Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Ги читам постовите на ова девојче и неможам да се изначудам.Толку да не се ценело ништо.Неможам да поверувам каков народ постои на овој свет.Се надевам дека ова што го зборува се приказни на некое 12годишно девојченце а не вистина. :worried:ilent:
     
    На Someonespecial и Katerinceee им се допаѓа ова.
  2. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Чувството кога знаете дека најдобро е да си легнете и да одморите, ама и покрај тоа, и понатаму лутате низ страните на интернет, обидувајќи се да најдете нешто интересно... безуспешно! Досадно ми е, не знам што да правам, добро би ми дошло да си легнам - ама не, и понатаму дремам, правејќи ништо. Не се сфаќам! :fubar:
     
    На Glossy-girl, girlx3 и COollLady им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    сдк Боже кога реков ддека сакам лето не мислев на пекол и на досадни комарци аман
     
  4. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ми го избришаа мислењето... А зошто? Не пишав ништо што не би требало. Само кажав дека морам да си купам памперс, за да не се помочам во гаќи од толку смеење тука...
    Но нема врска... слободно и ова може да се избрише. Не ми смета!!!!!!!!
     
  5. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Се смрзнав ... 16 степени, оу мај гад :( Додека беше испитната сесија, пука сонце убаво време.. Сега да не можеш надвор да излезеш :envy:
     
  6. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    не сум активна на форумовв,али од сеа кје бидам.. 8)
    и така нема што да се праи дома по цели деновиииииииии |(
     
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски

    Сеуште се држи.
    Не се тепа Италија така лесно.

    4:3 :)
     
  8. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    За да стигнеш до дијамантот треба да поминеш многу безвредни камења... ЗОШТО!?
    Дај преку леб - погача.
    И мене да ме просветли некој лепотан. Што е ова!? :D
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК во животот, човек ќе го потроши своето време нервирајки се за нешта кои не се битни за да им обрати внимание, а кои патем и не ни може да ги смени или ќе го искористи времето за корисни работи кои му ја исполнуваат душата.Секогаш ќе има такви кои ќе бидат пречка, преку која на некој начин човек ќе мора да премине и да продолжи понатаму.Ако не се помине низ лошото, никогаш нема да забележи доброто, а ниту пак ќе се почитува, цени и сл.Се е минливо во животот, дури и ние луѓето, а потоа останува само карактерот.А колку подобро човек ги увиди работите околу себе си и ситуациите низ кои поминува, толку подобро ќе ги помине истите ако се појават повторно во иднина.Некои велат „ животот е игра, ако човек знае како да игра“...Ништо не е случајно, се е намерно.
     
    На WarriorAngel, Butterfly14, ozbilnazena и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    Е женски да ви кажам до сега се мачев да спуштам мачедонска тастатура на.таблетот па сега почeсто ке ви пишувам :)))
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    јас со поимот баба пак
    :D Aх,иако сум опкружена со две досадни створови, и тотално си ја сменив перцепијата за бабе, поготово за онаа другата стара вештица, у 5 сабајле што ме буди со нејзината правосмукалка, божем нели,трошките ќé избегаат,сепак вчера го запознав најпрекрасното бабееее, и ми идеше да ја изедам :sun:

    женичка 88 години ама на 70 личи, полна живот луѓе, зрачи,прска од позитивна енергија.

    Mи свари кафе, ми отвори 5 бомбоњери, и вели- 3апали си цигара, јас си ги обожавам пушачите :D

    и покрај тоа што животот бил суров спрема неа, светска војна преживеала :lol: и покрај тоа што немала среќа да си роди дечиња, таа наместо да постане намуртено исфрустрирано бабе, баш напротив :)
    си шета низ светов и си ужива... муабетите со нејзе ми беа ко со мој врсник,абе чудо колку младешко размислување.

    што да и кажам освен- Tе молам присвој ме!!!! :D

    Hачисто ме расположи, сирото бабе, и еднаш ме зашлапа за газот на идење :lol: ќе морам пак да ја посетам,ептен си се најдовме во муабет, да не ти се верва :)
     
    На Lov3, ilipili, sweet-cherry и 36 други им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    убав ден :) прозорот од раните зори ширум отворен па ме будат црцорњето на птиците а мирисот од зеленилото и цветчиња :$ ммм преубав :) си гледам јас низ прозор од креветчево мое онака легната и си викам мммм денес како убав ден ке ми биде :!: ах и ете го моето маже на врата ми потчукува и вика јас идам :lol: го гледам онака со кафе во рацете и ми вика *едно утринско кафенце испиено со мојата сопруга направено од мене* :$ и ете го ке мене во кревет си пиеме кафенце си слушаме црцорење а сонцете преубаво ете го на прозор :sun:
    колку убаво ми започнуват деновиве последно време :$ си се запрашувам јас :!: ми започна ли убавиот мој живот? баш го сакам ваквиот живот исполнет со љубов.

    имајте убав ден :!: по едно кафе и за вас.
     

    Прикачени фајлови:

    • dve-kafe.jpg
      dve-kafe.jpg
      Големина на фајлот:
      60,6 KB
      Прегледи:
      717
    На tweety26, green.eyes, ceca-1 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Guten Morgen Femina :hai:
    This is Munich calling :)

    Сите се најавуваат откако ќе стигнат од пат, па еве и јас да ве поздравам од нетипично топлата Германија. Летот помина одлично, си фативме добра позиција, па се изнасликавме по пат. Залутавме некое време низ густи облаци, ама битно успеав да го сликнам Јадранско и снежните Алпи :)
    Овде одмарам очи во зеленилото и се восхитувам на тоа колку Германците се грижат за природата. Па ми дојде мисла дека во некој весник сретнав наслов дека на Хурем во Турција ѝ фалело зеленилото на Германија :wasntme:
    А мене сигурно нема да ми фали интернетов, освен за некои кратки уклучувања за да ги известам најблиските дека сé е во ред. Овде има толку многу што да се видиме, па веќе кроиме планови од каде ќе почнеме. Денес се центарот и плоштадот на листа :)

    До наредно читање!
     
    На tigerlady, Lov3, ilipili и 51 други им се допаѓа ова.
  14. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.399
    Одел Љубовни романи 50% намаление
     

    Прикачени фајлови:

    • tom.jpg
      tom.jpg
      Големина на фајлот:
      9,1 KB
      Прегледи:
      605
  15. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Утрово добив желба повторно да се исфарбам, (пред 2 дена се фарбав ама не ми испадна како што сакав). :$ Уште тоа и фали на мојава коса 2 пати фарбање, во текот на една недела. :sweat: Ама пуста желба... тоа е :D
    Имајте убав ден феминкииииииии :*
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Пу, пу, машала пола Фемина сме у Немачка, ту барем групна една екскурзија да организиравме. :D
    Јас ви мавтам од Бохум, стар град, со навистина нетипична претопла клима, убави паркови и прекрасни градини! Баба ми ми` имаше приредено топло добредојде, со некои сомнителни минијатурни видови на американски палачинки, и со многу колачиња од оние на Скајп што ми ги покажуваше :D, што содржат за мене чудни и непознати состојки и уште почудни имиња. Нормално, кантава, грешка, контејнеров во мене собира се и сешто, па така сместа ги снема, нема врска тоа што не знаев точно што внесувам во мене.

    Ве поздравувам со милово суштество со тажни очи што успеа да ме освои, ми идеше да ја гушнам!
     

    Прикачени фајлови:

    На Foreveryoungiwannabe, Lov3, sweet-cherry и 37 други им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Што правите бе девојки у Имачка, на работа или на шетање?
     
  18. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    СДК : вагата и се е можно .

    -3кг. :bow: .

    8) :clap: :rock:
     
    На Someonespecial, Serafima, Ana122 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не знам што се дешава.

    Ставам линк од новата песна на Мајли и ставам линк од песна од Нирвана! Пола пост ми го бришат горните сили на форумов или... :^)

    Мас медиумите го диктираат ритамот. Не дозволувајте секакво нешто да биде угодно за вашето уше.

    Нешто што не ти дава да се откажеш од генијалноста во луѓето

    http://www.youtube.com/watch?v=fregObNcHC8
     
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    5 години љубов со него. Како вчера да беше. Нека ни се множат :*
    Го сакам мојот Mr. :)
     
    На Wild-GirL, Adi888, sweet-cherry и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.