Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Постојат многу спомени, само што некој ги наелектризирал и ги закачил на нашите трепки, па штом ќе почнеме да мислиме на нив, нè печат очите.А јас пак, деновиве се прашувам зашто толку ме печат очиве и оооп, ете го одговорот, се ме враќа назад, а минато и сегашност не е убаво да се спојуваат толку често, океј, можда понекад :?:

    Незнам што праам со животецов мој, у кој правец терам е прашање на време, единсветно нешто со што се замарам периодов, е факултетов. Другото не ми е ни битно. Среќна сум без ништо, одлично ми е вака 8)
    Имајте убав ден..

    http://www.youtube.com/watch?v=UxxajLWwzqY
     
    На Adi888, lunicka, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Денес само што помислив во себе дека не сме се испокарале одамна, и дека нема шанси никогаш да се караме зашто многу убаво си се сложуваме... и не помина еден саат и баш на јадење се испокаравме, и јас со подигнат тон. Не траеше многу де, минутка само, после ќутевме и двајцата и после се објаснивме зошто така испадна. Толку се растажив, си се изгушкавме и солзи ми дојдоа на очи. Дали ми се хормониве спобудалени, дали од времево, којзнае, само знам дека МНОГУУУУ СИ ГО САКАМММ, тешко ми е дури кога оди на работа, кога сме одвоени 8 саати дневно... Сама си се чудам како успеавме кога бевме одвоени скоро 2 ипол години, кога единствено на skype се гледавме, не би можела друг пат така, би умрела одма :inlove: :inlove: :inlove:
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    I BELIEVE I CAN FLY, I BELIEVE I CAN TOUCH THE SKYYYYYYYYYYYYYYYY!
    I BELIEVE, I BELIEVE, I BELIEVE! :D

    Ма јас не биливам. Уште не можам да побиливам. :D Сум се качила пешки до Милениумскиот крст, алооо! :D (бај д веј, ова милениумски 1 ипол минута потрошив за да го напишам :D ) А како сум се качила? Е тоа нејќете да знаете. Биливајте ми. :D Трчни-трчни-сопни се. :D Ѕврцки више немав во мене, озбилно. :!: Да дојдеше некој алигатор (на пример) ќе му речев: - НА! К'сни си. Јади ме. Ја немам душа у мене. :D

    А запнале: - Абе, ако не можеш, да се симнеме удолу? Ти ме зезаш? После со што ќе се фалам? Дај молим ти се. :D Толку се изморив и сега да прекинам на пола пат и после да не можам да се фалам. Среќа па немаше гужва, па си се испружив колку што сум долга и широка на една угрорница... [​IMG] Машалааа. [​IMG] Ама да поминеше некоја подморница (на пример), ќе ме килнеше. [​IMG]

    Ако знае некој колку километри има од Средно Водно, до горе, ЛП! Обавезно! Да имам повеќе материјал за фалење. :D И така без душа се качив до горе, и' се јавив на мајка ми:
    - Мамо! Мамоо, види ме! Мамоо! (Цацко стил) Погоди кај сум? [​IMG]
    - Кај си бе сине?
    - Ееее, се качив пешки на крстот. Ама пешки! Имаше многу угорници, душа немам во мене. Ама пешки одевме! [​IMG]
    - Ама не идете по сонце, пази сончаница да не фатиш.

    Мооолим? Јас ти се јавив да ти се фалам! А не да ми кажеш за сунчаницаТА. [​IMG] Башка тоа, ме насеќира. Не знаев што значи сунчаница... само знам дека грозно звучеше. [​IMG] Сигурно нешто со сонцето. А јас одев 3 ипол саати, сенка ни за лек, немаше. [​IMG] А цела бев навлажнета. Од пот. [​IMG] Ама чувството кога се враќаш дома, и ИМА ВОДА! [​IMG] Се мериш на вага, и ти покажува 1 или 2 кила минус. Е тоа е чувство, да го е.ам, се' да му е.ам. [​IMG]

    А што сите запнале Козји патеки, па Козји патеки? Јас не знам по нормален пат да одам, ќе се отепам. А не па по Којзи патеки. Мрш. [​IMG] Како и да е, алал ми чуфте, стварно. [​IMG] Седнав таму на тие клупичките, и си се дивев. [​IMG] Ај, отидов да му се пофалам на уште некој. [​IMG]
     
    На Mahidevranfan, LittleFairy, Lella и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам..
    Еден од најдобрите денови во животов!! ^_^
    Таман си реков "Тоа е, не ме примиле.. :worried: "
    И пред половина час, ми ѕвони некој. Кревам.
    -Ало, Еличка?
    -Да, повелете.
    -Примена си во академија Микросам. Честитки!

    Така две-три секунди додека се свестив што ми кажа, лелеее! Не сум имала поголема среќа во животов, стварно сакав многу да бидам примена.
    Солзи ми протекоја од среќа. :$ :dance:

    Имајте убав ден! :hug:
     
    На LittleFairy, Glossy-girl, ceca-1 и 23 други им се допаѓа ова.
  5. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Не сум знаела дека јас можам да правам деца и ги нарчувам :x .Како јас можам да нарачам дете?Кој кретен.Немам живци веке.А и мајка му.Таа па? Ми иде преку нерви веке,што мисли таа дека ако живеам таму дека ке ја гледам? Нека сонува.Попрво ке и покажам кај и е местото.Што мисли таа бе?Јас од улица дека сум? Јас сум многу побогата од нив,ама од што имам мрднати родители не ми го даваат тоа што е мое...
    Не знам што уште ке доживеам.Сабајле мајка ми збесна што не отидов до школо.Писка вриска и тепа.Нормална ли е жената? |( |(
    А ****? И тој мојот најдобар другар што го имав 8 години ме направи будала кога му кажав и вика дека сум за во бардовци :fubar: .Јас за во бардовци? Ми вика дека додека сум со овој памет дека повеке не сум му другарка. ;( ;( Тоа болеше.Тој беше единствениот кој што ми беше како најдобра другарка.Уште ми вика дека за пари имало други начини,дека ке сме собирале како кога сме биле помали? :x Тој се мрднал од умот.Не е како што треба.И ете сега него го изгубив.Ми вика кога ке се смирам и кога ке се спуштам на земја да му се јавам.Е нема.Нека цркне.Утре нема да бидам покрај него кога симпатијата нема да сака да излезе со него.Нема да бидам покрај него кога ке се скара со мајка му.Нема да бидам со него........ ;( ;( ;( Мајка ми многу го сакаше *****.И вика дека подобар другар од него нема да најдам......И во право беше...Не сакам да кажам ама стварно во право беше вештеркава..
    Се мрднав од умот..
     
  6. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Очигледно жешкото време некои луѓе ги доведува до халуцинации и измислувања |( |( Тролови су меЃу намаааа... ]:)
     
    На Ana.Jones, Butterfly14, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    ... ептен ме изнервира дебилов денеска :@
    Демек ќе одевме на плажа, го чекав 3 саати пошо типов помагал нешто низ дома и на крај ми се јавува во 17 h и ај да одиме ми вика.. Сега ко ќе нема сонце важии :@
    И ич не му излегувам сега!!!! :@ :@ :@
     
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Почна сезоната "вртење на перница од ладната страна".
     
    На LittlePinky, Mishela, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    A, таа беше исплашена од сè. Пуштена во суровиот свет. Како да немаше минато, ниту иднина. Во шуплива сегашност. Со грам надеж, трошка љубов и ни малку верба.

    Беше спремна за сè. Да се бори и да освојува, но не и да верува. Никогаш повеќе – никому. Светот за неа стана обична политичка сцена. Говорот, и оној со најблиските станува дел од една предизборна кампања – секој го кажува она што сакаме да го слушнеме, во спротивно тој е опозиција. Обична нула.

    Љубовта која некогаш ја сметаше за најважно нешто, ја увиде како мода. Еден сопатник ти стои убаво, не ја иритира кожата и го носиш како омилен моден додаток. Со него се сликаш, собираш лајкови и често укажуваш на тоа дека си задоволен муштерија.

    Но, и најудобните чевли не ги носиме секој ден и во секоја прилика. Да не збориме за сезона. Да, 21 век. Век во кој да си со една личност е модна катастрофа.

    А, пријателството – обичен парфем. Трае 3 саати со кафе, и до 1 ден во сеќавање. Го користиш додека не најдеш појак, бидејќи е важно да си забележан
     
    На Ethrnity, Izaabella и anichka94 им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.854
    Во друг правец отиде муабетот...
    Никој не ја потценува работата на село и на нивите, туку напротив ваквите луѓе јас ги особено почитувам, бидејќи РАБОТАТ!
    На село и на ниви потребна е работа, а не лигавење.
    Онаа од утро до мрак беше кажано во смисла дека се бара работа. Мислам дека ми ја сфативте поентата.
    Работата е олесната, но не секој ќе стане наутро во 4 да оди и да крше тутун.
    Зборувам баш за оние села во кои речиси сите селани се занимаваат со земјоделие и сточарство.
    Не зборувам за примерот на Кравче ;) .
    А такви се поголемиот број села кај нас.
    Видиците ми се проширени, доста сум престојувала во села, знам како е, не тресам глупости заради тоа што цел живот живеам во град.
    Работава е што реално гледам на работите, и не верувам во бајки.
     
    На kravce и lunicka им се допаѓа ова.
  11. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Ах пустиот мерак по балетанки и пак малото прсте ми стана како црвено бабурче :( Ама ништо не ме спречи да си излезам онака сама и да си прошетам! И да си направам мини шопинг :D

    А да не збориме дека требаше денес да учам. :sweat:
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Боже стави една рака и носиме подалеку од овде што подалеку од овај пекол моето срце е веќе скршено а мојата душа веќе неможе све да издржи носиме те молам ;(
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да, жешко ми е и што да праам освен да го сфатам тој факт, да се помирам со тоа и да наоѓам начини да се ладам и да не мислам на тоа.
    Од утре хоум алоун на некој ден ќе бидам. Еееееедвај чекам!

    Глупо ми е ко ќе видам млади родители сиромашни и толку скромно облечени, а бебето во најскапи марки го облакаат. Тие трпат за леб, а бебенцето не знае кај се наоѓа, ама битно се облака во Зара, Теранова и носи исклучиво Најк и Адидас. Знаеш, бебе модел го праат, тоа не е како другите бебиња, тоа е фаца. Не знам дали се за жалење или за баталување. Во секој случај се исфрустрирани, и одма знам што си викаат. „Ние ако не можеме да се облакаме во марки, барем бебево...“ а притоа крај со крај не можат да сврзат и преживуваат од ден за ден. Знаеш, ако го облечеш во најскапо богато ќе биде бебето и покрај тоа што вие не сте.
    Ајде бе, нормално секој сака да си го облака детето во најубави алишта, ама пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата. Башка, коа ќе порасне ако не продолжи да се облака така ќе се фрустрира целовреме, а па ако се облака ич нема ни да се замара за есапот на мајка му и татко му. Ќе биде само „дај пари, дај пари, дај пари...“ без да го занима од каде. Лошо воспитање, лошо.
    Нормално, детето пред се, ама на тој начин - не.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Без текст останувам,неможам да се начудам како некои личности немаат ни грам мозок. :x

    Девојко,нема родител кој несака да ги исполни желбите на своето дете.
    Ама ти очигледно ја претеруваш,неможеш душата да им ја земеш и секакви погрдни зборови да употребуваш тие се твои родители,благодарение на нив ти постоиш на овој свет иако мајка ти требало да те абортира да знаела дека вакви работи ќе правиш.

    А кога ќе му појдеш на момакот дома биди сигурна дека така дрско ќе се однесуваш према неговите,па и уште ако планираш да родиш дете како што прочитав во последниот твој пост баш убаво ќе се изнаживееш и предотерана ќе бидеш. :lol:
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    teedybear како онаа Лајла Грејс си станала ма, во томови пишуваш. :rofl:

    Него остајте тоа. Се враќам мртва уморна дома, седнувам на лаптоп и сестра ми блиц прашање:
    -Дадо ма, што е тоа ејрекш`н?!
    И јас сега..како да одговорам, почнувам да се трткам да се мрткам и она продолжува..

    ... - на бонбониве пишува така! :o

    (Вијагра? А?)

    И и викам:
    -Дај ми ги ти тие бонбоните да ги видам јас? :^)
    И гледам лути бонбончиња од ментол на кои пишува Air action.
    И затоа изгледа Spelling Bee натпреварот е за помали деца. А? :rofl:


    ***
    Денеска видовме со дечко ми еден билдер како си купува сладолед од јаготки, од јаготки бе, душичка. :rofl: Си бираше со прстето од канчињата какви топчиња сака. :rofl:
     
    На mamma-mia, bittersweet, Trnche и 21 други им се допаѓа ова.
  16. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Како ми се пријадоа цреши :devil:
    А кога бев мала вака ги уништував :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас би ги замолила администраторите да и го сменат корисничкото име на teedybeear, многу се бунам кога читам мислења, за малку помислив една членка мене дека ме праќа во бардовци :lol:

    Инаку пекол, ништо ново нема да ви кажам. Ако сакате да слабеете во сауна, повелете во мојава соба, седиш, си замислуваш дека си на некое ладно место и си тече вода од тебе. Имам и вентилатор, дува чисто колку за да не е тишина во собава, никаква важна улога нема така да не се секирајте ќе имате гарантирани резултати. :D

    Кога е човек на диета, како за инает тогаш луѓето го канат на пици, благо, коктели, чоколади, торти, ајс кафиња, сладоледи со мрвици, преливи и не знам што, тортелини со сос од 500 вида кашкавали, зденки, сирења.... ама зоштоооооооооо? ова навистина нема смисла, па и не знам ниту кај им текнуваат сите овие вкусни јдења, а кога ти можеш да јадеш тогаш не им се јаде.... ма ми иде да си купам приватен остров и таму дебела да си одам на одмор сама и да си јадам се, и сите дебели што ќе сакаат да ме дружат ќе бидат добредојдени :D

    Сонував змија, ајде викам да видам што значи тоа и така немам попаметна работа на горештиниве, и значи дека ако сум женско, што сум, ќе зачнам. Од што бреееее?? Од воздухот ли? се изнервирав да ви кажам право, еднаш ќе земам да си толкувам соништа и ми немаат никаква поента.


    Немој да излегувате од дома во најжешкото, не вози точак во најжешкото, сврти го тој вентилатор да не дува во тебе дете ќе те скршам(како божем може да ме скрши 6 пати сум поголема од неа :lol: ), не го јади тоа од завчера е, не се туширај со ладна вода колку пати да ти кажам, аман јави се закажи да се сликаш за пасош(дека знаете многу патувам јас :D ), не пиј вода од чешма, измиј ги краставицитеееее(а која е поентата да ги миеш кога ќе ги излупиш?), и уште еден куп други реченици што ги слушам секојдневноооо од моите... некогаш така сакам да им речам, ама што се замислувате кои сте вие да ми забраните нешто ко да сум мало бебе? ама ете ти,ќе ми текне дека до сега за се излегле во право па не се бунам многу многу. :D

    Ова топлово мене ми мава во главата, за вас не знам... не е тајна дека јас мразам жештини. Смрт ми е секое излегување од дома, аууу ми се чини ќе се срушам негде и ќе се стопам и ќе останам како апликација на некој асфалт или пешачки премин или во некој скапан автобус. Не ме мава во глава само мене, туку и моиве по дома ги мава, јас и викам мамо купи ми вишни таа купила цреши, тато купи ми лубеница тој диња, тато купи ми цреши тој зелени сливи, мамо земи ова, леле дете па заборавив имав многу работа... :D

    И така, доста ви беше за денес, вие баравте жешко, еве ви жешко, сега уживајте во него... а јас ќе слабеам во мојата сауна опремена според светски стандарди. :D

    ... :hug:
     
    На AnaKarenina, Miss.Ricci, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.171
    Кај мене никогаш не ни завршува.
    И лете и зиме ладно сакам да ми е ]:)
     
    На Someonespecial, Moira, the-girl1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    4.778
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    во светот постојат милион скршени срца..не е само моето..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.