Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Живееме во време,каде што вредиме онолку колку што имаме во нашиот џеб.
    Толку несакам многу да филозофирам и да кажувам...
     
    На Glossy-girl, prettyliar, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Реков дека нема да читам романчиња, не затоа што не се убави, туку многу се соживувам со личностите бре :sweat: и после Чадорче у депресија, ами ќе биде многу јасно :tmi:.
    Ама неможам да си помогнам еве утрово додека зимав цигари од трафика си начекав комплет 5 брojа Moja Tajna-Istinite price 50ден. и ги зедов.
    Сега се фрлам на читање па вечерва ќе ве дружам пак... а покасно со Брат ми на :pizza:.

    Ајд чаос.. отидов да тонам у светот на романтиката :lol:
     
    На natural.beauty, Christina.A, sofijanoka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Чао. :hai: :hai:
     
  4. little.woman

    little.woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    14
    СДК
    Дека многу сум Happy :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Ми дојде мажчето, можам да си го гушнам, да си го бацам, да си спијам до него... ммм нема нешто најубавоо... :inlove: :inlove: :inlove:
     
  5. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ручекот готов,садовите измиени. Конечно седнувам и си го пијам првото кафе и мултивитаминче :)
    Гледам,главна тема е теди и нејзиното мажење.
    Оставете го девојчето,што сака нека си прави,сама ќе ги сноси последиците од нејзините одлуки.
    Најчесто,поведени од моменталните чувства,во случајов и од финансиската состојба,не размислувајќи,брзо донесуваме одлуки кои подоцна можат да се покажат како неправилни и следува каење.Но,подоцна ништо не може да се промени.Не може да се врати времето,а најмалку најубавите години од животот.
    Туку,колку било убаво да си станеш порано :) Имаш време за се.
    Денов како година ми се виде :)
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    WHAT?!?!??!?

    Скопје е нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај-УБАВ Град во Македонија , ДРЖАВАТА БЕ АЛО .
    Сега со новиот проект каде ги исекоа сите дрва и ставија нови споменици , СПОМЕНИЦИ .... станавме КУЛТУРЕН , НАЈКУЛТУРЕН ГРАД ВО ЦЕЛА ДРЖАВА, можеби нема зеленило , ама има СПОМЕНИЦИ :!: , особено во центар , НАЈУБАВА ОПШТИНА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА , нема ништо поубаво да се разбудиш во 8 саат кога ќе почнат со бушење и работа на некоја од новиве згради , или пак кога на секој 30 мин слушаш тину-нину , или пак свирење затоа што полицаецот не ги пуштил нив ,туку другите.
    Кај некултурни луѓе има ? , нема ги , сите се културни :!:
    Каде не е чист ? , све е чисто можеш да јадеш од бетонот колку е чист , од толку прашина што има од бушењево и остало да ти е мерак секој ден да чистиш полиците и масите и бироата. Не е пренатрупан , само кај 4 саат ама оти многу работа има во Скопје и сите се враќаат. Дури и е ладно , еве 32 степена се НИШТО , НИШТО ТИ ВИКАМ :!:

    А историски , ПА ЗНАЕШ ЛИ ГОСПОЃО АБЕЈА ДА СКОПЈЕ БИЛ НАСЕЛЕН УШТЕ ПРЕД 7 ИЛЈАДИ ГОДИНИ :!: , Сите племиња сереле тука и ќе серат , и после не бил историски .

    Засрами се Абеја , засрами се , ваков Административен , Културен, Полн со зеленило, Со одлична влада и со апсолутно никаква бука и нечистотија нема никаде :inlove: |-)
     
    На Izaabella, Monna.Monna, artemidis и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ѕвони ѕвончето, ти растрчана да отвориш, мислиш дека е братучеда ти, отвораш врата по пижама, другарките размафтани на сите страни... и го гледаш новиот дечко што го чита сатот за струја :D Дечково да не знае дали побрзо да го прочита сатот или да ти процени број на градник :D

    После друго. Имаш згодна цуца на точак, натртена со фармерски шорц, наочара, и влечка 8) Ех што си немам едно вакво:
    [​IMG]
    На Шилеа ме потсетува.
    Кај биле брзинци за мојава велелепна задница.

    Е што сакав да кажам де?
    Сакав: ма каков Пикасо?! Во секојдневието на секое ќоше се сликаат една слика - илјада зборови... и револуција на хормони.

    Друго што сакав да кажам.
    Оној чиката што го синхронизира Др.Оз на Сител. Леле толку ме вади од такт, ми доаѓа да им појдам таму во студио и да го задавам човекот. Па и тие што демек се потресуваат кога ќе ги викне од публика. Толку ретардирано се чувствувам |(
     
    На bittersweet, Moira, Adi888 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Значи пекол лето :sun: Да неможе човек од врата да искочи,да не зборам за автобусиве...умирачка.Сеа некако сакам зимово да ми се врати ]:)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ќе имам поддржувачи за мојата теза, што го гледаат Скопје како поле за културен натпревар помеѓу народите :rofl:, ма ти си пљукнат Гоце.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.094
    Пол:
    Женски
    Сабајле ја акнав главата од бојлер, сега мијам садови и скршив еден филџан и згора го упропастив малиот ножен прст од масата.... Или времево и те како не ми годи, или ме урочи некој сабајле кога бев по леб и млеко.
     
    На Dog-lover и Barbie20 им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.397
    Допаѓања:
    250.239
    За девојчето која ќе се мажи за пар фармерки, виновни се нејзините родители.
    Вакви случаи знам многу, и сите звршуваат со бегање. Некој ќе побегне во друга земја, некој ќе се омажи.
    И за жал не се работи за немање пари, ами за некоја чудна особина на овие родители кои буквално ги падат децата од себе.
    Има случаи каде што мајката постојано е на шопинг, а девојчето оди во скинати фармерки.
    Па колку и да си нормален со вакви родители ќе се наполниш со фрустрации.
    А и ваквите деца се вакви поради нивните родители.
    И јас сум немала за фармерки, ама моите седнале и ми објасниле дека таков е периодот, дека мора да се штеди.
    Вината барајте ја кај родителите, а не кај деца кои се во најчуствителниот период и каде што им е потребна родителска грижа и внимание.

    И околу селото, бидејќи овде на форумот само идеалисти. Ангел беше во право. На село никој не те остава да седеш и наредуваш по цел ден. Нема вреѓање, ама се работи од утро до мрак на нива. И животот воопшто не е така идиличен како во приказните. Село, чист воздух, абе за мерак. Иди цело лето крши тутун и работи под фолија, па ќе видам колку идеално ќе ви биде.
     
    На bittersweet, Annath, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ручекот у рерна,садови измиени,соба средена.Уште трепезаријата остана.А пот насекаде :sweat:
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Топло е луѓе, седам и се потам. И не, не дојдов да се жалам тука, дојдов да кажам дека конечно ми се стоплија коските, го собрав ќебето денеска, да, денеска. :lol:
    На другите фронтови има некои промени. Сфатив дека не можам цело лето да го поминам во нервирање, да одам секој ден и да правам нешто што апсолутно го мразам. И затоа нема да го правам тоа, напротив, ќе правам нешто многу покреативно и нешто што ми е блиску до срцето. Ај да не речам во центарот на срцето. :)
    Така, убавини, лето е, не може да биде поинаку.
     
    На Ariel, Christina.A, Katerinceee и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    СДК Ти не си ти кога си гладен [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Sw3et.Ang3l, Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам дека не постои по иритирачко нешто од гласот и појавата на Енрике Инглесиас. Незнам како луѓето можат да го слушаат овој лигавец.
    Грд, самобендисам, ме асоцира на женски полов орган со таа фаца и одвратното пеење. Кога и да го гледам се чини дека само што нема да заплаче. Одвратно!
     
    На MandyLane, Trendafilka и kravce им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Пак јас :tmi: чиниш од Влада ме праќаат :D Има разлика од село до село. Кај нас на пример, нит тутун садат, ниту пак сите имаат ниви :D Така да, не значи дека ако девојкава (што лаже патем) рекла дека ќе се мажи во село, значи дека тоа село има само 5 куќи во кои живеат само стари луѓе кои по цел ден работат на нива. И што знам... Ангел кажува дека е тешко во село, а живее од можеби 15год во Скопје :^) Веројатно и на своја глава треба да искусиш за да знаеш како е. Моите не мораат, ама од мерак работат во бавча. Значи одат на работа по повеќе од 8саати и кога ќе се вратат дома, задоволство им е да си чепкаат по бавчата. Затоа што кога работиш психичка работа, физичката доаѓа стварно како одмор.
    Јас имам живеено 20год во град, и сега да ми плаќаш нема да се вратам таму :) Но, тоа не значи дека секој мора да размислува и се чувствува исто како мене. :)
     
    На bittersweet, Annath, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Mоментот кога на жешково ќе слокаш 2л вода, ќе се качиш во бус, и жени ќе ти стануваат мислејќи дека си трудна, е прајслес :D

    сега се запрашувам во која тема да си читкам, во диети или во трудници :D
     
    На sweet-star, tinkerbelll, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Jас сакам да кажам но,и да прашам.Држи ли вода овој соновникот што е на Фемина? м?
    Ми пишува ќе зачнете!

    Ех дај Боже соништата да ми станат реалност :inlove:
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.198
    Допаѓања:
    102.315
    Пол:
    Женски
    Кравче не ме контате нешто, ете Теси пак ќе ме кара ама ќе речам, девојчето само си кажа дека селото е типично, дечкото е од фамилија која се занимава со стока и земјоделие, дури и во еден нејзин пост сама рече така, не може да се замисли со кокошките и селскиот начин на живот, не измислувам ништо јас. И да, јас живеам 10 години во Скопје, ама никогаш не сум заборавила што значи да живееш во тие услови, сум станувала и јас во 5 да идам со баба ми на тутун, од мерак не од друго, сум идела по вода на чешма, сум бркала јагниња по двор, а богами сум се дружела и со деца кои целиот свој живот го поминале во село, исто е ама не е исто. Од искуство зборам, од искуство, најблиската братучедка моја помина низ истава приказна, ни ш не се виде од школо, си остана со основно и ете ја рмбачи по конфекции, се би дала да го вратам времето и да ја истегнам за уво ко што сакам да ја истегнам Теди. И ние се расприкажавме за џабе, детево нема ниет да смени одлука, ако веќе не не работи на темава, ама се ми се чини дека е озбилна, или пак јас сум преозбилна и се сфаќам здраво за готово. Да ја видам идната година кога ќе стаса тутунот за берење како ќе учи за екстерни :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Абе види, све тоа е во ред, ама ако сите станеме образовани и вработени на високи функции... од каде ќе јадеме здрави зеленчуци и овошја и од која конфекција ќе се облекуваме?
    Ме чуди таа одбивност кон работата на село, во земјоделие. Па јас имам комшии што на големо се збогатија работејќи земјоделство (да не ги издавам сега, да не им ја украде некој идејата :D ).
    Па после немало работа во градов, конкуренција, од село иделе, од други градови... :D

    пс. И кај мене во село има земјоделие и има луѓе што си чуваат дал прасиња или кози или крава... па пак е чисто и убаво и мирно :rofl:

    ппс Зошто ја советувате кога е толку очигледно дека филмови прави и лаже ;)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.