќ, да се дојде до нешто што ти е ускратено можеби. Се надевам ме сфативте зошто реагирам така бурно, се надевам еден ден и таа ќе сфати, многу сакам да ја промени одлуката, но тоа е што е, на неа е да одлучи.
     
    На tessie и girl-miri им се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Статусот на фб на девојче што има 10 години |(

    Се сеќавате ли кога:
    - Како мали ѕвоневме на вратата на комшиите и бегавме?
    - Како мали во WCто викавме:Мамооо готов/а сум?
    - Како мали голтавме Tic-Tac и мислевме дека се таблети?
    - Како мали најголемиот предизвик ни беше да запалиме упаљач?
    - Како мали мразевме кога наместо играчка ќе добиеме облека?
    - Како мали пиевме сок од боровницаа а се правевме дека пиеме вино?
    - Како мали ги гледавме спајдармен?
    - Како мали се плашевме од Бабароги?
    - Како мали мижевме додека има љубовна сцена на филмот?
    - Како мали си игравме дека"пушиме" соленки?
    - Како мали стоевме точно на плочките додека се шетавме низ градот?
    - Како мали фаќавме снегулки со уста?
    - Како мали се лизгавме во кадата?
    - Како мали се туркавме во првиот ред во училиштето?
    - Како мали игравме криенка среде бел ден?
    Времиња...е тоа беа денови..
     
    На sweet-star, Elennaa, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    :lol: Околишеш ама пак на крај го ставаш селото како проблем. Си пораснала на село но не си живеела таму. Велиш дека девојчето си кажало каква е ситуацијата во селото а ти не си измислила ништо за да на крај од твоето мислење пак повториш дека мажењето во село не е начин да се дојде до нешто што можеби и е ускратено :rofl: хмм...е што-мажењето во град можеби ќе биде начин да го постигне тоа што и е ускратено?
    Иако девојчево повеќе ми изгледа како трол или си измислува приказни, ние си поразговаравме на темава. Јас уште во првиот пост и кажав што мислам, па ако навистина има проблем ќе си размисли малку подобро, не е битно селото/градот, таа е на прво место, но ако е трол ние си попраивме муабет, се наостривме една со друга а сега да им се вратиме на обврските, додека кравче со влажните гаќички се бори со климата и мислејќи на бавчичката и морковчињата скришно мава сеир.

    Кога сум тука, да си кажам дека никогаш не сум помислила дека некогаш ќе јадам смоки и ќе пијам јогурт додека ги јадам. Но еве, се случува и тоа, не ми идат на суво.
     
    На anuskaNESTLE, sesilija, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 31971577

    31971577 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    16
    СДК дека сега сфатив дека уствари проблемот е до мене. :fubar:
    Мојот карактер не одговара ама баш со никој друг, не се вклопувам во ништо.
    Порано си викав aj подобро е да бидам тивка и повлечена одколку некоја нападна и здодевна.
    Ама сега сфатив дека јас таква мирна, тивка и повлечена сум з д о д е в н а .
    Тешко се отварам и правам муабет :doh: , поубаво ми е да молчам и да бидам замислена.
    Верувам у секакви глупости и лаги што ке ми ги кажат. Се затрескувам и зближувам со луѓе и им верувам напразно,а кога ке ме откачат правам не море, него океан од солзи.
    Имам безброј случаи каде што некој се трга од мене само поради мојот карактер.
    И ја сакам бе да се сменам, ама таква сум, неможам, не ми оди.
    А секогаш кога ке влезе некоја нова личност во мојот живот си викам сега ке биде подобро, ке се подобрам,ама пак и пак и ПАК упропастувам се, со тоа што како се вика ''незнам да и направам ни два муабети на личноста".
    Е баш поради тоа ќе си останам сама засекогаш.
    А поради тоа што неможам никако да го сменам тоа, не ми преостанува ништо друго, освен "да си плачам над судбината". Чаре не гледам.
    :'(
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Ангел, јас те поддржувам во тоа да ја насочиш теди на прав пат и го почитувам, како и тебе како членка воопшто. Си кажав погоре што мислам дека не беше во ред, прераскажувањето на што ти кажала преку ЛП. Штом избрала некои детали да ти каже во ЛП а не јавно да ги каже на форум, значи не сака да ги сподели и ти се доверила тебе. Незгодни се тие работи, некогаш треба дополнителна запирка за некој да сфати кој е вистинскиот идентитет на членот.

    Што се однесува до животот на село, штета што сум немала прилика да поминам барем еден период од животот таму и не треба ниту градот ниту селото да се потценуваат, секој од нив си има свои убавини. А за пораснувањето и созревањето, ти си сакала да пораснеш и си ги искористила околностите кои ти ги пружила таа средина, другите пак кои пораснале во зрели личности ги искористиле околностите кои ги пружа градот за тоа. Она што сакам да кажам е дека секаде може да се учи и да се расте, доколку се сака да се порасне и да се научи нешто. :)
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Женски, на крај ќе се искарате поради трол кој очигледно измислува сценарија и сака внимание, и вие баш тоа го правите...
     
    На ludoto19, LilBaby, Butterfly14 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    9.399
    Знам дека имам некои пензионерски обичаии.Секое утро кафето задолжително во бар со пар два списанија.Па ти реков ми рече муабети со околните маси ,абе наши сме си .:D
    Утринава сретнав една пријателица ,ама сигурно не бев ја видела едно месец два.Па одма се закачвме муабети до сто и едно,како да не сме се виделе 100 годинии.
    Што,како,каде,здравје ,фамилија,трачарења :lol: абре од а до ш.
    Пошто знаев дека едно време не работи,си викам чекај да ја попитам мислиш многу ми требаше ама се беше онака спонтано.На моето прашање како со работа,дали чепка по нешто,она ми одговара дека е многу разочарана.Дека е аплицирала на неколку места.Дури и од еден работодавател во лице и плеснал дека во неговата фирма не примаат дебели луѓе.
    Да убаво прочитавте дебели,демек работата е претежно физичка па требало брзина.овденезнам каквосмајлидаставам
    И најнормално тука со совети ја тешам,ќе се снајдеш,ќе биде,такви кретени не заслужуват да се нервираш и што ли уште не и кажав.
    Ајде тоа оставете она е интелигентна жена не верувам дека ќе им придаде важност на ова.
    Ама прашањето е до кога бре со предрасуди за физичкиот изглед на работно место?
    А имав и едно друго прашање,случајно да не има некој магарешки грип што го напага исклучиво човековиот мозокот?
    Кај отиде веков и светов бре?
    Ајт јас отидов на Марс вие снаоѓајте се!
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.416
    Допаѓања:
    22.777
    Пол:
    Женски
    Луѓе мои, и Германија не е веќе тоа што била! 40 степени е, еј! Мит е тоа дека овде цело време дожд врне и ладно е. На ова топло не се излегува ниту да шетаме, ни ништо! А башка и со настинка се мачам :sweat:

    Охх! :hai:
     
    На Dog-lover и anabel-a им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.