Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Помалку од десет сантими.
    Е, толку и требаа на една жолта, прекрасна пеперутка.
    Не оти разбра.
    Не оти имаше кој да и каже, кој да и покаже, да и помогне. Од таму, каде што беше, немаше ни како да разбере.
    Се’ што требаше беше, да не се бори толку. Да не се бори со сета сила.
    Нагоре и, нагоре и нагоре.
    Се’ што требаше беше, да попушти малку. Сосема малку да се занесе.
    Да дозволи да се занесе... од топлото, од сонцето, оти, верувам и неа ја печеше. Сите не печеше вчера. Премногу дури.
    Ама, немаше како.
    На тоа жешко. Покрај тие усвитени железа, тоа стакло... среде пладне.
    Малку само да попуштеше. Да се откажеше од тоа во себе. Дури... да дозволеше да падне.
    Еден ден само. Еден.
    Сите заминавме потоа.
    Едно стакло,еден бетон,усвитени железа и сонце.
    Толку. Само желба,една единствена,една голема,огромна.
    И, макар што сите ја разбравме, таа не не разбра нас.

    http://www.youtube.com/watch?v=PtF0OUHf ... =endscreen
     
    На bittersweet, kravce и kikikikirika им се допаѓа ова.
  2. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Дека нема ништо поубаво од тоа денот да ти започне прекрасно.. :)
    - рекол некој а јас само го потврдувам :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ...исполнето посебно ,се почувствував кога една жена на прагот на педесетата ми рече дека

    начинот на кој одам ,начинот на кој ветерот ми ги разнесува локните и косата ми пага до половината ,начинот на кој ја носам книгата низ улиците ја потестува на неа кога лутала низ босанските улици.


    ..некогаш оддамна
     
    На WarriorAngel, Umbrella22, Dog-lover и 7 други им се допаѓа ова.
  4. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Аххх пеколишта,жештини.. сите пишуваат за тоа па ај и јас. :D
    Овие пеколни денови си ги поминувам со климичка,ладно сокче,сладоледче,цел ден на тросед пред телевизор,филмови и серии,со темните завеси за да не ми иде сонце,така во темница и не ги ни осетив,ОСВЕН ДЕНЕС! Прво бев до школце да платам за свидетелство,па ја чекав другарками во 11,и ја испраќав во НАЈТОПЛОТО ВО 2ипол!! :whew: :whew: :whew: коа се вратив дома едвај дишев и бев како да сум излегла од под туш (со клима замислете ми требаа 15 минути да дремам така за да се вратам у нормала) чим деновиве е 37-38 НЕЗНАМ ШТО КЕ БИДЕ УШТЕ 2 МЕСЕЦИ ! :o Како и да е,лето си е лето,и блазесиви на тие што си живеете во помали градчиња,селца и на езерца,охридско,дојранско,преспанско,мх мх милина! Не ми треба куба или хаваи,доста би ми бил охрид,да си се разладам :D Само незнам кој ке чека додека да дојде време за одмор,до крај на август ке си умирам ама затоа у грчка ке си се изнабањам :D па и некое викендче у охрид со братучетками и дечкото нема да биде лошо уопште :D Ке си чекам тука заедно со асфалтот и булеваришта и ниту едно дрвце за сенка а џек пот ке биде ако најдеш некаде клупа под сенка чисто да седнеш да одмориш и фонтана да се измиеш -.- Имајте убава вечер девојки,барем навечер е убаво свежичко накај 9-10.. :)
     
  5. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Денов е шлакнат дефинитивно!
    Ми дојдоа другарки на кафе. Аха, жими кафето.. :|
    Кога сме пуштиле музика до даска, па мислам цело маало не слушаше.
    А ние жива вода, ко од туширање да сме излегле! :D
    Ама си се изнаиграв денес... :lol:
     
  6. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    :lol:
    [​IMG]
     
    На Butterfly14, HollyWoodGirl и COollLady им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ги испуштивме децата...

    Од ден на ден се поголема глупост прочитувам од ФБ профилите на децата до 14 години...
    Тука се смеевме што пишуваат статуси за стари љубови, за непрежалени дечковци ама има мноогу полоши работи. Бидејки имам голем број деца во пријатели забележувам често како некои лажни профили им коментират по слики. Некогаш само ‘многу си убава‘‘ друг пат и ‘‘ многу си секси‘‘ :o

    Најново, се појави дете 15 годишно во мојот крај што мислел дека е педер и на фејсбук од својот профил пишувал пораки на помали деца дека ке им даде пари ако имаат секс со него :fubar: :fubar:

    Кој е крив??
    Децата -ни 1%
    Родителите 100%

    Јас сваќам, модерно време нејкеш да го делиш детето од другите. Сите имаат ФБ на школо, па и тој сака. Ама не сваќам како може мајката која има ФБ да не отвори на профилот на детето и да праша кој е тој што му стиска лајкови. Да и каже, дека не смее да става слика таква разголена. Мое дете утре задутре нема шанси да е активен на социална мрежа а јас да не му го знам пасвордот.

    А бе јас на 22 гдини го заборавив фб уклучен мајка ми сите глупости ми ги исчитала па ме тераше да го избришам некој период. И уште знае да провери кој ми стегнал лајк или кој ми коментирал и да ме праша кој е, шо е, дали ми е другар, дечко, колега... Колку слики имам избришано по нејзина наредба ехеее...

    А она игра игри на фб додека на керка и и пишуваат секакви профили со слики од турски глумци...
    И после Цацко им е крив :fubar:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.399
    Ако сакате да го знаете карактерот на една персона,најдобар индикатор ќе ви биде:
    1.Како ги третира луѓето од кои нема никаква корист.
    2.Како ги третира луѓето што незнаат и неможат да се бранат.

    Btw море,песок,книга како знаат да ми го исцадат стресот тоа е немогуче :D
     
    На Someonespecial, Butterfly14, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    се отрув со пипсов против комарци :D :D аааа ами нема да им попуштам де пипсови де ке се борам и тоа како :punch: ами не им дозволувам да ме тукат веке :!: нема :^) ке кренам борба против комарци :nod:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,7 KB
      Прегледи:
      286
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Или имаш сила да ја сакаш, или имаш сила да ја гледаш со друг.
     
    На WarriorAngel, Umbrella22, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Изгледа,според БиМилк,некои крави имаат подобри услови за живот отколку некои луѓе :^)
     
    На lana.del-rey и Dog-lover им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    :wasntme:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На pamelche, VIN.diesel и Dgirlll им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.612
    Пол:
    Женски
    Со ниту еден дечко не сум обележувала годишнини не па месечнини. Со овој е малку поинаку. Мислам дека е еден од ретките момци кои помни дати да се. Кога сме се запознале, кога сме се бакнале, кога е наш ден, кога сме си рекле те сакам. Помни кога што сум носела и кога што сум кажала.

    Овој пат отиде на пат, за инат! И еве го се враќа, сега, неполни два часа пред да помине нашиот ден. Мочко! ]:)
    Почнавме да играме некои игри кои не исфрлаат од колосек. Почна да боли толку многу неподносливо.
    Сега ќе играме друга игра. Од толку убавини има да плаче кога ќе помисли да направи нешто што не треба не па да го направи. :angel:
    Ако мил мој... нека ни се множат. :*

    Се дотерав и одам да го пречекам. Да земам цвеќе, а? :wasntme: Ма се шалам :lol:


    И да, ве излажав! Ако не знаете што да промените, нека не е косата. :wasntme:
     
    На Lov3, Adi888, kala21 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    17.825
    Пол:
    Женски
    :emo: :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Како мало дете си се расплакав за Наполеон ;( Абе...а куче да си вдомевте? А? :geek: Не знаете што пропуштате :!:

    http://www.youtube.com/watch?v=6HB-DKO1Xmk
     
    На tweety26, ludoto19, Dog-lover и 3 други им се допаѓа ова.
  16. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    СДК : 3 ден спортски живот. 3 круга трчање, 1 одење, и така 9 круга трчање и 2 одење се собраа. Плус пола сат аеробик. Има да ослабам и да симнам 6-7 кила летово што сака нека е . Добро ми оди, ма одлично ми оди. Намалив на храна. Сакам еднаш да облечам костум за капење , а да не го берам стомачето 8) Септември нека е , ќе го чекам тој ден. Убедена сум дека ќе дојде !
     
    На tweety26, ludoto19, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Почна сезоната "вртење на перница од ладната страна"... |(
     
    На tweety26, Someonespecial, Glossy-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    100 пати напишав и избришав :|.
    Пак имам толку многу за кажување и пак не можам да составам ниту една реченица, не можам да пишам што чувствувам, незнам како :?:.

    Некако ми се чини дека секој збор е премал за тоа што точно сакам да да го кажам.

    Денес на базент се смеев, уживав а некаде длабоко во себе знаев дека е тоа само моментално чувство дека ќе трае додека не се вратам дома, додека не се затворам во својата соба...

    Во мене борба.. бесот, разочараноста, надежта.. олуја..
     
    На tweety26, ludoto19, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ми се плива во море. Ми се плива.
    Мојот ми вика, стрпи се!

    :D
     
    На kravce и Dog-lover им се допаѓа ова.
  20. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    сакам да исчезнам од овој град повеке несакам да живеам овде луге депресија ги фака секоја минута веке 3 млади лице си го имаат одземено својот живот во рок од една недела бидејки ги отпуштија од раб неможам повеке ова да го гледам како децата остануваат без родители благодарејки на некој личности кои си примаат свои во фирмите,најискрено ке полудам секој ден ме мава психа и постојано лелекање и плакање и сожалување за децата кои остануваат без родители.Деца кои немаат свој кров над глава значи ко видам како некој деца живеат а како јас имам живеено и како др живеат искрено се срамам понекогаш ко сум и викала на моите дека ме немаат пуштено овие 22 год на одмор да идам се во село имало раб иако лебот од таму го очекувам и ден денес ако ми притреба неш а немам во моментот било сирење млрко и сл од нив барам,а гледам дека некои немаат ниту леб да јадат,значи кој човек бев додека не станав родител леле се чудам секое лето истата приказна сакам да одам на одмор моите има раб во село нема да може немаме финансии.е здравје сеа сум среќна мајка и се надевам дека сеа со мојата мала фамилиичка ке отидам на одмор барем до Охрид подалеку не ни сакам само да отидам на одмор макар 3 дена да е!!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.