Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Вложив премногу чувства во оваа лотарија наречена живот, а во последно време, гледам дека не сум му омилениот лик во современата драма која тој ми ја наметна. Запирката се претвори во милион прашалници, само незнам дали после нив треба да ставам неколку точки...Мислам дека сепак е време за едно генерално чистење на душава, уште кога би можела да ги извакумирам вредните спомени и да ги заштитам од нагризувањето на времето...
    По што ќе ја паметам годинава што изминува? Размислувам и никако неможам да издвојам нешто вредно за восхит..Во трка за подобар живот, во нервоза и неизвесност дали ќе останам на работното место, дијагнози кои треба да ги имам на 60 години?
    Сакам да купам време...да не знае некој случајно каде се продава?
    Ќе си ги собирам парталите од скинатите соништа и ќе пробам да ги закрпам, ќе се обидам да го разбудам детето во мене, барем малку да им се зарадува на Новогодишните празници...
    И да, ќе си направам грејано вино со цимет...цинички ќе му се насмевнам на оној лик во огледало што некогаш беше мој, ќе наздравам во чест на денешниов празник Св. Никола Чудотворец и ќе чекам чудо да се случи...
     
    На najubava2010, zhap4e, glow и 11 други им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Освестена, жива и здрава.
    Тука сум, добро ми е.
    Да, сега ми е добро. Да ме прашаше сабајле, којзнае кај бев, и којзнае колку ми беше лошо.
    Испразнио се желудац, исто како таа чаша полна со вино ...



    Боем сум чоече боем, и све је то арт!
    Само за тие што знаат да живеат, животот е арт.
    За другите, уште еден ден беспарица, и влечи крај „од денес за утре“.
    Ох колку е добро малце да се олабавиш, па и да избегаш од она нормалното и правото по линијата.
    На радио свири штурата Rain over me, ај ај ај ај ај...


    Епа ај, откако се препородив, денот за мене стартува сега! :*
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека е редно време да ЗАВРНЕ СНЕГ !
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    СДК дека и дијамантите, и сите останати скапоцени камења, не вредат ништо доколку немаат за кого да блескаат. =)
     
    На martinuska, zhap4e, Divinebutterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Не сум мрчатор, ама вие ме провоцирате да станам. |(
    Доста веќе со тој снег, аман заман, си има тема
    opsti-diskusii/sneg-t314/140.html?hilit=%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B3#p871708

    Е тоа сакав да кажам.

    А знам кога ќе падне снег ќе има постови: Кај ми е сонцето?
     
    На Cacy, Divinebutterfly, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Понекогаш посакувам земјата да имаше некоја друга форма. Знам дека ќе беше поинаку. :smoke:
    Понеделнички денов започна со обврски, ама на ред е малку одмор. Таман се пожалив дека хороскопот ич не ми погодува, денес како за мене е пишуван. :D
    Ете така, малку нервози утрово, ама сега e ок, уживајте во денов, слушајте добра музика и бидете вечно млади.
    I wanna be forever young
    http://www.youtube.com/watch?v=t1TcDHrkQYg
     
    На zhap4e, LivingGlam, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    [​IMG]

    Ова ми треба,да.


    :x
     
    На Strumfeta93, Hipica, Bright и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    На кратко, да свратам да направам едно БУ! 8)

    Денес, осамна нов ден за мене. Сосема нов. Знаев дека во еден куп црнила, и едно минијатурно буба марче знае да направи виножито. А не е дека црнилата се црнила, но привремено јас така ги гледав. Сеуште не е кошер ситуацијата, но денес добив одлична вест. Имам шанса да извојувам мала победа. Не за мене, за нив. Ми се наполни срцето и се растреперив. Ќе полетам неколку илјадници километри, во земјата од каде црпам инспирација за името ми форумско и во оној крут капиталистички свет, затворена во стаклени згради без тронка душа, ќе седам пред Триумфалната и ќе се препотувам.
    Ама ако. Вреди. Овој пат не сум само јас во прашање, и други луѓе се а тоа ме прави горда, возбудена, нервозна и многу многу, одговорна особа.
    Конечно ќе добијам шанса да се реализирам онаму каде што најмногу би сакала да се реализирам – да делам правди, да исправам криви Дрини, во име на други личности. Затоа што туѓо не сакаме – а своето не го даваме.

    Почнува период на квалитетно студирање. Зборовите ќе ми бидат оружјето против капиталистичкото своеволие и игнорантност. Знаењата ќе ми бидат аргумент. Нема да се предадам и ќе се обидам да направам се за нив. Да си заминеме со дигнати глави.
    Мојот класен во прва во ЈБТ, постојано велеше – кога пропаѓаш – отмено пропаѓај. Имаше некоја вистина во ова.
    Само што сега не пропаѓаме, само менуваме кожа. Ја свлекуваме старата и наметнуваме нова.

    Човек може да поживее со малку. Со китка спанаќ, грст гравче, сонце над глава и роднински прегратки. Толку, колку што животот ни го натегнал чергичето, толку ќе си ги испружиме ноџињата. Been there, done that.
    Но во денешницата каде саде волци од сите страни не демнеат на секој чекор сфатив за жал уште нешто – понекогаш скромноста не е доблест, туку маана. Во овој случај скромност не сакаме. Скромноста нема да ни донесе леб на масата. А доколку имаме можност, треба со сите сили да се трудиме за повеќе. Од коњ на магаре се паѓа поубаво отколку од муле на земја. Зависи од каде ќе ни тргнат очекувањата.

    Толку сакав да ви кажам и повторно се одмолчувам овој пат на подолг период. Че Геваровски ќе урлам некаде на La Defense. Крале Марковски ќе вртам со боздоганот локално дома. Пристигна време на промени. И додека чекор по чекор си го средувам одзнова животот, и си ги средувам мислите, жал ми е – но не можам да ве дружам. Немам сили, ниту време а за жал во последно време ниту волја.

    Среќни претстојни Божиќни празници до сите католици. Среќна ви Нова година и среќни претстојни Божиќни празници до сите православни. Топол дом и искрени прегратки со вашите најмили ви посакувам од се срце. Друго ништо не ви треба, верувајте.
    Кога ќе ви се случат секакви турбуленции низ времето и во текот на животот, сфаќате дека само некомплетно семејство кое станало такво заради икс причини, боли најмногу и е незаменливо. Се друго – со повеќе или помалку желба и волја, се поправа. Кога ќе ги видите тие намачени очи полни со болка и солзи, сфаќате дека љубовта е нешто севременско и надпланетарно. И во такви тешки моменти и само во такви сфаќате, кој е пиедесталот на работи кои вистински вредат во животот. Некако....се ви се поместува и изместува. За жал а и за среќа.

    Да сме живи и здрави.

    Бидете умни девојки.

    Ве поздравувам :*

    П.с. Како би да поклонам една повеќенаменска краставица не знаете. А Божиќ се ближи, навистина сум великодушна, без тронка иронија. Ах...тоа е...ќе се јаде цвекло по се изгледа. Нејсе.

    И за крај - вива ла револуСјон!
     
    На Hopeful, ines.h, rossonerka и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Дека Љубовта победува се’.

    Само топлина во срцата ви посакувам, од било која причина. Дали од гушкање со партнерот, мирис на цимет од кујна, празните улички во вашиот град или убава песна слушната во автобус, нека е убаво.

    Доаѓа нова ера за овој свет, кога ќе мора да погледнеме длабоко во Нас, да станеме подобри луѓе.

    Само со љубов, ништо повеќе.
     
    На Phyramide, zhap4e, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Пред 16 години мајка ми во тешки маки ме донела на овој свет, па да денес ми е роденден.16 години не се малце, што би рекла баба ми,а според мајка ми веќе сум голема.Ама дете сум бре луѓе, дете сум и во срце и во душа и тоа сакам да си останам.Енивеј сакав да кажам од овие 16 години дека ќе ги паметам убавите моменти исполнети со насмевки и топлина во душата, мир и хармонијата во семејството, но и оние нешта кои ме бутнале на земја, но и ме направиле и посилна.Воедно сакам да им честитам на сите што си слават нешто денес, дали именден дали слава :)
    Фала на честитките па еве да се почастиме нешто :D

    [​IMG]
    [​IMG]

    A jас сега одам да си се почастам со едно парче чоколадна торта, па си ја заслужив :D
     
    На bittersweet, zhap4e, Strumfeta93 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Значи не ми се верува...леле какви луѓе постојат, цццц. Ама да не судам јас вака, ќе видам во среда дали сум во право со мислањето, а ако да, ќе извлечам поука дека не на секој треба да му се верува и не секогаш луѓето со добро ќе возвратат на помошта што си им ја пружил!

    СДК уште дека САКАМ СНЕГ!!!
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Зошто по ѓаволите сите планови само мене ми пропаѓаат?
    Планирав да си наредам се убаво, да не му ја мислам после. На 28ми со Господ напред да заминам за Белград.
    А сега?? Првата реченица не се остварува!! Ништо не се реди убаво, се оди надолу...надолу...
    Работите кои можам да ги направам сама, сакам да ги направам сама! Но, сега испаѓа дека не можам!
    Сега испаѓа дека ми е неопходна помош за да постигнам некој минимален успех.
    Што се случува со мене?? Не бев јас ваква!
    Нецела година сум член на форумов и морам да признаам дека откако почнав да пишувам и да читам јас се променив. Сите вие, активни членки, неактивни, тролови, машки членови, сите ме научивте дека ако сакам јас можам! Дека животот е суров и црн за сите, ама ако ја земеш четкичката и палетата в рака и поченш да го боиш ќе ти биде онаков каков што сакаш! Дури и розов! Или барем виолетов!
    Станав похрабра благодарение на вас и станав борец. Или можеби сето ова го открив во себе. Веројатно отсекогаш постоело, ама било скриено!
    Ама едно не научив: животот е црн и суров, има секаков народ, ама јас не знам да се помирам со тоа.
    Јас ја гледам реалната страна и очекувам сите да го прават истото. Затоа патам!
    Денес повторно се доведов во таква ситуација.
    Денес после не знам колку време заплакав од немоќ. Денес после долг период добив прегратка за утеха!
    Денес повторно некој седеше со мене и заедно решававме!
    Денес некој стори се за да ја види мојата насмевка!
    За сето ова утре ќе треба да возвратам! Буквално утре!
    И среќна сум поради тоа, не жалам што треба да возвратам.
    Ама тажна сум што не можам сама да постигнам тоа што сакам. Ни она лесното... Еве денес не можев ништо. Оние кои го избраа полесниот начин веројатно успеаа, ама јас? Како утре ќе ги погледнам в очи и ќе им речам не успеав целосно??
    И ајде, нека не ми е гајле за народот. Ама за себе! Зарем е дозволено тоа за мене?
    Човечки е да се греши, но до кога? До кога се дозволени грешки?
    Ако има прв пат можеби нема да има и втор! Ама може и да има! А што ако не остане на два пати?!
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Скопјани алармираат на зголемено загадување од фабриките во Железара

    Е насловот и темата ме извадија од такт... Мислам фотографијата која е поставена е само блага форма од она што навистина се случува секоја вечер и она што луѓето кои живеат во близина можат да го видат.

    Од пред неколку месеци е крајно неподносливо живеењето во близина и вечерно време не смеам ниту да помислам да отворам прозор, а камоли да излезам или прошетам низ населба. ОДВРАТНО! Црни темни облаци излегуваат кои дури и вечерно време се забележливи, воздухот постојано мириса на нешто запалено, а не дај боже да ставиш надвор тазе перени алишта... ќе си ги прибереш усмрдени ко никогаш прашак и омекнувач да не виделе. Ужас и безредие!

    И некој си таму ќе ми кажува дека "тие не се причина за зголеменото загадување во градот". Абе ајде?! Можеби не се единствената причина, но сигурно се главна. “Најголемиот проблем се издувните гасови од автомобилите како и тоа што многу граѓани, поради поскапувањето на струјата, се решија за греење на дрва или нафта. Индустриските капацитети работат континуирано, секоја година, што значи дека работат на границата на дозволеното ниво“ - Ова не ти држи вода зашто не познавам некој што во Август месец се грее! И зашто преку ден додека се сите инспекции се е во ред, а после 17 работите со полна пареа? Или ај, овциве си ќутат, а ние ќе си стрижеме. Ќе си ги полниме џепчињата додека некој секојдневно се полни со олово или железо сеедно.

    Искрено се надевам некој ќе се свести и ќе ја затвори таа фабрика и тие погони кои не трујат навечер или можеби ќе треба ги чекаме последиците од ова за да се разбудиме...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека многу се нервирам кога 4569078096 дневно ми викаат да фатам книга.
    Доволно сум свесна и голема за да земам да учам доколку треба. Како 5 години да имам. |(
     
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК дека ми е убаво 8) си уживам, се смеам и си пеам :D т.е се трескам од земја :rofl: не знам што ми е денес ама ептен имам позитивна енергија во мене... Колку и да имаме пречки за уживање и уште толку обврски, животот е убав и со полна пареа си го живеам! :rock: :*

    Ајде отидов да си учам :D
     
    На Divinebutterfly и blond им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.048
    Допаѓања:
    123.937
    СДК дека мојот најубав ден е закажан во мојот најомилен месец јуни ^_^

    И нека ни е среќна славата на сите кои го славиме овој убав ден-Св Никола!
    Одам после работа кај бабичка на посни сарми,гравче,риба,зелник најубав :mm:
    CAN'T WAIT :beer:
     
    На bittersweet, Go-Girl, Strumfeta93 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    СДК дека се убив од плачење во сонот! :rofl: :rofl:
    Trendafilka се омажи со дечко ми бе! :lol:
     
    На Divinebutterfly, Hipica, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Ми се љуби бе! Сакам да ми се стопли срцето и телото, да пропатувам низ универзуми од радост.
     

    Прикачени фајлови:

    На Neytiri, Shelea и Hipica им се допаѓа ова.
  19. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК колку убав ден без проблеми и без нервози мхм мераци :inlove:
    Денес се чуствувам мн поинаку од другите денови незнам ни јас што точно ми се дешава ама денеска ДА среќна сум ...после толку време мислам дека и редно беше :)


    Сакам сите денови да ми се вакви безгрижни ...
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК нека е честит денот св. Никола
    на сите што им е именден да им е вечно името, уште многу години да го прославуваат
    п.с. важи и за лидерот Груевски(нели му е именден)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.